Испечати | Затвори го прозорот

Дали Европа се кае ?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Свет
Опис на форумот: Масони, Рокфелер, Ирак, Иран, Балкан Експрес...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=19399
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 02:36
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Дали Европа се кае ?
Постирано од: ss_derIvat_ss
Наслов: Дали Европа се кае ?
Датум на внесување: 15.Јуни.2009 во 18:45
ПО СЛОВЕНЕЧКАТА ЗАБРАНА ЗА ИЗДАВАЊЕ РАБОТНИ ДОЗВОЛИ НА КОСОВАРИ


Албанците ќе ги бојкотираат словенечките производи


Тахор Малиќај, претседател на Сојузот за културни друштва на Албанците во Словенија, најавил дека ќе побара бојкот на словенечките производи во Косово доколку владата на Пахор не се откаже од рестрикцијата за Косоварите


Словенечките Албанци се огорчени од забраната за вработување на нивните сонародници од Косово, јавуваат електронски медиуми по одлуката на владата на Борут Пахор да забрани издавање на работни и дозволи за престој на граѓаните на Косово.
"Ќе остане ли Косово без словенечки производи?" гласи еден од насловите кои се појавија во весниците затоа што Тахор Малиќај, претседател на Сојузот за културни друштва на Албанците во Словенија, најавил дека ќе побара бојкот на словенечките производи во Косово доколку владата на Пахор не се откаже од рестрикцијата за Косоварите.

Малиќај тврди дека одредбата со која по предлог на словенечкото Министерство за труд воведена е забрана за вработување и работа за "државјаните на Косово - е некоректна и дискриминаторна". Љубљанските медиуми ваквите изјави на Малиќај ги неутрализираат потсетувајќи дека "Косоварите масовно ги злоупотребувале словенечки работни и дозволи за престој за работа на црно во другите замји од Западна Европа". На тоа Малиќај одговара дека оние кои ги злоупотребувале дозволите - одговараат пред законот, но поради нив "жртва не смее да биде целата држава Косово". Наведува дека Словенија има апарат со кој може да ја спречи злоупотребата, а тоа е "список на работните дозволи врз основа на кој се знае кои работодавци барале работна сила", па може "да им натовари на врат инспектори за труд кои ќе утврдат каде се работниците" увезени од Косово.

Во Словенија живеат и работат околу 30.000 Албанци од Косово, во чие име Малиќај бара објаснување од словенечката влада. Вели дека по настанатите проблеми "е во постојан контакт со државните служби во Косово", па "ќе притисне официјално Косово да ја прифати повратната мерка - забрана за увоз и извоз на производи од Словенија".

На заканата веќе имаше реакции од некои словенечки компании, меѓу кои прва "Љубљанска млекара". Оваа компанија во Косово заработува четири проценти од својот профит, поради што повикот за забрана на дистрибуцијата на своите производи во Косово ја оценува како "страшен удар". Рената Ловрак, претставничката на "Љубљанска млекара", му порачала на премиерот Пахор дека "владата во ваков случај би требало да ги земе предвид интересите на словенечкото стопанство и да ги почитува желбите на словенечките стопанственици". На Ловрак и се придружи и Душан Семулиќ, претседател на Сојузот на слободните синдикати на Словенија. Изненаден е од новата одредба затоа што "не познава ниту еден пример некоја европска држава да воведе ограничувања вперена против некоја конкретна држава", па не разбира "зошто проблемот е лоциран на државјаните на Косово" наместо да се пронајде "системско решение без оглед на државјанството".

Што се однесува на забелешката дека одредбата воведува дискриминација на Албанците, но и на другите народи од Косово и Метохија, возвраќа дека забраната важи за странци кои имаат престој на Косово, а немаат дозвола за престој во Словенија, затоа што "е забрането издавање на дозволи за застапници и мнозински сопственици на мали и средни претпријатија кои немаат седиште во Словенија". Официјална Љубљана не очекува дека Приштина ќе преземе радикални противмерки, затоа што е факт дека "државјаните на Косово во преку 3000 случаи во текот на претходните месеци ги злоупотребиле словенечките работни и дозволи за престој" во Швајцарија, Германија, Австрија, Франција...

На забелешката дека новата правна одредба не е во склад со прописите на ЕУ, објаснувањето е дека проблемот со вработувањето на државјани од трети држави е препуштен на секоја земја-членка на ЕУ поединечно, по сопствена волја. Словенија тоа го оправдува како национален интерес.




Лицемерие од невидени размери, од една страна Словенија ја признава нелегалната независност на Косово од друга страна не сака да ги види во својата држава.



Коментари:
Постирано од: brza
Датум на внесување: 15.Јуни.2009 во 21:01
a nbe ajde!!,..nema toa nikakva vrska so licemerstvo,..ednostavno, ..praktichnost e vo pitanje!

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 15.Јуни.2009 во 22:44
 
Колку што јас се сеќавам и косовските шиптари не сакаат да видат никој друг на своја територија.
 
голема%20насмевка


-------------
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!


Постирано од: dras
Датум на внесување: 16.Јуни.2009 во 00:05
....зошто Европа би се кајала што косовароте ќе го бојкотираат словенското ....млеко!?....па Го....Алба.   ..не ја правеше Европа него таканаречениот светски докажан, прв полицаец,...а не видам кајање од негова страна,....БондСтил функционира, ...Комплексот на Кале профункционира,...линијата е воспоставена,....што туак има Европа да се кае!?....


Постирано од: ss_derIvat_ss
Датум на внесување: 16.Јуни.2009 во 15:46
Pa od edna strana da im dades drzava na nelegalen nacin i protiv site megunarodni prava, a od druga da gi cistis od sopstvenata drzava, neli e toa licemerie.




Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 17.Јуни.2009 во 02:22
Бидејќи темава не е во директна корелација со Македонија и македонската политика, ја префрлам во Свет.
Продолжете ја дискусијата овде.


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 17.Јуни.2009 во 12:45
evropa , starata bludnica nema zosto da se kae ... koja prostitutka se pokajala otkako gi zela parite ? otkako naplatila DEBELO  голема%20насмевка

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk