Нобелова награда за Барак Обама
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Свет
Опис на форумот: Масони, Рокфелер, Ирак, Иран, Балкан Експрес...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20351
Датум на принтање: 26.Ноември.2024 во 00:16 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Нобелова награда за Барак Обама
Постирано од: mamamd
Наслов: Нобелова награда за Барак Обама
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 08:39
Каде оди светот? Во што е заслугата на Барак Обама да добие Нобелова награда. Со што го задолжи светот? Или оваа висока награда која порано во некои неполитизирани времиња ја добиваа големи хуманитарци, научници. Дали Обама ја доби наградата само затоа што е прв црн претседател на Америка и со него почна нова епоха на отфрлање на расизмот токму во Америка и светот? Ако е за тоа што е црнец, тогаш е дискутабилно бидејки и пред него имало многу црнци со поголеми заслуги за мирот во светот. Премногу кратко е претседател, премногу кратко делувал во светот бидејки неговите почетоци се поврзани со светската економска криза ( се мислев темава дали да оди во свет или тука- па се одлучив за тука бидејки оваа награда некако ми делува како нашето ’’рамковно’’ наградување). И пак ке прашам провејуваат ли во светот некои нови вредности? http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3230C5024A75354EACA32FA0F320D2A1 - Нобелова награда за мир за Барак Обама
|
Коментари:
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 14:50
аи глупости, работава е овие црнциве се ископлексирале поради долгогодишниот расизам, па сега глејте што можеме од инат да правиме
па не е Обама Нелсон Мендела па вакви силни награди да добива, сеуште не ни знаеме ни кој е ни што е
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 14:58
Постирано од: pagane
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 15:05
да..да...за посебни заслуги кон КГБ...и рускиот народ...и кон зависните од плинот...всеруски
-------------
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 15:08
за мирот во тој дел од регионот , спречување да Иран биде вовлечен во страшна војна на која инсистираат американците како и за воспоставување на баланс пред глобалистичките намери на англо - американските империјалисти
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН
|
Постирано од: pagane
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 15:16
МАРШАЛ напиша:
за мирот во тој дел од регионот , спречување да Иран биде вовлечен во страшна војна на која инсистираат американците како и за воспоставување на баланс пред глобалистичките намери на англо - американските империјалисти |
ахх, ти комунисто
Дух броди по светот, Духот на Комунизмот....
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 15:17
не се работи за комунизам . се работи за РЕАЛНОСТ
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН
|
Постирано од: pagane
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 15:20
мислев на изразот англо-американски империалисти... А Владимир Владимирович...далеку од империализма...а...што викаш?
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 15:30
Владимир Владимирович нема и не покажа никакви империјалистички претензии ........ тој само си го брани своето и својот народ
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН
|
Постирано од: pagane
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 15:31
аj ок...ги почтувам русите повеке од америте...барем имат по духовни каузи... по темава: апсолутно прозирно дека му се олизуват...и наj веке исплакjат стари гревови према црнците.
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 15:34
тој што има да плаќа стари гревови кон нив нека си ги плаќа дома ....
не мора да трпи целиот свет поради нивното раздолжување .......
во тој случај , нобеловата награда нема да биде независна туку ќе стане политичка одлука
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 15:40
Темата е за Обама, не за Путин.
Пагане, внимавај на буквите.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 15:42
па токму за тоа разговараме ........ дека нема ама баш никаква основа и оправданост да му се додели Нобелова награда па макар и за дератизација и дезинсекција
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН
|
Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 17:34
Тема: Нобелова награда за Барак Обама
Дури и самиот Обама не знае што да изјави, збунет е до даска. Мислам дека му ја врзаа машната, ова ќе влијае на америчката надворешна политика. Од друга страна, не е можно Белата Куќа да не знаела за ова одпорано, и ако не сакале, можеле дискретно да ја одбијат, никој да не дознае.
------------- Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 17:49
баш се прашував што тоа господинот Обама стори за толку кратко време за да ја добие Нобеловата награда?
смешно
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 18:15
| МИТОВИТЕ ЗА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР НАЈЧЕСТО СЕ ЗАБЛУДИ
Осло, 9 октомври (МИА) - Секретарот на Нобеловиот комитет за мир Гејр Лундестад изјавува дека постојат многу митови за Нобелобата награда за мир, што воедно претставуваат и најчести заблуди за неа, пренесуваат американските медиуми.
Лундестад вели, се тврди дека наградниот комитет разгледува список со селектирани кандидати, а вистината е дека комитетот не ги соопштува имињата на ниту еден од кандидатите и веќе 50 години не открива никаква информација за нив.
Широко распространето е и мислењето дека кампањата за даден кандидат може да влијае на наградниот комитет. Напротив, таква кампања би имала сосема спротивен ефект врз независниот комитет, кој не сака да трпи влијание од општеството.
Друг мит е дека кандидатите можат да бидат номинирани речиси до последната минута. Во пракса, крајниот рок за номинирање е осум месеци пред сооопштувањето, со точно определен датум - 1 февруари.
Не може секој да номинира личност или група за Нобеловата награда, и покрај тоа што Нобеловиот правилник во 2003 година подели список од луѓе, кои можат да номинираат. Сега тоа се поранешни лауреати, актуелни и поранешни членови на комитетот и неговиот персонал, членови на националните влади и законодавни органи, универзитетски професори по право, теологија, социјални науки, историја и филозофија, лидери на институти за истражување на мирот и надворешни односи и членови на меѓународни судови.
Според друга заблуда, наградата може да биде повлечена ако лауреатот не живее во согласност со стандардите на наградата за мир. Таков услов не е предвиден.
Распространет е и митот дека наградата може да се додели посмртно. Тоа е исклучок и се има случено само еднаш, во 1961 година, кога поранешниот генерален секретар на ОН Даг Хамаршелд, кој загина во авионска несреќа во Африка, наградата ја доби посмртно.
Се смета дека наградата се врачува за да се признаат напорите за мир, човекови права и демокрацитија, само доколку тие биле успешни. Много почесто, меѓутоа, таа се доделува за да се поттикнат лауреатите да ги доведат своите напори до самиот крај, а понекогаш и во критични моменти.
Меѓу носителите на Нобеловата награда за мир се поранешниот фински претседател Марти Ахтисаари (2008 година), основачот на банката "Грамин банк" Мухамад Јунус (2006 година), поранешниот американски претседател Џими Картер (2002), поранешниот генерален секретар на ОН Кофи Анан (2001), мјанмарската опозициска лидерка Аун Сан Су Чи (1991) и други.
| .....sega vi e jasno?!..........a,ako nekoj moze( i vlijae!) na svetskiot mir...toa e samo toj (amerikanskiot pretsedatel)...i edinstveno toj!...site drugi se "sharlatani" sprema nego...vo odnos na toa...
.,......inache ,."kunta kinte" i do sega se pokaza deka e ..pacifist ( kolku shto toa moze da bide eden amerikanec!)...za razlika od nekoi negovi mprethodnici......
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 22:14
mamamd напиша:
Каде оди светот? Во што е заслугата на Барак Обама да добие Нобелова награда. Со што го задолжи светот? Или оваа висока награда која порано во некои неполитизирани времиња ја добиваа големи хуманитарци, научници. Дали Обама ја доби наградата само затоа што е прв црн претседател на Америка и со него почна нова епоха на отфрлање на расизмот токму во Америка и светот? Ако е за тоа што е црнец, тогаш е дискутабилно бидејки и пред него имало многу црнци со поголеми заслуги за мирот во светот. Премногу кратко е претседател, премногу кратко делувал во светот бидејки неговите почетоци се поврзани со светската економска криза ( се мислев темава дали да оди во свет или тука- па се одлучив за тука бидејки оваа награда некако ми делува како нашето ’’рамковно’’ наградување). И пак ке прашам провејуваат ли во светот некои нови вредности? http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3230C5024A75354EACA32FA0F320D2A1 - Нобелова награда за мир за Барак Обама
|
Ништо ново. Веќе видено......се е во стилот ,,добор момче,,....ама со пред знак добро си ама биди умно и мирно....а ние нашето ќе си го работиме....во спротивно ќе биде или под дознака евентуално ........,Кенеди 1063 и Кенеди 1968год.........,, Жалосно е ама вистината е таа...........Пораката му е на време испратена...........
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 11.Октомври.2009 во 09:03
И не сме единствени кои се сомневаат во исправноста на доделувањето. Јасно е дека не е добиена за направени дела туку за нешто што ЌЕ треба да направи. Нова политичка ера и во светот - ЌЕ акција. И нобелова награда се добива за ЌЕ.
http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=45&eventId=13801 -
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 11.Октомври.2009 во 09:14
а бе овој , навистина добил нобелова награда за ветувања
леле ........ страв ми е да помислам кој може да е следниот ....
за лажни ветувања
шала на страна ....... жалосно што му се доделува нобелова награда само по основ политика ...... доказ повеќе дека и нобеловата награда станува политичка одлука а никако нешто кое треба да се доделува по основ ВИСТИНСКИ сторени дела за она за што му се доделува ...... но , америте и тука сакаат да му докажат на светот дека се “ добронамерни и негови ослободители “ и да е подигнат цената на својот најголем извозен производ , “ демократија маде ин уса “ ...... ....... знам дека ќе звучам како некој исламски фундаменталист но мора да речам ........ со ова само му се одава признание за она што го вети а не исполни туку продолжи со политиката на војни и воени закани кон истите земји кон кои такви војни и воени закани превземаа неговите претходници ....... ова дословно може да се нарече “ исти к***ц али друго паковање “ ..... и друга боја .........
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН
|
Постирано од: chuchuliga
Датум на внесување: 11.Октомври.2009 во 12:05
Мислам дека генерално се работи на подобрување на изгубениот позитивен имиџ на Америка во светов.
Ем умен, ем каризматичен, ем црн претседател, па дури и нобелова награда за мир му дадоа после 9 месеци (по мене прерано. Иако е прв политичар после мнгоу долго време кој ми е симпатичен и делува дека во себе носи некакви вистински вредности).
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 11.Октомври.2009 во 14:35
chuchuliga напиша:
Мислам дека генерално се работи на подобрување на изгубениот позитивен имиџ на Америка во светов.
Ем умен, ем каризматичен, ем црн претседател, па дури и нобелова награда за мир му дадоа после 9 месеци (по мене прерано. Иако е прв политичар после мнгоу долго време кој ми е симпатичен и делува дека во себе носи некакви вистински вредности). | тоа што постои симпатичен претседател со награда треба да ми го смени мислењето за Америка и она што таа го има направено во последните два века? сеуште не му верувам на Обама, премногу кратко е претседател за да речам дека е ок
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 11.Октомври.2009 во 17:57
МАРШАЛ напиша:
а бе овој , навистина добил нобелова награда за ветувања
леле ........ страв ми е да помислам кој може да е следниот ....
за лажни ветувања
шала на страна ....... жалосно што му се доделува нобелова награда само по основ политика ...... доказ повеќе дека и нобеловата награда станува политичка одлука а никако нешто кое треба да се доделува по основ ВИСТИНСКИ сторени дела за она за што му се доделува ...... но , америте и тука сакаат да му докажат на светот дека се “ добронамерни и негови ослободители “ и да е подигнат цената на својот најголем извозен производ , “ демократија маде ин уса “ ...... ....... знам дека ќе звучам како некој исламски фундаменталист но мора да речам ........ со ова само му се одава признание за она што го вети а не исполни туку продолжи со политиката на војни и воени закани кон истите земји кон кои такви војни и воени закани превземаа неговите претходници ....... ова дословно може да се нарече “ исти к***ц али друго паковање “ ..... и друга боја ......... |
Не е за ветување............го тапшаат по раме.............се додек не му измислат ИМПИЧМЕТ.............
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 11.Октомври.2009 во 22:27
Џорџ Буш трабше да добие нобелова награда ...
------------- Homo homini lupus est...
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 11.Октомври.2009 во 22:33
Buggyman напиша:
Џорџ Буш трабше да добие нобелова награда ... |
Za IRAQ? ili .............?
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 11.Октомври.2009 во 22:44
orlov напиша:
Buggyman напиша:
Џорџ Буш трабше да добие нобелова награда ... | Za IRAQ? ili .............? |
За најглупав избран Американски претседател...
------------- Homo homini lupus est...
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 11.Октомври.2009 во 23:21
Ima ubavi komentari okolu ova. Eden e najdobar- Dobil nobelova nagrada zatoa shto go spasil svetot ( i Amerika) od Bush
-------------
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 15.Октомври.2009 во 06:57
И не е мака само доделувањето на наградата. Поголема мака е примањето на наградата.Кога таа се дава на некој научник односно обичен смртник, не е потребно многу арч за подготовки. Со доделување на наградата на некоја висока политичка личност- како во случајот со Обама поголеми се трошоците околу неговото појавување на приемот на наградата од самата награда. Не е ли време Обама да с еоткаже од наградата па како голем хуманитарец парите од наградата и оние кои треба да се потрошат за неговиот пречек да ги даде за гладните деца во светот. Е тогаш ке ја заслужи наградата и ке ја добие кога ке се тргне од претседател. Мислам дека правиот хуманитарец (од ковот на Мајка Тереза) би постапил баш така. http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=974&ArticleID=37686 - - Обезбедувањето на Обама чини неколку Нобелови награди
-------------
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 16.Октомври.2009 во 15:26
Buggyman напиша:
orlov напиша:
Buggyman напиша:
Џорџ Буш трабше да добие нобелова награда ... | Za IRAQ? ili .............? |
За најглупав избран Американски претседател... |
Ne...........morashe OBAMA da go potapshaat po rame za da donese nova nafta vo SAD od IRAN..........a potoa da go prodolzji vtoroto popluvreme na balkanot i pposhiroko............
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 16.Октомври.2009 во 15:44
И покрај наградата, на Обама рејтингот му паѓа, Хилари Клинтон станала попопуларна од него.
А некое детенце му поставило малку незгодно прашање: http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=62955&kategorija=6 - - Дете го прашало Обама: Зошто луѓето ве мразат?
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 16.Октомври.2009 во 15:48
e,koga sme vekje kaj nobel....mu predlagam na shvedskiot kral ( ako e do nego !)da vostanovi ushte edna kategorija na nobelaov nagrada.....za najgolema gluypost na drzavno nivo .....
ee,..togash ...veruvam deka nema da ne odmine...."djek potot"!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 16.Октомври.2009 во 15:50
во тој случај , не верувам дека некој друг ќе може воопшто и да влезе во кругот за номинација
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 11.Декември.2009 во 13:37
Барак Обама и нобелова награда за МИР каков ВИЦ...
А уште поголем виц е истиот ден (случајно се разбира)Русите тестират ракета, тестирањето неуспешно а на небото се појавува чудна светлина , каква коинциденција просто да не поверуваш...
|
Постирано од: abnormalen
Датум на внесување: 11.Декември.2009 во 13:43
нормално дека ја заслужил или тек ќе ја заслужува а и ете не си ја ставил во џебот,
------------- Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 23.Јануари.2010 во 01:29
Interesni se komentarite na ovaa tema.
Se dobiva vpechatok deka Obama, so samoto toa shto beshe predlozhen, preku nokj stana negativna figura, a onie shto go predlozhile stanaa bezumnici.
Interesno...
Nikoj ne razmisluva ZOSHTO e napraveno seto toa "bezumie"? Nikoj ne se prashuva zarem navistina lugjeto koi ja dodeluvaat ovaa prestizhna nagrada nemaat gram mozok? Nikoj ne se obiduva da otkrie shto se krie zad ovoj chin koj od sekogash imal politichka pozadina so dolgorochni planovi i posledici?
Polar Bear chepna tochno vo centarot, no od glasnoto potsmevanje i podigruvanje nikoj ne mu obrna vnimanie:
Polar Bear напиша:
Дури и самиот Обама не знае што да изјави, збунет е до даска. Мислам дека му ја врзаа машната, ова ќе влијае на америчката надворешна политика. Од друга страна, не е можно Белата Куќа да не знаела за ова одпорано, и ако не сакале, можеле дискретно да ја одбијат, никој да не дознае.
|
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 23.Јануари.2010 во 01:40
prvo mesi amerika e jaka drzava ako taa smetala deka na obama nesmee da se dodeli nagrada, nemase da mu ja dodelat i obratno ako amerika saka obama da ja dobie, kje ja dobie nema tuka pravicnost vo svetot, nitu imalo i nitu mislam deka kje nema znaci na amerika i trebala taa smesna nagrada za covek pola godina na vrvot na politikata najzasluzen za svetskiot mir
ps.... nemoze pticka da proleta bez da znae amerika, kamu pa nobelova
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 23.Јануари.2010 во 04:59
Prochitaj go Polar Bear ushte ednash... toj pogodi tochno vo celta.
Evropjanite ne se bezumni. Na amerikancite istvremeno im udrija rampa, im dadoa kosh od 3 poeni, im podelija po edna lichna i im pokazhaa sreden prst, no taka ubavo nakiten i spakuvan shto ovie ne mozhea da napravat nishto drugo tuku da go primat celiot paket i da kazhat "Thank You very much".
Genijalen diplomatski poteg. Stara angliska politichka shkola.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 23.Јануари.2010 во 19:55
Многу опасен потег Меси...
Ќе му се врати со лошо на Обама. Наградата беше дадена како предизвик - "еве, докажи дека ја заслужуваш". Но - нешто не се покажува дека ја заслужува. Пред некој ден прочитав една интересна анализа, и авторот вели: "времето во кое на Обама му беше доволно да каже - Не сум Буш - и да биде популарен, помина. Сега треба да видиме кој е тој."
Проблемот е во тоа што не прави ништо различно од тие пред него.
Во Ирак е најавено повлекувањето според планот кој всушност Буш го постави уште пред две години. Во Афганистан има дополнителни војници, без никаков јасен план што со нив, ниту пак до кога, а уште помалку што потоа.
На внатрешен план - откако им даде пари на банките без претходно да постави услови во договорите, сега за да си го врати рејтингот им ги оданочува бонусите (откако лани, во тек на кризата земаа мулти-милионски бонуси, токму од државни пари). Предлогот за здравствена реформа нема никаква врска со тоа што го најавуваше во изборната програма - и е многу полош од претходниот систем, затоа што сега секој е обврзан да купи основно осигурување, кое во Америка за семејство изнесува барем 500 долари месечно. За многу семејства кои се над границата на бедност (односно, не им следува Medic-aid), 6000 долари годишно се премногу пари. Значи - ниту направи да биде здравството поефтино, ниту направи да биде подостапно, уште помалку го направи според канадскиот модел (кој е веројатно најдобрата опција)... Невработеноста останува на превисоко ниво - и идејата дека го намалиле бројот на отпуштања е апсурдна, затоа што самите бизнис аналитичари предвидуваа уште пред година дена дека интензивните отпуштања ќе траат до Октомври 2009-та, кога ќе се намалат, не заради мерки кои владата ги превзема, а затоа што ќе бидат отпуштени доволно вработени за да се консолидира финансиски индустријата.
Така што - прашањето кое се наметнува е - што всушност направи во последниве година дена?
------------- Do what is right, come what may...
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 23.Јануари.2010 во 22:59
Tokmu za toa govorev i istoto mislam deka sakashe da go kazhe Polar Bear.
So nagradata sakaa da go uslovat vo negovite idni postapki i politiki i damu pratat jasna poraka shto se ochekuva od nego!
Nikakov drug poteg, tolku ednostaven i eftin, no istovremeno javen i znachaen ne mozhe da se najde za takva cel.
Mnogu inteligentno izvedeno i Obama si zhivee so taa vrzulka okolu vratot sekoj den...
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 20.Март.2011 во 10:39
Мајкл Мур пред малку напиша на Твитер: May I suggest a 50-mile evacuation zone around Obama's Nobel Peace Prize?
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: DragancoLeskoec
Датум на внесување: 20.Март.2011 во 18:50
Andjelina напиша:
Мајкл Мур пред малку напиша на Твитер: May I suggest a 50-mile evacuation zone around Obama's Nobel Peace Prize? |
------------- Брсјачка нација !
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 16:36
...ma,...ushte edna treba da mu dadat!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Platenik
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 21:15
Ќе добие уште една кога ќе го потпише Киото протоколот, сигурно!
------------- Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
Постирано од: DameMak
Датум на внесување: 23.Март.2011 во 19:38
Обама деновиве го најде скриеното оружје за масовно уништување на Садам Хусеин. Било скриено во Либија.
Се готви за уште една нобелова награда.
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 23.Март.2011 во 20:39
|