Испечати | Затвори го прозорот

!!! ДА ДОНИРАМЕ ЗА ДА ОСТАНЕ ВО ЖИВОТ ЕЗЕРЏАН !!!

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Хуманост на дело
Опис на форумот: Љубовта ќе го спаси светот! Човечноста спасува, олеснува и облагородува животи! ДоброЧинителството мотивира да живееме за доброто на другите! Овие три нека бидат смисла на нашитe животи.
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20362
Датум на принтање: 21.Јануари.2025 во 21:11
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: !!! ДА ДОНИРАМЕ ЗА ДА ОСТАНЕ ВО ЖИВОТ ЕЗЕРЏАН !!!
Постирано од: Pravoslavie
Наслов: !!! ДА ДОНИРАМЕ ЗА ДА ОСТАНЕ ВО ЖИВОТ ЕЗЕРЏАН !!!
Датум на внесување: 11.Октомври.2009 во 01:16
„И животот би го дал за да го спасам моето бебе“
 
 
 
10.10.2009 20:30
Итно му е потребна операција во Бугарија

 

4-Месечниот Езерџан е роден со срцева маана. Итно му е потребна операција во Бугарија. Но неговите родители се сиромашни и немаат можност да соберат дел од парите.

Четири илјади евра се потребни за нивното дете да се спаси. Во семејството работи само таткото. Досега потрошиле многу за прегледите во Бугарија. Веќе немаат средства. Со солзи на очите тој моли за помош.

„Јас сум во таква ситуација што и по десет денари кога би ми давале јас би бил среќен, само да ги соберам средствата. На моето бебе ако треба и животот би му го дал само да го спасам“, вели таткото на Езерџан.

Езерџан не може да чека. Болеста напредува, а неговото срце е се послабо. Мора веднаш да биде оперирано. Веќе неколку пати досега имало кризи кои можеле да завршат фатално.

„На устата и на челото е помодрен. Кога ќе почне да плаче неможе да земе воздух“, вели таткото.

Животот на ова бебе е во рацете на хуманите луѓе. Неговите родители се надеваат дека некој ќе им помогне за да може четиримесечниот езерџан да продолжи да се смее во животот.

Телефони за донација:

-070 143 402

-075 143 402

-Жиро сметка 300001000020178 - Комерцијална банка

-------------------------------------
 
превземено од веб страницата на А1. Линк: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114805 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114805
 
 
 



Коментари:
Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 11.Октомври.2009 во 01:24

Ве молам, сите донирајте ако можете, и ископирајте го текстот од насловниот пост на темава и испратете им го на сите на кои можете на е-меил и разгласете по форуми, интернет сајтови, медиуми (телевизија, радио) и кажете им на сите усмено!

Малку пари се, ама ајде да се вложиме и да ги собереме заедно.

4.000 евра = 240.000 денари = 2.400 пораки по 100 денари.

Само толку е... Ајде сите заедно. Ајде ајде ајде!!! 0



Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 12.Октомври.2009 во 13:39
да потсетам на темава... големо%20гушкање


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 13.Октомври.2009 во 08:57
повторно потсетувам на темава големо%20гушкање


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 10:38
потсетувам... да донираме... проштевајтеголемо%20гушкање



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk