Топ 10 најголеми инсекти на Земјата
Кога ќе се помисли на инсект, повеќето од нас барем од овој дел на светот прво помислуваат на инсекти како комарец, мува, тавтабити, оси, пајаци или пеперутки. Ги сметаме за прилично мали и добар дел од нив можат да се убијат со еден прст, но ако погледнеме во други делови во светот, како Бразил, Малезија или Африка и најголемите флегматичари ќе се најдат пред предизвик ако до нозете им се доближи „добронамерен“ гигантски:
1. Titanus giganteus
Тој живее во Амазонските прашуми, а се протега до Колумбија, Еквадор и Перу. Во Бразил ги собираат и ловат со помош на живини светилки, а потоа ги продаваат. Возрасен примерок може да достигне цена од над 500 долари.
Според извештаите, нивните импресивни клешти се доволно силни да скршат молив или да нанесат сериозна повреда бидејќи можат да пораснат до 17 сантиметри во должина. Кога ќе достигнат целосна старост, не се хранат повеќе, туку едноставно летаат наоколу барајќи партнер додека не умрат од глад. Ако се почувствуваат загрозени, непријателот го предупредуваат со звуци. Сигурно, не се призор кој би сакале да го затекнете во темна прашума.
2. Megasoma elephas
Од истото семејство како популарниот скарабеј, овој инсект има три рогови, од кои двата му се на главата. Роговите им служат да се пресметаат со соперниците, а со таа сила и умешност ги привлекуваат слободните женки, или обезбедуваат резерви на храна. Се хранат со дрво и паднато овошје на земјата. Можат да пораснат од 7 до 12 сантиметри, со тоа што мажјаците 2-3 пати се поголеми од женките. Можат да се видат во јужен Тексак, Мексико, јужноамериканските прашуми, но и во делови на Австралија. За жал, живеалиштата им се уништуваат, со уништувањето на прашумите. Можеби ви е познато дека Мегасомите се користеле во научни експерименти во Пентагон, на универзитетот Беркли во нив вградиле електроди и со нивна помош го контролирале нивното однесување во летот. Не живеат долго само неколку месеци, па тие со поголем рог сигурно се чувствуваат и посреќни.
3. Macrolyristes corporalis
Ако изгледот на овој необичен инсект ве ужаснува, не грижете се, попрво ќе настрадате од уште едно пиво, отколку од овој „нежен џин“, најголем вид штурец на светот. Скокаат по шумските планини на тропска Малезија, каде преку ден едноставно мируваат и се трудат да останат незабележани, за да ги избегнат грабливците. Ноќниот живот им се сведува на потрага по женки, кои ги повикуваат со звук сличен на свиркање. Дрско.
Во род се со скакулците, но крилата повеќе им наликуваат на листови, додека антените се многу подолги. Исто така, додека некои и понатаму глумат вегетаријанци, други примероци ловат и мали инсекти.
4. Goliathus regius
Голијат името го добил според библиско дрво, поради неговата големина, но и тежина. Живее во тропските шуми во Африка, се храни со срцевина на сочно дрво или со овошје. За нивниот развој не се знае многу, но некои примероци успешно биле фатени и чувани, хранети со храна за мачки и кучиња.
Покрај 100 грама тежина и 11 сантиметри должина, дури искусна мачка би имала проблеми да избрка гладен Голијат од нејзината храна. Ако падне во заробеништво, може да преживее и до една година. Добро е оклопен со крилата, вооружан е со мали канџи, но мажјаците имаат рог во форма на буквата Y. Голијат е посебно познат по своите „воени“ бои.
5. Macropanesthia rhinoceros
Тафтабитата веројатно е најомразениот инсект во историјата. А што да се каже ако некој од нив има придавка „гигантска“? Овој вид инсект живее во Австралија, најчесто во тропските предели на Квинсленд, а тежи и до 35 грама! Освен што расте до 8 сантиметри должина, тој може да живее и до 10 години. За разлика од другите видови тавтабити, овој инсект нема крила и не се смета за штетен туку напротив за мал помошник во градината. Повеќето јадат трули лисја, посебно еукалиптус, но овој инсект рециклира се што е отпад. Кога ќе му здосади се враќа во подземјето, низ тунел кој може да достигне и цел метар длабочина.
6.Solifugae
Пајаци. Причинители на многу фобии, непријател на секоја домаќинка и на глумците во хорор филмовите, во кои кинат глави, ги гризат или напаѓаат Фрод и Сем. Припадниците на ова семејство се познати под имињата како „camel spider“, „wind scorpion“ или „sun spider“, а има многу урбани легенди за нивните навики и напади.
Митовите почнаа за време на Заливската војна, кога се ширела приказна како некое момче останало без рака, откако го нападнал пајак кој се движел со брзина од 50 километри на час.
Друг мит вели дека можат да пораснат до големина на фризби, но отровот на овој пајак делува како анестетик, можат да скокаат еден метар во воздух, а името го добиле поради тоа што јадат внатрешни органи на камила и дека јадат луѓе додека спијат (а тие тоа не го чувствуваат од анестетикот).
Тоа што го вели науката е дека максималната брзина на движење им е околу 15 км на час, што навистина е многу брзо, дека растат до 12 сантиметри, а името има врска со тоа што живеат во пустина како камилите. Тие воопшто не поседуваат отров, а каснувањето во некои случаи може да биде опасно, ако се развие инфекција. Понекогаш се хранат и со некои помали животни. Исто така, помалку разочарувачки е тоа што не плетат мрежи.
7. Megaphasma denticrus
Мали гранчиња со нозе, за нив сите сте слушнале, обично не се забележуваат и децата ги сакаат. Се додека во името не внесете „мега“ и ќе ги зголемите на 50 сантиметри, во случајот со најголемиот вид Пхармацие кирбѕи. Мајстори се за камуфлажа и одлично глумат дел од дрво или жбун, зависно од видот на кој живеат.
Џиновската гранка со нозе во време на диносаурусите веројатно се дружела со џиновско вилинско коњче, кое имало распон на крилата од еден метар.
8. Deinacrida fallai
Вета е име за околу 70 ендемски видови на инсекти од Нов Зеланд, од кои ниту еден од нив не е привлечен од оваа листа. Сепак, дури 11 џиновски видови претставуваат одличен пример на гигантски инсект предизвикан со изолација на островот. Зборуваме за инсекти со должина од околу 10 сантиметри, без нозе и антени. Една фатена женка имала неверојатни 70 грама, со што се мери дури и со врабец. Името Деинацрида на грчки значи „ужасен скакулец“.
9. Bathynomus giganteus
Од сите чудесии на оваа листа, овој инсект најмногу личи на нешто од Марс. Сроден е на шкампи или рак, но повеќе потсетува на милион пати зголемена гриња. Откриен е во 1879 година, во време кога се сметало дека во длабоките океани нема живот.
Возрасните примероци достигнуваат 76 сантиметри, додека максималната тежина им е 1,7 кг. Батхѕномус е пример на длабокоморски гигантизам, исто како тој што го гледаме кај повеќе метарската лигња. Заштитен е со силен егзоскелет, а може да се склупчи како познатите домашни бубачки, кои се претвараат во топче и се тркалаат.
Играат важна улога во морскиот ланец на исхрана и тоа во длабочини од 170 до 2140 метри. Водат самотни животи на температури од само неколку степени над нулата, копкајќи по дното на морето. Понекогаш се почестуваат со мртов кит или лигњи, а ако одлучат да нападнат, фаќаат бавен плен, како морско прасе или сунѓер.
10. Attacus atlas
Тропскиот молец обично живее во места во југоисточна Азија и претставува најголем вид молец во светот. Површината на крилата кај некои примероци е 400 квадратни сантиметри, додека распонот е 25-30 сантиметри, со тоа што женките се поголеми и потешки. Името најверојатно потекнува од познатиот титан од грчката митологија, но во Кина ги нарекуваат и „змиска глава“, поради карактеристичниот облик на врвот на горните крила, кој потсетува на змија. Во Индија ги одгледуваат поради свилата, но не во комерцијални цели, бидејќи тие свилени конци што ги произведуваат се куси и искинати. Таа свила има кафена боја и потсетува на волна, но се смета дека е поиздржлива и позната е под името фагара.
На Тајван нивните мешунки во кои растат, ги носат како торбички.
-------------
|