Испечати | Затвори го прозорот

Фан клуб Лацио

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Фан клубови
Опис на форумот: навивачи, секој во својот клуб
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=19825
Датум на принтање: 28.Април.2024 во 07:04
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Фан клуб Лацио
Постирано од: fiks
Наслов: Фан клуб Лацио
Датум на внесување: 10.Август.2009 во 11:24
Па нека стартува оваа тема со радосна вест за фановите на Лациосреќа

Лацио го освои италијанскиот суперкуп


Тимот на нашиот Пандев стана новиот освојувач на италијанскиот супер куп победувајќи го Интер со 2:1.

Лацио е новиот победик во италијанскиот куп откако денеска на стадионот Птичјо Гнездо во Пекинг, го совлада Интер со 2:1.

Во двобојот, со кои кинезите славеа годишниица од отварањето на минатогодишните ЛОИ, сите три гола беа постигнати во второто полувреме, иако Интер доминираше во првиот дел.

Лацио поведе во 63 минута по слободен удар. Хулио Цезар отпрвин го одбрани ударот на Матузален, но топката ја одби само до неговата глава, по што заврши во мрежата.

Водството на римјаните го зголеми Роки само три минути подоцна, додека камерунецот Самуел Ето, успеа да го намали резултатот на 2:1 во 78 минута, по многуте промашени топки во текот на натпреварот.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.




Коментари:
Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Август.2009 во 10:56
Притежателот на СуперКуп на Италиja за 2009г. Лацио не картотенира за новиот сезон троjца футбалери.Горан Пандев ,Кристиан Ледесма и Лоренцо де Силвестри са во конфликт со президентот на клуба Клаудио Лотито http://www.lazio-bulgaria.com/show_topic-379.aspx - http://www.lazio-bulgaria.com/show_topic-379.aspx  
 
Лотито ,као немаш пари за издржка на клубот оди си.Ама си узми и слабиот тренер!!!!!! 


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 14.Август.2009 во 11:12
Лотито ако не го продаде Пандев до крајот на овај преоден рок ќе загуби најмалку 10 милиони евра.
А до година Пандев е слободен играч,така да тоа би бил многу глупав потег на управата на Лацио.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Август.2009 во 10:34


Постирано од: емил
Датум на внесување: 30.Септември.2009 во 21:01
 
 
Сакам утре така да заврши мечот голема%20насмевка


Постирано од: емил
Датум на внесување: 10.Февруари.2010 во 17:31

               Еди Реа е новиот тренер на Лацио

 
Еди Реа официјално е новиот тренер на Лацио. Веста е потврдена од италијанскиот клуб. Новиот тренер ќе замени Давиде Балардини, кој беше отпуштен откако тимот стигна до зоната на испаѓање.

64-годишниот Реа работел во неколку италијански клуб во минатото и успеа да доведе Наполи од трета дивизија до Серија А за три години.
Тој беше отпуштен од неаполската клуб во март 2009 година и се приклучи на хрватскиот Хайдук Сплит во август.

Во вторникот околу 1000 тифози на Лацио окупираа тренировката на тимот, за да протестираат. Ултрасите беа бесни на фактот дека нивниот тим се наоѓа меѓу последниве три тима на дното на Серија А. 
 

http://image.novinitepro.bg/media/images/520xX/Feb2010/60757208.jpg">Едуардо%20Реджа



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 20:09
Едуардо Реја де*итира со успев начело на Лацио и изведе "орлите" до скапоцена победа кај госувањето на Парма, која ги извлече  од дното на табелата. Лацио победи  на Тардини со 2-0 со голови на Стендардо и Мауро   Сарате.
 
 
http://www.youtube.com/watch#playnext=1&playnext_from=TL&videos=OcgZ5zltmEA&v=IfkgJeO5Ym0 - Еве и видео од мечот


-------------


Постирано од: Nimbus
Датум на внесување: 14.Октомври.2010 во 04:00
Да се знае кој е прв сеа у Сериа А

Forza Lazio


Постирано од: емил
Датум на внесување: 23.Декември.2010 во 17:14

Клосе сака кариерата да ја продолжи во Лацио

 (ИНПРЕС)

Баерн Минхен Мирослав Клосе планира наскоро да го напушти својот клуб во Бундеслигата.

Клосе самиот призна дека би сакал да се обиде на Лацио, кој во моментов е на третото место во Серија А, со само три поени помалку од водечкиот Милан, по 17 одиграни кола.

- Рим е прекрасен град, би сакал да заиграм во Лацио, на кого оваа сезона му оди добро. Она што е сигурно е тоа дека од Баерн Минхен заминувам на крајот на сезоната, изјавил  Клосе за веб-страната Голманиа.

Баерн може да го ослободи Клосе веќе во јануарскиот  трансфер период но со одштета од 3,5 милиони евра.

Лацио е во потрага по напаѓач, по повредата на Серџо Флокари.

Покрај  Клосе  на листата желби на Лацио е и 20-годишниот одбранбен играч Диего Контенто



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 04.Јуни.2011 во 23:46
Муслера се сели во Галатасарај

Голманот на екипата на Лацио, Фернандо Муслера, најверојатно, следната сезона ќе ја дочека на голот на тим од турскиот шампионат. Уругваецот веќе извесно време споменува дека сака да си замине, а неговиот агент, Даниел Фонсека веќе објави дека Муслера сигурно си оди од Лацио.

"Муслера повеќе нема да стои меѓу диреците на голот на Лацио. Ова е лично решение на играчот, па затоа претседателот Лотито ќе мора да се замисли доколку сака да заработи на мојот клиент. Ако во Рим одлучат да не ги прифаќаат понудите, тогаш Фернандо ќе си замине како слободен играч во текот на 2012 година", коментираше Фонсека.

Како главен кандидат за услугите на Муслера се споменува турскиот Галатасарај. Овој состав подготвува тим што следната сезона ќе го врати стариот сјај на клубот и затоа потребно е да се има и квалитетен голман. Меѓутоа, тука може да се вмешаат и екипите на Арсенал и Тотенхем, кои исто така се во потрага по добар "чувар на мрежата". Затоа ова е одлична шанса за Лацио да заработи на голманот кој дојде во Рим во 2009 година, а со него "лацијалите" дојдоа и до трофеј во Купот на Италија.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 20.Јуни.2011 во 05:36
За неколку дена Џибрил Сисе потпишува за Лацио?

http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/19137/Djibril-Cisse.jpg">

Изминатата сезона во италијанската Серија А, фудбалерите на римски Лацио го освоија петтото место, со тоа се изборија за место во Лигата на Европа следната сезона.

Долго време Лацио се бореше и за место кое води во Лигата на Шампионите, но тоа не им успеа. Но, таквата добра сезона за нив е само предизвик да бидат што подобри. Стартуваа офанзивно и кога трансфер периодот е во прашање, па веќе го доведоа искусниот германски репрезентативец Мирослав Клосе, а наскоро римјаните би требало да потпишат договор и со 29-годишниот некогашен француски репрезентативец Џибрил Сисе.

Така пишуваат грчките медиуми кои наведуваат дека сеуште актуелниот напаѓач на Панатенаикос е на сигурен пат кон Рим. Имено, овој викенд претставници на Лацио во Марсеј одржале состаноксо Сисе на кој наводно, се е договорено.

Во кариерата Сисе играше за Оксер, Ливерпул, Марсеј и Сандерленд, а од 2009. година е член на Панатенаикос.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 30.Декември.2011 во 14:08

ЛАЦИО ГО САКА КУЗМАНОВИЌ






Римски Лацио има намера својот напаѓач Џибрил Сисе да го прати во Штутгарт, а во замена да го земе србинот Здравко Кузмановиќ, пишува Кориере Дело Спорт.




Сисе во Рим стигна минатото лето за 5.8 милиони евра од Панатинаикос, но францускиот напаѓач не остави добар впечаток на Олимпико, постигнувајќи само еден гол.

Италјанскиот тим сака да го зајакне везниот ред со донесувањето на Кузмановиќ, еден од клучните играчи на Штутгарт, кој пак бара напаѓач.

Лацио сепак има конкуренција во донесувањето на србинот во Торински Јувентус кој е заинтересиран исто за 24 годишниот Кузмановиќ.

Здравко има 43 настапи за репрезентацијата на Србија и постигна пет голови. Сисе за Франција одигра 41 натпревар и 9 пати беше стрелец.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 29.Јануари.2012 во 14:48

Кеисуке Хонда во Лацио






Јапонскиот фудбалер ке ја продолжи кариерата во римски Лацио, иако наводно бил на мета на поголеми европски клубови.


Јапонскиот дневен весник “Sports Nippon“ пишува дека Лацио и ЦСКА постигнале договор за оштетата за одличниот 25-годишен фудбалер, и дека Лацио ќе плати обештетување од 18.5 милиони долари.


Договорот помеѓу клубовите стигна веднаш откако Хонда ги договорил личните услови со претседателот на Лацио Клаудио Лотито.


Веќе во сабота Хонда бо мижел да ги помине лекарските прегледи во Рим, а договор ќе потпише откако Лацио ќе направи место за Јапонецот со продажба на еден од странците во екипата.


Хонда во ЦСКА пристигна пред две години од холандски Венло, а истата година беше брилијантен на Светското првенство во Јужна Африка. ЦСКА во моментов се наоѓа на подготовки во Марбеља, Шпанија




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk