Изјава на Мухамед
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20584
Датум на принтање: 15.Јануари.2025 во 12:04 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Изјава на Мухамед
Постирано од: fileo
Наслов: Изјава на Мухамед
Датум на внесување: 30.Октомври.2009 во 10:53
Слушнав од некои луѓе дека во к*ранот пишува
Мухамед изјавил:
“не очекувајте од мене воскресение, очекувајте го од Оној кој сам воскреснал.“
не ме држете за збор, не знам дали буквално вака кажал Мухамед, и дали го има во к*ранот и каде се наоѓа во к*ранот.
но би сакал да слушнам коментари на верниците од муслиманска веросиповед, да ми објаснат најискрено дали го има ова во к*ранот, и ако го има каде е и како се толкува.
благодарам однапред.
|
Коментари:
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 30.Октомври.2009 во 15:14
Јас да ти кажам, Константин Философот (Св. Кирил - брат на св. Методиј) во своите “мисии“ги покрстил речиси сите т.е. на секаде кај што стигнал, а тоа го направил точно од нивните книги (талмудот и к*ранот)...
Тој токму од тие книги (талмуд и к*ран, - бидејќи тие се компилација на старозаветните библиски книги); ги посочува сите докази, цитати, факти и аргументи т.е. библиска основа за Триединиот Бог, за Пресвета Богородица Приснодева и сите други во тоа време останати спорови...
Тој на чудесен начин со помош на Словото Божјо (п.с. да појасниме на протестантите дека тука се работи за Христос Логосот, по зборовите на ев. Јован, 1, 1-18 - како второ Лице на Св. Троица, а не за книгите и празните прикаски, демек “Збор“) успева со само 23 години да го победи, убеди (со библиски цитати) иконоборецот- епископ еретик Јован и да покрсти многу од непросветлениот народ. (тука спаѓаме и ние Македонците кои 11 века сме дел од таа славјанска христијанска цивилизација и традиција ...)
member_profile.asp?PF=17736&FID=47 - fileo
Мислам дека треба да го прочиташ житието на св. Кирил, па ке ти се разјаснат многу работи за сарацените и агарјаните ...
Има некаков (според мене не многу добар) превод на современ македонски јазик, мислам дека беше од нашата позната професорка Вера Антиќ
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 30.Октомври.2009 во 20:20
fileo напиша:
Слушнав од некои луѓе дека во к*ранот пишува
Мухамед изјавил:
“не очекувајте од мене воскресение, очекувајте го од Оној кој сам воскреснал.“
... |
Тоа се зборови на вистинскиот следбеник Христов, Мухамед (Благослов и Мир да е врз него), кого крвавите следбеници на неверните книжници го злоупотребиле извртувајќи ги неговите вистински зборови и дела, создавајќи учење кое е (за неупатените) привлечно и навидум слично на вистинското во Христос Исус.
Не fileo, во кyранот нема таква изјава, поради горенаведените причини!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 31.Октомври.2009 во 13:34
Муслиманите веруваат во воскресение само по вера во Аллах и правење добри дела, тие веруваат дека друга вера нема на човек да му се прима освен Ислам.
Мушин кан 47 1 Оние кои не веруват во Алах, и во пораката на пророкот Мухамед, и го попречуваат од патот на Аллах тие ќе ги
направат своите дела залудно. Но оние кои веруваат и прават добри дела праведнички и веруват во она што е
испратено до Мухамед (s.a.w), за тие е вистина од нивниот Господ, Тој ќе ги искупи
од нив своите гревови, и ќе ја направи добра нивната држава. 47 2
-------------
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 31.Октомври.2009 во 14:06
ova shto go pishuva mushin kan e prevodot na quran, a ne kniga vo quran
-------------
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 31.Октомври.2009 во 15:13
Елхамдулилах!
Имал ли почист и поисправен Ислам од СОВРШЕНИОТ ИСЛАМ, Кој БОГ (Елоах, Алах) за спасение на сите кои нема да се противат на ВИСТИНАТА, на чудесен начин ни го престави во инкарнацијата на Живото ЕВАНГЕЛИЕ (ИСУС ХРИСТОС) ?
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 31.Октомври.2009 во 15:48
spiros напиша:
Елхамдулилах!
Имал ли почист и поисправен Ислам од СОВРШЕНИОТ ИСЛАМ, Кој БОГ (Елоах, Алах) за спасение на сите кои нема да се противат на ВИСТИНАТА, на чудесен начин ни го престави во инкарнацијата на Живото ЕВАНГЕЛИЕ (ИСУС ХРИСТОС) ? |
Се сложувам. Тоа е вистинскиот Ислам, вистинската покорност кон Аллах. Бог не е ослободен од тоа да има Син, ниту Синот не е ослободен да има Мајка. Тоа не се нечисти работи, како што вели Quran - от, баш напротив, прекрасно е да се има син во кого ќе ни биде милината, а синот да има своја мајка...
-------------
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 31.Октомври.2009 во 16:00
fileo напиша:
Слушнав од некои луѓе дека во к*ранот пишува
Мухамед изјавил:
“не очекувајте од мене воскресение, очекувајте го од Оној кој сам воскреснал.“
не ме држете за збор, не знам дали буквално вака кажал Мухамед, и дали го има во к*ранот и каде се наоѓа во к*ранот.
но би сакал да слушнам коментари на верниците од муслиманска веросиповед, да ми објаснат најискрено дали го има ова во к*ранот, и ако го има каде е и како се толкува.
благодарам однапред. |
Филео, Мухамед сака да каже спасение да молиме од Аллах, а не од него. Но Словото вели, да бараме милост од Господ Исус Христос. Кој е Син на Аллах, роден од Пресвета Богородица, оплодена од Светиот Дух. Затоа и Православните Христијани се молат: Господи Исусе Христе, Сине Божји помилуј ме мене, грешниот. А Господовата молитва е таа по која се обраќаме кон Бог - Отец, како што и Господ Исус Христос се обрати и се обраќаше, учејќи ги своите ученици како да се молат. Додека муслиманите велат Al Fatihah : (1:1) Во името на Аллах, на повеќето добротворно, но најмногу Милостина. (1:6) Водич на нас да е на прав Пат. Значи кај нив Бог се слави само во едно, додека кај нас како Света Троица, но милост и спасение бараме преку Спасителот, не преку Создателот.
-------------
|
Постирано од: Dzingis Kan
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 00:18
Of mori majko!! A koj go sozdal Spasitelot?
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 20:40
DDarko напиша:
... но милост и спасение бараме преку Спасителот, не преку Создателот. |
Сигурно спасение се бара само од СОЗДАВАТЕЛОТ и само преку Спасителот, бидејќи само таа врска (тој синџир)е Чистиот и СОВРШЕНИОТ!
Елхамудлилах + ХалелуЈАХ!
п.с. Спасителното СЛОВО БОЖЈЕ - Кое БОГ Го отелотвори во Исус - е Вечно и од БОГА произлезено но не е творевина како што се на пример Ангелите, Пророците, ...!
Преку Тоа СЛОВО, БОГ ги прави и Ангелите и Пророците ... Свети!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 22:39
Prvpat slusam deka Muhamed dal takva izjava
|
Постирано од: Ebu Muaz
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 13:03
o sto citam Isa a.s. sin na Allah?
toa kaj vas moze taka,
|
|