Колку ги познаваме законите, уставот?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Право
Опис на форумот: Tолкување и коментирање закони, правни совети, судска практика
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=19680
Датум на принтање: 04.Декември.2024 во 20:35 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Колку ги познаваме законите, уставот?
Постирано од: Buggyman
Наслов: Колку ги познаваме законите, уставот?
Датум на внесување: 21.Јули.2009 во 12:35
Ги прегледав темите на подфорумот ПРАВО, сем жешки политички прашања нема прашање колку ние самите си ги познаваме нашите права, закони, уставот?
Како член на форумот, прочитав многу коментари кои го прекршуваат уставот и законите на Р.М. и таквиот пристап ми даде повод да се запрашаме, колку сме свесни дека во одредени коментари ги кршиме основните елементи на темелот на државата?
УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕАМБУЛА
Тргнувајќи од историското културно, духовно и државно наследство на македонскиот народ и од неговата вековна борба за национална и социјална слобода и за создавање своја држава, а посебно од државно-правните традиции на Крушевската република и историските одлуки на АСНОМ и уставно-правниот континуитет на македонската држава како суверена република во Федеративна Југославија, од слободно изразената волја на граѓаните на Република Македонија на референдумот од 8 септември 1991 година, како и од историскиот факт дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија, а со цел:
- Република Македонија да се конституира како суверена и самостојна и како граѓанска и демократска држава;
да се воспостави и изгради владеењето на правото како темелен систем на власта;
да се гарантираат човековите права, граѓанските слободи и националната рамноправност;
да се обезбеди мир и сожителство на македонскиот народ со националностите кои живеат во Република Македонија и
да се обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот.
Собранието на Република Македонија, донесува
УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава.
Суверенитетот на Република Македонија е неделив, неотуѓив и непренослив.
Член 2
Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните.
Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.
Член 3
Територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива.
Постојната граница на Република Македонија е неповредлива.
Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот.
Член 4
Граѓаните на Република Македонија имаат државјанство на Република Македонија.
На државјанин на Република Македонија не може да му биде одземено државјанството, ниту да биде протеран или предаден на друга држава.
Државјанството на Република Македонија се уредува со закон.
Член 5
Државни симболи на Република Македонија се: грб, знаме и химна.
Грбот, знамето и химната на Република Македонија се утврдуваат со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Член 6
Главен град на Република Македонија е Скопје.
Член 7
Во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.
Во единиците на локалната самоуправа во кои како мнозинство живеат припадниците на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и кирилското писмо, се и јазикот и писмото на националностите на начин утврден со закон.
Во единиците на локалната самоуправа во кои како значителен број живеат припадниците на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и кирилското писмо, се и јазикот и писмото на националностите, под услови и на начин утврдени со закон.
Член 8
Темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се:
основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот;
слободното изразување на националната припадност;
владеењето на правото;
поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска;
политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори;
правната заштита на сопственоста;
слободата на пазарот и претприемништвото;
хуманизмот, социјалната правда и солидарноста;
локалната самоуправа;
уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата и
почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право.
Во Република Македонија слободно е се што со Уставот и закон не е забрането.
II. ОСНОВНИ СЛОБОДИ И ПРАВА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ
1. Граѓански и политички слободи и права
Член 9
Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување; имотната и општествената положба.
Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
Член 10
Животот на човекот е неприкосновен.
Во Република Македонија не може да се изрече смртна казна по ниту еден основ.
Член 11
Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени.
Се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување.
Се забранува присилна работа.
Член 12
Слободата на човекот е неприкосновена.
Никому не може да му биде ограничена слободата, освен со одлука на судот и во случаи и во постапка утврдена со закон.
Лицето повикано, приведено или лишено од слобода мора веднаш да биде запознато со причините за неговото повикување, приведување или лишување од слобода и со неговите права утврдени со закон и од него не може да се бара изјава. Лицето има право на бранител во полициската и судската постапка.
Лицето лишено од слобода мора веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од моментот на лишувањето од слобода, да биде изведено пред суд, кој без одлагање ќе одлучи за законитоста на лишувањето од слобода.
Притворот може да трае по одлука на суд најдолго 90 дена од денот на притворувањето.
Притвореното лице може под услови утврдени со закон да биде пуштено да се брани од слобода.
Член 13
Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.
Лицето незаконито лишено од слобода, притворено или незаконито осудено, има право на надомест на штета и други права утврдени со закон.
Член 14
Никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна.
Никој не може повторно да биде суден за дело за кое веќе бил суден и за кое е донесена правосилна судска одлука.
Член 15
Се гарантира правото на жалба против поединечните правни акти донесени во постапка во прв степен пред суд, управен орган или организација или други институции што вршат јавни овластувања.
Член 16
Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.
Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање.
Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации.
Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање.
Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање.
Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање.
Цензурата е забранета.
Член 17
Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење.
Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката.
Член 18
Се гарантираат сигурноста и тајноста на личните податоци.
На граѓаните им се гарантира заштита од повреда на личниот интегритет што произлегува од регистрирањето на информации за нив преку обработка на податоците.
Член 19
Се гарантира слободата на вероисповеста.
Се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата.
Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред законот.
Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон.
Член 20
На граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања.
Граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат.
Програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните и политичките партии не можат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост.
Забранети се воени или полувоени здруженија што не им припаѓаат на вооружените сили на Република Македонија.
Член 21
Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола.
Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба.
Член 22
Секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право.
Избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање.
Избирачко право немаат лицата на кои им е одземена деловната способност.
Член 23
Секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции.
Член 24
Секој граѓанин има право да поднесува претставки до државните органи и другите јавни служби и на нив да добие одговор.
Граѓанинот не може да биде повикан на одговорност, ниту да трпи штетни последици за ставовите изнесени во претставките, освен ако со нив не сторил кривично дело.
Член 25
На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот.
Член 26
Се гарантира неповредливоста на домот.
Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување, на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето.
Член 27
Секој граѓанин на Република Македонија има право слободно да се движи на територијата на Републиката и слободно да го избира местото на своето живеалиште.
Секој граѓанин има право да ја напушти територијата на Републиката и да се врати во Републиката.
Остварувањето на овие права може да се ограничи со закон, единствено во случаите кога е тоа потребно заради заштита на безбедноста на Републиката, водење на кривична постапка или заштита на здравјето на луѓето.
Член 28
Одбраната на Република Македонија е право и должност на секој граѓанин.
Остварувањето на ова право и должност на граѓаните се уредува со закон.
Член 29
Странците во Република Македонија уживаат слободи и права гарантирани со Уставот, под услови утврдени со закон и меѓународни договори.
Републиката им гарантира право на азил на странците и на лицата без државјанство, прогонети заради демократско политичко уверување и дејствување.
Екстрадиција на странец може да биде извршена само врз основа на ратификуван меѓународен договор и врз начелото на реципроцитет. Странец не може да биде екстрадиран заради политичко кривично дело. Дејствијата на тероризам не се сметаат за политички кривични дела.
2. Економски, социјални и културни права
Член 30
Се гарантира правото на сопственост и правото на наследување.
Сопственоста создава права и обврски и треба да служи за добро на поединецот и на заедницата.
Никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон.
Во случај на експропријација на сопственоста или во случај на ограничување на сопственоста се гарантира праведен надомест кој не може да биде понизок од пазарната вредност.
Член 31
Странско лице во Република Македонија може да стекнува право на сопственост под услови утврдени со закон.
Член 32
Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност.
Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место.
Секој вработен има право на соодветна заработувачка.
Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права вработените не можат да се откажат.
Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.
Член 33
Секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.
Член 34
Граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор.
Член 35
Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална праведност.
Републиката им гарантира право на помош на немоќните и на неспособните за работа граѓани.
Реубликата им обезбедува посебна заштита на инвалидните лица и услови за нивно вклучување во општествениот живот.
Член 36
Републиката им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција.
Посебните права се уредуваат со закон.
Член 37
Заради остварување на своите економски и социјални права, граѓаните имаат право да основаат синдикати. Синдикатите можат да основаат свои сојузи и да членуваат во меѓународни синдикални организации.
Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на синдикално организирање во вооружените сили, полицијата и органите на управата.
Член 38
Се гарантира правото на штрајк.
Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на штрајк во вооружените сили, полицијата и органите на управата.
Член 39
На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита.
Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.
Член 40
Републиката му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството.
Правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се уредуваат со закон.
Родителите имаат право и должност да се грижат за издржување и воспитување на децата. Децата се должни да се грижат за старите и изнемоштени родители.
Републиката им обезбедува посебна заштита на децата без родители и децата без родителска грижа.
Член 41
Право на човекот е слободно да одлучува за создавање на деца.
Републиката, заради усогласен економски и социјален развој, води хумана популациона политика.
Член 42
Републиката посебно ги заштитува мајчинството, децата и малолетните лица.
Лице помладо од 15 години живот не може да биде вработено.
Малолетните лица и мајките имаат право на посебна заштита при работа.
Малолетните лица не смеат да бидат вработувани на работни места што се штетни за нивното здравје и моралот.
Член 43
Секој човек има право на здрава животна средина.
Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата.
Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина.
Член 44
Секој има право на образование.
Образованието е достапно на секого под еднакви услови.
Основното образование е задолжително и бесплатно.
Член 45
Граѓаните имаат право, под услови утврдени со закон, да основаат приватни образовни установи во сите степени на образованието, освен во основното образование.
Член 46
На универзитетот му се гарантира автономија.
Условите за основање, вршење и престанок на дејноста на универзитетот, се уредуваат со закон.
Член 47
Се гарантира слободата на научното, уметничкото и на другите видови творештво.
Се гарантираат правата што произлегуваат од научното уметничкото или друг вид интелектуално творештво.
Републиката го поттикнува, помага и штити развојот на науката, уметноста и културата.
Републиката го поттикнува и помага научниот и технолошкиот развој.
Републиката ги поттикнува и помага техничката култура и спортот.
Член 48
Припадниците на националностите имаат право слободно да ги изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и националните особености.
Републиката им ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на националностите.
Припадниците на националностите имаат право да основаат културни и уметнички институции, научни и други здруженија заради изразување, негување и развивање на својот идентитет.
Припадниците на националностите имаат право на настава на својот јазик во основното и средното образование на начин утврден со закон. Во училиштата во кои образованието се одвива на јазикот на националноста се изучува и македонскиот јазик.
Член 49
Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив.
Републиката се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на Републиката во странство.
3. Гаранции на основните слободи и права
Член 50
Секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на Република Македонија во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност.
Се гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања.
Граѓанинот има право да биде запознат со човековите права и основни слободи и активно да придонесува, поединечно или заедно со други за нивно унапредување и заштита.
Член 51
Во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.
Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Член 52
Законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.
Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија" најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.
Законите влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето, а по исклучок, што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето.
Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните.
Член 53
Адвокатурата е самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон.
Член 54
Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.
Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на воена или вонредна состојба според одредбите на Уставот.
Ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба.
Ограничувањето на слободите и правата не може да се однесува на правото на живот, забраната на мачење, на нечовечко и понижувачко постапување и казнување, на правната одреденост на казнивите дела и казните, како и на слободата на уверувањето, совеста, мислата, јавното изразување на мислата и вероисповеста.
4. Основи на економските односи
Член 55
Се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото.
Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот. Републиката презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот.
Слободата на пазарот и претприемништвото можат да се ограничат со закон единствено заради одбраната на Републиката, зачувувањето на природата, животната средина или здравјето на луѓето.
Член 56
Сите природни богатства на Републиката, растителниот и животинскиот свет, добрата во општа употреба, како и предметите и објектите од особено културно и историско значење определени со закон се добра од општ интерес за Републиката и уживаат посебна заштита.
Републиката гарантира заштита, унапредување и збогатување на историското и уметничкото богатство на македонскиот народ и на националностите, како и на добрата кои го сочинуваат без оглед на нивниот правен режим.
Со закон се уредуваат начинот и условите под кои определени добра од општ интерес за Републиката можат да се отстапат на користење.
Член 57
Републиката го поттикнува економскиот напредок и се грижи за порамномерен просторен и регионален развој како и за побрз развој на стопански недоволно развиените подрачја,
Член 58
Сопственоста на трудот се основа за управување и учество во одлучувањето.
Учеството во управувањето и одлучувањето во јавните установи и служби се уредува со закон и врз принципите на стручност и компетентност.
Член 59
На странските вложувачи им се гарантира правото на слободно изнесување на вложениот капитал и добивката.
Правата стекнати врз основа на вложениот капитал не можат да се намалуваат со закон или друг пропис.
Член 60
Народната банка на Република Македонија е емисиона банка.
Народната банка е самостојна и одговорна за стабилноста на валутата, за монетарната политика и за општата ликвидност на плаќањата во Републиката и кон странство.
Организацијата и работата на Народната банка се уредуваат со закон.
Да се потрудиме да го запознаеме темелот на вредностите на нашата држава.
------------- Homo homini lupus est...
|
Коментари:
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 21.Јули.2009 во 13:46
Подфорумот право е отворен неодамна, со тоа што најголем дел од темите се префрлени од други подфоруми, претежно од политика, затоа и коментарите се воглавно политички.
Факт е дека многу слабо си ги познаваме законите и законските прописи, а многумина не ги познаваат ни најосновните одредби од уставот. Доста луѓе не си ги знаат своите законски права кои се однесуваат на најразлични ситуации од секојдневието, па соодветно не знаат ни како да се заштитат од непожелни или неправедни ситуации, преку правни лекови.
Дали тоа се должи на неинформираност, незаинтересираност, недоволна едукација и запознавање на граѓаните со нивните законски права и обврски не знам, но сигурно има од се по нешто...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 21.Јули.2009 во 14:44
има и такви кои ги имаат во малиот прст па што ?
ако е според законот и уставот , многу нешта треба бидат поинаку отколку што се ...... на пример , министерот за правда треба да оди на суд поради прекршување на правото и законските регулативи ...................
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН
|
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 23.Јули.2009 во 11:03
МАРШАЛ напиша:
има и такви кои ги имаат во малиот прст па што ?
ако е според законот и уставот , многу нешта треба бидат поинаку отколку што се ...... на пример , министерот за правда треба да оди на суд поради прекршување на правото и законските регулативи ................... |
Пак политика?
Дали ти како граѓанин знаеш дека имаш право да поднесеш жалба до уставниот суд за чекори кои се превземени од некои индивидуи од политичкиот живот, и ако мислиш/сигурен си во тоа, да реагираш за да го сопреш таквото девијантно однесување на истите?
Тоа е основата на граѓанинот, да знае што може да стори за своето општество а да не бега од правните мерки. Не вреди да си кажуваме преку интернет дека овој/оној го прави ова/она, туку колку си ги познаваме своите права и обврски и како да реагираме на сето тоа!
Потребни ни се повеќе информации за да станеме посовршено граѓанско општество, каде нема да слушаме “чаршиски муабети“ туку она што ке го кажеме да има смисол во животот.
Офтопик, знам дека министерот треба да даде оттчет пред јавноста, дали го злоупотребил пезнискиот фонд или не.
------------- Homo homini lupus est...
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 18.Септември.2009 во 10:56
ic..
i nitu sakam da gi znam oti ne vredi ...
sve so ,,dupki,, se.....
koga ke go donesat zakonot za potekloto na imotot ...
vidi bogat denes klosar bez shkolo.......
po edna nedela biznismen,politicar,sopstvenik na nekretnini i doktor na nauki.....
ovaaaaaaa malku morgen togash....
togash ke se zainteresiram za drugite zakoni..
eeeeeeeee sho uboo beshe imash kukja vrati stan...
ela be ti vamu.....
od kade ova ona preku nok ..pari...diploma??
koga ke se sredi toa....
eeee.... toa e baza - osnova za site drugi malverzaci i zakonot ke funkcionira...
do togash udri edna pesna majstore da ne puknam od merak....
-------------
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 19.Септември.2009 во 00:15
bijonse1 напиша:
ic..
i nitu sakam da gi znam oti ne vredi ...
sve so ,,dupki,, se.....
|
Можеби нема потреба да ги познаваш сите законски и подзаконски акти, но Уставот треба да го познаваш, додека пак, особено значајно е да се знаат основните слободи и права правата на човекот и граѓанинот ( вториот дел од Уставот ) кои ни се гарантирани од Уставот на Република Македонија!
-------------
|
Постирано од: mariija
Датум на внесување: 19.Септември.2009 во 00:30
ne e dovolno da gi poznavame i tolkuvame treba da se primenuvaat onaka kako e i propishano bez provlekuvanje
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 22.Септември.2009 во 12:35
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 28.Септември.2009 во 14:28
mislev deka poveke go poznavam zakonot ,ama sum bil vo za-bluda...
....-za povikuvanje na bojkot,narusuvanje na javen red i mir i zakana po drzavnoto ureduvanje,poredokot,mislev deka sleduva krivicna prijava..pr.izjavata na "po-brat-imot "...
-NE SI IGRAJTE SO OGAN,KE IZGORITE ...
-AKO NE SE PRIFATAT ZABELESKITE ZA MAKEDONSKATA "ENCI-MENCI"(m.z),KE GO ZAPALIME DRZAVNOTO ZNAME PRED SOBRANIE...
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: RORAIMA
Датум на внесување: 15.Октомври.2009 во 22:17
Zakonot sekoj od nas mora da go poznava.
Vo pravoto postoi klauzula :
Koj ne go poznava pravoto NE MOZE NA TOA DA SE VADI ??
Ako ti cini
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 15.Октомври.2009 во 22:25
"Zakonot sekoj od nas mora da go poznava"
mora da umre chovek!...nishto drugo ne e moralno....zakonite postojano se menuvaat i nadopolnuvaat. i shto sega ,...ke zeme sekoj da vidi da ne ima neshto novo vo niv,a?....
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: AcaRank.
Датум на внесување: 17.Октомври.2009 во 17:47
Не многу.
------------- Toa shto ne se postigna vo 1966 da go npravime sega....
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 17.Октомври.2009 во 21:04
sekoj shto ima ...i malku pamet...treba da gi znae,..bez da gi prochita ( barem onie shto se ...logichki )....jasno e deka ne moze da ti treshti muzika od domot...nasred polnokj...a ne da se vadish deka ne si znael deka komshijata ne ti epo muzikata ..i sl..uostalom...shto ima da uchish?...a be imash znak deka ne smeesh tuka da prakirash i ....tochka!....i milon drugi sl. stvari...ne e problemot vo znaenjeto tuku na,...nepridrzuvanjeto !.
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Лазиќ Н.
Датум на внесување: 30.Октомври.2009 во 22:26
Тоа колку ги познаваме уставот и законите зависи до карактерот на самата индивидуа...
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 21.Април.2011 во 17:52
Уставот гарантира почитување и заштита на приватноста на личниот и семејниот живот, почитување и заштита на достоинството и на угледот, како и сигурност и тајност на личните податоци.
Македонскиот устав изгледа ова не го гарантира за жал.
Абе реков јас и има уште милион пати да повторам дека државата ни е под НУЛА
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 21.Април.2011 во 18:01
Mindy напиша:
Македонскиот устав изгледа ова не го гарантира за жал.[/IMG]
|
Според ова што го пишуваш, можам да заклучам дека не си го прочитала македонскиот Устав...
-------------
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 21.Април.2011 во 18:07
Јас ништо не измислувам од мене туку коментирам на реченица напишана во книгава тука за полагање за државни службеници
Јас главата си ја сечам ако некој од вработените има поима од некој закон и слично.
Затоа ке си продолжам да ја критикувам државата дека не ни вреди и тоа е тоа.
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 21.Април.2011 во 18:14
Mindy напиша:
Јас ништо не измислувам од мене туку коментирам на реченица напишана во книгава тука за полагање за државни службеници.
|
Според тоа што го напиша горе, секој, кој го познава Уставот ќе го заклучи тоа што го напишав. А кој сака да види што пишува во Уставот, доволно е да седне и еднаш да го прочита, ништо повеќе. Тоа што не го пишува во прирачник, не значи дека го нема. Се сложувам дека е виновна државата што ги учи своите службеници да користат прирачници, а не да се посоветуваат со самиот Устав, кој за неполни 20 минути се чита, па потоа не можат во Устав да се снајдат. Нормално дека нема да можат.
-------------
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 21.Април.2011 во 18:24
Не е работата да се прочита некој закон, целата работа е во почитувањето.
Во Македонија наместо полицијата, судтсвото , министерствата да им бидат пример на граѓаните за политување на законите , за жал вработените си прават прекршоци и ја злоупотребуваат својата функција.
Епа како после очекуваш од еден обичен граѓанин да ги почитува законите ??
Џабе е да му речиш на некој да го прочита уставот , и 100 пати да го чита , факт е дека во оваа држава едноставно НЕМА закони, НЕМА устав.
Е како што ти
|
member_profile.asp?PF=18840&FID=97 - Македон
| се сложуваш дека е виновна државата и јас така се сложувам со секој кој ја критикува државата, бидејки критиките се на место и никој не може на некој да му затвори очи кога гледа дека ништо не е како што треба да биде.
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 21.Април.2011 во 18:30
Mindy напиша:
Е како што ти Македон се сложуваш дека е виновна државата и јас така се сложувам со секој кој ја критикува државата, бидејки критиките се на место и никој не може на некој да му затвори очи кога гледа дека ништо не е како што треба да биде.
|
Јас кажав, виновна е државата, виновни се и тие службеници кои мислат дека со едно прочитување на некое брошурче се знаат. А не се сложувам со секоја критика. На пример, твојата критика дека македонскиот Устав не ги штити нештата кои ти ги спомна е класична невистина. Во член 18 јасно си пишува за тоа прашање. А при очи, сеуште не дозволувам никој да, како што велиш ти, ми затвора очи.
-------------
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 21.Април.2011 во 18:36
Македон напиша:
Јас кажав, виновна е државата, виновни се и тие службеници кои мислат дека со едно прочитување на некое брошурче се знаат. А не се сложувам со секоја критика. На пример, твојата критика дека македонскиот Устав не ги штити нештата кои ти ги спомна е класична невистина. Во член 18 јасно си пишува за тоа прашање. А при очи, сеуште не дозволувам никој да, како што велиш ти, ми затвора очи. |
Па да, убедена сум дека уставот на Македонија апсолутно не ја заштитува приватноста.
А за посочувањето дека некој член објаснувал нешто , па искрено и немам баш некоја доверба во оној кој го пишувал уставот
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 22.Април.2011 во 02:27
Mindy напиша:
Македон напиша:
Јас кажав, виновна е државата, виновни се и тие службеници кои мислат дека со едно прочитување на некое брошурче се знаат. А не се сложувам со секоја критика. На пример, твојата критика дека македонскиот Устав не ги штити нештата кои ти ги спомна е класична невистина. Во член 18 јасно си пишува за тоа прашање. А при очи, сеуште не дозволувам никој да, како што велиш ти, ми затвора очи. | Па да, убедена сум дека уставот на Македонија апсолутно не ја заштитува приватноста.А за посочувањето дека некој член објаснувал нешто , па искрено и немам баш некоја доверба во оној кој го пишувал уставот |
Tи можеш да си убедена во се, ама штом нешто го пишува, секој може да провери и да утврди дека не си во право. Доволно е да знае да чита. Ти можеш и да не веруваш дека Уставот постои, ама твоето верување нема никакв врска со фактите. Тоа е само верување. Реалноста е нешто друго.
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 22.Април.2011 во 03:02
...sigurno taa misli na toa deka vo praksa ne e bash kojznae kolku zashtitena ,...ne deka ne go pishuva toa vo ustavot!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 25.Април.2011 во 20:18
Македон напиша:
Tи можеш да си убедена во се, ама штом нешто го пишува, секој може да провери и да утврди дека не си во право. Доволно е да знае да чита. Ти можеш и да не веруваш дека Уставот постои, ама твоето верување нема никакв врска со фактите. Тоа е само верување. Реалноста е нешто друго. |
Е како не сум во право ? Зарем има некој во Мк кој ги почитува законите ?
Еве сега ме провоцираш па ке ти кажам Ч татко ми работи во МВР и вели дека вработените таму не почитуваат ништо, па што останало за другиве. Многу близок роднина работи во министерство за труд и социјала и он вели ма какви закони, државата е катастрофа , битно да се снајдеш со работно место и после си го ладиш само. И уште неколку роднини пример прва братучетка работи во локалната самоуправа и ми вели дека тотално ништо не се почитува , дури се нема никаков респект кон обичниот граѓанин.
Немојте мене тие финти за закониве и за тоа колку бил битен уставот дали требало да се чита.
Реков јас и тоа е тоа, толку сум негативна спрема Македонија што не ми треба ништо од оваа проклета држава каде се нема култура и ништо не се почитува.
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 25.Април.2011 во 20:23
И пак ќе повторам..... Во оваа наша држава, нема закони, нема устав , факт е тоа.
|
Постирано од: annaja
Датум на внесување: 26.Април.2011 во 19:44
Закони може има.....но дали некој ги почитува и чита.....а и кој како ги користи или не користи. Хартија трпи.....
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 27.Април.2011 во 00:10
Mindy напиша:
Македон напиша:
Tи можеш да си убедена во се, ама штом нешто го пишува, секој може да провери и да утврди дека не си во право. Доволно е да знае да чита. Ти можеш и да не веруваш дека Уставот постои, ама твоето верување нема никакв врска со фактите. Тоа е само верување. Реалноста е нешто друго. | Е како не сум во право ? Зарем има некој во Мк кој ги почитува законите ?Еве сега ме провоцираш па ке ти кажам Ч татко ми работи во МВР и вели дека вработените таму не почитуваат ништо, па што останало за другиве. Многу близок роднина работи во министерство за труд и социјала и он вели ма какви закони, државата е катастрофа , битно да се снајдеш со работно место и после си го ладиш само. И уште неколку роднини пример прва братучетка работи во локалната самоуправа и ми вели дека тотално ништо не се почитува , дури се нема никаков респект кон обичниот граѓанин.Немојте мене тие финти за закониве и за тоа колку бил битен уставот дали требало да се чита.Реков јас и тоа е тоа, толку сум негативна спрема Македонија што не ми треба ништо од оваа проклета држава каде се нема култура и ништо не се почитува. |
Немам сега намера да те разубедувам и да ти ги покажувам контрадикторностите кои ги напиша во другите постови и да ти објаснувам која е разликата меѓу непочитување Устав и закон и немањето на Устав и закони. Самата треба да сфатиш дека не си во право. Впрочем, секој кој ти ги чита постовите лесно го доловува тоа. Не е само да кажеш "реков јас и тоа е тоа". Треба да ја познаваш разликата меѓу немање закон за нешто и непочитување на истото. Во правото има разлика меѓу едното и другото, која ти очигледно е дека не ја правиш и разбираш.
-------------
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 27.Април.2011 во 00:12
Mindy напиша:
И пак ќе повторам..... Во оваа наша држава, нема закони, нема устав , факт е тоа.
|
За да нешто биде факт, тоа треба да е јасно докажано. Ти ова кое го пишуваш е твое субјективно толкување на нештата,кои немаат никаква врска со објективната реалност. За жал, тоа не е факт, туку лично доживување и е далеку од фактите.
-------------
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 27.Април.2011 во 13:01
Во ред Македон, тоа е твое мислење.
Да имаше закони во Македонија, ќе бевме многу напред во се и животот ќе ни беше среден.
Но бидејки немаме закони и никаков Устав (изгледа само оние кои студираат правен факултет ги учеле законите и уставот па се убедени дека постојат) , на останатите исто им се фаќа.
Во 90 % сум секогаш во право, барем така покажал животот до сега, така да нема потреба јас да правам разлика.
Мислам дека и нема потреба сега за безвеза да се расправаме , се е џабе кога ниту ти , ниту јас не можеме ништо да смениме и секако секој со свои сваќања и убедувања ќе си коментира.
И да не се сфатиме погрешно : немам намера да провоцирам на форумот , туку причината е што сум револтирана и крајно разочарана од Македонија како држава.
Во Уставот на РМ , едно од политичките слободи и права на граѓанинот е слободата на јавниот говор и на јавниот настап што значи право на човекот јавно да ги изразува своите мисли - не само со зборови, туку и со други средства за изразување. |
Само едно потсетување , за да не испадне на крај Mindy е банирана бидејќи навредува на национално ниво
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 27.Април.2011 во 16:39
Mindy напиша:
Во ред Македон, тоа е твое мислење.Да имаше закони во Македонија, ќе бевме многу напред во се и животот ќе ни беше среден.Но бидејки немаме закони и никаков Устав (изгледа само оние кои студираат правен факултет ги учеле законите и уставот па се убедени дека постојат) , на останатите исто им се фаќа.Во 90 % сум секогаш во право, барем така покажал животот до сега, така да нема потреба јас да правам разлика.Мислам дека и нема потреба сега за безвеза да се расправаме , се е џабе кога ниту ти , ниту јас не можеме ништо да смениме и секако секој со свои сваќања и убедувања ќе си коментира.И да не се сфатиме погрешно : немам намера да провоцирам на форумот , туку причината е што сум револтирана и крајно разочарана од Македонија како држава.
Во Уставот на РМ , едно од политичките слободи и права на граѓанинот е слободата на јавниот говор и на јавниот настап што значи право на човекот јавно да ги изразува своите мисли - не само со зборови, туку и со други средства за изразување. | Само едно потсетување , за да не испадне на крај Mindy е банирана бидејќи навредува на национално ниво
|
Ќе споменам дека има огромна разлика меѓу непостоење закон за определени нешта и неприменување на истиот. A таа разлика е од витално значење.
Досега не сум банирал за изразување на слободно мислење, така што немало потреба да ми поставуваш делови од разно-разни прирачници за тоа како се толкува Уставот. Искрен да бидам, ниту сум ги читал тие прирачници, ниту пак имам некоја голема желба да ги прочитам.
-------------
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 28.Април.2011 во 12:57
Македон напиша:
Ќе споменам дека има огромна разлика меѓу непостоење закон за определени нешта и неприменување на истиот. A таа разлика е од витално значење.
Досега не сум банирал за изразување на слободно мислење, така што немало потреба да ми поставуваш делови од разно-разни прирачници за тоа како се толкува Уставот. Искрен да бидам, ниту сум ги читал тие прирачници, ниту пак имам некоја голема желба да ги прочитам. |
Намерата ми беше да потсетам дека сепак некој некаде ги пишал тие политички слободи на граѓанинот и дека НЕКОГАШ стварно треба да се толерира на форумот и да се испочитуваат тие слободи на изразување. Респект за тебе штом барем ти ги почитуваш
А што се однесува до прирачникот од 354 страни кои лично мислам дека е дел од материјалот кој се учи и полага на некои факултети , мислам дека не треба на индиректен начин да ги понижуваме оние партиско примени државни службеници кои полагале баш од таа книга.
Можеби и на форумот ќе се пронајде некој од нив , само што нема да има храброст да коментира од срам поради „големото„ знаење што го има.
Знаеш, јас иако не сум студирала право и политика, сепак бев љубопитна и го позејмив прирачников од другарка ми која го положи испитот , чисто сакав да се информирам и да разлистам за некои работи.
Како и да е , темата се однесува конкретно за тоа колку ги познаваме законите и уставот, па еве верувам дека ти имаш некои познавања околу тоа и можеш да дадеш мислење од твоја гледна страна, бидејќи јас не сум доволно упатена, а баш сакам да знам
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 29.Април.2011 во 17:22
Mindy напиша:
Како и да е , темата се однесува конкретно за тоа колку ги познаваме законите и уставот, па еве верувам дека ти имаш некои познавања околу тоа и можеш да дадеш мислење од твоја гледна страна, бидејќи јас не сум доволно упатена, а баш сакам да знам |
Aко мислиш на Уставот и законите, мислам дека кај нас народот добро го познава Уставот, а во однос на законите, не гледам причина зошто мора лаик да ги познава сите закони. Оние кои некому му се потребни, за среќа, сега се мошне лесно и бесплатно достапни и ќе може да ги прочита, а и доколку има потреба, лесно може да се најде толкување од страна на правник.
А за она што го кажав за службениците, двајцата знаеме дека не грешам. Прирачникот како таков може и да е добар, ама бидејќи знаеме кај нас како одат работите, мислам дека знаеш што сакам да кажам во однос токму на тие нешта кои се случуваат во државните органи .
Патем, во однос на правилата на форумот, сите тие се во согласност со Уставот и законите.
-------------
|
|