Мaкедонски јазик во албанските паралелки
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Образование
Опис на форумот: Улично, основно, средно, високо...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20525
Датум на принтање: 16.Ноември.2024 во 02:47 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Мaкедонски јазик во албанските паралелки
Постирано од: mamamd
Наслов: Мaкедонски јазик во албанските паралелки
Датум на внесување: 24.Октомври.2009 во 08:53
Со промени во наставната прогама за деветолетка во прво одделение се воведе англискиот јазик. Оваа година во паралелките во кои се изведува настава на јазик кој не е македонски, се воведува учење на македонскиот јазик. родтителите на децата од албанските паралелки дошле до заклучок дека воведувањето на овој предмет ке ги оптовари децата бидејки се сеуште мали за учење на македонски јазик. И нивните аргументи би биле аргументи на вистински загрижени родители кога истите такви реакции би биле и за англискиот јазик?!
| | http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=129824A1AC2AA748AED4CC87D9F50F60 - Во Гостивар се потпишува петиција против македонскиот јазик |
|
Коментари:
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 24.Октомври.2009 во 09:29
Па ова е веќе претпоставувам политички мотивирано. Во секој случај крајно непромислено од страна на родителите, децата се тие што ќе имаат јазичен хендикеп. Јазикот(без разлика македонски, англиски, шведски или некој друг) најлесно се учи од мала возраст. И возрасен може да го учи но честопати трае многу подолго и оди потешко отколку кај децата.
Но ајде да гледаме малку бизнисменски на оваа работа. Ако таа петиција резултира со долгорочно непознавање на македонскиот јазик кај тие деца(а подоцна возрасни) тоа значи уште поголем пазар за преведувачите и толкувачите. Затоа учете албански
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 24.Октомври.2009 во 19:38
Не се согласувам со ова, ако може да има албански јазик во парламент така може и во училиштата да го има.
-------------
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 24.Октомври.2009 во 20:17
Majkl напиша:
децата се тие што ќе имаат јазичен хендикеп.
|
Мајкл една исправка имам до тебе
Децата Албанчиња веќе ГО имаат јазичниот хендикеп кога говорат Македонски,ова ти го тврдам од лично искуство бидејќи работата ми е да имам контакт со нив и кога говорат Македонски говорат исто како индијанците по филмовите што говорат Англиски,а кога збориме за деца тоа се веќе стасани ученици од 7-8 мо одделение за средношколци кои Македонскиот јазик ама не го познаваат ни 30 % во обичен разговор,а да не правиме мубает за граматика и слично,во таков малку посложен разговор смешно е да ги слушаш како говорат и се неразбирливи во конверзацијата.
Па луѓе смешно ми е да ви кажам дека нашите пари не ги познаваат,не знаат колку пари се ако му речеш 100 денари се уште велат миљарди,а камо ли за суми од 5 или 6 илјади денари,за да му објаснам колку пари се тоа треба да им кажам колку Евра се па да ме разберат..ова е најтрагичното нешто за Македонските Албанци на кои ова непознавање им го закачија нивните политичари и родители кои не ги мотивирале никогаш да го научат Македонскиот јазик да го говорат како што треба.
Познавам професори Албанци во средно образование кои немаат ни 50% познавање од Македонскиот јазик,за некои пратеници и да не прајме муабет сами ги гледате и слушате.
Па сами донесете закличок од однесувањето на моментално најважниот политичар на Албанците во Македонија а тоа е Али Ахмети кој никогаш не прозборел на Македонски и сакате поинаку да се однесуваат обичните граѓани и децата,па тој им е водилка нив бре.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 24.Октомври.2009 во 20:29
mamamd напиша:
Со промени во наставната прогама за деветолетка во прво одделение се воведе англискиот јазик. Оваа година во паралелките во кои се изведува настава на јазик кој не е македонски, се воведува учење на македонскиот јазик. родтителите на децата од албанските паралелки дошле до заклучок дека воведувањето на овој предмет ке ги оптовари децата бидејки се сеуште мали за учење на македонски јазик. И нивните аргументи би биле аргументи на вистински загрижени родители кога истите такви реакции би биле и за англискиот јазик?!
| | http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=129824A1AC2AA748AED4CC87D9F50F60 - Во Гостивар се потпишува петиција против македонскиот јазик |
|
Епа ова е Македонија, ако не сакаат македонски јазик нека си одат во друга држава.
-------------
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 25.Октомври.2009 во 02:42
fiks напиша:
Majkl напиша:
децата се тие што ќе имаат јазичен хендикеп.
|
Мајкл една исправка имам до тебе
Децата Албанчиња веќе ГО имаат јазичниот хендикеп кога говорат Македонски,ова ти го тврдам од лично искуство бидејќи работата ми е да имам контакт со нив и кога говорат Македонски говорат исто како индијанците по филмовите што говорат Англиски,а кога збориме за деца тоа се веќе стасани ученици од 7-8 мо одделение за средношколци кои Македонскиот јазик ама не го познаваат ни 30 % во обичен разговор,а да не правиме мубает за граматика и слично,во таков малку посложен разговор смешно е да ги слушаш како говорат и се неразбирливи во конверзацијата. | На ова прашање треба да поработат во владата, како на интересен начин да им се приближи македонскиот јазик на македонските албанци а при тоа да не се чувствуваат поради тоа загрозени или преоптеретени.
Не сум запознаен со тоа како се одвива наставата по македонски јазик во основните училишта на албански. Каква е методологијата? Што и колку се изучува конкретно? Дали наставникот-наставничката при тоа се служи и со мајчиниот јазик на учениците - албанскиот? Дали наставничката го познава добро самиот македонски јазик? Дали е добар и интересен предавач? Сето тоа влијае колку добро децата ќе го усвојат јазикот.
Јас кога бев основно, англиски јазик почнавме да учиме во 5то одд. Повеќето имаа мака да го совладаат материјалот не затоа што се работеше за англиски, туку затоа што методологијата не беше нај-нај и воедно мозоците на децата беа оптеретени со куп небитни информации од предметите како историја, биологија, географија и тн. Јас спаѓав во поуспешните по англиски едноставно затоа што од 4то одд. посетував приватен к у р с по англиски со сјајни предавачи(тогаш апсолвентки на филолошкиот факултет).
fiks напиша:
Познавам професори Албанци во средно образование кои немаат ни 50% познавање од Македонскиот јазик,за некои пратеници и да не прајме муабет сами ги гледате и слушате. | Но и тоа е вистина дека многумина од македонсите ни 5% не го познаваат албанскиот јазик. Навидум не ни има потреба - живееме во Македонија не во Албанија. Но кога некој на македонските албанци на албански јазик би им ги објаснил работите згора на тоа на еден интересен начин, верувам дека добар дел од нив би станале поотворени за учење на македонскиот јазик.
fiks напиша:
Па сами донесете закличок од однесувањето на моментално најважниот политичар на Албанците во Македонија а тоа е Али Ахмети кој никогаш не прозборел на Македонски и сакате поинаку да се однесуваат обичните граѓани и децата,па тој им е водилка нив бре. | Али Ахмети барем искрено кажа во едно интервију дека тој учи македонски но дека не го познава доволно добро и дека би звучел несериозно кога би се служел со својот невешт македонски јазик.
Човек мислата најдобро ја изразува низ зборови на оној јазик кој најдобро го познава активно, а тоа е мајчиниот. И Исак Б. Сингер пишувал на јидиш иако живеел во САД(делата накнадно биле преведувани на англиски) бидејќи тој му бил мајчин. Не е страшно ни политичар да се служи со мајчиниот ако се обезбеди соодветен усмен(или писмен) превод но, таквите политичари би требале да го охрабруваат и учењето на јазикот на мнозинството - не за да угодат некому туку за да тие самите се движат полесно во самото општество.
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 25.Октомври.2009 во 14:52
срамота е вакви работи да случуваат, навистина е срамота, ај сега ние да потпишеме за да се укине албанскиот во Косово на пример
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 26.Октомври.2009 во 19:06
Obrazovanieto e obrazovanie, najmalku vo obrazovanieto, a uste pomalku vrz grbot na prvacinjata da se politizira http://www.sitel.com.mk/?ItemID=A273DD6CECFD8D45BBC9E6B47B9E1574 - АЛБАНСКИ ВО ПРВО ЗА МАКЕДОНЦИТЕ, МАКЕДОНСКИ НЕЗАДОЛЖИТЕЛЕН ЗА АЛБАНЦИТЕ!?
-------------
|
Постирано од: гоcтин
Датум на внесување: 26.Октомври.2009 во 19:33
...јас ќе дадам само еден краток коментар...
ако не им се учи задолжителен македонски јазик ене им ја границата...ај одете си со добро..и така ги има премногу...
-------------
|
Постирано од: real
Датум на внесување: 27.Октомври.2009 во 02:13
Sekoja rabota e so volja nee so sila albancite makedonski znaat a ima mnogu makedonci sto ucat albanski jazikot e potreben za komunikacija za biznis i za se se sto se uci e plus i dobro e no sekoj si ima svoe mislenje sto mi smeta mene kako albanec sto znam makedonski srpski turski angliski francuski nisto ne mi smeta i poveke da znam za mene vredi.
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 15.Јануари.2010 во 17:58
8.100 првачиња од албанска, турска и српска националност за една недела ќе почнат да го изучуваат македонскиот јазик.
Од Бирото за развој на образование велат дека се е подготвено,
поделени се програмите, одделенските наставници се обучуваат како да
предаваат.
Воопшто нема место за паника и бојкот вели Хорватовиќ - 6-
годишните дечиња ќе немаат книги туку наставата ќе се одвива само со
слушање и раскажување.
Првачињата од етничките заедници сега ќе учат 3 јазика - мајчин,
македонски и англиски. Опозицијата смета дека голем број на деца
воопшто не го владеат службениот јазик и тој треба да се изучува од
прво одделение.
Досега учениците Албанци, Турци и Срби македонскиот јазик за
првпат го изучуваа од четврто одделение. ДУИ бара тоа така и да остане.
Задолжителниот македонски јазик до крајот на неделата ќе се најде
пред Уставен,ова го најавија неколку албански невладини. Тие од судот
ќе браат да се врати стариот закон а се дотогаш ќе ја бојкотираат
наставата.
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/prvachinjata-ke-uchat-makedonski-samo-usno - http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/prvachinjata-ke-uchat-makedonski-samo-usno
Деца од 6 годишна возраст ќе изучуваат 3 јазици. Дали сметате дека Албанците, Турците и Србите треба да го изучуваат службениот јазик од прво одделение, а не како што беше до сега од четврто? Или сепак премногу е дете од шест годишна возраст да се оптеретува со 3 јазици од најмала возраст? Или што порано почнат - толку подобро ќе го владеат службениот јазик?
------------- You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 15.Јануари.2010 во 18:24
Чудна работа,се бунат за Македонски јазик а никој збор не споменал за Англиски.
Не сум знаел дека до сега од 4-то одделение учеле Македонски јазик затоа сега па не ме ни чуди што има веќе возрасни деца од малцинствата посебно Албанчиња кои и во средно се стасани а зборат Македонски исто како што зборат Индијанците Англиски во вестерн филмовите.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: Zajcef
Датум на внесување: 15.Јануари.2010 во 20:06
Што ги тераат да учат Македонски не ми е јасно-се виде дека не сакаат.На човек на сила не се дава-ако неќат нека не учат,па да видам дали ќе им биде подобро така,бидеќи тие забораваат дека сеуште ние Македонците сме мнозинство.
А и очигледно е дека губиме контрола над нив како дел од државава...
------------- Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 15.Јануари.2010 во 22:16
Жалосно е кога се политизира образованието и децата се вовлекуваат во меѓупартиски игри, пазарења. Кога родителите би побарале намалување на фондот на часови секој би потврдил дека се во право и дека нивната грижа за своите деца е вистинска. Реално првооделенчињата имаат часови колку и осмоделенците затоа што по новиот наставен план, односно со воведување на деветолетката првачињата имаат седмично 6 часа мајчин јазик, 4 часа математика, по 3 часа запознавање на околината и физичко образование, по 2 англиски, ликовно и музичко, плус час на одделенската заедница, по 1 дополнителна и слободни активности сума сумарум некаде 25 часа односно секој ден по 5 часа. Со воведување на македонскиот јазик во паралелките за етничките заедници овие деца ке имаат плус 2 часа, што би значело 2 дена по 6 часа. Значи кога родителите би побарале, намалување на бројот на часовите по мајчин јазик на сметка на воведување на македонскиот јазик би било во ред. Изјавата на министерот е произволна и непрофисионална затоа штопокажува одредена нестручност. Првачињата немаат описменување по сите јазици а не само по македонски. Значи се развива говорот и по англиски и по мајчин и по македонски јазик.
-------------
|
Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 16.Јануари.2010 во 00:38
Цццццц
Македонија и се е можно
------------- Beauty fades, dumb is forever
|
Постирано од: гоcтин
Датум на внесување: 16.Јануари.2010 во 03:20
мора да учат..и не само усно туку и со примена на книги!
-------------
|
Постирано од: _free_
Датум на внесување: 18.Јануари.2010 во 10:44
fiks напиша:
Majkl напиша:
децата се тие што ќе имаат јазичен хендикеп.
|
Мајкл една исправка имам до тебе
Децата Албанчиња веќе ГО имаат јазичниот хендикеп кога говорат Македонски,ова ти го тврдам од лично искуство бидејќи работата ми е да имам контакт со нив и кога говорат Македонски говорат исто како индијанците по филмовите што говорат Англиски,а кога збориме за деца тоа се веќе стасани ученици од 7-8 мо одделение за средношколци кои Македонскиот јазик ама не го познаваат ни 30 % во обичен разговор,а да не правиме мубает за граматика и слично,во таков малку посложен разговор смешно е да ги слушаш како говорат и се неразбирливи во конверзацијата.
Па луѓе смешно ми е да ви кажам дека нашите пари не ги познаваат,не знаат колку пари се ако му речеш 100 денари се уште велат миљарди,а камо ли за суми од 5 или 6 илјади денари,за да му објаснам колку пари се тоа треба да им кажам колку Евра се па да ме разберат..ова е најтрагичното нешто за Македонските Албанци на кои ова непознавање им го закачија нивните политичари и родители кои не ги мотивирале никогаш да го научат Македонскиот јазик да го говорат како што треба.
Познавам професори Албанци во средно образование кои немаат ни 50% познавање од Македонскиот јазик,за некои пратеници и да не прајме муабет сами ги гледате и слушате.
Па сами донесете закличок од однесувањето на моментално најважниот политичар на Албанците во Македонија а тоа е Али Ахмети кој никогаш не прозборел на Македонски и сакате поинаку да се однесуваат обичните граѓани и децата,па тој им е водилка нив бре. |
Pocituvan,
Pred se ne smees da generaliziras i da govoris voopsto za site... bidejki ima albanci koi govorat poubavo makedonski duri i od makedoncite (ziv primer sum jas) a gi ima i mnogu drugi kako mene.
Kako vtoro ne e problemot vo ucenjeto, tuku e do komunikacijata. (ima i makedonci od provinciskite gradovi koi poveke govorat bugarski, srpski otkolku makedonski). I treta rabota, mislam deka tolku jazici uste od prvo odelenie samo ke im nasteti na decata. Jas se soglasuvam deka i makedonskiot treba zadolzitelno da se uci, no mora da se najde nacin za da na decata ne im bide naporna programata... malku po strucno da se raboti na slucajov.
PC: Vreganjeto na tuga nacija, pred se e znak na nepocituvanje na svojata.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 18.Јануари.2010 во 11:31
se prashuvam,...dali voopshto postoi na planetava druga nekoja zemja
vo koja shto se diskutira za toa dali treba nekoi nejzini ziteli....da
go uchat oficijalniot nejzin jazik ......ili ne?!
inache.....ne mi se veruva deka ima takva zemja,....pogotovo ako samata taa si "drzi" do sebe ....kako drzava, mislam!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: гоcтин
Датум на внесување: 18.Јануари.2010 во 17:34
brza мислам дека такво нешто нема да најдеш никаде ...самата дискусија говори за тоа колку македонците се почитуваат себеси и колку си го почитуваат јазикот и културните вредности...
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 18.Јануари.2010 во 17:46
ehh,...machko...samo onaka rekov,....ne deka navistina se prashuvam!.....ova ovde shto se sluchuva e unikatno(ama, vo negativna konotacija!),...i toa na site polinja,...ne samo na toa....
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 18.Јануари.2010 во 17:59
http://www.ponuda.com/V4/v4_KataloziArtiklSlika.asp?ID=30850">
sve e OK !!! ama jas mislam deka neopravdano kasnime ....... kade bevme do sega ?????
-------------
|
Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 20.Јануари.2010 во 08:45
ma4kica напиша:
...јас ќе дадам само еден краток коментар...
ако не им се учи задолжителен македонски јазик ене им ја границата...ај одете си со добро..и така ги има премногу... |
Da da vie treba da se kandidirate za Minister za Obrazovanie od takvite kako tebe dobro znaeme kade mozeme da zavrsime aj kissss kukle
------------- Љаеш НЕ касаш !
|
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 20.Јануари.2010 во 13:37
Еве како започна денес второто полугодие.............
Во сите основни училишта каде што се води настава на албански јазик се бојкотира владината одлука со која македонскиот јазик треба да се изучува од прво одделение.
Одлуката за бојкот била донесена од сите градоначалници на општините со мнозинско албанско население.
Првачињата денес наместо да учат македонски, добиле час одмор.......
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 20.Јануари.2010 во 16:00
На крајот на краиштата, не мора да учат, ако не сакаат, последиците ќе ги почувствуваат подоцна, кога ќе треба да се бара работа во државна институција, или пак дури и порано, кога ќе треба да се поднесе барање за издавање лична карта или патна исправа, која мора да биде пополнета на два јазика. Сум бил сведок што се случува, многупати таму ме молеле такви кои не
знаат македонски да им ја проверам пријавата дали била добро напишана,
да не ги вратат од шалтер назад. Истотака нема да имаат можност за запишување на универзитетите каде што наставата се врши на македонски јазик.
Мислам дека сите сме сведоци какви работи вршат Латиноамериканците во САД кои не знаат англиски.
-------------
|
Постирано од: гоcтин
Датум на внесување: 20.Јануари.2010 во 17:01
aLbaneso напиша:
ma4kica напиша:
...јас ќе дадам само еден краток коментар...
ако не им се учи задолжителен македонски јазик ене им ја границата...ај одете си со добро..и така ги има премногу... |
Da da vie treba da se kandidirate za Minister za Obrazovanie od takvite kako tebe dobro znaeme kade mozeme da zavrsime aj kissss kukle |
слушај јас си го кажав моето мислење...такво е - такво е..а дали ти се допаѓа не навлегувам во тоа...
пред да се преселиме во САД извесно време живеев со баба ми во Тетово и сеуште кога можам одам таму..Тетово го земам за пример бидејки е град во кој претежно живеат албанци...комшиите што се околу нашата куќа се претежно албанци (околу кај шарена џамија) и со кого и да застанам да правам муабет гледам дека зборуваат македонски но не како што треба..(мешаат лица,родови и сл.) Кога одам да купам бурек (карши џамијата) треба по 2 пати да повторам дека сакам бурек со сирење за да не добијам нешто трето...одам во продавница да купам шлаг пена а таа сиротата незнае што е тоа..Значи земав еден конкретен пример за население што живее во радиус од 1 километар и ниеден од нив не разбира баш што сакам да кажам..
Е сега..Ова е Македонија и сакале или не земјава секогаш била на македонците..тука секогаш се говорело македонски јазик и се употребувало киричично писмо во офоцијалното општење помеѓу населението и државните органи..тука секогаш живееле и ќе живеат луѓе од други националности и јас во целост ги прифаќам сите нивни обичаи,јазикот и сл. Тука не живеат само албанци и македонци...тука живеат и срби,власи,роми,турци,бугари и ред други националности...ако на сите нив им се овозможи ОФИЦИЈАЛНО да го користат својот јазик никој со никого нема да се разбере..Како што важи правилото дека македонскиот јазик е ОФИЦИЈАЛЕН јазик за овие националности што ги споменав така ќе важи и за албанците...Албанците не се ништо посебно, ниту нешто повеќе од останатите за да им се овозможи да бараат што ќе стигнат...Македонскиот јазик СЕКОГАШ бил ПРВ и ОФИЦИЈАЛЕН јазик во Македонија и како таков сите националности го почитуваат и изучуваат...е сега ајде кажи ми зошто баш вие албанците треба да бидете исклучок од ова????? Кажи ми тогаш зошто на македонците во Албанија да не им се овозможи да го користат македонскиот јазик?? Ако вие можете тука тогаш зошто македонците да не можат таму?...
Во Америка официјален е англискиот,ама секој втор (особено на југот) говори и шпански затоа што има многу доселеници...ама ОФИЦИЈАЛЕН а англискиот и тој јазик се изучува во СЕКОЕ училиште и ги опфаќа сите националности...
Немој да мислиш дека имам нешто против албанскиот народ и јазик..само го кажувам тоа што го мислам...
А во врска со мојата кандидатура за министер за образование...вие не се грижете за тоа..може и премиер ќе станам еден ден...дај боже да дојде до тоа... само ваквите будали како мене истрајуваат до крај..а каде би завршиле...верувај на подобро место него ова кај што сме сега!
-------------
|
Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 20.Јануари.2010 во 22:03
Ma4e kuklo te razbiram, no ne od I odelenie toa e poblemot, od III moze. I jas zboruvam kolku sto znam makedonski i se trudam da zavrsam visoko obrazovanie na MAKEDONSKI JAZIK toa za mene ne e problem naprotiv toa za mene e predizvik zatoa da ne mesame sega "deka ne sakat da ucat albancite makedonski, tuku ne od III odelenie" ne moze covek da zivee vo MAKEDONIJA a da ne znae Makedonski jazik tuka se slozuvaam so tebe .............pozz
Ako togas za tebe ke glasam
------------- Љаеш НЕ касаш !
|
Постирано од: laura.skopje
Датум на внесување: 21.Јануари.2010 во 12:33
zasto da ne?
------------- http://mikrobloger.com/laura - http://mikrobloger.com/laura
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 21.Јануари.2010 во 14:08
Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 21.Јануари.2010 во 19:14
Не може да живееш во една држава и да не го знаеш јазикот на таа држава !!! не од 6 години, од кога ќе се родат треба да знаат македонски... сите националности
-------------
|
Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 20:17
BisernA напиша:
Не може да живееш во една држава и да не го знаеш јазикот на таа држава !!! не од 6 години, од кога ќе се родат треба да знаат македонски... сите националности |
Da da treba no kako sto velaat i od evropskata unija mora uste malku da poceka ovoj zakon malku e izbrzano so zakonot
------------- Љаеш НЕ касаш !
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 20:22
А зошто да е избрзано?Логично е малцинствата да учат официалниот за државата jaзик.Каде го има тоа да не го учат?Ке чекате со македонциве да бидете 50:50 за да учите македонски ли?Па тогаш ке посакате вероватно македонциве да учат албански.............
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 20:28
e aj da ja vidam "jakata" drzava,...i tuka neka izigrva nekoj zakon,...ne samo na "obichniot" glup chovek....makedonski...jasno!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 28.Јануари.2010 во 00:24
емил напиша:
А зошто да е избрзано?Логично е малцинствата да учат официалниот за државата jaзик.Каде го има тоа да не го учат?Ке чекате со македонциве да бидете 50:50 за да учите македонски ли?Па тогаш ке посакате вероватно македонциве да учат албански............. |
nema sto da diskutiram so tebe ne si ti makedonec i ne se mesaj ok
------------- Љаеш НЕ касаш !
|
Постирано од: bodeti
Датум на внесување: 28.Јануари.2010 во 01:14
aLbaneso напиша:
BisernA напиша:
Не може да живееш во една држава и да не го знаеш јазикот на таа држава !!! не од 6 години, од кога ќе се родат треба да знаат македонски... сите националности | Da da treba no kako sto velaat i od evropskata unija mora uste malku da poceka ovoj zakon malku e izbrzano so zakonot | Ova e Makedonija a ne evropska unija,i ke ucite Makedonski jazik i ke pocituvate zakoni ko sto gi pocituvaat site,a ako ne vi se dopagaat zakonite i pravilata,mozete da si odite od kaj sto ste dosle.Dosadni ste vece so tie vasi uceni i zaplasuvanja,a i samo im pravite steta na svoite deca,gi unazaduvate i ogranicuvate.Znaes li deka sekoj si placa za svoite greovi,a vie mnogu se zadolzuvate kon Makedonija i Makedoncite pa eden den koga ke treba da si gi platite grevovite kojznae dali ke ima sto da vi ostane.Od mene nemas ironicen osmeh koj go koristite site albanci, tuku
------------- VODETE LJUBOV A NE VOJNA.A MOZETE I OBETE.VENCAJTE SE!
|
Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 28.Јануари.2010 во 13:02
bodeti напиша:
aLbaneso напиша:
BisernA напиша:
Не може да живееш во една држава и да не го знаеш јазикот на таа држава !!! не од 6 години, од кога ќе се родат треба да знаат македонски... сите националности | Da da treba no kako sto velaat i od evropskata unija mora uste malku da poceka ovoj zakon malku e izbrzano so zakonot | Ova e Makedonija a ne evropska unija,i ke ucite Makedonski jazik i ke pocituvate zakoni ko sto gi pocituvaat site,a ako ne vi se dopagaat zakonite i pravilata,mozete da si odite od kaj sto ste dosle.Dosadni ste vece so tie vasi uceni i zaplasuvanja,a i samo im pravite steta na svoite deca,gi unazaduvate i ogranicuvate.Znaes li deka sekoj si placa za svoite greovi,a vie mnogu se zadolzuvate kon Makedonija i Makedoncite pa eden den koga ke treba da si gi platite grevovite kojznae dali ke ima sto da vi ostane.Od mene nemas ironicen osmeh koj go koristite site albanci, tuku |
Dobro tebe ke te slusneme kako ke kazete vie taka ke bide ,samo za koj kako ke plaka grevovi tamu da ne se mesame oti se gleda koj plaka grevovi
------------- Љаеш НЕ касаш !
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 28.Јануари.2010 во 21:49
aLbaneso напиша:
bodeti напиша:
aLbaneso напиша:
BisernA напиша:
Не може да живееш во една држава и да не го знаеш јазикот на таа држава !!! не од 6 години, од кога ќе се родат треба да знаат македонски... сите националности | Da da treba no kako sto velaat i od evropskata unija mora uste malku da poceka ovoj zakon malku e izbrzano so zakonot | Ova e Makedonija a ne evropska unija,i ke ucite Makedonski jazik i ke pocituvate zakoni ko sto gi pocituvaat site,a ako ne vi se dopagaat zakonite i pravilata,mozete da si odite od kaj sto ste dosle.Dosadni ste vece so tie vasi uceni i zaplasuvanja,a i samo im pravite steta na svoite deca,gi unazaduvate i ogranicuvate.Znaes li deka sekoj si placa za svoite greovi,a vie mnogu se zadolzuvate kon Makedonija i Makedoncite pa eden den koga ke treba da si gi platite grevovite kojznae dali ke ima sto da vi ostane.Od mene nemas ironicen osmeh koj go koristite site albanci, tuku |
Dobro tebe ke te slusneme kako ke kazete vie taka ke bide ,samo za koj kako ke plaka grevovi tamu da ne se mesame oti se gleda koj plaka grevovi | е да не треба случајно вие како што ќе кажете, сакате права, ги имате сите, ама заборавате на обврските кон својата држава како нејзини граѓани
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 28.Јануари.2010 во 22:07
aLbaneso напиша:
BisernA напиша:
Не може да живееш во една држава и да не го знаеш јазикот на таа држава !!! не од 6 години, од кога ќе се родат треба да знаат македонски... сите националности |
Da da treba no kako sto velaat i od evropskata unija mora uste malku da poceka ovoj zakon malku e izbrzano so zakonot |
А зошто во сите членки на ЕУ не се чека со законите, туку се учи официјалниот јазик на таа држава? Еве, да ја земеме Грција. Како таму Албанците ( а покрај нив и сите други ) сите не само што учат грчки, туку дури и подобро, а и почесто, го користат од албанскиот? Ете, Грција е земја-член на ЕУ. Затоа ЕУ пред да дава препораки на други земји, нека види како е решен тој проблем во земјите-членки на самата ЕУ.
-------------
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 03:57
BisernA напиша:
Не може да живееш во една држава и да не го знаеш јазикот на таа држава !!! не од 6 години, од кога ќе се родат треба да знаат македонски... сите националности |
Брависимо за коментарот
Тоа е нормално , повеќе од реално , непробиен факт па кој сака нека си кажува.
Малите нивни не знаат македонски а пак ако им зборнеш на албански одма се љутат , ма пуциња мали тек допрва ке разбираат
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 14:26
Политизацијата на образованието е страшна работа. Грешките околу лаичко донесување национални програми за работа се добра база за плитизација и користење во дневно политички цели. Кој паметен донел програма за работа во која се ВОВЕДУВА државниот јазик. Тој не треба да се воведува, тој е интегрален дел на образованието. Без него не може да се почне образованието, односно не смее да има образование без задолжително учење на службениот јазик. мајчиниот јазик се учи како втор, а потоа странските јазици. Кај нас неуки луѓе носат неуки закони. Вовеле англиски од прво, а го запоставиле или го ставиле како факултативен мајчиниот и државниот. Брука невидена, заплет од кој тешко ке се излезе.
-------------
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 14:38
После ова, мислам дека секој коментар на оваа тема би бил излишен.
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 16:08
mamamd напиша:
Политизацијата на образованието е страшна работа. Грешките околу лаичко донесување национални програми за работа се добра база за плитизација и користење во дневно политички цели. Кој паметен донел програма за работа во која се ВОВЕДУВА државниот јазик. Тој не треба да се воведува, тој е интегрален дел на образованието. Без него не може да се почне образованието, односно не смее да има образование без задолжително учење на службениот јазик. мајчиниот јазик се учи како втор, а потоа странските јазици. Кај нас неуки луѓе носат неуки закони. Вовеле англиски од прво, а го запоставиле или го ставиле како факултативен мајчиниот и државниот. Брука невидена, заплет од кој тешко ке се излезе.
| eee, taka vidish! , gledash , koga sakash ,...mozesh i neshto kako shto treba da kazesh,...ama , ona za "pushachkiot zakon....voopshto ne ti ...."stoi"
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: KING35
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 16:23
MAKEDONIJA...i sve e mozno...
------------- zivotot pisuva romani...a lugeto citaat stripovi
|
Постирано од: bingo
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 16:36
па добро е да се учи македонски јазик еднаш бев до октиси тоа е струшко застанувам еден на пат каде живее тој и тој и овај се чуди не знае што го прашувам како јас кинески да зборувам
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 16:37
Постирано од: bingo
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 16:40
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 30.Јануари.2010 во 08:37
Страшно е што јаболкото на раздорот со задоволство го прифаќаме и им дозволуваме на странските емисари да ни праќаат двосмислени пораки. Мора да се одмота клопчето и да се види каде се скина конецот наречен ИЗУЧУВАЊЕ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК и кој дозволи СЛУЖБЕНИОТ ЈАЗИК да се лицитира. Смешно и трагикомично делуваат изјавите на државниот просфетен инспекторат дека ке казнуваат. Кого бре ќе казнуваат? па тие не можат ни да припарат до директорите, наставниците кои одбиваат да го предаваат македонскиот јазик. Лесно им беше да го скршат отпорот на штрајкувачите лани и да се силат и навредуваат. Ова не се дојчевистите. Ова е организирана заедница која знае и може затоа што некој тоа им го дозволи со префрлувањето на ингеренциите на локално ниво. Божемната децентрализација направи да се изгуби контролата врз образованието и да се спроведе едно огромно самоволие и политизација. Сега останува да читаме како http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F5B1577E97969C4C9EDD9FEDC350C62C - Изучувањето на јазикот не треба да донесе поделби
-------------
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 02.Февруари.2010 во 13:11
И се откажаа инспекторите од контрола. Се силеа ама сеуште имаат работа кај оние кои ги оставаат да вршат контрола. Не е лесно да се пречитаат дневниците, да се види дали пишувал некој случајно со мала буква, дали од работа заборавил да заведе час. Контролирај кај можеш, кај не можеш не оди. Тоа ти е наша секојдневница http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1933&ArticleID=132940 - - Инспекторите не излегоа на мегдан
-------------
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 03.Февруари.2010 во 19:15
Просветниот инспекторат притиска – мора да се учи македонски За десет дена првачињата од албанската заедница ќе го изучуваат
македонскиот јазик-ова го тврди првиот човек на државниот просветен
инспекторат Џорџе Арсов.
Според него некои градоначалници веќе почнале да попуштаат и во
училиштата се држи настава по македонски. Податоците на просветните
инспектори говорат-сите етнички заедници освен албанската ја
применуваат владината одлука.
Но ситуацијата на терен останува непроменета, албанската заедница
се уште го бојкотира македонскиот јазик, нема најави за промена на
ставот.
Високи извори на ДУИ кои се задолжени за оваа проблематика не
сакаат да коментираат.За нив оваа тема е веќе исконзумирана.Од ДПА пак
остануваат на ставот дека не треба да се учи македонскиот од прво.
По заедничкото писмо на ОБСЕ е огласи и евроамбасадорот Фуере.
Бирото за развој на образование веќе изготвило прирачник како
македонскиот треба да го предаваат одделенските наставници.Наскоро ќе
почне и нивна обука.
И покрај спротивните ставови од коалиционите партнери, министерот
Тодоров неколкупати го повтори ставот дека нема да отстапи од одлуката.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/prosvetniot-inspektorat-pritiska-%E2%80%93-mora-da-se-uchi-makedonski - http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/prosvetniot-inspektorat-pritiska-%E2%80%93-mora-da-se-uchi-makedonski
------------- You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 03.Февруари.2010 во 21:39
usht koga vekje i se diskutira okolu toa,...se gleda kakva drzava e ova!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 14.Јули.2010 во 15:59
STO NE VE IMENUVAV , DA BARAME SITE DA UZIVAME DA IMAME PODOBAR ZIVOTEN STANDARD NEKA NE NE LAZAT I VLECAT OVIE IZLITE ISTROSENI POLITICARCINJA SO POLITIKA I TREBA LI NEKOJ DA GO IZUCUVA JAZIKOT NA ZEMJATA VO KOJA ZIVEEE, NORMALNO E TOA DA SI VO GRUZIJA KE TREBA DA ZNAES GRUZISKI , DA SI VO GERMANIJA GERMANSKI ,STO E TUKA SPORNO I NEUSTAVNO DETSKIOT MOZOK KE NAREDUVA I KE SE RAZVIVA SAMO AKO POVEK UCI I GO KORISTI, A NEMA DA IM BIDE PODOBRO NA DECATA I GRAGANITE AKO GI NASOCUVAS IM GI OGRANICUVAS SETO ONA STO GI PRAVI POMUDRI, POSREKNI, POSNAODLIVI SO TOA IM SE OLESNUVA I ODOBRUVA ZIVOTOT TOA E FAKT I VISTINA, A NE ONA SO STO E TRUETE SITE NAS NEZZAVISNO NA VERA I NACIJA
|
Постирано од: aldin67
Датум на внесување: 16.Јули.2010 во 14:29
jas mislam deka izbrzuvate so vasite razmisluvanja.Jas sum albanec i go zboruvam makedonskiot mnogu podobro od mnozina makedonci tuka,no ,jas ucev so kejf na vremeto.,ne so sila i so imponiranje.da vi kazam za edna praktika koja sekogas ke se povtoruva...sekoe imponiranje na albancite proizveduva kontrarezultata...da go imate sekogas toa vo predvid.pred nekolku godini imase zakon koj zabranuvase treto dete za labacite,albancite uste poveke udrija po seksot i razmnozuvanjeto...se razbravme ...neli
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 16.Јули.2010 во 15:02
moree,..treba i turski,..pa i ciganski ( i toa,...site dijalekti !),...samo taka moze da im se dotera umot na ,....................................................................................prvachinjata!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
|