Испечати | Затвори го прозорот

На почесен пиедестал

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20249
Датум на принтање: 29.Мај.2024 во 08:25
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: На почесен пиедестал
Постирано од: sard
Наслов: На почесен пиедестал
Датум на внесување: 30.Септември.2009 во 11:37
Во Македонија повторно се креира амбиент на масовна хистерија. Во Македонија маршира фашизоиден тоталитаризам поддржан од интелектуалци, научници, новинари и политичари. Се создава тензија, се креираат несигурност и страв. Се бара забрана за книга. На чекор сме до правење клади на кои ќе горат и книги и еретици. И онака низ Европа веќе маршираат црнокошуљаши, па кај да е, секој цивилизиран Европеец кога-тогаш ќе си го пронајде својот „Евреин“. Некои бистри експерти и интелектуалци што годинава етничките Македонци ги опишаа како македоноиди, стока, овци и раја, и тоа без задршка и помисла дека го навредуваат нивниот дигнитет, во оваа „дебата“ го одбранија албанскиот политички револт со стереотипот дека албанскиот народ е горделив и достоинствен... Статија на Мирка Велиновска



http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9249953236&id=9&setIzdanie=21795 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9249953236&id=9&setIzdanie=21795

Прочитајте вреди да се прочита..

-------------
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk



Коментари:
Постирано од: sard
Датум на внесување: 30.Септември.2009 во 12:16
Треба женава да ја ставиме нешто во државава.
Ионака македончињава се со женска психологија. Се нешто се расправаат, вражаат, се накажуваат, се буцкаат... Може една храбра жена од нив ќе направи мажи.
Само една ваква силна реакција од повеќето од нас ќе испрати доволно силна порака да не остават слободно да си го живееме животот.

-------------
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk


Постирано од: sard
Датум на внесување: 30.Септември.2009 во 12:58
Како долгогодишен консумент на таквите политики и без домашна енциклопедија можеме да констатираме дека петвековното турско ропство за нас како етникум е синоним за слобода наспроти високите и цивилизаторски тортури низ кои поминавме во 19, 20 и 21 век.



Како да сме сместени во демократски Абу Грајб на хумановоспитен третман со вода.



Оти, македонската историја е веќе напишана, што би рекла Бакојани, и нема зошто сами да си ја пишуваме одново.



Интелектуалната мизерија парадира низ скопскиот медиумски простор и нема кој да каже - кочете малку бре! Не сме во раниот среден век.



Како такви, од многу тртење пред сила и моќ, одамна го имаат изгубено човечкиот интегритет, а со тоа и срамот.



Во Македонија џандарот и занданџијата се заменети со експерти за пропаганда и со уредници во медиумите. Тие деновиве во сета своја раскош покажаа дека се генетски култивирани идиоти.



Ова е најако
А во нашата нововремена митологија Брисел е седиштето на евроатлантските бирократски божества, кои се строги. Од нас се бара само да бидеме кротки и да принесуваме жртви.



Ако мажите немаа што е потребно барем на една жена и ск*рчи.

-------------
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 30.Септември.2009 во 13:11
Викам јас одамна дека жени треба да ја преземат власта.задоволство
Кај нас остана уште тоа да пробаме.




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 30.Септември.2009 во 13:12
Па како дојдоа времињава...не ти е лоша идејата...тага

-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!


Постирано од: ___tanas_
Датум на внесување: 30.Септември.2009 во 13:15
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

Викам јас одамна дека жени треба да ја преземат власта.задоволствоКај нас остана уште тоа да пробаме.

Па зар не сте ???


Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 30.Септември.2009 во 20:52
На барање на Сард, го променив насловот на темата од „Експерти за пропаганда ја тероризираат Македонија“ во оваа „На почесен пиедестал“!

Р.Ѕ. Сигурно има намера пиедесталов да го намени за поубавиот, а по сеизгледа и попаметниот пол!намигнување  (Заб. Златник)големо%20гушкање


-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk