-Септември-Октомври 1972 г.-
-Македонска нација-
-На 12 септември 1972 г. пред Окружниот суд во Скопје отпочна
процесот на тројцата македонски патриоти обвинети за „непријателска
дејност против народот и државата“: Костадин Диневски, трговски
работник, Панде Ефтимов новинар во редакцијата на скопскиот весник
„Просвета“ и Горѓи Ордев службеник во издавачкото претпријатие
„Култура“ во Скопје.
Сите обвинети се од Скопје. Обвинителниот акт ги товари овие
патриоти дека создале илегална организација со политичка платформа, СР
Македонија да биде отцепена од Југославија и да се обедини со другите
два дела од Македонија во самостојна македонска држава. Понатаму
обвинетиот акт ги терети обвинетите дека направиле обид да создадат
такви илегални групи и по други места на СР Македонија, дека за акција
барале средства од странство и дека влегле во контакт со своите
соидејници во странство т. е. со Движењето за Обединување на
Македонија. Јавниот обвинител особено настојува да „докаже“ како
обвинетите со свои текстови соработувале во списанието „Македонска
Нација“.
Обвинетите пред судот се држеа гордо и достоинствено и изјавија
дека не се чувствуваат вино-вни за делата што ги товари обвинителот и
дека целиот тој процес е монтиран од истражните органи т. е. од
полицијата и истражниот судија. Така на пример, новинарот Панде Ефтимов
рече пред судот;
„Не се чувствувам виновен за делото, зашто обвинението е составено
врз основа на претпо-ставки и нагаѓања за тројца обвинети без тоа да
биде конкретно; одредено за секој поединечно.
Со обвинетите Ордев и Диневски никогаш меѓу себе или пред некој
друг човек не сум разговарал за општественото уредување на Југославија,
за нејзини промени, за конституирање на обединета Македонија надвор или
во рамките на денешна Југославија. Никогаш не станало збор за
соборување на власта, за разорување на братството и единството на
Југословенските народи, за некои промени во федеративното уредување,
ниту пак сум пристапувал кон некакво врбување на луѓе за целите на
некаква организација. Не ми е познато и тоа дека таква организација
постоела, ниту пак сме одржувале некакви средби во Скопје или други
места во Македонија. Според тоа не може да стане збор за некакво
создавање на некаква политичка платформа, како што се наведува во
обвинителниот акт. Состаноците во Штип и Свети Николе не беа исполнети
со непријателска содржина туку чисто приватни.
Што се однесува за списанието „Македонска Нација“, тоа го видов за
прв пат кај истражниот судија. Никогаш не сум размислувал или правел
обиди за воспоставување врска со странство, ниту ми е познато некој да
имал врска со нив (со движсњето за обединување на Македонијата — бел.
на М. Н.). Не ми е познато дека некој пишувал текстови со непријателска
содржина.
Понатаму, откако претселателот на судскиот совет го потсети дека
во истражната постапка делумно го признава обвинението, Ефтимов рече
дека е точен саио првиот записник а остана-тите истражниот судија при
диктирањето ги направил така конфузни што ја губат вистинската смисла
(„Нова Македонија“ од 14 септември).
Обвинението во целост го негираа и другите двајца обвинети и со
своите изјави јасно му ка-жааа на судот дека обвинението е скрпено од
лаги и измислици и дека целиот процес е монти-ран од истражните органи
т. е. од Службата за државна безбедност и нејзиното послужно ору-дие,
истражниот судија.
Во моментот кога ги пишуваме овие редови процесот продолжува, па
уште не знаеме каков ќе биде неговиот крај, но во интересот на
вистината, Централниот Комитет на Движењето за обединување на
Македонија. во врска со овој процес изјавува пред македонската
општественост:
Југословснскиот режим во Скопје суди на многу невини луѓе.
Обвинетите се жртва на една перфидна полициска и режимска тактика која
со овој монтиран процес сака да го заплаши македонскиот народ за да не
пристапува под Националноослободителното знаме на Движењето за
обединување на Македонија, кое има големи симпатии кај народот и пушта
корења внатре на македонската почва. Процесот во Скопје е процес против
Движењето за обединуваље ка Македонија, а тројцата обвинети се само
невини жртви, кои плаќаат данок на нивниот македонски патриотизам, иако
никогаш немале врска со нашето Движење. Овој процес во својата суштина
е строго анти-македонски процес, тој е процес на Југославија против
идејата за обединување на Македонија тој е процес што новите врховисти
во Скопје го прават за да ги задоволат југословенските и
унитаристичките инстинкти на нивните белградски господари. Овој процес
е ново злосторништво кое се нанижува на долгата низа од злосторништва
што Југославија под маската на братството и единството ги има сторено
против македонскиот народ. Овој монструозен процес покажува дека
режимот во денешната СР Македонија идејата за обе-динување на
Македонија ја смета за криминална идеја. Процесов е најдобар доказ за
тоа дека управниците на СР Македонија изневериле на најсветите идеали
на својата нација и станале орудија на Белград и на Југославија.
Денешните „македонски“ раководители се преобразија во џандарми на
Југославија и ги заштитуваат интересите на Југославија и на србизмот.
Тие денес судат и мачат невини Македонци, уништуваат чесни и патриотски
македонски семејства, но македонскиот народ знае, дека за ова нивно
гнасно дело историјата има да ги врзе за столбот на срамот како
предавници на својот народ.
Централен Комитет на Движењето за обединување на Македонија
Наскоро уште едно судење
Овој број на нашето списание беше практично отпечатен и корегиран
кога ни стигна веста дека уште двајца македонски патриоти наскоро ќе
бидат изведени пред судот на злосторничката и анти-македонска
Југославија. На 28 септември ни дојде до раце белградскиот весник
„Вечерње новости“ од 26 септември, кој ни ја донесе веста дека двајца
млади македонски страдалници, си-нови на печалбарска Македонија со
Гоцеделчевско срце и со Илинденски дух, паднале во рацете на
злогласната југословенска полиција УДБ-а и биле обвинети за ширење
„непријателска пропа-ганда и за здружување против народот и државата“.
Тие сега се наоѓале во истражен затвор и наскоро ќе бидат изведени на
судење пред ненародниот и немакедонскиот суд во Скопје. Се однесува за
македонските несреќни печалбари: Дончо Силмјановски од селото Сиричино,
Тетовско и Никола Димитровски од селото Јастребини, Кочанско.
Смилјановски е млад човек со средно ооразование кој има завршено средно
медицинско училиште, но кој во својата „слободна“ татковина никогаш не
доби работа и дојде во Германија да зароботува корка леб како фабрички
работник. Димитровски е човек со факултетско образование, кој во
„рајот“ на Тито никогаш не доби работа, и во Германија работеше како
обичен работник. Израснати под режимот на националните и социјалните
неправди, овие млади македонски интелектуалци не можеа а да бидат друго
освен борци за национална и социјална правда. Како борци и бестрашни
херои тие и паднаа во рацете на режимот на неправдите и насилствата, но
тоа не е за прв пат што некој македонски борец паѓа во рацете на
угнетувачите на македонскиот народ. Во затвор паѓале и Гоце и Даме, и
безброј други синови иа револуционерна Македонија, но со тоа праведната
македонска борба не стивнувала, туку уште повеќе се распламнувала.
Затоа, попусто ќе им остане ликувањето на белградските слуги во Скопје.
Секоја борба има свои жртви и мартири — свои херои.
„Македонска Нација“ за своите читатели ја пренесува веста за
апсењето на двајцата верни синови на илинденска Македонија што ја
донесе споменатиот белградски весник:
„Наскоро во Скопје уште едно судење за непријателска дејност.
„Литератори“ од емиграција
Скопје, 26 септември 1972 г. (објавен текст во Вечерње новости)
Дончо СИМЈАНОВСКИСКИ и Никола Димитровски по налогот на
емигрантска организација илегално внеле во земјата и распространувале
книги и списанија со непријателска содржи на.
Истражниот судија на скопскиот окружен суд, Слободан Давидовски
вчера ја заврши истрагата против Дончо Симјановски (25), од селото
Сиричино кај Тетово и Никола Димитровски (28) од селото Јастребини кај
Кочани. И двајцата кои привремено се на работа во Западна Германија се
обвинети дека ширеле непријателска пропаганда против Југославија и
сториле кривично дело здружување против народот и државата.
Симјановски, како што е утврдено во истрагата на почетокот на
минатата година заминал на работа во Западна Германија и веднаш се
поврзал со една македонска емигрантска организација. По налогот на таа
орагнизација во август оваа година тој илегално од Минхен пренел во
Југославија сноп емигрантска литература и списанието „Македонска
Нација“. При распространувањето на таа литература тој бил откриен и
уапсен во Тетово.
Независко од Симјановски, со иста непријателска работа се
занимавал и Димитровски. Тој, исто така, во август оваа година илегално
внел во Југославија непријателска литература од Западна Германија, каде
што во 1970 година бил на привремена работа. Тој успеал во околинната
на Прилеп да распредели неколку броеви од списанието „Македонска
Нација“.
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|