Испечати | Затвори го прозорот

Калиопи

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Забава
Име на форумот: Музика
Опис на форумот: Жанрови, спотови, групи, награди, концерти...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20538
Датум на принтање: 20.Септември.2024 во 01:35
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Калиопи
Постирано од: nenica21
Наслов: Калиопи
Датум на внесување: 12.Септември.2008 во 16:06
Kade e Kaliopi, se izgubi...
Pisete dali imate mekoja informacija za nea



Коментари:
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 12.Септември.2008 во 16:07
е де па и ти не смее ли да паузира и таа...па и одмори беа...

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: alan ford
Датум на внесување: 12.Септември.2008 во 19:07
u Srbija izdade albumot...pa sega se "probiva" tamu...ako ne e vekje "probiena"

-------------
I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.


Постирано од: DarlinG
Датум на внесување: 12.Септември.2008 во 23:36
ljubi, ljubi, ljubi mene... [:D/]
mnogu i e ubava novava pesna samo taa si ja peam

-------------


Постирано од: Eli
Датум на внесување: 13.Септември.2008 во 16:35
Neso u posledno vreme se zanimava so srpskiot i hrvatskiot pazar..pa zatoa i ne e mnogu prisutna tuka..

-------------
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..


Постирано од: WhizKid
Датум на внесување: 07.Октомври.2008 во 08:34
Па што се прашувате?
Еве си го промовираше новиот албум во Скопје.
Насташи на коцертот за Тоше со „Немаш ни благодарам„ која беше една од најдобрите изведби од таа вечер.


Постирано од: One_lovE
Датум на внесување: 14.Јануари.2009 во 23:30
Калиопи прави партал во Србија и Хрватска, се пробива и многу успешно го прави тоа. Сегде е супер прифатена и на сите им ги освои срцата. Ќе прави концерт на 14.02 во Метрополис Арена


Постирано од: змејчето
Датум на внесување: 25.Октомври.2009 во 02:01
Калиопи Букле е познат и истакнат македонски уметник, вокален интерпретатор, композитор и текстописец. Во својата татковина често е нарекувана Поп дива или Кралица на македонската поп музика. Важи за вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет.

извор: wikipedia.org
______________________________________________

кое е вашето мислење?


Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 16:50
Kaliopi e e eden od najdobrite vokali vo Makedonia


Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Февруари.2010 во 17:42
Концерт на Калиопи во Сараево

По промоцијата на 4-ти Ноември мината година на албумот Oblivion, реализиран со Един Карамазов, Калиопи постојано патува низ повеќе држави.. На покана на селекторот на Интернационалниот фестивал Сараевска зима 2010 двајцата уметници на 24 - ти Февруари ќе одржат концерт во Босанскиот културен центар.

Заедно со Калиопи и Карамазов, пред публиката ќе настапат и хрватскиот гитарист Дарко Пелужан и босанскиот контрабасист Давор Бошњаковиќ.

Албумот Oblivion содржи 11 композиции и веќе е во продажба во музичките продавници низ Босна Херцеговина. Промоцијата во Сараево следува по оние одржани во Скопје и Загреб.






-------------


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 19.Февруари.2010 во 20:18
Одбивна.голема%20насмевка


-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 19.Февруари.2010 во 20:25
Najdobar zenski vokal vo Mkd

-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 19.Февруари.2010 во 20:26
Ligava mi e

-------------
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 01:10
љубовда  ја обожавам

-------------


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 08.Август.2010 во 07:51
Калиопи сними спот за „Не сум како ти”

Македонската поп дива Калиопи деновиве го заврши снимањето на спотот за нејзиниот моментален хит „Не сум како ти", кој е најавен сингл на нејзиниот нов поп албум „Порака” кој треба да излезе на крајот на септември


Спотот се снимаше на неколку атрактивни локации во луксузниот планиски ресорт „Радика” во Маврово. Режисер на спотот е Александар Ристовски Принц, костимите се на Александар Ношпал, а за шминкaта и фризурата се погрижи Сергеј Варошлија.
Спотот е едно сесема ново издание на Калиопи кое ќе биде вистинско изненадување за публиката и нејзините фанови. Калиопи се појавува во урбан ретро стил и изгледа поразлично од кога и да е досега. Дејството на спотот е страсна љубовна приказна со уверливи филмски кадри во кои доаѓат до израз одличните актерски способности на Калиопи и нејзината моќ за трансформација пред камерите.
До крајот на следната седмица, спотот ќе биде промовиран во Македонија, како и на ТВ станиците ширум Балканот.

http://forum.com.mk/27249 - извор: форум

-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Септември.2010 во 23:26

http://www.vest.com.mk/?ItemID=7538D2EAE6E2E740805EDB92B8FF047C - Калиопи со албум на три јазика

Новиот албум на Калиопи "Порака" е снимен на три јазика: македонски, хрватски и на англиски јазик. Со овој проект, поп дивата, откако се врати на екс југословенскиот музички пазар, планира да го освојува и европскиот.
Во Скопје, албумот ќе се промовира со голем отворен концерт на Скопскиот плоштад, најави Калиопи на почетокот од летото. Поп дивата како најавен сингл веќе го промовираше хитот "Јас не сум како ти", песна за која неодамна излезе и видео спот. Минатата недела во Загреб, во просториите на "Јадран филм", Калиопи снимаше дел од новиот спот за синглот "Ти", кој ќе се промовира заедно со албумот. Со новиот сингл, Калиопи ја најавува својата соработка со хрватските видео продукции "5 груп" и "Д нок продукција".
Дел од спотот ќе се снима и во Македонија, а интересно е што некои од сцените во Загреб се снимени во "3Д" графика.
Музички продуцент на албумот е хрватсскиот музичар Дарко Јурановиќ, во соработка со Тихомир Прерадовиќ.
Тимот на поп дивата во моментов работи на обвивката на албумот, по што цедето ќе започне да се печати



-------------


Постирано од: Џо
Датум на внесување: 14.Септември.2010 во 09:41
Најдобар , и највреден вокал и изведувач во околинава...среќада

-------------
Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima





Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 14.Септември.2010 во 19:25
Originally posted by Џо Џо напиша:

Најдобар , и највреден вокал и изведувач во околинава...среќада


да


-------------


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 15.Септември.2010 во 17:40
Ги сакам нејзините песни,а фаворит ми е http://www.youtube.com/watch?v=Af3Lwjrf1Rc - оваа !

-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: Kali
Датум на внесување: 15.Септември.2010 во 17:48
Убаво пее, ама не ми се допаѓа нејзината музика....не


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 15.Септември.2010 во 18:13


Калиопи има несекојдневен вокал, бојата посебно ми се допаѓа... Ексцентрична е понекогаш, емотивна до лудило...

http://www.youtube.com/watch?v=jKTDKjwf2q4 - Песнава со Васил ми е многу убава...љубов


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Октомври.2010 во 13:19

Калиопи со бесплатен концерт за фановите

Калиопи ќе го промовира новиот албум "Порака" заедно со своите фанови. Поп-дивата ќе одржи бесплатен концерт на скопскиот плоштад на 30 октомври во 20 часот. На концертот во живо ќе бидат изведени единаесетте песни од албумот, како и старите хитови на Калиопи.
Албумот, кој е петти по ред студиски цеде-албум на Калиопи, има 11 песни. Осум се сосема нови, а за публиката познати се "Не сум како ти", "Ти" и бонус-песната "Засекогаш", која ја напиша Тоше Проески, а Калиопи ја сними за албумот "Тоше и пријателите". Музички продуцент на албумот е Дарко Јурановиќ од Загреб, а Тихомир Прерадовиќ е копродуцент. Материјалот е снимен во неколку студија во Хрватска и во Шведска. Освен Јурановиќ и Прерадовиќ, како автори се јавуваат и Калиопи, Мирослав Рус, Рамбо Амадеус, кој е гостин, котекстописец и коаранжер на песната "Дојди". Во песната "Денот се буди" гостува словенечкиот пејач Марко Возељ. Един Карамазов е гостин во песната "Ако уште еднаш падне снег".
Во својата 25-годишна кариера, Калиопи има снимено 11 албуми. Два со групата "Калиопи", пет поп-студиски албуми, две компилации со најголемите хитови, еден албум со музика за балетот "Јас Исидора" и последниот "Обливион" со Един Карамазов, со преработки на светските музички класици. Поп-дивата издаде и ДВД-издание од скопскиот концерт во 2006 година.



-------------


Постирано од: annaja
Датум на внесување: 18.Октомври.2010 во 15:38
Мозеби овде се нејзините фанови,ама јас не сум.Некако неможам ни да ја слушам ни да ја гледам.Вртам канал....


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 30.Октомври.2010 во 23:20
Калиопи вечерва одржа бесплатен концерт на плоштадот во Скопје.Го промовираше новиот албум,а секако тука беа и старите хитови..супер атмосфера,супер забава.
Браво за Калиопи


-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: sanja-a
Датум на внесување: 31.Октомври.2010 во 00:19
Originally posted by Calipso Calipso напиша:

Калиопи вечерва одржа бесплатен концерт на плоштадот во Скопје.Го промовираше новиот албум,а секако тука беа и старите хитови..супер атмосфера,супер забава.
Браво за Калиопи


да се надоврзам ...суперишка беше...малку повеќе само да траеше,уште поубаво ќе беше...како и да е супер помин

-------------
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн


Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 02.Ноември.2010 во 13:36
Калиопи многу сакам да ја слушам, ја ценам како музичар и уметник, само не можам да следам интервју со неа. Ми е некако непривлечна како личност.

-------------
Beauty fades, dumb is forever


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 22.Септември.2011 во 17:54
http://www.youtube.com/watch?v=fOUSa7lH79k - http://www.youtube.com/watch?v=fOUSa7lH79k
KALIOPI - TI 2010


-------------
~Live the life you love, love the life you live~


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 19.Ноември.2011 во 23:29

Калиопи претставник на Македонија на Евросонг 2012 во Азербејџан


На претстојното 58-мо издание на најголемиот европски музички натпревар наречен песна на Евровизија, кој ќе се одржи во мај 2012 во Баку, Азербејџан, Македонија ќе ја претставува нашата поп-дива Калиопи. Така денес одлучи Македонската радио телевизија, која како полноправна членка на европската радиодифузна унија го има ексклузивното право на избор на македонскиот евровизиски претставник.

Раководството на МРТ, во договор со избраниот евровизиски тим и програмскиот колегиум на МТВ, одлучи оваа година да го промени досегашниот концепт на избор на песна и пејач кои ќе ја претставуваат Македонија на претстојното издание на Евровизија, кое ќе се оджи од 22-26 мај 2012 во новоизградената кристална палата во Баку, Азербејџан.

На ваквиот чекор-да се одвојат Скопскиот фестивал и Евросонг како посебни проекти, МРТ се одлучи по низа направени анализи, а со цел поголем успех на Мекедонија на најпрестижната музичка манифестација, како и подигнување на реномето на најголемиот музички фестивал кај на скопскиот, кој пак е веќе закажан за 13 –ти ноември 2012-та.

На покана на МРТ, ова се првите импресии на Калиопи: 

“ Ви благодарам многу на поканата, се разбира дека ја прифаќам, жал ми е што во највозбудливиот момент не сум во Македонија, почестена сум, одговорноста е огромна“.

Калиопи е најголемата македонска поп-ѕвезда и една од најголемите на балканот која зад себе има повеќе децениска успешна и плодна кариера како автор и интерпретатор на 9 соло албуми, преку 100 концерти ширум Македонија и надвор од неа, 3 големи концертни турнеи, голем број видео изданија на своите најголеми хитови, 3 документарни филмови, како и музика за филм, театар и современ балет. Воедно, Калиопи се истакнува и со својата соработка со други познати музички имиња од домашната, балканската, но и од светската музичка сцена, како и со своите хуманитарни активности.

По враќањето на Калиопи во Македонија ќе биде закажана и првата официјална средба со раководството на МРТ на која ќе бидат прецизирани сите детали врзани за проектот, како и првата средба со медиумите.



-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 29.Ноември.2011 во 10:10

Балада, брза или песна со фолк мотиви за Евровизија?

 
 
По минатонеделното официјално објавување на веста дека МРТ одлучи македонски претставник на Евровизија 2012 да биде Калиопи, таа по враќањето во Скопје ја одржа првата прес конференција. Очигледен беше интересот кај новинарите од една и возбудата кај Калиопи од друга страна:

- Она што е сигурно е фактот дека ќе пеам на македонски јазик. Првично сакавме да понудиме три модела, три тима автори кои ќе направат балада, брза и песна со етно мотиви. Меѓутоа, заедно со тимот на МРТ решивме да одбереме една песна која во средината на февруари во специјална шоу емисија ќе биде претставена пред македонската јавност. Овој настап не е мој настап, овој настап е за Македонија и затоа одговорноста целосно ја преземам врз себе.

Во периодот кој следува, Калиопи интензивно ќе контактира со автори во земјава, но и со наши автори кои живеат надвор од Македонија. Не е исклучена можноста нашата песна да биде дело на странски автор. Веќе има добиено понуди од автори од: Белгија, Израел и Шпанија.

- Ќе компонирам и самата, па ќе видиме што заедно со МРТ на крај ќе одбереме. Сакам песната да има аранжер и посебно светски значаен продуцент. Сè уште не сум сигурна дали треба да настапам со силна балада, со енергична песна, какви што пее Тина Тарнер или со песна во која на модерен начин би биле спакувани нашите фолклорни мотиви.

Шефот на македонската делегација Мери Попова истакна дека песната ќе биде снимена на повеќе јазици и ќе биде пласинара во што поголем број држави пред изборот. Од песните кои ќе влезат во потесен избор ќе биде издадено ЦД.

Во однос на очекувањата, Калиопи е децидна: „За мене успех ќе претставува достојно да се претставиме и да оставиме впечаток. Не се оптоварувам со пласман. Целата позитивна енергија ја чувам и ја насочувам за Баку, зашто со настапопт на Евровизија се чувствувам како повторно да сум родена, како да се раѓа нова Калиопи.


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 17:12
Ова ми е  фаворит песна од Калиопи





-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 12.Јуни.2012 во 01:22

Калиопи постави рекорд на Youtube

Видео спотот за македонската евровизиска песна „Црно и бело” на Калиопи постави рекорд. Со речиси 1,2 милиони кликања, видеото е досега најгледано на каналот Youtube од некој македонски музичар.
 
Според посетите на видеата од полуфиналната, финалната и вечерта кога беше претставена македонската песна, Калиопи има речиси 4 милиони кликања. Оваа импресивна бројка е потврда на фактот дека Македонија во Баку имaше квалитетна песна, впечатлив настап и сето тоа благодарение на исклучителниот вокал на Калиопи. Впрочем бројките зборуваат за тоа дека Калиопи предизвикала интерес во целиот свет.


-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 13.Јуни.2012 во 01:22
песната од Ромео,кореографијата на Зафирчев........си ги држи маживе
Не ја обичам баш,ослабена е па се занесуфка
а во интервјуата глумеше расположеност и самоувереност

-------------
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 17.Ноември.2013 во 18:17
Го откажала концертите во Загреб и Белградтага


Постирано од: SVOJA
Датум на внесување: 05.Февруари.2014 во 20:49
http://www.youtube.com/watch?v=XiWj0PSA8Nc" rel="nofollow - http://www.youtube.com/watch?v=XiWj0PSA8Nc

-------------
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk