Испечати | Затвори го прозорот

Кочо Рацин- симболот на македонскиот непокор

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20133
Датум на принтање: 28.Април.2024 во 10:11
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Кочо Рацин- симболот на македонскиот непокор
Постирано од: Македон
Наслов: Кочо Рацин- симболот на македонскиот непокор
Датум на внесување: 19.Септември.2009 во 14:36
Кочо Рацин (Koста Апостолов Солев) ( http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%81 - Велес , http://mk.wikipedia.org/wiki/22_%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%B5%D0%BC%D0%B2%D1%80%D0%B8 - 22 декември http://mk.wikipedia.org/wiki/1908 - 1908 - http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9B%D0%BE%D0%BF%D1%83%D1%88%D0%BD%D0%B8%D0%BA&action=edit&redlink=1 - Лопушник , http://mk.wikipedia.org/wiki/13_%D1%98%D1%83%D0%BD%D0%B8 - 13 јуни http://mk.wikipedia.org/wiki/1943 - 1943 ) е македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на македонската литература, а неговата стихозбирка „ http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0%B5%D0%BB%D0%B8_%D0%BC%D1%83%D0%B3%D1%80%D0%B8 - Бели мугри “ ( http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B5%D0%B1 - Загреб , http://mk.wikipedia.org/wiki/1939 - 1939 ) претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Покрај со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, философијата и литературната критика.

Кочо (Коста Солев) Рацин се родил во 1908 година, во Велес. Неговот детство ја запознало уште рано сиромаштијата и сето она што ја придружува на нејзиниот безмилосен пат. Неговиот татко, грнчарот Апостол, не можел да му пружи којзнае какво школско образование, бидејќи грнчарскиот занает и состојбата на семејството барале многу напори и време за малечка заработувачка. Кочо можел да добие одвај еден клас нижа гимназија и веќе на својата тринаесета година бил присилен да му се посвети сосема на татковиот занает.

Во http://mk.wikipedia.org/wiki/1924 - 1924 станува член на http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A1%D0%9A%D0%9E%D0%88&action=edit&redlink=1 - СКОЈ и набрзо се истакнува како еден од најнадежните млади кадри на http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BE%D1%98%D1%83%D0%B7_%D0%BD%D0%B0_%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D1%83%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%88%D1%83%D0%B3%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%98%D0%B0 - Комунистичката партија на Југославија во Македонија. Во http://mk.wikipedia.org/wiki/1926 - 1926 Рацин станува член на Месниот комитет на СКОЈ за Велес, а во ноември http://mk.wikipedia.org/wiki/1928 - 1928 учествува во работата на Четвртиот конгрес на КПЈ во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%B4%D0%B5%D0%BD - Дрезден , како единствен делегат од Македонија. По враќањето во Југославија е уапсен, но по три месеци поради недостиг на докази е пуштен на слобода. Но, набрзо, во април 1929 заминува на отслужување на воениот рок во http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9F%D0%BE%D0%B6%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B0%D1%86&action=edit&redlink=1 - Пожаревац .

По воведувањето на http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D0%B8%D0%BA%D1%82%D0%B0%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0 - диктатура во Југославија во http://mk.wikipedia.org/wiki/1929 - 1929 , партиската организација во Македонија бива целосно разбиена. Дури во http://mk.wikipedia.org/wiki/1932 - 1932 започнува процесот на обновување и поврзување на организациите на КПЈ и СКОЈ во Македонија, а во летото http://mk.wikipedia.org/wiki/1933 - 1933 се создава и Областен комитет на КПЈ за Македонија, во чиј состав влегуваат: http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0_%D0%9E%D1%80%D0%BE%D0%B2%D1%87%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%86&action=edit&redlink=1 - Никола Оровчанец , http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%96%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D0%B8%D0%BD_%D0%8C%D1%83%D1%80%D1%87%D0%B8%D1%9C&action=edit&redlink=1 - Живоин Ќурчиќ и - Кочо Рацин. Од ноември истата година ОК започнува да го издава месечниот весник „Искра”, чијшто уредник е Рацин. Излегуваат само два броја на весникот. На почетокот на јануари http://mk.wikipedia.org/wiki/1934 - 1934 се случува провала и 15 водечки македонски комунисти, вклучително и Рацин, се уапсени. Рацин е осуден на 4 години робија во http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A1%D1%80%D0%B5%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B0&action=edit&redlink=1 - Сремска Митровица , но во декември 1935, по донесувањето на закон за амнестија, бидува ослободен. Времето поминато во затворот за него всушност претставува период на универзитетско и национално образование. Меѓу другото, од дружењето со затворениците http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9C%D0%BE%D1%88%D0%B0_%D0%9F%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%B4%D0%B5&action=edit&redlink=1 - Моша Пијаде , http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A0%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%99%D1%83%D0%B1_%D0%A7%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C&action=edit&redlink=1 - Родољуб Чолаковиќ и http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9E%D0%B3%D1%9A%D0%B5%D0%BD_%D0%9F%D1%80%D0%B8%D1%86%D0%B0&action=edit&redlink=1 - Огњен Прица разбира дека е важно да пишува на мајчин македонски јазик. Учествува и во преводот на „ http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BC%D1%83%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8_%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%84%D0%B5%D1%81%D1%82 - Комунистичкиот манифест “ на македонски јазик.

Презимето Рацин доаѓа од неговата сакана Раца.


По излегувањето од затвор Рацин бележи особена творечка активност, која ќе кулминира во http://mk.wikipedia.org/wiki/1939 - 1939 година кога Рацин ја објавува својата стихозбирка „ http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0%B5%D0%BB%D0%B8_%D0%BC%D1%83%D0%B3%D1%80%D0%B8 - Бели мугри “, но и пишува и објавува неколку статии и трудови од областа на литературната критика, философијата и историјата што од него ќе направат најпознат македонски интелектуалец и прогресивен мислител на просторите на бивша http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%88%D1%83%D0%B3%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%98%D0%B0 - Југославија . Сепак, новоздобиената слава и авторитет на Рацин ќе доживеат силен удар во http://mk.wikipedia.org/wiki/1940 - 1940 година кога има нарушување на односите помеѓу Рацин и раководството на КПЈ во Македонија. Поради посетата на Рацин на Александар Цветковиќ, тогашен http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%91%D0%B0%D0%BD&action=edit&redlink=1 - бан на http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B0 - Вардарската бановина и поради една критичка изјава на Рацин на сметка на работата на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, на Покраинската конференција на КПЈ за Македонија одржана на http://mk.wikipedia.org/wiki/8_%D1%81%D0%B5%D0%BF%D1%82%D0%B5%D0%BC%D0%B2%D1%80%D0%B8 - 8 септември http://mk.wikipedia.org/wiki/1940 - 1940 (на која http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%A8%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B2_-_%D0%A8%D0%B0%D1%80%D0%BB%D0%BE - Методија Шаторов - Шарло е избран за секретар на ПК КПЈ за Македонија), Рацин едногласно е исклучен од Партијата и на членовите на Партијата им е наредено да го бојкотираат. Бојкотот трае некаде до почетокот на http://mk.wikipedia.org/wiki/1942 - 1942 кога односите помеѓу Рацин и раководството на Партијата во Македонија се подобруваат.

По капитулацијата на Југославија еден период работи во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0 - Софија и живее заедно со својот сограѓанин и истомисленик http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5_%D0%9D%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8 - Коле Неделковски , но по неговата смрт се враќа во Скопје. Во Скопје е уапсен од страна на бугарската полиција и интерниран во селото Корница, http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BF - Неврокопско .

Во http://mk.wikipedia.org/wiki/1943 - 1943 година Рацин успева да се врати во Скопје и во пролетта заминува во партизани, во одредот „Кораб”. Станува уредник на партизанскиот весник „Илинденски пат” и подготвува две збирки на македонски народни песни.

Рацин го завршува животот на трагичен начин. Една вечер, додека се враќал во партизанската печатница на планината Лопушник, http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B8%D1%87%D0%B5%D0%B2%D0%BE - Кичевско , смртоносно бил застрелан од стражарот којшто го чувал пристапот кон печатницата. Има две верзии околу неговата смрт. Според првата, станува збор за несреќен случај: поради вродената наглувост Рацин не го чул повикот на стражарот да застане и да се идентификува, по што овој го истрелал смртоносниот к*ршум. Според втората верзија тој е намерно убиен. Според наводи на современици, http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%85%D0%B8%D0%BB_%D0%93%D0%B8%D0%B3%D0%BE%D0%B2 - Страхил Гигов политички го изолирал Рацин, и го организирал неговото убиство

Творештвото на Кочо Рацин опфаќа неколку области: поезија, проза, историски списи, философски списи и литературна критика. Својот најголем придонес го дава во областа на поезијата, особено со стихозбирката „Бели мугри“, но и во останатите области дава важни придонеси, кои главно се во сенка на неговото поетско творештво.

Рацин започнува да пишува во http://mk.wikipedia.org/wiki/1928 - 1928 година. Од февруари до јули на својата љубов http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A0%D0%B0%D1%85%D0%B8%D0%BB%D0%BA%D0%B0_%D0%A4%D0%B8%D1%80%D1%84%D0%BE%D0%B2%D0%B0&action=edit&redlink=1 - Рахилка Фирфова ѝ ги посветува своите љубовни стихови со крв и мастило на 31 дописна картичка и стихозбирката „Антологија на болката” останата во ракопис. Картичките денес се чуваат во Архивот на Македонија. Песните главно се напишани на http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A1%D1%80%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D1%85%D1%80%D0%B2%D0%B0%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA&action=edit&redlink=1 - српско-хрватски јазик , освен шест, кои се напишани на http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA - бугарски ("Разнеженост", "Рухнаха се надеждите мои", "Плач в безмощие", "Все пак... ", "Мечти в полунощ", "И пак тъга раздира ми гърдите"). Истата година во двобројот за октомври-ноември на загрепското списание „Критика“ е објавена неговата прва песна, „Синови глади”, напишана на српско-хрватски јазик. Од мај до октомври http://mk.wikipedia.org/wiki/1930 - 1930 година во сараевското списание „Снага” објавува четири песни: „Из фабрике”, „У предвечерје”, „Челичном строју” и „Бити човек”. Во http://mk.wikipedia.org/wiki/1932 - 1932 година во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5 - Скопје Рацин објавува заедничка стихозбирка со студентите на Философскиот факултет во Скопје, Јован Ѓорѓевиќ и Александар Аксиќ, на српски јазик под наслов „1932“. Во оваа збирка е објавена една од Рациновите најсилни песни „Ватромет”. Следна песна која ја објавува Рацин е песната „До еден работник”, која е прва песна на Рацин на македонски јазик, а ја објави загрепското списание “Књижевник” во http://mk.wikipedia.org/wiki/1936 - 1936 година. Во http://mk.wikipedia.org/wiki/1938 - 1938 година ја објавува песната „Смрт астуриског рудара“ по повод загинувањето на велешанецот http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%93%D0%B0%D0%BD%D1%87%D0%BE_%D0%A5%D0%B0%D1%9F%D0%B8%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D0%B7%D0%BE%D0%B2&action=edit&redlink=1 - Ганчо Хаџипанзов во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A8%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B0 - Шпанската граѓанска војна , а својот најголемиот успех го постигнува во http://mk.wikipedia.org/wiki/1939 - 1939 година со стихозбирката „Бели мугри”. Стихозбирката е испечатена во 4.000 примероци и се растура по цела тогашна http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%88%D1%83%D0%B3%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%98%D0%B0 - Југославија и во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%80%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0 - Пиринска Македонија , постигнувајќи голем успех. Во овој оддел може да се спомне и збирката „Македонски народно-ослободителни песни“ која Рацин ја објавува мај http://mk.wikipedia.org/wiki/1943 - 1943 , во партизани, но на која тој е уредник, но не и автор.

Рациновиот прв објавен прилог е неговата прозна исповест „Резултат“, објавена во двобројот за август-септември http://mk.wikipedia.org/wiki/1928 - 1928 на загрепското списание „Критика“. Во http://mk.wikipedia.org/wiki/1932 - 1932 година учествува на конк*рсот на загрепската „Литература” и е награден за својот расказ „У каменолому“, кој подоцна е и објавен во ова списание. Во http://mk.wikipedia.org/wiki/1933 - 1933 истото списание објавува фрагменти од неговиот роман „Опиум“ (преведен како „Афион“ на македонски). Овој роман Рацин почнал да го пишува околу http://mk.wikipedia.org/wiki/1931 - 1931 година, но ракописот настрадал при провалата и апсењето на Рацин. Другите раскази на Рацин се: „Тутуноберачи“ (1937), „Пладне“ (1937), „Еден живот“ (1937), „Златен занает“ (1939), како и „Татко“ и „Радоста е голема“, кои се објавени постхумно.

Од историјата Рацин покажа посебен интерес за http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE - богомилското движење и напиша три трудови посветени на него: „Драговитските богомили“, „Богомилите“ и „Селското движење на богомилите во Средниот век“. Од овие три, во текот на Рациновиот живот е објавен само „Селското движење...“, во http://mk.wikipedia.org/wiki/1939 - 1939 година во списанието „Народна читанка“, а трудот „Богомилите“ е напишан на македонски јазик.

Овие Рациновите трудови за богомилите се одликуваат со значителен квалитет на проучувањето на материјата, при што самата материја доста студиозно е обработена, а не изостануваат и неколку доста продорни тези кои се посебно интересни. Меѓу нив посебно вреди да се одбележи Рациновата теза дека „богомилството е нешто најинтересно и најсветло во нашата народна историја“ („Богомилите“). Важно е да се нагласи и податокот дека Рацин е првиот Македонец што го проучувал богомилското движење.


Квалитетот и способностите на овој самоук работник најдобро го покажува неговото интересирање за http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D0%B5%D0%B3%D0%B5%D0%BB - Хегеловата философија. Настрана од фактот дека философијата на Хегел се одликува со посебна сложеност, позитивно изненадува и податокот дека Рацин се интересираше за овој германски идеалистички философ во времето кога овој http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D1%80%D0%BB_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D1%81 - Марксов учител во услови на растечка догматизација на комунистичкото движење под притисок на http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%BD - Сталин не беше на голема цена.

Како резултат на Рациновиот интерес за Хегел се неговите статии: „Хегел“, објавена во загрепската „Литература“ во http://mk.wikipedia.org/wiki/1931 - 1931 година, и „Значењето на Хегеловата философија“, објавена во белградската „Нова култура“ во http://mk.wikipedia.org/wiki/1939 - 1939 година. Посебен к*риозитет е што овие Рацинови статии за Хегел се можеби првите философски статии на некој македонски теоретичар.

Од областа на литературната критика Рацин ги напишал следните трудови и статии: „Развитокот и значењето на една нова наша книжевност“ (1940), „Анѓелко Крстиќ пред судот на Ж. Пламенац“ (1939) и Реализмот на А. Крстиќ“ (постхумно), „Блазираните глупости за насмевката на Мона Лиза“ (1939) и „Уметноста и работничката класа“ (постхумно).

Во чест на Кочо Рацин од http://mk.wikipedia.org/wiki/1964 - 1964 година во Велес се одржува поетската манифестација „Рацинови средби“, која од http://mk.wikipedia.org/wiki/1992 - 1992 стана поетска манифестација на балканско ниво.

Родната куќа на Рацин во Велес е претворена во спомен - музеј.

Во http://mk.wikipedia.org/wiki/1952 - 1952 година http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B0%D1%98%D1%87%D0%B5_%D0%9F%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%B2 - Трајче Попов ја снима филмска поема „Бели мугри“ врз основа на стиховите од истоимената Рацинова стихозбирка, а во http://mk.wikipedia.org/wiki/2007 - 2007 година, на денот на загинувањето на Рацин е промовиран филмот „ http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%95%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D1%82%D0%B5%D0%B1%D0%B5_%28%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%BC%29&action=edit&redlink=1 - Елегија за тебе “, авторски проект на http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%92%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BB_%D0%97%D0%B0%D1%84%D0%B8%D1%80%D1%87%D0%B5%D0%B2&action=edit&redlink=1 - Васил Зафирчев и http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%94%D0%B0%D0%BD%D1%87%D0%BE_%D0%A1%D1%82%D0%B5%D1%84%D0%BA%D0%BE%D0%B2&action=edit&redlink=1 - Данчо Стефков .



Извор: http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D1%87%D0%BE_%D0%A0%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BD - Википедија


Темата се обидов да ја отворам со поголемата биографија од Македониум меѓутоа некои проблеми се јавуваат, па затоа биографијата од македониум ја оставам за подетална анализа на животот и делото на Рацин

http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=1&pid=3&ppid=81&tid=1409 - Македониум







Коментари:
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 19.Септември.2009 во 14:38

Националното прашање во Македонија


Но развивањето на капитализамот брго го достигна својот највисок врф. Веке при крајот на миналиот век капитализамот у првите западноевропејски капиталистички земји влезе у својот залез, у својата последна етапа – империализамот. Противоречивото а силно натрупано богатство на буржоазијата стана тесно за нејзиниот национален простор, ги прерипа националните граници, мина у комшиjските капиталистички недоразвиени земји и се распростре по далечните колонии и бази. Сега емисијата на акции и облигации, износот на капиталот по тија земји и бази на сурови материали стана главен извор на доходите на буржоазијата, а борбите за колонии, бази и сфери на влијание, и империалистички војни и походи, – главен белег за нејзиното владеење през тој период. Но империализамот не создаде светска економија, а „светски империјалистички систем“ за финансијско поробуење и колониално угнетуење на грамадниот дел от земното население от страна на неколку „напреднати“ земји. „Тија неколку земји, – Англија, Франција, Австрија, Германија, Русија, станаја стожери от кај кои се распостираше империалистичкото завладуење и поделуење на останалите земји и колонии. Буржоазија у секоја земја веќе не беше апсолутен господар у своите национални граници, ами само една алка у светскиот систем на империализамот, кој се повеке и повеке се поларизираше на два противни пола. Противоречивото развивање на капитализамот у главните империалистички земји водеше до нова расподелба на сферите и колониите, до нови империалистички завоеванија на сметка на противниот пол. Завоеванијата  стануеја директни, – со колониалните походи, и индиректни, со завоевателните војни на една от „алките“ (државите) у империалистичкиот систем за сметка на „алката“ от противниот пол. Буржоазијата, станала сега империалистичка како у главните така и у потчинетите земји, не можеше да се развива како порано, не можеше да живее, а да не прави постојано империалистички завоеванија, анексии, и поради това да врши асимилирање, национално угнетуење на други народи, и да не пројавуе империалистички апетити спрема територии от други држави. За таја цел буржоазијата мобилизира цела армија от учени и шарлатани, кои создаваја „теорија“ за националната припадност и правото на нивната буржоазија да го анектира некој крај или некоја земја. Ако се работеше за некоја колонија, завоеванието се правдаше со „цивилизаторска“ мисија, а ако се сакаше некој дел от некоја „алка“ от противниот лагер, тогај се прекопуеја сите историjски старудии, се фалсифицираја, надуваја, се извртуеја, – се со цел да се докаже „историјското“, „крвното“, „родственото“ право на нивната буржоазија да го владее тој крај. Но и при се това, можеше ли буржоазијата сега да врши друштвено-прогресивно национално соединение, како некога? Очигледно, не. Условијата беа изменети и квалитативно други. Буржоазијата стана потисничка, паразитска, реакционарна класа, а нејзиниот економски систем пречка за понатакашно друштвено развивање. Како „алка“ у синџирот на „светскиот систем за финансијско поробуење и колониално угнетуење“, она можеше само национално да угнетуе, насилно да асимилира и по колониален начин да ги граби и експлоатира „ослободените“ (анектираните) земји и краишта. И сите теории за „крвната“ припадност на тија краеви кај извесна империалистичка земја, за „историјската“ мисија на таја земја и други измислици обективно служеја за реакционарни цели. Буржоазијата престана да играе друштвено-прогресивна рола, она не можеше да „ослободуе“ ами само да поробуе други народи, без разлика да ли ја носат нејзината или друга крв. А со това и процесот на националното прашање и национално-ослободителните борби доби нова форма, зеде друго направление. Тој влезе у својата фаза.

Борбата на потиснатите народи и народносни групи у границите на една империалистичка држава, борбите за национална независимост, национални права и демократски слободи неминовно добивајат направление против империалистичката буржоазија, која ги угнетуе и експлоатира на колониален начин, неминовно се чукнујат со целиот „светски систем на финансијско поробуење и колониално ограбуење“ и по тој начин нужно се сливајат со главните сили кои се борат за куткањето на тој систем, со борбите на новата друштвено-прогресивна класа, пролетариатот. Национално-ослободителната борба сега најдуе едино решение у куткањето на империализамот и победата на пролетерската револуција. От некогашни револуционерни резерви на буржоазијата, национално-ослободителните борби на потиснатите народи станујат директна револуционерна резерва на пролетариатот. Това е основна карактеристика на националното прашање през неговата втора фаза. „Историјата на капитализамот ни покажуе две тенденции на националното прашање, – вика Ленин. Првата е у разбудуењето на националниот живот, на националниот покрет, на борбите против националното угнетуење, на создавањето на национална држава. Втората се покажуе со развивањето на сички видови врски меѓу нациите, на разрушуењето на националните граници, создавање интернационално единство на капиталот, економично, политичко, научно итн. единство. Првата владее у првата фаза на неговото развивање; втората ја карактеризира зрелоста на капитализамот, кој оди накај трансформирање у социалистичко друштво“ (Ленин, Критички белешки).

Да не се води разлика мегју тија две фази во развивањето на капитализамот и националното прашање, да не се види нивното квалитативно различие и нивните обратни тенденции, – значи да се прави јавна грешка и обективно издајство спрема борбите на поробените народи, значи да се помага обективно и ефективно на империалистичката буржоазија и светска реакција. Токмо това не го гледајат и не сакајат да го видат онија „марксисти“ и „напредничави“ интелектуалци, кои националното прашање и денеска упорно го поставујат како през неговата прва фаза, не сакајат да знајат дека денеска, обективно, времето на национално-ослободителни борби  на буржоазијата, станала империалистичка, („алка“ у светскиот империјалистички систем), е минато, и дека она не може веќе да прави „национално обединение“, „национално ослободуење“, ами само да врши грубо национално угнетуење и колониално ограбуење у завоеваните земји.

Вистинското и правилно решение на националното прашање може да се постигне само по патот на револуционарната борба на широките маси, онеправдани и ограбени от империализамот. Таја нивна борба неминовно се слива со борбата на пролетариатот от целиот свет, со кое се создава единствен светски револуционарен фронт на сите потиснати и експлоатирани маси против општиот враг – светскиот империалистички систем. Ете зошто националното прашање за вистинските марксисти-ленинисти е револуционарно и интернационално прашање, и као такво претставуе „дел от општото прашање на пролетерската револуција, дел от прашањето на диктатурата на пролетариатот“.

„Има ли во покретот за национална независимост на поробената земја револуционарни возможности, и, ако ги има, има ли начин да се исползујат за пролетерската револуција, да се преврнат колониалните и потиснатите маси от резерви на империалистичката буржоазија во сојузници на револуционарниот пролетариат? Ете, така се поставуе прашањето. А на това ленинизамот одговара потврдително; со други думи, тој признава да има таквија револуционарни возможности и непходима решителност да се исползујат за куткањето на општиот непријател, империализамот. Механизмот на развивањето на империализамот, светската империалистичка војна и руската револуција, ги потврдија решително заклученијата на ленинизамот за това“ (Сталин, Основи ленинизма).

Ете от каде „за пролетариатот стануе неопходимо нужно да ги помага и активно и решително ослободителните покрети на поробените народи“.

По само себе се разбира дека пролетариатот не може да помага какви и да било национални покрети. Тој ги помага онија, кои допринесујат за слабењето и куткањето на империализамот, а не на неговото уцврстуење. Оти не требе да се заборави дека и империалистичката буржоазија, от еден от противните лагери, нестојава и успева да си создаде свои резерви от националните покрети у комшијските земји. Националното прашање во Југославија, Чехословакија, Полска и др. ни дава најречити примери за това. А таков национален покрет, кој обективно служи како резерва на империалистичката буржоазија и светската реакција, пролетариатот не може да го помага. Истинските марксисти у тој случај требе да ги насрчујат и да ги помагајат онија национални борци кои се противни на това направление на националниот покрет, и да прави со ниф сојуз, како за борба против това направление, така исто и за отимањето на широките маси от под влијанието на империалистичката буржоазија и покажуење на нивниот вистински револуционарен, национално-ослободителски пат.

Ете от каде и како требе да се гледа и да се поставуе националното прашање во Македонија, а не от гледиштето на нејзините империалистички поробители.

2. Борбите на македонскиот народ за ослободуење

Историјата на македонските национално-ослободителни борби е тесно сврзана со историјата на капитализамот и националните борби у другите балкански земји. Тија борби носат јавен белег на две нешта: 1) на борбите на малобројното гражданство и грамадните селски и градски маси, потиснати под турскиот апсолутизам, за национално-демократски слободи, и 2) на борбите на зрелата и станала империалистичка буржоазија от главните европејски земји, заинтересувана от распадот на Османската империја и превзимањето на бази и сфери на влијание на Балканот. Будењето на националниот живот и епохата на национално-ослободителни борби во балканските земји почнуе едвај пред крајот на првата и през втората половина на 19. век. Одзивите на српската национална револуција от 1804. беа затушени от победата на европејската автократска реакција во 1815. „Светата Алианса на австро-рускиот автократизам го покровителствуваја својот балкански брат, турскиот апсолутизам, кој ги држеше поробените балкански народи. Само после распадот на Алиансата, после полната победа на буржоазијата во западна Европа и нејзините први нивни походи на капиталистички неразвиениот Балкан, почна развивањето на капитализамот и процесот на национално будење. Но тој процес се развиваше, покрај други, и под една нарочна околност: под прекото влијание на западно-европејската буржоазија, во чии земји капитализамот тогај одеше накај својата империалистичка фаза. Англијската и француската буржоазија први влегова со своите стоки во Османската империја и први го подтикнаја развивањето на капитализамот. За кратко време они станаја најсилни господари на тукашните пазаришта за стока и внос на капитал. Но со това ги загрозија позициите на австро-германската и руската буржоазија, кои нешто задоцнети но се пак врвеја накај империалистичката фаза и имаја интерес от турските пазаришта и патишта за по-далечните земји. Борбата околу тија пазаришта сега им ги измени ролите за покровителство на Османската империја: англијската и француската буржоазија сега беја за нејзиното „статус кво“, а австро-германската и руската за нејзиното распадање и меѓусебно поделуење. Царска Русија беше особено многу заинтересована со распадот на Турција и направи неколку воени опити за това (Руско-турската војна през 1828-1829, Кримската војна). При тија опити она срете противност не само от страна на турците, ами особено от французите и англичаните, кои со сичко ја поткрепуеја Турција. От това време царска Русија почна живо да се интересуе со судбината на балканските народи, на прво место славјанските, и да го помага најактивно нимното национално и културно разбудуење. Се создадова нарочни учени дружества и учени експедиции кои се бавеја со историјското, географското, јазиковното, етнолошкото, етнографското и др. положение и минало на тија народи и со това се даде силен замаф на нивниот национален процес, – разбира се, онака како одговараше на интересите на царска Русија, која мечтаеше за една „Заддунавска губернија“ на Балканскиот полуостров. За кратко време, царска Русија зеде монопол на духовниот живот на балканските славјани, кои ги токмеше како свои утрешни поданици.

По следите на царска Русија тргна и монархистичка Австрија. Културно-просветителната дејност на Австрија се развиваше во западниот дел на Балканскиот полуостров кој и беше доделен како сфера на влијание. Ако Русија ги подигаше православните, Австрија ги подигаше католиците против Турција, и преку католичката црква и преку Штросмајера проповедаше една обновена „Илирија“– австријска колонија на западниот дел на Балканот. Но Австрија исто така ја протежираше и српската буржоазија во Војводина, и највечку допринесе за националниот процес на Србите, – сичко со тенденција да откине што по-голем дел от балканските славјани от под руско влијание. Веќе тогај се назираше зората на руско-австријските противни интереси за империалистичката поделба на Балканот. А до отворено счукување на тија интереси дојде во 1877-1878, кога царска Русија влезе со своите војски во источниот дел на Балканот и дојде до самиот Цариград. Интервенцијата на западноевропејските капиталистички земји и тогај ја спаси Османската империја от пропаст на Балканот, а рускиот план за „Сан-Стефанска“ Блгарија беше спречен и руските воени успехи силно анулирани.

Создавањето на две балкански славјански држави, Србија и Блгарија, беше само создавање на две сфери на империалистичко влијание. Првата ја владееше австрискиот, а втората рускиот империализам. Неоспорно, по одношение за ликвидацијата на турскиот апсолутизам и феудалните установи, австро-руската експанзија изигра една позитивна рола, и помогна на буржоазијата на двете балкански земји да ја изведе својата национална револуција и да премине една нужна друштвена етапа. Но истовремено она ги прикачи како „алки за светскиот империалистички систем, и нивното понатакашно развивање беше у плна зависимост от политиката на големите империалистички држави. Стихијното развитие на капитализамот во младите држави ја ојакна за кратко време буржоазијата, и скоро ги достигна националните граници на својот растеж. Младата буржоазија на тија две држави требаше неминовно и за многу кратко време да ја добие формата на својата стара западноевропска сестра, да стане и сама империалистичка, и да пројави империалистички апетити ако сака да живее и да се развија. Но накај каде?

Природниот пат на експанзијата на блгарската и српската буржоазија одеше накај заостатците од Османската империја на Балканот, – накај Тракија, Македонија, Албанија, Херцеговина и Босна. Това беа земјите за кои она можеше да мечтае да ги превземе, за да го разшири своето национално пазариште. И натаму ја управи својата експанзивна дејност.

Но по това време развитието на капитализамот во Европа зеде решително и завршно направление накај својата последна фаза, империализамот. Не само Европа, ами целиот свет беше поделен на империалистички сфери на влијание, и противречивото и нерамномерното развитие на капитализамот водеше накај нова поделба, која можеше да стане со една општа империалистичка војна. Балканот беше исто така место на сферни влијаниа и раскрсница на многу интернационални патишта на капиталот. Промената на балканското „статус кво“ неможеше да стане без согласие и интересите на великите империалистички сили, кои баш тука беа сосем опречни. Ете како  во својата империалистичка експанзија блгарската и српската буржоазија се најдоа принудени да се опрат на интересите и експанзијата на великите империалистички сили, и сосем да се потчинат. Со вносот на капитали, инвестирани во најважните области на националната економија, со државни заеми и други финансијски операции, и со монополот на пазариштата за нивни стоки, тија сили скоро ги потчинија двете балкански држави и ги ставија сосем под своа економска и политичка зависимост. От друга страна они најсилно ги поттикнуеја накај експанзија за сметка на нивниот балкански ривал. Ако на пр. српската буржоазија мечтаеше за Босна и Херцеговина, анектирани от Австрија, најдуеше најсилна поткрепа от англо-френскиот и рускиот империализам. Блгарските мечти за Тракија и Македонија беа поткрепуени от Австрија, Германија, и во прво време Русија, но најдуеа силно противење кај Англија и Франција, от кои првата ја имаше Грција под свое влијание, а обете заедно големи интереси от очувањето на европејска Турција. И така, со се поголемата нужда от империалистичка експанзија, со се поголемата зависимост от внесениот капитал и политиката на една от силите, двете балкански славјански држави, Србија и Блгарија, се поврзуеја се-потесно со едниот империалистички систем на великите држави и стануеја составен дел на нивните противности и интереси, додека најпосле, по отношение на нивната експанзија во Македонија, интересите не им се чукнаја и дојдова во противност. От тија причини Македонија стана „јаболко на раздор“ меѓу српската и блгарската буржоазија, на која обете фрлаја грабителско око и не можеја да се согласат преку неја. От тија причини дојде и мешањето на српските и блгарските империалисти во македонските национално-ослободителни борби, кое се одрази толку фатално на македонскиот народ и процесот на неговото национално пробудуење.

Автор: Koста Солев Рацин

Преземено од: http://www.marxists.org/makedonski/racin/index.htm - Интернационалната марксистичка архива



-------------


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 19.Септември.2009 во 16:27
http://www.tirekovmirece.com/racin/ - Сајт за Рацин


-------------


Постирано од: Logos
Датум на внесување: 19.Септември.2009 во 18:16
„Денови ли се денови аргатски маки големи.

стани си утре порано,дојди си вечер покасно,

наутро радост понеси,навечер тага донеси,

за себе само ргај си за себе само маки тргај си

ај пост да е пуст да би останал живот кучешки,

роди се човек роб биди,роди се човек скот умри

скотски цел живот работи за туѓ други имоти за

за туѓи други дворови,

копај си црни гробови“..........



Тажно но вистинито- безвременски.


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 11.Ноември.2009 во 21:30

70 години од издавањето на „Бели мугри“

Со свечена академија и уметнички перформанс синоќа во Велес беше одбележана 70 годишнината од излегувањето на стихозбирката „Бели мугри“ на Коста Солев Рацин.

По овој повод, заедницата на Македонците во Хрватска го препечати оригиналното издание на оваа книга, која во 1939 година излезе во Самобор.

Репринтот на „Бели мугри“ го промовираше претседателот на заедницата Ангел Митревски, според кого, стихозбирката ги прикажува историските врски меѓу македонскиот и хрватскиот народ.

„Со преводите на овие песни од Кочо Рацин се доаѓа до сознание дека Кочо Рацин и неговата проблематика била доста блиска, и на македонскиот, истовремено и на хрватскиот народ, затоа што сепак во сите овие песни ги дава маките на луѓето коишто се опишани во неговата поезија“, изјави Ангел Митревски, претседател на заедницата на Македонци во Хрватска.

На крајот на овој месец во центарот на Самобор ќе биде поставена нова биста на Рацин, подарок од академик Томе Серафимовски, а во Музејот на Рацин во овој град свечено ќе се одбележи јубилејот.

Извор: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116145 - А1



-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 09.Февруари.2010 во 16:26
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=29101039212&id=9&setIzdanie=21905 - Митот околу Кочо Рацин

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 09.Февруари.2010 во 17:01
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=29101039212&id=9&setIzdanie=21905 - Митот околу Кочо Рацин


Секако дека е убиен. Тоа дури и врапците на гранка го знаат, многу дупки во верзијата која беше пласирана имаше, дури и во поранештниот систем народот не секогаш веруваше во тоа што му се поставуваше.


http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2783&stID=56908%20 - - Страхил Гигов во куќата на Кочо Рацин


Инаку академциите нека внимаваат малку пред да кажат нешто, не може Венко Марковски да го ставиме во заедно со Кочо Рацин, затоа што едниот животот го даде за своите ставови а другиот поради разно-разни причини се откажа од сето тоа. Да не говорам што се претрпе и додека беше жив. А најтрагично е што, дури сега некои се освестија дека тој е основоположник на современата поезија, до пред некое време друго се пишуваше, но подобро некогаш, отколку никогаш.


-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 09.Февруари.2010 во 17:22
Крвта вода не се прави,факт е дека Венко е пред Кочо Рацин и со твоето негирање само се повторува тезата дека има подобни македонци и оние другите.За Венко би дебатирал во секое време.А за Кочо Рацин секој чест на патриотот но до кога ќе се кријат неговите нарачатели,зошто и по толку години не се знае кој ја даде наредбата за неговото ликвидирање.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 09.Февруари.2010 во 17:27
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Крвта вода не се прави,факт е дека Венко е пред Кочо Рацин и со твоето негирање само се повторува тезата дека има подобни македонци и оние другите.За Венко би дебатирал во секое време.А за Кочо Рацин секој чест на патриотот но до кога ќе се кријат неговите нарачатели,зошто и по толку години не се знае кој ја даде наредбата за неговото ликвидирање.


Те молам, наведи ми некое дело на Венко, кое е напишано пред делата на Рацин. Јас никого не негирам, фактите го прават тоа.


-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 09.Февруари.2010 во 17:31
Во „Народни бигори“ (1938) и „Огинот“, песните на Марковски се под влијание на народната песна и по карактер се љубовни песни, испреплетени со национално-ослободителни мотиви и национално-ослободителни песни. Подоцна, Марковски потпаднал под силно влијание на социјалистичкиот реализам и пишувал песни во социјал-реалистички стил посветени на Тито

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 09.Февруари.2010 во 18:25
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Во „Народни бигори“ (1938) и „Огинот“, песните на Марковски се под влијание на народната песна и по карактер се љубовни песни, испреплетени со национално-ослободителни мотиви и национално-ослободителни песни. Подоцна, Марковски потпаднал под силно влијание на социјалистичкиот реализам и пишувал песни во социјал-реалистички стил посветени на Тито


Сепак, Рацин пишува пред Венко, а и многу повеќе отколку Венко. Во ред, не би спорел повеќе, јас имам друго гледиште, поаѓам од тоа, некој друг од друго поаѓа.


-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 09.Февруари.2010 во 18:51
Твоето гледиште е друга работа.Во официјалната македонска литературна историја треба да се знае кој го напишал првото дело а не кој колку творел или како творел.Факт е дека Венко е една година пред Кочо.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 09.Февруари.2010 во 19:05
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Твоето гледиште е друга работа.Во официјалната македонска литературна историја треба да се знае кој го напишал првото дело а не кој колку творел или како творел.Факт е дека Венко е една година пред Кочо.


Факт е, затоа што ти го земаш издавањето на  "Бели Мугри" како почетокот на современата македонска поезија и јазик, меѓутоа сепак, Рацин пишувал и пред тоа, проза, поезија, критики и слично.


-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 09.Февруари.2010 во 19:20
А кое дело е за тебе почеток?Никој не ја оспорува големината на Кочо Рацин туку не треба со такви медали да се кити некој за со тоа да му се намали вредноста на самиот автор.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 09.Февруари.2010 во 19:31
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

А кое дело е за тебе почеток?Никој не ја оспорува големината на Кочо Рацин туку не треба со такви медали да се кити некој за со тоа да му се намали вредноста на самиот автор.


Песната „До еден работник”, која е прва песна на Рацин на македонски јазик, а ја објави загрепското списание “Књижевник” во 1936 година.


Доколку веќе сакаш според годината на овјавувањето да говориме за големината на овој човек, ете, нека биде така, пак Рацин е прв, иако годината според мене не е мерило, но нека биде.


-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 09.Февруари.2010 во 19:32
Македон тоа е песна а ние збораме за дело.Или за тебе нема разлика

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 09.Февруари.2010 во 19:42
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Македон тоа е песна а ние збораме за дело.Или за тебе нема разлика


Мунгосе80, говориме за основоположник на современата македонска литература, зар не? Рацин прв почнал да пишува на македонски, во случајот една песна, ама на македонски јазик сепак.
Јас ти кажав, ако тргнеме од овој аспект, што не е правилен, пак ќе дојдеме до она кое го кажав. Да не говорам пак и за другите дела, напишани по "Бели Мугри".


-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 10.Февруари.2010 во 00:29
За врвен дострел на Рацин се смета збирката ‘Бели Мугри‘ од 1939 година. Официјално, тој е првиот македонски поет, а тоа е втората манипулација во Македонија поврзана со него. Една година пред ‘Бели мугри‘, Венко Марковски ги објавува ‘Народни бигори‘ и ‘Огнот‘ на македонски јазик, што го прави основоположник на современата македонска поезија, но подоцнежните политички причини, Информбирото и менувањето на односите со Бугарија, наметнуваат да му се одземе приматот кој му припаѓа. Еден наш писател смета дека Рацин бил подобар поет, но дека Марковски бил првиот кој објавил на македонски јазик и тука нема сомнеж. Мал срамежлив чекор во оваа смисла направи претседателот на МАНУ Георги Старделов според кого и Марковски и Рацин, заедно треба да се сметаат за основоположници на современата македонска поезија, но во овој момент, Македонија очигледно нема капацитет за да преземе таков чекор така што таа манипулација и натаму останува жива.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 10.Февруари.2010 во 00:46
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

За врвен дострел на Рацин се смета збирката ‘Бели Мугри‘ од 1939 година. Официјално, тој е првиот македонски поет, а тоа е втората манипулација во Македонија поврзана со него. Една година пред ‘Бели мугри‘, Венко Марковски ги објавува ‘Народни бигори‘ и ‘Огнот‘ на македонски јазик, што го прави основоположник на современата македонска поезија, но подоцнежните политички причини, Информбирото и менувањето на односите со Бугарија, наметнуваат да му се одземе приматот кој му припаѓа. Еден наш писател смета дека Рацин бил подобар поет, но дека Марковски бил првиот кој објавил на македонски јазик и тука нема сомнеж. Мал срамежлив чекор во оваа смисла направи претседателот на МАНУ Георги Старделов според кого и Марковски и Рацин, заедно треба да се сметаат за основоположници на современата македонска поезија, но во овој момент, Македонија очигледно нема капацитет за да преземе таков чекор така што таа манипулација и натаму останува жива.


Ставот на претседателот на МАНУ, Георги Старделов не го коментирам, погоре кажав што мислев, кој сака да се впушта во некакви политички игри, нека го прави слободно тоа. За популарноста на "Бели Мугри" доволно говори реакцијата на тогашната власт, јас немам што да додавам.


-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 10.Февруари.2010 во 00:51
Ако е така тогаш зошто е ликвидиран,или и тој нешто им сметал на србите



-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 10.Февруари.2010 во 00:55
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Ако е така тогаш зошто е ликвидиран,или и тој нешто им сметал на србите



За жал, Рацин им пречел на сите, токму поради ставовите негови поврзани со Македонија, а најмногу со македонскиот јазик, неговиот развој и врска со бугарскиот и српскиот, за што често доаѓал во конфликт и со КП на Југославија.




-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 10.Февруари.2010 во 01:03
И дали со фалсификување на историјата ќе се сменат работите или со отворено гледање на работите.


Без разлика каков е Венко тој објавува 1938 година,а инаку ако не знаеш венко му бил ментор на Кочо Рацин а и на многу други писатели

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 10.Февруари.2010 во 01:06
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

И дали со фалсификување на историјата ќе се сменат работите или со отворено гледање на работите.


Без разлика каков е Венко тој објавува 1938 година,а инаку ако не знаеш венко му бил ментор на Кочо Рацин а и на многу други писатели


Јас не знам каде виде ти дека фалсификувам нешто, а во однос на Рацин, многу порано почнал да пишува од Венко, па не знам од каде се појави оваа теза дека му бил некаков ментор на Рацин. За другите автори не знам.
Во однос на годините на објавувањето, кажав јас што имав да кажам за тоа.


-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 10.Февруари.2010 во 01:17
Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

И дали со фалсификување на историјата ќе се сменат работите или со отворено гледање на работите.


Без разлика каков е Венко тој објавува 1938 година,а инаку ако не знаеш венко му бил ментор на Кочо Рацин а и на многу други писатели
Јас не знам каде виде ти дека фалсификувам нешто, а во однос на Рацин, многу порано почнал да пишува од Венко, па не знам од каде се појави оваа теза дека му бил некаков ментор на Рацин. За другите автори не знам.Во однос на годините на објавувањето, кажав јас што имав да кажам за тоа.


-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 10.Февруари.2010 во 01:59
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

И дали со фалсификување на историјата ќе се сменат работите или со отворено гледање на работите.


Без разлика каков е Венко тој објавува 1938 година,а инаку ако не знаеш венко му бил ментор на Кочо Рацин а и на многу други писатели
Јас не знам каде виде ти дека фалсификувам нешто, а во однос на Рацин, многу порано почнал да пишува од Венко, па не знам од каде се појави оваа теза дека му бил некаков ментор на Рацин. За другите автори не знам.Во однос на годините на објавувањето, кажав јас што имав да кажам за тоа.


Филимена Марковска, која истотака многу работи стори со нејзиното мешање и амбиции, нема да ја коментирам, сепак ќе кажам, има неточности во нејзината реакција, во делот за Рацин, а посебно тоа што го кажува за неговите дела напишани во Бугарија, со кои се исмева македонскиот јазик и народ., ама тоа во темата за Марковски ќе коментирам.

Рацин, дури и во 1936 година пишува на македонски јазик, песната ја споменав погоре, а како што говори Филимена, излегува дека "Бели Мугри" е прво нешто кое го напишал на македонски јазик, а не е така. Учествува и во преводот на комунистичкиот манифест на македонски.
Доволно е тоа да се нагласи.


-------------


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 12.Јули.2010 во 13:34
Originally posted by Македон Македон напиша:

Во 1924 станува член на СКОЈ и набрзо се истакнува како еден од најнадежните млади кадри на Комунистичката партија на Југославија во Македонија.
Во http://mk.wikipedia.org/wiki/1926 - 1926 Рацин станува член на Месниот комитет на СКОЈ за Велес, а во ноември http://mk.wikipedia.org/wiki/1928 - 1928 учествува во работата на Четвртиот конгрес на КПЈ во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%B4%D0%B5%D0%BD - Дрезден ,
како единствен делегат од Македонија. По враќањето во Југославија е
уапсен, но по три месеци поради недостиг на докази е пуштен на слобода.


Има недоречености во неговата биографија објавена на wikipedia. Имено, Рацин станал член на СКОЈ во 1924* година, а истата година му се смета и како година во која се зачленил во КПЈ. Имено, не постоела во тоа време реска граница меѓу СКОЈ и КПЈ, па во документите на Коминтерната за IV конгрес на КПЈ во Дрезден, стои дека неговото членство во КПЈ е од 1924 година, каде учествувал како единствен делегат од Македонија, а како што наведува Бане Андреев, кандидати биле Панко Брашнаров, Бане Андреев и самиот Рацин. Во 1926, 1927 и 1928 година тој веќе и учествува како делегат на покраинските конференции на СКОЈ во Куманово,Скопје,Прилеп и Градско. Во 1928 година истотака е избран и во Месникот комитет на КПЈ за градот Велес. Истотака во 1926 година станува секретар на Месниот синдикален совет во Велес. Бане Андреев наведува дека тој станал секретар на Месниот синдикален совет во 1927 година, додека Славко Николов говори дека Рацин е избран за секретар на 19-ти Октомври 1928 година, но сепак, зачуваните писма од СРМИОЈ укажуваат дека Рацин имал важна функција во синдикалното движење уште од 1926 година.

* според Трајко Мишковски, Рацин станал член на СКОЈ во 1923 година.

-------------


Постирано од: DragancoLeskoec
Датум на внесување: 12.Јули.2010 во 17:54
Придонесот на Венко е неприкосновен, ама Коста Солев е основоположникот на современата македонска литература.

-------------
Брсјачка нација !


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 12.Јули.2010 во 17:57
Originally posted by DragancoLeskoec DragancoLeskoec напиша:

Придонесот на Венко е неприкосновен, ама Коста Солев е основоположникот на современата македонска литература.


Да, ама за жал, не знам дали се сеќаваш, но Коста Солев не се учи како основоположникот на современата македонска литература, иако Коста Солев, несомено, според најновите истражувања, прв почнал да пишува на македонски јазик, пред да почне за тоа да пишува Марковски.

-------------


Постирано од: DragancoLeskoec
Датум на внесување: 12.Јули.2010 во 18:01
Не , мене ми се чини дека не ни учев за Венко Марковски.

-------------
Брсјачка нација !


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 13.Јули.2010 во 00:43
Originally posted by DragancoLeskoec DragancoLeskoec напиша:

Не , мене ми се чини дека не ни учев за Венко Марковски.


Во учебниците по македонски јазик и литература напишано е дека современата македонска поезија започнува да се развива по Втората Светска војна, што навистина е невистинито, затоа што се негира фактот дека Коста Солев Рацин пишувал на македонски јазик неколку години пред започнувањето Втората Светска војна.

-------------


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 13.Јули.2010 во 16:25
Originally posted by Македон Македон напиша:

Во 1924 станува член на СКОЈ и набрзо се истакнува како еден од најнадежните млади кадри на Комунистичката партија на Југославија во Македонија.
Во http://mk.wikipedia.org/wiki/1926 - 1926 Рацин станува член на Месниот комитет на СКОЈ за Велес, а во ноември http://mk.wikipedia.org/wiki/1928 - 1928 учествува во работата на Четвртиот конгрес на КПЈ во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%B4%D0%B5%D0%BD - Дрезден ,
како единствен делегат од Македонија. По враќањето во Југославија е
уапсен, но по три месеци поради недостиг на докази е пуштен на слобода.



Дали може некаде да се најде Резолуцијата на IV Конгрес на КПЈ во Дрезден? Колку што знам, страната на Коминтерната повеќе не работи.
Ме интересира бидејќи на тој конгрес како претставник на КПЈ од Македонија учествувал Кочо Рацин, кој учествувал и во дискусиите, па дури поднел и писмен извештај за состојбата на КПЈ во Македонија (писмениот извештај е објавен од Славчо Николов), кој го потпишал со псевдонимот Димитров, а во самата резолуција донесена на тој конгрес значаен аспект зафаќа и македонското прашање, каде се говори за независна и обединета Македонија.

-------------


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 21.Јули.2010 во 02:25
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=DB9FC8D8DCCE1943AD9EEB9F9F00AEC0 - Нема доволно докази дека Рацин е убиен?!



-------------


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 12.Декември.2010 во 00:32
http://www.dlib.mk:8080/jspui/html/68275/62/68504842.html#/0 - Првото издание на Бели Мугри, 1939 година

-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk