Проблем со завеса на '78 советски ФЕД 3б
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Фотографија, камери и видео
Опис на форумот: foto.idividi.com.mk, опрема, локации, совети за аматери...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=19922
Датум на принтање: 01.Декември.2024 во 02:31 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Проблем со завеса на '78 советски ФЕД 3б
Постирано од: Izzi
Наслов: Проблем со завеса на '78 советски ФЕД 3б
Датум на внесување: 26.Август.2009 во 12:36
Поздрав на сите
Имам еден проблем со рускиот ФЕД кој го спомнав пред неколку месеци... Вчера отидов да го развијам првиот филм кој го имам некогаш иссликано, и забележав нешто доста лошо...
На долниот дел од сите слики се појавува еден голем бел триаголник. Прво мислев дека е нешто до објективот (нечисти леќи и слично), ама кога го извадив објективот и разгледав убаво, видов дека е всушност до завесата. На горниот дел од завесата има еден малку...да речам, подизлупен дел. Кога ја насочив камерата кон светло (со изваден објектив), видов дека тој подизлупен дел пропушта малку светлина...што ми го осветлува филмот уште пред да ја направам фотката.
Дали може да ми понудите некое homemade решение...или општо било какво решение? Благодарам однапред.
-------------
|
Коментари:
Постирано од: Tegla
Датум на внесување: 26.Август.2009 во 15:16
Zemi si drug Fed ili Zorki. Jas bi ti preporacal Kiev. Popravka ne vredi
------------- That is called grain. It is supposed to be there.
|
Постирано од: Izzi
Датум на внесување: 26.Август.2009 во 15:42
решен сум да го спасам овој...
-------------
|
Постирано од: mdeni
Датум на внесување: 26.Август.2009 во 16:26
Црн лак за нокти. Од страната на леќата, во многу тенок слој. Прво провери дали има некаде да се залепи. Оваа појава е честа кај Фед, можеш и да прогуглаш.
И секако кажи што си направил.
------------- http://foto.idividi.com.mk/portfolio.asp?ID=7450 - Неколку мои фотки. - Идивиди
It's not a camera. It's a Nikon.
http://dmalikovski.deviantart.com/gallery/ - dmalikovski - Deviant
|
Постирано од: Izzi
Датум на внесување: 26.Август.2009 во 16:43
нема да испука слојот при сликање?
-------------
|
Постирано од: Tegla
Датум на внесување: 27.Август.2009 во 13:19
Izzi напиша:
решен сум да го спасам овој...
|
Gud Lak . Jas ne bi se zamaral so popravki na ruski masini koi gi ima na toni za bespari
------------- That is called grain. It is supposed to be there.
|
Постирано од: Izzi
Датум на внесување: 27.Август.2009 во 13:48
Го послушав советот на Дени... Земав црн лак за нокти, од страната на леќата намачкав еден слој (убаво го покрив целиот излупен дел), го остаив да се исуши...по некои 3-4 саати го проверив на светло - не пропушта, го проверив механизмот - работи како порано, и слојот на лак не испукува туку напротив доста флексибилен е.
Па, ќе видам наредниов филм како ќе излезе...
Поздрав и фала за помошта
-------------
|
Постирано од: mdeni
Датум на внесување: 27.Август.2009 во 15:06
Еееете така. Се очекуваат резултатите, кога ќе ги добиеш.
------------- http://foto.idividi.com.mk/portfolio.asp?ID=7450 - Неколку мои фотки. - Идивиди
It's not a camera. It's a Nikon.
http://dmalikovski.deviantart.com/gallery/ - dmalikovski - Deviant
|
Постирано од: Izzi
Датум на внесување: 31.Октомври.2009 во 14:39
Филмот го развив веќе, сликите излегоа супер!
Го нема веќе тој триаголник доле што се појавуваше и лакот држи.
Проблем бр.2: Добив на подарок Зенит 11 (јесс СЛР), ама го има истиот проблем со завесата...ја применив истата процедура како и со ФЕДот, ама овојпат лакот испука и почнува да се лупи по малце... Има негде на нет туторијал како да се смени завеса?
Фала однапред
-------------
|
Постирано од: Tegla
Датум на внесување: 01.Ноември.2009 во 17:54
Ejj, so Zenit ne se Zamaraj . Najdi drug ili uste podobro najdi si Praktica. Samo pusti muabet po rodnini i komsii kje se najde nesto
------------- That is called grain. It is supposed to be there.
|
Постирано од: JANE971
Датум на внесување: 01.Ноември.2009 во 18:03
Eve ti tutorial za servisiranje na Zenit... Zemas telefon i vrtis 070 258 091, koga ke ti se javi tip od drugata strana go baras Sergej (gospod bog za ruskite fotoaparati), mu go kazuvas problemot i vednas ako postoi moznost (delovi) dobivas razumna cena i se dogovaras kaj damu go odneses aparatot... Ednostavno neli?
------------- Born to be alive...
http://on.net.mk/galerija/jane-ljorovski
|
|