Испечати | Затвори го прозорот

Распадот на СХС и нејзината причина?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20534
Датум на принтање: 12.Декември.2024 во 10:44
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Распадот на СХС и нејзината причина?
Постирано од: Buggyman
Наслов: Распадот на СХС и нејзината причина?
Датум на внесување: 24.Октомври.2009 во 22:18
Кралство на Србите, Хрватите и Словенците


Кралство на Србите, Хрватите и Словенците или Кралство СХС е држава на Балканот оформена во 1918 година по Првата светска војна. Овој назив е всушност името на Кралството Југославија во првите единаесет години од неговото постоење.

Во нејзин состав влегувале претходно независните кралства Србија и Црна Гора и словенските територии што дотогаш биле под Австро-Унгарското Царство, вклучувајќи ги Босна и Херцеговина и најголемиот дел од денешни Хрватска и Словенија. Кралството било владеено од српската династија Караѓорѓевиќ. Во 1929 година, кралот Александар I се обидел да се бори против локалпатриотизмот со тоа што прогласил кралска диктатура и ја преименувал државата во Југославија.

Во оваа држава биле признати само трите народи додека останатите биле национално обесправени поради што ке се појави незадоволство.Државата била претежно аграрна земја и ви такви нестабилни политички проблеми а под влијание на октомвриската револуција ке се појави револуционерно комунистичко движење на чело со КПЈ-комунстичка пајтија на југославија.На првите парламентарни избори за уставотворно собрание најмногу гласови добиле југословенската демократска партија,народната радикална партија и комунистичката партија.Поради огромниот успех на комунистите во 1920 година во државата бил донесен реакционерниот акт-обзнана со кој се забранилча работата на кпј.

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D1%80%D0%B0%D0%BB%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE_%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D1%80%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5,_%D0%A5%D1%80%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B8_%D0%A1%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5 - http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D1%80%D0%B0%D0%BB%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE_%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D1%80%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5,_%D0%A5%D1%80%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B8_%D0%A1%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5


Дали национализмот е најголемата причина за распадот на кралството СХС и воведувањето на ДИКТАТУРА од друг национализам?

-------------
Homo homini lupus est...



Коментари:
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 24.Октомври.2009 во 22:24
Интересно дека и во кралската Југославија имало конфликт од идеолошки и националистички аспект, се прашувам себеси како издржала да опстои толку години и покрај толкавите големи разлики?

На сила?
Со регулирани закони?

СФРЈ е нејзина наследничка, што направи за да ги одбегне и да ги амортизира ваквите идеолошко-политички турбуленции!



-------------
Homo homini lupus est...


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 24.Октомври.2009 во 22:26

добро ти тргна ... почна да си реплицираш намигнување 

само , никогаш не си го кажал својот став во врска со ништо освен со обвинувањата дека виновни за распадот на СФРЈ и убиството на џинкис кан се  србите ..............


-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 24.Октомври.2009 во 22:28
Никаде не ги спомнав Србите , каде го прочита тоа?

-------------
Homo homini lupus est...


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 24.Октомври.2009 во 22:32
не мора ..... телепатија и мала помош на стаклена кугла смеење

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 24.Октомври.2009 во 22:32
Originally posted by МАРШАЛ МАРШАЛ напиша:

добро ти тргна ... почна да си реплицираш намигнување 


само , никогаш не си го кажал својот став во врска со ништо DIV]


Јас си имам свој став и си го кажувам, точно е дека критикувам (се повторувам) но никогаш не генерализирам...

-------------
Homo homini lupus est...


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 24.Октомври.2009 во 22:36
не би о томе намигнување ......
ај кажи чаре за нашата сегашна ситуација ........
батали кралство на СХС и СФРЈ ......
генерализирај еднаш барем за тоа што секогаш даваш коментари
на туѓи постови ........


-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 24.Октомври.2009 во 22:37
Маршале, дали самиот мислиш дека Србите се виновници дека кралска Југославија се распадна поради свои политички аспирации кон останатите делови на СХС?

Исто така се прашувам зошто ме обвини мене дека ЈАС МИСЛАМ дека србите се криви, па дури и за Џингис Кан..

-------------
Homo homini lupus est...


Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 24.Октомври.2009 во 22:44
Originally posted by МАРШАЛ МАРШАЛ напиша:

не би о томе намигнување ......
ај кажи чаре за нашата сегашна ситуација ........

батали кралство на СХС и СФРЈ ......

генерализирај еднаш барем за тоа што секогаш даваш коментари

на туѓи постови ........


За нашите теми јас си дадов мислење и ако не ти е тешко прочитај ги сите теми и ке најдеш за секоја тема мој став.

Коментарите за туѓи постови давам, па затоа е форумот, нели? Сепак да се вратиме на темата!

Што е главната причина што СХС се распадна? Територијални претензии кон останатите краслства? Награда од западните земји или нешто друго???!!

-------------
Homo homini lupus est...


Постирано од: Platenik
Датум на внесување: 25.Октомври.2009 во 02:31
Југославија, тука ги вклучувам и СХС и СФРЈ била со лимитриан век на траење. Иако СФРЈ опстојува најдолго, сепак и таа Југославија се докажа дека била со одреден рок.

Причини има многу за нејзинот неопстанување. Србите не се единствената причина, но веројатно имаат најголеми заслуги за тоа.

Самиот факт дека биле најбројни, а во СХС ги држеле најклучните позиции, почнувајќи од Караѓорѓевиќ, понатаму несредените национални прашања, мизерните економски услови и неспособноста да се соочат со реалноста биле совршен рецепт за неуспех.

Отоманскиот бич практично бил заменет со српски, а тоа останатите народи неможеле да го трпат. Затоа биле потребни други политички алтерантиви, кои српските монархисти, ројалисти, клерот, а кои пред се биле хегемонскитички насторени и национал шовинистички ориентирани ќе се обидат да ги лимитираат можностите за појава на новите политички опции. Резултат на тоа ќе биде шестојануарската диктатура.

Со сила убавина небива.

СФРЈ е друга приказна.

-------------
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“



Постирано од: DragancoLeskoec
Датум на внесување: 25.Октомври.2009 во 13:04
WW 2 ?


Постирано од: Предраг
Датум на внесување: 26.Октомври.2009 во 17:58
Национализам,WWII,преминуавње на Хрватска под Тројната Оска,желба за подобри услови. . .

-------------
http://www.userbars.be">



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk