Зошто владата се откажува од патарините?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20174
Датум на принтање: 01.Декември.2024 во 05:45 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Зошто владата се откажува од патарините?
Постирано од: kultuzin
Наслов: Зошто владата се откажува од патарините?
Датум на внесување: 23.Септември.2009 во 22:33
ПАТАРИНА ДА СЕ ПЛАЌА БЕЗ ЗАСТАНУВАЊЕ
„Touch and go“ или „допри и замини“, на тој принцип би требало да функционираат паратините по должината на Коридорот 10 во иднина.
Ваков интегриран систем на наплата на патарините има во Франција, Италија, Шпанија, Португалија и Чешка. Целта е да се скрати времето за чекање на патиштата и да се воспостави конторла во наплатата. Државата смета дека сама не може да го модернизира системот затоа одлучи наплатните рампи да ги даде под концесија.
Денеска е објавен огласот, во наредните 30 дена треба да се јават фирми кои имаат интерес за патарините на автопатот од Куманово до Демир Капија. Откако ќе заврши оваа фаза Владата ќе одлучи дали ќе распише тендер и под кои услови патарините ќе добијат концесионер.
Идниот концесионер на наплатините рампи Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско ќе има обврска да ги реконструира, прошири и ремонтира објектите во кои се врши наплатата, да набави и одржува интегриран систем за наплаќање на патарините.
Системот подразбира дека автоматски ќе се категоризираат возилата кои поминуваат на рампата, потоа ќе овозможи безготовниска односно автоматска припејд или постпејт наплата со електронски бесконтактни картички и уреди кои се поставуваат на ветробранот на возилото, систем за плаќање во кеш, систем за видеонадзор, контрола и архивирање итн.
Цената на патарините согласно законот и натаму ќе ја утврдува Владата, а обврска за идниот концесионер ќе биде да ги задржи сите вработени.
Извор СИТЕЛ
Е ова никако не ми е јасно...
Да се откажеш од 20 милиони евра годишно, никако не ми оди во глава...
Мислам дека за овој потег треба да има добро образложение, особено ако се знае дека коридорот 10 е готов проект а најавената дигитализација би се исплатила во многу кус рок...
|
Коментари:
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 23.Септември.2009 во 22:38
јас мислам дека за ништо што направи владава нема добро образложение...
ај да ја продадеме и банкината на патиштата ако не
патем од што ќе се финансираат патиштата сега, ќе треба и нив да ги дадат под концесија
инаку во бугарија имаат една добра ствар, си лепат налепници
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: alekso_2000
Датум на внесување: 23.Септември.2009 во 23:06
А кој рече дека ке се откаже владата од патарините???
------------- car's freack
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 23.Септември.2009 во 23:14
Знаејќи го стилот и начинот на работа на Владава, нема да добиеме никакво објаснување. Ќе има тендер, ќе пропадне неколку пати, па на крај ќе ги земе под концесија некој фантом, кој откако ќе ги собере парите, ќе му ја летне од државава....
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 23.Септември.2009 во 23:44
alekso_2000 напиша:
А кој рече дека ке се откаже владата од патарините???
|
Па ќе ги даде под концесија...исто му се фаќа...
Не ми само јасно на толкава администрација која и онака незнае што да работи , не сме способни за вовдеување на електронски начин на наплата и модернизација на тие 5 патарини од кои ке побторам на годишно ниво се слеват околу 20 милиони евра приливи...
Дефинитивно некој ќе добие бинго...
Вака ќе мислам се додека не се појави некој кој ќе ме демантира со факти...
Не сум стручњак по оваа област и незнам како ќе бидат распределени средствата меѓу концесионерот и државата , но имајки предвид дека коридорот 10 е веќе изграден а и тоа дека во соседните држави онаму каде што беа изгадени автопатиштата државата сеуште стопанисува со патарините не ми паѓа на памет никаков аргумент со кој ќе се побие мојот прв впечаток...
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 23.Септември.2009 во 23:50
.
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 24.Септември.2009 во 00:00
ninja_34 напиша:
Знаејќи го стилот и начинот на работа на Владава, нема да добиеме никакво објаснување. Ќе има тендер, ќе пропадне неколку пати, па на крај ќе ги земе под концесија некој фантом, кој откако ќе ги собере парите, ќе му ја летне од државава.... | од ова ми е највеќе страв кога се впуштаме во вакви ситуации, но веќе сме навикнати
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: монте кристо
Датум на внесување: 24.Септември.2009 во 08:37
неспособноста на македончето еххххххххх
------------- во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 24.Септември.2009 во 09:19
Пет патарини во државата ќе бидат дадени под концесија
- Наплатните
станици Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско ќе бидат дадени под
концесија. За нив денеска Министерството за транспорт и врски објави меѓународен
јавен повик за изразување интерес за учество во тендерската постапка за
отстапување на правото на наплата на патарина.
Рокот за доставување на писмата е 30 денови од објавувањето на
јавниот повик, односно до 26 октомври. Концесионерот ќе има обврска да изврши
реконструкција, проширување и ремонт на објектите неопходни за вршење на
концесиската дејност, како и набавка, имплементација и одржување на интегриран
систем за наплата на патарина.
Висината на патната такса, односно патарината, како што соопшти
Министерството за транспорт и врски, согласно Законот за јавните патишта ја
одредува Владата.
Целта на јавниот повик е да се испита интересот на соодветните
компании и конзорциуми за учество во проект кој ќе овозможи модернизација на
системот за наплата на патната такса за користење на автопатот долж Коридорот 10
во Македонија по пат на концесии. За покажан интерес се смета испитување на
интересот на компаниите за учество во натамошни постапки и размена на информации
во врска со наплатата на патарина.
Очекуваните придобивки од проектот се зголемување на
ефикасноста во системот на наплатата, намалување на времето на чекање и
воведување современи решенија за вршење на наплатата.
За имплементацијата на проектот направени се анализи во
Агенцијата за државни патишта, а в предвид се земени и позитивните искуства на
слични проекти кои се реализирани во земјите од Европската yнија, како што се
Италија, Португалија, Шпанија, Франција и Чешка каде што се имплементирани
проекти за модернизација на патарините по пат на
концесија. Може вака ке биде појасно
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 24.Септември.2009 во 09:49
- Наплатните станици Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско ќе бидат дадени под концесија. За нив денеска Министерството за транспорт и врски објави меѓународен јавен повик за изразување интерес за учество во тендерската постапка за "отстапување "на правото на наплата на патарина.
vladata ne uspea da pronajde modus kako da vovede red vo naplatata,pa ke gi sitne kako ESM ...
Рокот за доставување на писмата е 30 денови од објавувањето на јавниот повик, односно до 26 октомври. Концесионерот ќе има обврска да изврши реконструкција, проширување и ремонт на објектите неопходни за вршење на концесиската дејност, како и набавка, имплементација и одржување на интегриран систем за наплата на патарина.
....zosto pri 20 milioni evra ne e napraveno dosega.dovolno pari i za rekonstrukcija i za prosiruvanje.
Висината на патната такса, односно патарината, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, согласно Законот за јавните патишта ја одредува Владата.
ne e ni cudo golemo!i taka nie, kako mala drzava vo TELEKOMOT pravime ogromni sretstva..ramni kako vo Ungarija i Germanija,spored broj na ziteli i korisnici!tesko nas...
Целта на јавниот повик е" да се испита" интересот на соодветните компании и конзорциуми за учество во проект кој ќе овозможи модернизација на системот за наплата на патната такса за користење на автопатот долж Коридорот 10 во Македонија по пат на концесии. За покажан интерес се смета испитување на интересот на компаниите за учество во натамошни постапки и размена на информации во врска со наплатата на патарина.
....aaaaa,znaci moze i ne!
Очекуваните придобивки од проектот се зголемување на ефикасноста во системот на наплатата, намалување на времето на чекање и воведување современи решенија за вршење на наплатата.
...i osloboduvanje na policajcite za vrsenje na kontrola vrz naplatata na rampite ,a so toa i namalen rizik za "dopolnitelen angazman" vo VPU.
За имплементацијата на проектот направени се анализи во Агенцијата за државни патишта, а в предвид се земени и позитивните искуства на слични проекти кои се реализирани во земјите од Европската yнија, како што се Италија, Португалија, Шпанија, Франција и Чешка каде што се имплементирани проекти за модернизација на патарините по пат на концесија.
Може вака ке биде појасно
...DA ,KAKO DEN!
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 24.Септември.2009 во 09:55
Mozete da si filozofirate kolku sakate,vase pravo...
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: lilica
Датум на внесување: 24.Септември.2009 во 10:39
Patarinite , pod koncesija nosat poveke pari za drzavata od dosegasniot nacin na odrzuvawe na istite! Koncesionerot ke gi snosi site trosoci za odrzuvawe, a na drzavata ke i dava procent, ama dovolen ( obicno e 30%) so koj se obezbeduva sredstva za polnewe na budzetot!Polesna zarabotka zdravje! Taka e vo vodstopanstvoto, telekomunikaciite, energiite.........zatoa 20 god. sme vo tranzicija!
------------- Кој бара ќе најде.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 24.Септември.2009 во 10:45
Лилица, коментарот како што гледаш е едитиран додека ти си пишувала. И многу твои коментари се вон контекст од темите па уште стојат и не се избришани. Ќе мора да сфатите дека модераторите не се на копче и да престанете да се занимавате со модерирање, туку за промена да пишувате на темите!
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 24.Септември.2009 во 10:51
убаво му велев на шуракот дека набрзо ќе ги акнат под концесија .....
особено откако не зедоа плата веќе трет месец со ред ........
ќе ги земе некој “ странски “ концесионер кој нормално , како што е редот , ќе “ инвестира “ во унапредување на работата со нормално нали , УКИНУВАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА ........ добар овај шарло ..... почна како министер а ќе заврши како премиер и претседател ( оној е само ВД ) со раскрчмување на државниот монопол и имот а шлагот ќе му биде самата држава .......... ДОБАР ЈЕ, ДОБАР .... си е знае работата
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 24.Септември.2009 во 11:26
значи , со зголемување на долгот кон државата на јавното претпријатие за стопанисување со патиштата се отвора можност за давање на истите под концесија ..... и како што тоа бива , ќе излезе смешко ( премиерот ) или озбилниот ( ставре ) и ќе објават дека постигнале многу поволен договор со концесионерот при тоа не кажувајќи нешто многу важно ........ поволен , НО ЗА КОГО .......
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 24.Септември.2009 во 11:31
....direkten odgovor:GRADI NOVI PATISTA!
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: монте кристо
Датум на внесување: 24.Септември.2009 во 11:35
немаат веќе од што да земаат , удри мујо , е** цела држава
------------- во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 24.Септември.2009 во 11:50
транзицијата е болен процес и тоа мора на сите да ни биде јасно ......
не можеме преку ноќ од социјализам во капитализам ......
треба време и прилагодување ..... треба првин да се создаде еден
слој кој ќе биде доволно богат и имотен за да можеме да кажеме дека сме подготвени за капиталистичко и пазарно стопанство .....
кај нас тоа се одвива малку поболно од причина што никогаш сме немале во континуитет едни исти фаци и политичари на власт кои тој проблем би го решиле во два врзани мандати ..... секогаш било сјаши мујо да зајаше хасо и затоа е вака болно ....... но , како тргнале нештава , мислам дека крајот е тука некаде ... на самиот почеток ..... наскоро ќе имаме многу малку премногу богати и мнооогу многу премногу сироти кои ќе бидат добра замена за ефтината кинеска работна сила во кина
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН
|
Постирано од: ultra
Датум на внесување: 24.Септември.2009 во 12:10
kultuzin напиша:
Па ќе ги даде под концесија...исто му се фаќа...
Не ми само јасно на толкава администрација која и онака незнае што да работи , не сме способни за вовдеување на електронски начин на наплата и модернизација на тие 5 патарини од кои ке побторам на годишно ниво се слеват околу 20 милиони евра приливи...
Дефинитивно некој ќе добие бинго...
Вака ќе мислам се додека не се појави некој кој ќе ме демантира со факти...
Не сум стручњак по оваа област и незнам како ќе бидат распределени средствата меѓу концесионерот и државата , но имајки предвид дека коридорот 10 е веќе изграден а и тоа дека во соседните држави онаму каде што беа изгадени автопатиштата државата сеуште стопанисува со патарините не ми паѓа на памет никаков аргумент со кој ќе се побие мојот прв впечаток... |
Прашање: Тие 20 милиона евра е годишниот прилив од 5те патарини или воопшто од сите? Колкав е расходот (реално земено, без пикањето во џебови на поединци, обнова на патишта, исплата на лични доходи итн.)?
|
Постирано од: lilica
Датум на внесување: 24.Септември.2009 во 12:23
zagor напиша:
....direkten odgovor:GRADI NOVI PATISTA! |
Koncesionerot ne moze da gradi! Izgradenoto tesko potoa ke go otstapi na Drzavata. A drzavata ? Kako sto investira vo poslednite 15 godini vo patista ..... lele, lele!
Haos e na trasata na patot Strumica - Radovis.
------------- Кој бара ќе најде.
|
Постирано од: ultra
Датум на внесување: 24.Септември.2009 во 12:42
Еве ви го законот за концесии од “Сл. весник на Р. Македонија“ бр. 25/02 од 02.04.2002година
http://www.elem.com.mk/images/photo/regulativa/ZakonZaKoncesii.pdf
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 24.Септември.2009 во 12:45
закон има меѓутоа и тој е како патиштата .. дупка до дупка
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 24.Септември.2009 во 12:49
...zborot bese za drzavata sto gradi patista..bas i na toj mislev...za Strumica-Radovis i Debar-Struga..!posle ge mi gi dade na mene..na zimi majka.
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 24.Септември.2009 во 19:57
значи ако некој од политикава не разбра, треба да се модернизираат патиштата, а после патарините!!! да можеа да не убијат сите, ќе го направеа тоа и ќе не ограбеа!
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
|