Чкрап! на Идивиди
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Фотографија, камери и видео
Опис на форумот: foto.idividi.com.mk, опрема, локации, совети за аматери...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=19932
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 16:44 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Чкрап! на Идивиди
Постирано од: chkrap
Наслов: Чкрап! на Идивиди
Датум на внесување: 27.Август.2009 во 14:38
Конечно! Катедра за фотографија во Македонија!
На Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, за првпат годинава е отворена катедра за фотографија.
Со звршување на студиите во траење од 3 години се стекнува звање - дипломиран фотограф.
Од каталогот на ЕСРА:
СТУДИСКА ПРОГРАМА: СЦЕНСКИ ДИЗАЈН
КАТЕДРА ФОТОГРАФИЈА
Траење на студиите од прв циклус: 3 години
Број на ЕКТС: 180
Звање: Дипломиран Фотограф
Студиите по фотографија се уште една ексклузивност на
Универзитетот за аудиовизуелни уметности, како катедра која
за прв пат се основа во Република Македонија.
Широката примена на фотографијата како медиум обезбе -
дува широко поле на професионална реализација. Токму тоа
е и причината за масовниот интерес, кон ова поле на визу -
елниот медиум, кој на идните студенти им нуди креативна,
динамична, провокативна професионална кариера. Но,
фотографијата, впрочем како и уметноста воопшто, бара
голема и длабока секојдневна посветеност. Или, како што се
вели, уметноста не е професија, тоа е начин на живот.
Оние идни студенти, кои ќе најдат предизвик во фотографи -
јата како професија, мора да бидат подготвени на спојот на
креацијата, техниката и технологијата, занаетот и имагинатив -
носта, длабоката мисла и динамичноста на секојдневието на
еденфотограф.
Фотографијата своја примена наоѓа во работата во медиу -
мите, низ студиската, модната, документарната фотогра -
фија, во адвертајзингот и во севкупниот аудиовизуелен пре -
дизвик. Со овие студии студентот се подготвува за пре финети
визуелни вештини, но и за култивирана и прецизна мисла.
Низ студиите, студентите ќе поминат низ процесот, од основите
на фотографијата, преку фотографската технологија до
најсуптилните уметнички постапки кои се со унивезална вре -
дност, и претпоставуваат кариера на голем професионалец,
успешен уметник и тимски работник. Катедрата по фото -
графија поседува добро опремена црно-бела лабораторија,
и фотографско студио опремено со фотографски светла,
како и компјутерска лабораторија за електронска обработка
на сликата.
Благодарение на Болоњскиот систем, студентите по фото -
графија, ќе се стекнат и со знаења од областа на филм ската
и телевизиската камера, што е дополнителен бенфит, за секој
студент кој својата професија ја замислува како медиум кој
настанува низ објективот.
Студиите по фотографија ќе создадат идни профе -
сионалци во доменот на фотографијата, изучуваќи ги сите
фази на професионалното занимавање со фотографија.
„Ме прави среќен помислата
дека отсега натаму на
Универзитетот ќе можат да се
школуваат многу млади идни
професионални фотографи. А,
ме води една мисла, дека ништо
не си, ако она што го имаш нема
кому го му го дадеш. Денес
подигаме храм на една од
најплеменитите професии на
светот, единствената која е
поголема од времето, и го
овековечува мигот.“
Роберт Јанкуловски,
фотограф
За упис има уште време и само неколку слободни места. Пријавувањето е од 25 август до 10 септември 2009 година.
http://www.esra.com.mk/index.php?option=com_frontpage&Itemid=1 - http://www.esra.com.mk/index.php?option=com_frontpage&Itemid=1
|
Коментари:
Постирано од: JAWA
Датум на внесување: 29.Август.2009 во 02:20
Еххх баш касно го видов ова и касно разбрав - веќе се запишав на електро.....
Потегов е прекрасен - се надевам дека ќе успее проектот, ма да сепак - ова требаше да биде на државен факултет.......
------------- ____________________________________________
http://www.flickr.com/photos/kiril_jordanoski
|
Постирано од: hypertech
Датум на внесување: 30.Август.2009 во 02:59
Си се запишал на единствениот сеуште добар факултет во Македонија, браво за изборот!
------------- eos 1D mk4 , EF 24L , EF 50L , EF 85L , EF 135L , EF 200L , EF 400L
|
Постирано од: JAWA
Датум на внесување: 31.Август.2009 во 03:00
Фала друже, позззз и се надевам дека ќе има време да се видиме некој ден
------------- ____________________________________________
http://www.flickr.com/photos/kiril_jordanoski
|
Постирано од: mdeni
Датум на внесување: 31.Август.2009 во 13:03
Па сигурно дека на електро ќе се запишеш.
------------- http://foto.idividi.com.mk/portfolio.asp?ID=7450 - Неколку мои фотки. - Идивиди
It's not a camera. It's a Nikon.
http://dmalikovski.deviantart.com/gallery/ - dmalikovski - Deviant
|
Постирано од: mickeymkd
Датум на внесување: 31.Август.2009 во 18:29
JAWA напиша:
ма да сепак - ова требаше да биде на државен факултет.......
|
Ако беше на државен, ке беше утка. Каква држава таков факултет. Ке им тутнеа по некоја книга за фотографија за да читаат, ке имаа некои тапа предавања а до крајот на факултетот немаше апарат во рака да фатат, ни во студио да влезат, ни на терен да сликаат, ништо.........
Подобро што е вака направено, барем ке има квалитет, а не кванитет.
hypertech напиша:
Си се запишал на единствениот сеуште добар факултет во Македонија, браво за изборот! |
Едно добар, баш ме интересира во што е толку добар факултетот?
------------- Canon Powershot S90,Sony DSLR A700,Sony 18-70mm f3.5-5.6 DT,Sigma 10-20mm f4-5.6 EX DC,Sigma 17-70mm f2.8-4.5 DC, Tamron 90mm f2.8 SP AF Di,Minolta 70-210mm f4 AF,Minolta 50mm f1.7 AF,Sony HVL-F56AM.
|
Постирано од: mdeni
Датум на внесување: 31.Август.2009 во 19:23
Зашто луѓето имаат почит кон факултетот. Зашто е доста тежок. Зашто за да положиш треба да научиш. Зошто никој не те тера да му ја купиш книгата. Зошто има колеги кои ќе ти помогнат. Зошто нема луѓе кои се професори од партиски или роднински причини. Зошто има повеќе од квалификувани асистенти. Зошто професорите можеш да ги најдеш ако ти требаат (не секогаш, но многу почесто од на другите факултети). Зошто нема мито и корупција. Зошто ако научиш сигурно ќе положиш. Зошто имаш свои претставници кои се грижат за тебе. Зошто добиената 9ка или 10ка има своја теќина и вредност. Зошто нема голем број на магистрирани. Зошто на прсти се бројат докторираните на тој факултет. Зошто не поминува секој што ќе плати и се запише.
Има уште многу зошто и затоа.
------------- http://foto.idividi.com.mk/portfolio.asp?ID=7450 - Неколку мои фотки. - Идивиди
It's not a camera. It's a Nikon.
http://dmalikovski.deviantart.com/gallery/ - dmalikovski - Deviant
|
Постирано од: kiko_33
Датум на внесување: 31.Август.2009 во 19:53
Секоја чест за Електро, ама ќе морам да демантирам барем за една работа. Мито и корупција. ИМА
Сведок сум на една таква ситуација кога ќерката на еден мој пријател не можеше да ги положи двата последни испита, па накрај мораше да плати ( и тоа мрсно ) за да ги положи и тоа експресно.
Проблемот е тој што ЕЛЕКТРО со сите свои мани ( технички и кадровски ) сепак е најдоброто нешто што го имаме од областа на образованието.
|
Постирано од: mickeymkd
Датум на внесување: 31.Август.2009 во 21:27
Затоа што 90% од професорите немаат своја книга по предметот. Затоа што голем број од професорите и асистените ги гледаме во политиката, а не на факултетот. Затоа што опремата на факултетот е од пред 20 години. Затоа што стануваат асистенти луѓе без никакво искуство, директно од студентските клупи. Затоа што се се полага во тетратка, затоа што се програмира во тетратка.... Затоа што неколку презимиња се вртат кај професорите и асистентите. Затоа што на професорите примарна окупација им е приватен бизнис и некој проект а не факултетот. Затоа што ке ти дадат семинарска да преведеш некоја книга од англиски. Затоа што ке те стават на некој нив личен проект за да положиш предмет. Затоа што немаш практична настава. Затоа што тие што се во студентски сојуз се тамо за свои лични интереси, за завршување на факултетот побрзо и полесно, за манипулирање со парите на студентите, а и понатаму за афирмирање во политиката.
mdeni на кој смер си?
------------- Canon Powershot S90,Sony DSLR A700,Sony 18-70mm f3.5-5.6 DT,Sigma 10-20mm f4-5.6 EX DC,Sigma 17-70mm f2.8-4.5 DC, Tamron 90mm f2.8 SP AF Di,Minolta 70-210mm f4 AF,Minolta 50mm f1.7 AF,Sony HVL-F56AM.
|
Постирано од: nikola_bb
Датум на внесување: 31.Август.2009 во 22:51
hah pa fakt e kaj nas deka i na elektro i na masinski profesorite se za da se kaze deka postoi masinski za da ima masinski i elektro site si gi brkaat biznisite fax im e ko onaka radi reda da ima
|
Постирано од: dimitarmisev
Датум на внесување: 01.Септември.2009 во 00:47
не дека некогаш сум бил на електро, ама тоа шо го наброја mickeymkd ми изгледа далеку пореално (ко ќе споредам со искуствата на пријатели).
Зашто е доста тежок - wtf? Кој факултет не е тежок жити се, кажи еден?
Зашто за да положиш треба да научиш - а? Ова исто како погорното.
Зошто нема мито и корупција - секаде го има ова, не верувам дека електро е исклучок ;-)
Зошто нема голем број на магистрирани. Зошто на прсти се бројат докторираните на тој факултет - ???
Иста ваква ситуација е и на белградскио електро (пак према искуства на пријатели, не сум бил ни на тој). Тие шо го завршиле се горди до немајкаде, демек го завршиле најтешкиот и најелитниот могучен факултет. А оти е тежок и луѓето имаат почит? Затоа шо постојат некои си искомплексирани професори шо се сметаат за цареви на факултето. Од 500 души на одредени испити 2-3 поминуват со 6 или 7, затоа шо професоро ќе те ебава со прашања у стило „објасни како тече струјата“, и ти објаснуваш нешо и ондак те бута од причина шо „струјата не е вода па да тече..“. Не му е целта да ти го провери знаењето, туку да те бутне. Друга причина е шо голем дел од тие шо се упишуват немат баш многу предзнаење од математика или физика или информатика, и се запишале оти ете ајде тој е фраерскио факултет. И ондак не иде, епа не иде, не е секој способен за математика или електроника или шо и да се уче таму.
|
Постирано од: hypertech
Датум на внесување: 01.Септември.2009 во 03:22
Од лично искуство тврдам дека нашиот ФЕИТ или ЕТФ воопшто не е тежок факултет (веќе сум во последната година без да отидам ниту еднаш на испит).
Не сум болно амбициозен, не ми треба просек за да можам да лижам кај професори за да постанам асистент. Тоа што го сакам го учам со љубов и се положува лесно. Останатите предмети може да се положат од ракав со добра 7мица или 6ка со само 2 дена учење. На такво ниво е електро. Митовите за квадрати и фамозните хиперкоцки се шират од луѓето кои го промашиле факултетот и се неспособни за логично размислување.
Тие кои знаат зашто студираат на електро се на пракса уште во третата година, а се вработуваат веднаш по дипломирање.
Подмитување на професор е признавање на сопствената некомпетенција.
Преведување на текстови за семинарска е признавање на сопствената некомпетенција.
Лижење кај професор за демонстраторска/асистентска позиција е признавање на сопствената некомпетенција (ако навистина си добар за асистент ќе бидеш бомбардиран со понуди за вистинска работа на развој и континуирано надоградување на способностите)
Новите електро-инженери во најголем процент се вадат на стара слава, порано критериумите биле строги и како резултат кадарот бил квалитетен. C програмерот знаел што е триак и грец :) и обратно, сегашниот C програмер нема врска со реалниот живот и обратно (ТК/КСИА/ЕРПС etc немаат абер од напредни алгоритми или вештачка интелигенција).
Зборот ми е, новиот ФЕИТ има премногу тесно насочени студии без притоа да овозможи соодветна поддршка во наставата и резултантниот инженер (во просек) треба да изеде уште 10 фурни леб пред да фати нешто корисно да работи во животот. Сепак ова е најдоброто знаење што може да се добие во Македонија. жално
------------- eos 1D mk4 , EF 24L , EF 50L , EF 85L , EF 135L , EF 200L , EF 400L
|
Постирано од: ivotoyota
Датум на внесување: 01.Септември.2009 во 03:29
Sto go napravivte elektro ziti se? Tuku se izbega malce od temata - mnogu mi se dopaga katedrata za fotografija. Trebase vakvo nesto kaj nas.
P.S. Inace na masinski sum jas i mislam deka e podobro od elektro. Kolokviumska nedela? Ispit den za den? Nema kaj nas takvo nesto. Ima dogovaranje so profesor ako treba
|
Постирано од: fichot
Датум на внесување: 01.Септември.2009 во 11:31
dimitarmisev напиша:
Зашто е доста тежок - wtf? Кој факултет не е тежок жити се, кажи еден? |
FLU. Tezok e za vlegvanje, ama posle e milina.
------------- http://fichot.deviantart.com/gallery" rel="nofollow - galerija1 http://www.behance.net/fichot" rel="nofollow - galerija2
|
Постирано од: mdeni
Датум на внесување: 01.Септември.2009 во 11:53
mickeymkd напиша:
.mdeni на кој смер си?
|
Бев на ИКИ, и завршив. Со мои 22 години се најкултурно на колоквиуми сум си завршил, освен по некое усно и слично. Сега ќе дипломирам (Септември) и се запишувам на постдипломски студии, најверојатно на мрежи. Значи ќе бидам на факлутет уште две години. Ако треба било што, слободно.
------------- http://foto.idividi.com.mk/portfolio.asp?ID=7450 - Неколку мои фотки. - Идивиди
It's not a camera. It's a Nikon.
http://dmalikovski.deviantart.com/gallery/ - dmalikovski - Deviant
|
Постирано од: dimitarmisev
Датум на внесување: 01.Септември.2009 во 23:36
hypertech напиша:
Од лично искуство...
|
Е ваков одговор е нешто друго, респект.
hypertech напиша:
Сепак ова е најдоброто знаење што може да се добие во Македонија. жално
|
Е оти? Ја на пример планирав на ИИ на ПМФ да одам, пошто ни оддалеку не ме занимаа електрониките и физиките на ЕТФ. И ќе добиев ли помалку знаење отколку на ЕТФ? Не би рекол. Колку шо знам сите факултети веќе имаат имплементирано ЕКТС, шо значи workload и колку ќе треба да научиш за да дипломираш е отприлика униформно секаде.
|
Постирано од: Tegla
Датум на внесување: 02.Септември.2009 во 09:34
mickeymkd напиша:
Ако беше на државен, ке беше утка. Каква држава таков факултет. Ке им тутнеа по некоја книга за фотографија за да читаат, ке имаа некои тапа предавања а до крајот на факултетот немаше апарат во рака да фатат, ни во студио да влезат, ни на терен да сликаат, ништо.........
|
Aj te molam ne kazuvaj raboti na pamet. Koga nesto ne znaes, ne komentiraj, tuku prasuvaj, informiraj se i donesi zaklucok.
P.S. Temava bese deka ima smer fotografija na ESRA, a ne za ETF, i nikako za toa koj fakultet e najdobar.
P.P.S. Sekoj fakultet e los za losite studenti koi ne ucat, tuku sakaat mama i tato da im gi pominuvaat ispitite. Imalo korupcija - greska. IMA MRZA ZA UCENJE!
AJ VE MOLAM NE SE PRAVETE MALI DECA SO KOMENTARIVE.
------------- That is called grain. It is supposed to be there.
|
Постирано од: mdeni
Датум на внесување: 02.Септември.2009 во 12:10
Tegla напиша:
Sekoj fakultet e los za losite studenti koi ne ucat, tuku sakaat mama i tato da im gi pominuvaat ispitite.Imalo korupcija - greska. IMA MRZA ZA UCENJE! |
Istoto go kazav, samo na drug nacin. 100% Tocno!
------------- http://foto.idividi.com.mk/portfolio.asp?ID=7450 - Неколку мои фотки. - Идивиди
It's not a camera. It's a Nikon.
http://dmalikovski.deviantart.com/gallery/ - dmalikovski - Deviant
|
Постирано од: mickeymkd
Датум на внесување: 02.Септември.2009 во 14:55
Tegla напиша:
Aj te molam ne kazuvaj raboti na pamet. Koga nesto ne znaes, ne komentiraj, tuku prasuvaj, informiraj se i donesi zaklucok. |
Дали кај нас има студии за фотографија? На кој факултет се? Колку се квалитетни?
Чекам одговор па да си донесам заклучок.
Tegla напиша:
P.S. Temava bese deka ima smer fotografija na ESRA, a ne za ETF, i nikako za toa koj fakultet e najdobar. |
Ни го спомнав јас прв ЕТФ ни прв кажав кој факултет е добар или не.
Tegla напиша:
P.P.S. Sekoj fakultet e los za losite studenti koi ne ucat, tuku sakaat mama i tato da im gi pominuvaat ispitite. Imalo korupcija - greska. IMA MRZA ZA UCENJE! |
Можеш да кажеш дека за тие што не учат факултетот е тежок а за тие што учат факултетот е лесен. Но муабетот беше дали факултетот е квалитетен???
------------- Canon Powershot S90,Sony DSLR A700,Sony 18-70mm f3.5-5.6 DT,Sigma 10-20mm f4-5.6 EX DC,Sigma 17-70mm f2.8-4.5 DC, Tamron 90mm f2.8 SP AF Di,Minolta 70-210mm f4 AF,Minolta 50mm f1.7 AF,Sony HVL-F56AM.
|
Постирано од: Tegla
Датум на внесување: 03.Септември.2009 во 00:28
mickeymkd напиша:
Дали кај нас има студии за фотографија? На кој факултет се? Колку се квалитетни?
Чекам одговор па да си донесам заклучок.
|
Od kade zaklucokot deka ako bile na drzaven fakutet kje bile ponekvalitetni? Eve jas zavrsiv filmska montaza na FDU. I seuste mislam deka na FDU se uci podobro montaza odkolku na ESRA. Sekoj so svojot izbor.
Golema rabota e toa sto se otvara klasa za fotografija vo Makedonija. Poleka kje si dojdat rabotite na svoe mesto. So tie studenti kje se razgovara na drugo nivo za Fotografskata Umetnost, Tehnika, Tehnologija, Filosofija, Psihologija......
A, sepak se zavisi i od talentot i voljata na studentite. Celiot zivot e fakultet.
Najbitno e sto kje imaat dobar mentor. Robert go znam uste od FDU, zaedno studiravme. Poznavajki go kako covek veruvam deka kje izlezat dobri fotografi.
P.S.Znam deka ne go pocna muabetot za ETF, toa bese za drugite. Nikoj ne go zainteresira da prasa povekje za studiite za fotografija prvpat vo MKD, a site se pravime seznajkovci ovde. Pateticno!
------------- That is called grain. It is supposed to be there.
|
Постирано од: mickeymkd
Датум на внесување: 03.Септември.2009 во 02:25
Ок. Можеби погрешив со моето мислење. Можеби сеуште постои некаков квалитет на некои од државните факултети.
А за државните мислењето дека не се квалитетни е поради тоа што работите одат во надолна линија, се форсира скоро сите матуранти да се запишат на факултет, поради тоа се прошируваат квотите, се отвараат насекаде дисперзирани студии....а ништо не се инвестира во самите факултети. За да се задоволат новите потреби за наставен кадар асистените брзо ги промовираат во професори, сеуште недипломирани или штотуку дипломирани студенити стануваат асистенити без никакво животно искуство..........така само кванитет.
Што се однесува до студииве за фотографија, ме интересира колку од членовиве на форумов кога би одлучувале сега да студираат некаде со моменталниов избор на факултети би се запишале на вакви студии, како и тоа колку мислат дека оваа професија е перспективна кај нас?
------------- Canon Powershot S90,Sony DSLR A700,Sony 18-70mm f3.5-5.6 DT,Sigma 10-20mm f4-5.6 EX DC,Sigma 17-70mm f2.8-4.5 DC, Tamron 90mm f2.8 SP AF Di,Minolta 70-210mm f4 AF,Minolta 50mm f1.7 AF,Sony HVL-F56AM.
|
Постирано од: Tegla
Датум на внесување: 03.Септември.2009 во 10:52
mickeymkd напиша:
Што се однесува до студииве за фотографија, ме интересира колку од членовиве на форумов кога би одлучувале сега да студираат некаде со моменталниов избор на факултети би се запишале на вакви студии, како и тоа колку мислат дека оваа професија е перспективна кај нас?
|
So studiranje na toj tip na fakultet se zapoznavas so idnite filmski i teatarski rabotnici koi pocle kje rabotat pretstavi, filmovi, reklami, promocii, kampanji, politicki kampanji........ Avtomatski ima rabota . Isto taka pri konk*riranje za rabota vo spisanija, magazini, marketing agencii..... diplomata ima golema uloga za da ti obrnat pogolemo vnimanie.
Sepak se zavisi i od covekot. I na ESRA i na FDU ima nekoi koi ne gi biva, ama toa se mnogu malku
Ova go kazuvam od licno iskustvo.
------------- That is called grain. It is supposed to be there.
|
Постирано од: dimi
Датум на внесување: 03.Септември.2009 во 11:19
mickeymkd напиша:
Што се однесува до студииве за фотографија, ме интересира колку од членовиве на форумов кога би одлучувале сега да студираат некаде со моменталниов избор на факултети би се запишале на вакви студии, како и тоа колку мислат дека оваа професија е перспективна кај нас?
|
Bi se zapisal na ESRA bidejki sakam da imam diploma za fotografija, koga vekje go rabotam toa, iako prvata godina kje ucam raboti sto vekje gi znam.
Sepak nemam moznost da plakjam po 3000 evra od godina kolku sto e skolarinata na ESRA
Da ima fotografijata na FDU bi konk*riral tamu bez razmisluvanje.
------------- http://foto.idividi.com.mk/portfolio.asp?ID=1695 - Моето Портфолио
|
Постирано од: itan14
Датум на внесување: 03.Септември.2009 во 12:01
hypertech напиша:
Од лично искуство тврдам дека нашиот ФЕИТ или ЕТФ воопшто не е тежок факултет (веќе сум во последната година без да отидам ниту еднаш на испит).
Не сум болно амбициозен, не ми треба просек за да можам да лижам кај професори за да постанам асистент. Тоа што го сакам го учам со љубов и се положува лесно. Останатите предмети може да се положат од ракав со добра 7мица или 6ка со само 2 дена учење. На такво ниво е електро. Митовите за квадрати и фамозните хиперкоцки се шират од луѓето кои го промашиле факултетот и се неспособни за логично размислување.
Тие кои знаат зашто студираат на електро се на пракса уште во третата година, а се вработуваат веднаш по дипломирање.
Подмитување на професор е признавање на сопствената некомпетенција.
Преведување на текстови за семинарска е признавање на сопствената некомпетенција.
Лижење кај професор за демонстраторска/асистентска позиција е признавање на сопствената некомпетенција (ако навистина си добар за асистент ќе бидеш бомбардиран со понуди за вистинска работа на развој и континуирано надоградување на способностите)
Новите електро-инженери во најголем процент се вадат на стара слава, порано критериумите биле строги и како резултат кадарот бил квалитетен. C програмерот знаел што е триак и грец :) и обратно, сегашниот C програмер нема врска со реалниот живот и обратно (ТК/КСИА/ЕРПС etc немаат абер од напредни алгоритми или вештачка интелигенција).
Зборот ми е, новиот ФЕИТ има премногу тесно насочени студии без притоа да овозможи соодветна поддршка во наставата и резултантниот инженер (во просек) треба да изеде уште 10 фурни леб пред да фати нешто корисно да работи во животот. Сепак ова е најдоброто знаење што може да се добие во Македонија. жално
|
Многу точно, дефинитивно. Јас завршив пред 10 години, и освен Електроника 2 кај Камиловски и ДПИ 2 кај Улчар, се друго (нормално ако те интересира) се полагаше со 2-3 дена учење. Друга работа е неспособноста и неманјето капацитет да се разберат основите на КТ и информатиката. За корисноста на сегашната програма не коментирам, иако сум познаник и пријател со неколку сегашни асистенти и професори на факсот, но лично како човек кој сега ги прима дечките за работа не сум задоволен од квалитетот и подготовката на кадрите.
ПС. Знаете ли некој добар developer во C#, подготвен да учи нова технологија (ГИС)?
ППС. Ако знаете кај мене на маил нека пушти CV.
-------------
|
Постирано од: gocemk
Датум на внесување: 03.Септември.2009 во 16:27
Zdravo, otprvin ne sakav da se vklucuvam vo diskusijava za koj fakultet e podobar i sl.(iskreno, mislam deka ne i e mesto tuka), no se pocustvuvav povikan zatoa sto mislenjeto za ETF/FEIT, dosega go davaa samo studenti od IKI/KTIA. Na FEIT postojat i drugi nasoki so drugi profesori (KSIA, TK, ERPS, KIEE...) na koi postojat ispiti kako Linearni Dinamicki Sistemi, Nelinearni Sistemi na Uparavuvanje, Digitalno Procesiranje na Signali itn,itn, a koi ne se polozuvaat bas so dva dena ucenje (a ako polozite taka, znaci poznavate samo 15% od materijalot i ste polozile na srekja!).Znaci, na ETF nema samo INFORMATIKA I PROGRAMIRANJE! Ova go pisuvam samo zatoa sto spored diskusijata na odredeni kolegi, ETF se izednaci so privatnite fakulteti (FON,Evropski itn), a na koi se uci duplo ili troduplo pomalku. Ne za dzabe sekoja godina od ETF se otpisuvaat znacitelen broj na studenti i se zapisuvaat na nekoj od privatnite. Ne sakam da izigruvam 'drven advokat' ama i ne sakam da se dobie pogresna pretstava za fakultetot.
Pozdrav.
|
Постирано од: mickeymkd
Датум на внесување: 03.Септември.2009 во 18:53
Пак ке повторам, муабетот беше дали е квалитетен или не ЕТФ, а не дали е тежок или не?
Каква врска има квалитетот со тоа што голем број на студенти се отпишуваат. - никаква.
Каква врска има времето на спремање на испит за положување со квалитетот на факултетот. - никаква.
Tegla напиша:
So studiranje na toj tip na fakultet se zapoznavas so idnite filmski i
teatarski rabotnici koi pocle kje rabotat pretstavi, filmovi, reklami,
promocii, kampanji, politicki kampanji........ Avtomatski ima rabota . Isto
taka pri konk*riranje za rabota vo spisanija, magazini, marketing
agencii..... diplomata ima golema uloga za da ti obrnat pogolemo
vnimanie. |
Ако е така работата на тој тип на факултет, тогаш вреди бидејки ке работиш како вистински фотограф.
dimi напиша:
Sepak nemam moznost da plakjam po 3000 evra od godina kolku sto e skolarinata na ESRA
|
Цената за просечно македонско семејство е висока, за 3 години студирање се даваат 9000 евра што не е малку. Убаво би било ако воведат и стипендирање за талентирани студенти, или пак да им овозможат тие пари за време на студирањето сами да си ги заработат со работење на одредени проекти.
------------- Canon Powershot S90,Sony DSLR A700,Sony 18-70mm f3.5-5.6 DT,Sigma 10-20mm f4-5.6 EX DC,Sigma 17-70mm f2.8-4.5 DC, Tamron 90mm f2.8 SP AF Di,Minolta 70-210mm f4 AF,Minolta 50mm f1.7 AF,Sony HVL-F56AM.
|
Постирано од: itan14
Датум на внесување: 03.Септември.2009 во 18:58
gocemk напиша:
Zdravo, otprvin ne sakav da se vklucuvam vo diskusijava za koj fakultet e podobar i sl.(iskreno, mislam deka ne i e mesto tuka), no se pocustvuvav povikan zatoa sto mislenjeto za ETF/FEIT, dosega go davaa samo studenti od IKI/KTIA. Na FEIT postojat i drugi nasoki so drugi profesori (KSIA, TK, ERPS, KIEE...) na koi postojat ispiti kako Linearni Dinamicki Sistemi, Nelinearni Sistemi na Uparavuvanje, Digitalno Procesiranje na Signali itn,itn, a koi ne se polozuvaat bas so dva dena ucenje (a ako polozite taka, znaci poznavate samo 15% od materijalot i ste polozile na srekja!).Znaci, na ETF nema samo INFORMATIKA I PROGRAMIRANJE! Ova go pisuvam samo zatoa sto spored diskusijata na odredeni kolegi, ETF se izednaci so privatnite fakulteti (FON,Evropski itn), a na koi se uci duplo ili troduplo pomalku. Ne za dzabe sekoja godina od ETF se otpisuvaat znacitelen broj na studenti i se zapisuvaat na nekoj od privatnite. Ne sakam da izigruvam 'drven advokat' ama i ne sakam da se dobie pogresna pretstava za fakultetot.
Pozdrav. |
Sekogas imase na ETF lugje sto ucat po cel den, no na krajot bez rezultati.
Sala na strana, ako ti "odi" t.e. ako ja razbiras problematikata, e relativno lesno. ETF ne bara pomalku ucenje tuku cista zdrava logika i razbiranje na informatikata, bazite na podatoci i programiranje za KTIA smerot. Za drugite, sekoj neka si kaze za svoeto, iako moram da priznaam deka i elektronikite, dpi i ostanatetie predmeti mi se dopagja strasno mnogu i mi bea relativno lesni. ne potcenuvam necie ucenje, no ETF za mene licno bese LESEN fakultet.
-------------
|
Постирано од: Tegla
Датум на внесување: 03.Септември.2009 во 22:18
A, jas se cudam kako toa na forumov tolku muabeti za procesing, algoritmi i ostanati tehnicki trakatanci
------------- That is called grain. It is supposed to be there.
|
Постирано од: Tegla
Датум на внесување: 03.Септември.2009 во 22:30
itan14 напиша:
Sekogas imase na ETF lugje sto ucat po cel den, no na krajot bez rezultati.
Sala na strana, ako ti "odi" t.e. ako ja razbiras problematikata, e relativno lesno. ETF ne bara pomalku ucenje tuku cista zdrava logika i razbiranje na informatikata,
|
Toa vazi za bilo koja oblast. Ili ti ide ili ne ti ide. Poglednete go TinkerBell (Dzonchica) crtaniot na Disney. Mnogu poucno i za roditelite http://www.youtube.com/watch?v=v0ODRcS8qYM - http://www.youtube.com/watch?v=v0ODRcS8qYM
Scenata e negde okolu 3'30" pa natamu.
------------- That is called grain. It is supposed to be there.
|
Постирано од: gocemk
Датум на внесување: 03.Септември.2009 во 23:04
Tegla напиша:
A, jas se cudam kako toa na forumov tolku muabeti za procesing, algoritmi i ostanati tehnicki trakatanci
|
Geeks attack!
Ilco, se soglasuvam so tebe. Postojat predmeti koi se poteski(ama pa interesni) i tie predmeti gi polozuvam mnogu polesno odkolku nekoi polesni ama podosadni! Inace ne veruvam deka ETF niz godinite stanal polesen ili potezok ama sega ima povekje IT fakulteti (privatni) pa polesno moze da se napravi sporedba.
Tegla, potpolno si vo pravo, a linkov ti e ZAKON!
Inaku ova e posleden moj post na ovaa tema, zasto smetam deka vekje e dovolno preoptovarena off-topic.
Pozdrav do site kolegi i forumdzii!
|
Постирано од: itan14
Датум на внесување: 04.Септември.2009 во 00:36
Tegla напиша:
itan14 напиша:
Sekogas imase na ETF lugje sto ucat po cel den, no na krajot bez rezultati.
Sala na strana, ako ti "odi" t.e. ako ja razbiras problematikata, e relativno lesno. ETF ne bara pomalku ucenje tuku cista zdrava logika i razbiranje na informatikata,
|
Toa vazi za bilo koja oblast. Ili ti ide ili ne ti ide. Poglednete go TinkerBell (Dzonchica) crtaniot na Disney. Mnogu poucno i za roditelite http://www.youtube.com/watch?v=v0ODRcS8qYM - http://www.youtube.com/watch?v=v0ODRcS8qYM
Scenata e negde okolu 3'30" pa natamu.
|
Samo ne toj kerkite doma go gledaa 8793 pati!!!! (and counting)
-------------
|
|