Испечати | Затвори го прозорот

“Морални вредности“ во политиката

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=19320
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 19:39
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: “Морални вредности“ во политиката
Постирано од: mamamd
Наслов: “Морални вредности“ во политиката
Датум на внесување: 07.Јуни.2009 во 08:15
Светската,  а најмногу европската политичка сцена ја тресат скандали а богами и фотографии со пикантни ситуации од животот на политичарите.
Се менуваат времињата. Порано политичарите морале да прикажуваат беспрекорен семеен живот за да можат да бидат избрани. Често низ старите новинарски записи се среќаваат информации за сексуални афери кои некако на брзина биваа заташкувани. Сите се сеќаваме на нетака одамна аферата на Клинтон и Моника Левински, која го кошташе повторен избор самиот Клинтон. Новите времиња донесоа нови луге, разведени, хомосексуалци, лезбејки па и кажано нашки швалери. Читајки за сочните приказни за Берлускони се прашувам, заостануваме ли ние малку, припрости ли ни се нашите политичари? Се занимаваме ли ние само со муабети за кражби, лично богатење? Искрено добивам желба да прочитам некоја ваква сочна аферичка за некој наш политичар, колку да сме во тренд со светот.
Овака засега ке се задоволиме со читање на афери за Берлускони и неговите пријатели.
Имаат ли политичарите морал? Дозволено ли е ова што го прават?
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109634 - Тополанек гол?



Коментари:
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 07.Јуни.2009 во 10:36
"Тоа се невини фотографии, нема никаков скандал, но тоа е нарушување на приватноста и скандалозна агресија", изјави Берлускони

Nema vekje moral,naprotiv se zloupotrebuva mokjta na politicharite,kolku na pogorna lina se ,tolku pobizarni raboti pravat,a Klinton moze voda da mu nosi na Berluskoni za skandali.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 12.Јуни.2009 во 06:48
За овие знаеме дека се богати,а за нашите никако да дознаеме
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=D4B9275D1149DE4182E5666FFB212E3A - Имотот на Иванов и Црвенковски се уште тајна!  

-------------


Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 24.Јули.2009 во 16:41
Originally posted by Buggyman Buggyman напиша:

Originally posted by ABC ABC напиша:

Originally posted by Buggyman Buggyman напиша:


Иако топикот визна либерализација е темата, ние продолжуваме со сосема други теми. Од чиста к*ртоазија ке се осврнам повторно на зададената тема дека, визите се потребни за земји кои не го исполнуваат меѓународното право, со самиот чин на ПРЕПОРАКА за симнување на шенген визите за Македонија (за Србија и Црна Гора е сеуште неизвесно поради биометриските пасоши и др.), се дава знак дека како земја напредуваме во исполнување на зададените задачи и обврски.
П.С.- Болдованиот дел на твојот коментар, иако претходно се повикуваше на морални норми, одеднаш го менуваш мислењето и се повикуваш на, цитирам:
според сите меѓународни норми и закони,кој го почитуваат принципот на “трета безбедна земја“,
Не те разбирам, од принцип ке се држам до своите идеали, дали се во прашање своите интерси или интересите на “трета страна“. Се прашувам, колку сме искрени и МОРАЛНИ кога преку ноќ менуваме ставови, дали е ИНТЕРЕСОТ ВО ПРАШАЊЕ?

Не знам што е нејасно во мојот пост?Не може бе другарче Македонија до 1992ра да ги исполнува сите меѓународни норми и закони за визна либерализација,и врз основа на тоа да има либерален визен режим заедно со другите споменати земји од поранешна Југославија,па наеднаш или преку ноќ од 01.01.1992ра тие закони и норми Македонија да не ги исполнува за да и се “тртне“ визен режим како и на само 3те преостанати земји од таа Југославија,додека другите две Словенија и Хрватска остануваат со либерален визен режим како и дотогаш,иако и тие не го исполнуваат воопшто истото меѓународно право кое важи за Македонија и другите.Значи препораката за укинување на виниот режим е чиста фарса особено кога се знае дека истовремено за Словенија и Хрватска таквиот визен режим не беше ни воведен.Тоа ли е морал?Или не е ли тоа менување ставови преку ноќ од страна на цела една ЕУ за која ставот на еден АВС воопшто како и да не постои,па според тоа не се важни ни неговите морални вредности како единка.Би потенцирал во контекст на темава дека Македонија ги исполнува сите меѓународни норми и прописи,во рамките на своите реални можности,тука треба да се земе во обзир и фактот дека Македонија уште во 1999 година ги надмина сопствените можности во поглед на меѓународните права со што успеа да згрижи “фрапантни“ 20% странци според бројот на сопственото население,бегалци од туѓа територија.За тој хуман чин би рекол дека малата држава на Балканот беше казнета наместо да биде наградена со уште построг визен режим и ГЕТОИЗАЦИЈА,ако веќе зборуваме за исполнување на морални вредности,норми,и меѓународни принципи како основа на човекови права.Со тоа паѓаат во вода сите твои предпоставки дека менувам ставови преку ноќ и не кореспондирам на твоите идеали за слободно и непречено движење на луѓе,затоа што јас се раководам според пропишаните меѓународни норми и закони на ООН и сите други познати и релевантни хуманитарни организации.П.С.:-Правото за азил е неприкосновено за секого бе другар,ама тоа не значи дека треба да се злоупотреби како во споменатиот од тебе случај со Авганистанците во Македонија.


Се извинувам поради офф топикот,
Што не е јасно?
Немам понатамошен коментар и би те замолил да препрочиташ за какви различни ставови се држиме. Како потсетник, од твоја страна моралот од моја страна државни интереси...


Еве ни можност да си кажеме мислење дали во политиката има “морални вредности“...



-------------
Homo homini lupus est...


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 24.Јули.2009 во 19:11
Politichar mozhe da bide samo chovek so bankrotiran moral.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 25.Јули.2009 во 16:40
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Politichar mozhe da bide samo chovek so bankrotiran moral.


Моралот е за поголемиот дел на народот, секој кој сака да преживее од морал, се начекал. Моралните вредности се само параван за контрола,- “како не ти е срам да кажеш такво нешто“ е првиот напад (и најдобра одбрана) и позициите се веднаш нереални...

Кој напредувал со морал?

-------------
Homo homini lupus est...


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 25.Јули.2009 во 17:13
Sekoj si ima svoi vrednosti vo zhivotot. Toa e sloboden izbor i sekoj kje si zhivee so konsekvencite sto sledat od toa...

Zborot mi beshe deka politicharite se lugje koi nemaat skrupuli.,, barem najgolemiot del od niv. Sekoja chest za onie koi ne spagjaat vo taa zbirshtina.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 25.Јули.2009 во 21:11
Политиката не е професија да има норми и правила, туку мисловно надмудрување и убедување. За да успее еден проект, треба да се има политичка платформа и секако пропагандна машинерија, тогаш да се запрашаме, со каков МОРАЛ се попримаат таквите пропаганди? Како пример ке ја земам Хитлеровата Германија, која ја сврте масата убедувајки ги дека на светот има само АРИЕВСКИ народ кој треба да раководи со останатиот свет, дали народот од МОРАЛЕН аспект одлучно го отфрли ПОЛИТИЧКИОТ трик или застана зад таквата програма?

Поентата ми е дека ИНТЕРЕСИТЕ на една индивидуа се пред се! Темава ја отворив за да се приклучи АБЦ и да дискутираме дали државниот инерес е пред моралиниот но за жал погрешно ја поставив темата. Сепак, се надевам дека темава е добар почеток да си разјасниме некои проблеми кои во нашето општество, како фасада се повикуваме на морални вредности но од друга страна поважни им се своите ИНТЕРЕСИ!

Има многу примери каде пред се доминираат интереси на индивидуите, па и државите.

-------------
Homo homini lupus est...


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 26.Јули.2009 во 11:16
Темата од member_profile.asp?PF=22456&FID=49 - Buggyman   ја споив со оваа, дискусијата за моралните вредности во политиката и кај политичарите да ја продолжиме тука.

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 29.Јули.2009 во 07:55
За да се зборува за морални вредности прво и основно мора да се има кодекс на однесување /трошење на државното, односно лимит до каде нешто смее, до каде се може, што се може а што не смее ни да се помисли.
Од една страна зборуваме за
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=272FC91DE7D74C4A8D5C4261E6434E08 - Македонија во рецесија
а од друга страна имаме и вакви податоци
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7ED237998D704A448AED37D32C62B260 - Трошат службени мобилни без ограничување
Значи, за кој морални вредности можеме да зборуваме ако тие важат само на хартија, односно ако се важи само за народот.



-------------


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 29.Јули.2009 во 10:19
Moralni vrednosti vo politikata nema.
Politicharite ne se etichki educirani. Mozjebi i opravdano........ednostavno, ne posetuvale k*rs po ETIKA, a nemaat zavrsheno ni POLITIKOLOGIJA. Vo nashata politichka postavenost politichari ima od site specijalnost, zanimanja i zanaeti............za zjal samo politikolozi nema.
Pogledajte samo edenash edna parlamentarna sednica i kje slushnete se i seshto..........od navredi do psovki.........etichnost nema a site se koj od koj pogolemi patrioti.............



-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 29.Јули.2009 во 10:56
Политичарот е Морална Проститутка!

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: orlov
Датум на внесување: 29.Јули.2009 во 11:01
Originally posted by fiks fiks напиша:

Политичарот е Морална Проститутка!



Greshka. I prostitutkite imaat svoi normi na odnesuvanje i pravila za rabota. Da ne gi navreduvame.
Nash*te politichari nemaat moralni vrednosti. A, mozjebi se.........i.....amoralni.....? Koj li da znae?



-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 29.Јули.2009 во 11:03
политичарот е к**ва која бесплатно му се нуди на електоратот во предизборието за подоцна откако ќе дојде на власт , услугата е наплати и тоа со камтна стапка од 10 % дневно голема%20насмевка

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 29.Јули.2009 во 11:10
Originally posted by МАРШАЛ МАРШАЛ напиша:

политичарот е к**ва која бесплатно му се нуди на електоратот во предизборието за подоцна откако ќе дојде на власт , услугата е наплати и тоа со камтна стапка од 10 % дневно голема%20насмевка



I politicharite go vrtat elektoratot kako k**vite mushteriite. Sosema ispravno.намигнување


-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 01.Август.2009 во 07:44
Во Македонија никогаш нема сите да бидеме еднакви нити пред законот нити во животот, нити по морални/неморални  вредности.
Обичните смртници добиваат отказ и готово чешмата секнува, политичарите си добиваат апанажа без разлика сработиле или не сработиле нешто за државата (јак морал)
Обичните смртници ако за нешто бидат сменети од работното место, пропаѓаат, одат надолу а политичарите сработиле/несработиле одат на друга поповолна позиција (амбасадори, советници)
И сега кога ќе се прочита нешто и вакво

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=010ABCD4CAFAE8458422E3D85E126D67 - Политичарите и во затвор се на слобода
се прашува човек вреди ли во ова земја да се биде нешто друго освен политичар па и со и без ’’морални вредности’’.



-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 09.Август.2009 во 12:01
Kriza, recesija za kogo kako. Za nekoj bogami e jagma.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1779&ArticleID=119225 - - Лапнаа по еден автомобил како патен трошок


-------------


Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 09.Август.2009 во 15:10
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Kriza, recesija za kogo kako. Za nekoj bogami e jagma. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1779&ArticleID=119225 - <span id="_ctl5_dtlArticles__ctl5_lblTimeTitle1" ="PublicationTitle - Лапнаа по еден автомобил како патен трошок</span>
                              


... секако дека за некого рецесијата е ЈАГМА, ама кога “трубам“ дека ИНТЕРЕСИТЕ се ПРЕД СЕ, секогаш се наоѓа некој кој ке “ми продава“ морални вредности божем ке се збогати на тој начин...

-------------
Homo homini lupus est...


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 09.Август.2009 во 15:18

ме занима колку од нив би доаѓале на седници кога не би ги уживале привилегиите кои ги уживаат како пратеници ........ и тоа пратеници од типот на домазети ....... слика има ама тонот е исклучен ........ служат само како гласачко тело во парламентот ......... а замислете само , да земаат плата колку што земале пред да станат пратеници и нормално , освен користење на стан во скопје за време обавување на пратеничкиот мандат да немаат други привилегии како да се од шарената крава а не дел од истиот народ кој редовно го молзат ? ....... ме интересира колку од нив ќе сакаат да бидат пратеници размислување



-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 09.Август.2009 во 18:19
Смешно. Па зар може да се збори за морал кај политичарите? Ако тие се морални и имаат морални вредности тогаш нивниот електорат не е во ред.
Мислам дека ќе се сложите?



-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 09.Август.2009 во 19:08
електоратот е најубав на светот ..... уште кога ќе почнат да гласаат и од дијаспората , м м м м м м м м м .... убаини ................

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: brza
Датум на внесување: 10.Август.2009 во 13:10
divota , be.....krasota edna ....prava lepota!

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 10.Август.2009 во 13:18
во  политиката нема морал ........ најдобар доказ за тоа е одлуката да се дозволи да одлучува некој кој не живее тука ........ тотално неморален чин .........

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 11.Август.2009 во 08:56
Има една убава изрека - Дај му власт за да видиш каков е гадтага мислам дека така одеше. Колку ли мудар бил овој народ кога за секоја ситуација има добра поговорка, поука, мисла.
На претходните парламентарни избори народот беше повикуван да гласа за коалицијата предводена од ВМРО за да се добие мнозинство во парламентот, за да нема кочење од опозицијата, за да може законите да се донесуваат брзо и работите да тргнат на добро. Народот гласаше, се доби владение но се доби и обврски кон тој народ кој гласаше. Народот ја заврши својата обврска, избраниците НЕ.
Процитавме колку ја чинат државата нивните трошоци за  бензин, сега шок - колку потрошиле за телефонски разговори.
И нека не се извлекуваат на тоа дека потрошиле помалку од СДСМ - СДСМ добија црвен картон за своето трошење. И нека не се вадат на ситните службеници кои имаат некој ретардиран лимит со кој 20 тина прават разговор колку еден висок функционер. И човек мора да се праша- Што толку разговарааат, лектири ли си раскажувааат?!збунетост
Време е премиерот Груевски да ги престрои, да ги превоспита па и преоблече во пиџами со риги сите оние кои ја рушат довербата на народот. Народот гласаше за Груевски, а господава кои се шалтувааат покрај неговиот рејтин ги уживаат бенифициите. Секоја чест на исклучоците. Убаво е да се објават списоци кој бил најголем трошајлија, а кој нај домакин на државните пари.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D764198BDD57A44CA243F462214E7035 - Службените бонуси станаа државна тајна


-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 12.Август.2009 во 18:51
Сега слушам на Сител околу трошењето на пратениците. Како пример го дадоа патувањето од Струмица до Скопје дека чинело околу 7 000 ден. Па се думам кој се од Струмица пратеницизбунетост

-------------


Постирано од: brza
Датум на внесување: 12.Август.2009 во 19:04
7000?!,изненадување...mamu im j****..лутина.( i tuka li saka nekoj kultura ,bre!изненадување)...pa,..kolku gorivo treba za 350 km?....so avion da doagjaa,..nema tolku da se troshi gorivo,...smrdlivi edni paraziti.......pa, posle nekoj ke se gordeel so vakov narod!....a , be ...ziva ..planetarna srmota e narodov!,..da , bash toj!,...toj e kriv shto dozvoluva takvi raboti,.a ne toj shto gi pravi,..лутиналутина


a, kaj mene ,..nekoj r'mba cel mesec za 8-9000.....лутиналутина


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 12.Август.2009 во 23:15
Брза, внимавај на речникот и без вулгарности!

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: brza
Датум на внесување: 12.Август.2009 во 23:53
a, zarem ima nekoe drugo ime za ,..hienite....leshinarite(mrshojadcite ).krlezite..i sl"paraziti"?,збунетост...alal da mu e na onoj hrvatot,..shto vlegol  vo nivniot parlament  so natpis deka e zadovolen od toa shto mu go pravi na  narodot...negovata vlada!...i , aj  da vidam,..tuka nekoe novinarche neka se usudi na takvo neshto...pa, tuka ,be ,..ni natpisot na hrvatot ne mu go prevedoa bukvalno,..tuku malku"omeknato",..za da ne mu bode ochi na slepiov narod tuka......samo , mnogu lesno e ovdeshnive   "novinari"da gi "zachepish"....naravno...............

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: да бе
Датум на внесување: 13.Август.2009 во 00:22
ова мислам е по темата

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=652275731766D7448BE1BE1D94640108 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=652275731766D7448BE1BE1D94640108


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ


Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 14.Август.2009 во 06:51
Моралните вредности во политиката...
се...
одраз на моралните вредности на народот...
кој ги избира политичарите...

зошто ако не е така..
па ваљда народот нема да излегува на избори...
да гласа за неморални политичари...

што значи дека народот, уствари што би рекол Тачи - електоратот...
или дели исти морални вредности со своите пулени...
или пак нема изградено свест за вистински морални вредности...
што би рекле...испревртени морални вредности...

иако мое скромно мислење и работен заклучок...
е дека се работи за исти к***ц на или и или...



Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 13:01
Што беше , бидна до сега, од сега ке важи паролата Куд кој мили мојизненадување
Досега правеа ама се криеја, ама сега нашите ’’’паши и бегови’’ може да си прават што сакаат и нема пред кого да одговараат. Досега како така, барем премиерот можел да ги контролира, од сега секој си одговара сам пред себе. Ваљда под притисокот дека наликува на Дуче, на фирер, премиерот попуштил. А што и да прави кутриот, еден против сите, не ке да може. И ова насловчево малку ми делува онака ’’нетокму’’. Па кој ја сочинува бре владата?збунетост Сами за себе  си попуштија- тие се влада!
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=5610106134&id=9&prilog=0&setIzdanie=21976 - Владата попушти за моралот на министрите


-------------


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 16:36
Ова е за срамота!
Си градат алиби за амнестија од лична политичка одговорност, нешто што кај нас досега е само мислена именка, затоа и криминалот ни цвета насекаде, кога е со амин од самите раководства на политичките партии. Затоа и министрите си редат грешка по грешка, кога знаат дека нема кој да ги потегне за уши кога ќе ја утнат работата.
Наместо повикување на политичка (лична) одговорност на министри и други јавни функционери кои се огрешиле од законот, пак се нуди старата флоскула “етичка и морална одговорност“ која кај нас е толку девалвирана категорија што не значи скоро ништо!

Да го сменат овој кодекс, кој воопшто не е ни некаков кодекс според ова тука напишано или воопшто да не се глупираат со вакви памфлетчиња од по неколку членови, колку за мачкање очи.




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: The_Boss
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 17:32
Хехе зависи кои голема%20насмевка

-------------
Поради неплатени сметки, ИДИВИДИ го исклучи потписот на The_Boss.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 13.Мај.2010 во 13:46
Е што ти било кога сељак ке се прокондури па фрла чоколадото а лиже хартијата.збунетост
Така и овие нашиве политичари, бреее, секоја годинка нови количиња. Колку до вчера многумина од нив се возеа на магариња и арабаџиски коли а сега наеднаш нови коли бараат ко да татко им ги  плаќа. Арно им направија што не им дадоа
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=2020&ArticleID=140664 - - Нема пари за нови возила за функционерите


-------------


Постирано од: brza
Датум на внесување: 13.Мај.2010 во 16:16
"moralnite vrednosti" vo politikata( a i vo bilo shto !! se vospostavuvaat edinstveno so kazni,....i toa ,...rigorozni a, ne nekoi ligavezi   od kobajagi kazni,...kako shto e tuka!

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 14.Мај.2010 во 11:50
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

Ова е за срамота!Си градат алиби за амнестија од лична политичка одговорност, нешто што кај нас досега е само мислена именка, затоа и криминалот ни цвета насекаде, кога е со амин од самите раководства на политичките партии. Затоа и министрите си редат грешка по грешка, кога знаат дека нема кој да ги потегне за уши кога ќе ја утнат работата.Наместо повикување на политичка (лична) одговорност на министри и други јавни функционери кои се огрешиле од законот, пак се нуди старата флоскула “етичка и морална одговорност“ која кај нас е толку девалвирана категорија што не значи скоро ништо!Да го сменат овој кодекс, кој воопшто не е ни некаков кодекс според ова тука напишано или воопшто да не се глупираат со вакви памфлетчиња од по неколку членови, колку за мачкање очи.

OVA E ZA GOOOLEMAAAA SRAMOTAAA...
Vo Kina ne bi se izvlekuvale kako kaj nas!


-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 14.Мај.2010 во 14:45
Во политиката не може да бараме да постои и некаков морал, а најмалку пак етика во сите сегменти на управувањето. Да, несомнено треба во одредени аспекти, како што е доменот на управување со буџетот, донекаде и личниот живот, но никако не смее да се води од етика, морал и слично при справување на пример со напад на територијалниот интегритет на државата и загрозување на безбедноста и животот на нејзините граѓани. Не може да очекуваме власта да се води од начела при такви ситуации. Сепак, државата е резултат на потребите и интересите на граѓаните, кои еден одговорен политичар треба да ги почитува, па независно дали тоа ќе е со примена на репресија врз оние кои ги напаѓаат истите, или со примена на некакви други мерки.

-------------


Постирано од: brza
Датум на внесување: 14.Мај.2010 во 16:13
Originally posted by marsovec marsovec напиша:

Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

Ова е за срамота!Си градат алиби за амнестија од лична политичка одговорност, нешто што кај нас досега е само мислена именка, затоа и криминалот ни цвета насекаде, кога е со амин од самите раководства на политичките партии. Затоа и министрите си редат грешка по грешка, кога знаат дека нема кој да ги потегне за уши кога ќе ја утнат работата.Наместо повикување на политичка (лична) одговорност на министри и други јавни функционери кои се огрешиле од законот, пак се нуди старата флоскула “етичка и морална одговорност“ која кај нас е толку девалвирана категорија што не значи скоро ништо!Да го сменат овој кодекс, кој воопшто не е ни некаков кодекс според ова тука напишано или воопшто да не се глупираат со вакви памфлетчиња од по неколку членови, колку за мачкање очи.

OVA E ZA GOOOLEMAAAA SRAMOTAAA...
Vo Kina ne bi se izvlekuvale kako kaj nas!
chitash shto m pravat tamu?.....im "kinat" glavi na bivshi ministri ,...i sl...."velikodostojnici"!....nema tamu  mnogu mrchenje muda,...ako si proneveril neshto drzavno,....ke te skratat za glava ,...ni manje ni vishe!да


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 14.Мај.2010 во 19:05
Originally posted by brza brza напиша:


Originally posted by marsovec marsovec напиша:

Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

Ова е за срамота!Си градат алиби за амнестија од лична политичка одговорност, нешто што кај нас досега е само мислена именка, затоа и криминалот ни цвета насекаде, кога е со амин од самите раководства на политичките партии. Затоа и министрите си редат грешка по грешка, кога знаат дека нема кој да ги потегне за уши кога ќе ја утнат работата.Наместо повикување на политичка (лична) одговорност на министри и други јавни функционери кои се огрешиле од законот, пак се нуди старата флоскула “етичка и морална одговорност“ која кај нас е толку девалвирана категорија што не значи скоро ништо!Да го сменат овој кодекс, кој воопшто не е ни некаков кодекс според ова тука напишано или воопшто да не се глупираат со вакви памфлетчиња од по неколку членови, колку за мачкање очи.

OVA E ZA GOOOLEMAAAA SRAMOTAAA...
Vo Kina ne bi se izvlekuvale kako kaj nas!
chitash shto m pravat tamu?.....im "kinat" glavi na bivshi ministri ,...i sl...."velikodostojnici"!....nema tamu  mnogu mrchenje muda,...ako si proneveril neshto drzavno,....ke te skratat za glava ,...ni manje ni vishe!да


Така и треба!

-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: zenmaster
Датум на внесување: 11.Јуни.2010 во 12:46
Портпаролот на Фондот за здравство Дејан Гацов си даде оставка, со образложени дека не сака да биде дел од тим кој ја спроведува оваа погубна политика која ги остави граѓаните без лекови, во руинирани болници, со целосно демотивирани лекари.

Не сакам да бидам дел од систем кој откако фрли милиони евра во маркетинг кампања за стимулирање на потомството, го стави фондот во ситуација да не може со месеци да ги исплати породилните боледувања на родилките и другите боледувања кои што редовно доцнат.

Фондовскиот менаџмент нема независност, сите одлуки кои што го доведоа здравството до ова дереџе, се донесени и спроведени со директен диктат на Груевски и Протуѓер, рече Гацов.

Тој нагласи дека фондовската каса е празна и нема да ја спасат 1 милијарда и 200 милиони денари од ребалансот на буџетот.

Во моментот кога ја поднесуваше оставката, двајцата директори на Фондот не беа тука.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124142

-------------
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 11.Јуни.2010 во 13:07
Originally posted by zenmaster zenmaster напиша:

Портпаролот на Фондот за здравство Дејан Гацов си даде оставка, со образложени дека не сака да биде дел од тим кој ја спроведува оваа погубна политика која ги остави граѓаните без лекови, во руинирани болници, со целосно демотивирани лекари.

Не сакам да бидам дел од систем кој откако фрли милиони евра во маркетинг кампања за стимулирање на потомството, го стави фондот во ситуација да не може со месеци да ги исплати породилните боледувања на родилките и другите боледувања кои што редовно доцнат.

Фондовскиот менаџмент нема независност, сите одлуки кои што го доведоа здравството до ова дереџе, се донесени и спроведени со директен диктат на Груевски и Протуѓер, рече Гацов.

Тој нагласи дека фондовската каса е празна и нема да ја спасат 1 милијарда и 200 милиони денари од ребалансот на буџетот.

Во моментот кога ја поднесуваше оставката, двајцата директори на Фондот не беа тука.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124142


Ако ова е вистина, тогаш е многу забегана работава.Еве јас за татко ми не можам да добијам лекови на рецепт веќе втор месец.Ги купувам.Не дај боже оние кои имаат потреба од поаскапи лекови.
Преродбата продолжува? До кој чекор стигнаа?

-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 11.Јуни.2010 во 15:45
Слушам и не ми се верува (пак потреба од ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕнамигнување). Почнаа чудата а и зрак на верба за морал и во политиката.
Младиот портпарол за фондот за здравство со прилично емотивна изјава кажа зошто си даде оставка од функцијата. Нека е пола од ова вистина, чинот на оставка мене ми се бендиса и ме натера да верувам дека имаме млади кои сеуште мислат со своја глава.
Ке чуеме нешто повеќе на другите вести.


-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 11.Јуни.2010 во 15:46
Originally posted by zenmaster zenmaster напиша:

Портпаролот на Фондот за здравство Дејан Гацов си даде оставка, со образложени дека не сака да биде дел од тим кој ја спроведува оваа погубна политика која ги остави граѓаните без лекови, во руинирани болници, со целосно демотивирани лекари.

Не сакам да бидам дел од систем кој откако фрли милиони евра во маркетинг кампања за стимулирање на потомството, го стави фондот во ситуација да не може со месеци да ги исплати породилните боледувања на родилките и другите боледувања кои што редовно доцнат.

Фондовскиот менаџмент нема независност, сите одлуки кои што го доведоа здравството до ова дереџе, се донесени и спроведени со директен диктат на Груевски и Протуѓер, рече Гацов.

Тој нагласи дека фондовската каса е празна и нема да ја спасат 1 милијарда и 200 милиони денари од ребалансот на буџетот.

Во моментот кога ја поднесуваше оставката, двајцата директори на Фондот не беа тука.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124142

ццц...исто мислење бреееголемо%20гушкање


-------------


Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 12.Јуни.2010 во 00:36
Незнам колку време дечково беше потпарол на Фондот....ама ако толку е поштен, зошто досега не убедуваше во спротивното од оние изјави кој ги даде денеска....збунетост
Очигледно попуштил под притисокот под кој работат речиси сите вработени во Државните установи и решил колку-толку да си ја испере душичката....и пред заминување да ја каже ноторната вистина....кој е причина за колапсот на Здраството, што и не е некое големо изненадување... 


-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 12.Јуни.2010 во 00:45
Иако е само портпарол во Фондот, самиот чин ОСТАВКА е вистинска реткост во нашата политика и секако е за поздравување.... и за охрабрување голема%20насмевка на оние кои заборавиле што е тоа морал! 

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 12.Јуни.2010 во 15:39
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

Иако е само портпарол во Фондот, самиот чин ОСТАВКА е вистинска реткост во нашата политика и секако е за поздравување.... и за охрабрување голема%20насмевка на оние кои заборавиле што е тоа морал! 


Многу убаво кажано и се согласувам во целост.( слично направи и Боцевски и...).

-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 13.Јуни.2010 во 00:39
Јас сум убедена дека требаше да биде прифатена и оставката на Јанакиевски, по потонувањето на бродот во Охрид.
Како морален чин требаше да биде испочитувана и прифатена, ама изгледа беше само шминка.


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 13.Јуни.2010 во 07:08
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

Јас сум убедена дека требаше да биде прифатена и оставката на Јанакиевски, по потонувањето на бродот во Охрид.Како морален чин требаше да биде испочитувана и прифатена, ама изгледа беше само шминка.


Проблемот на Премиерот а воедно и за Македонија е што тој го преслика кабинетот на министерот за финансии во влада.И сега има наместо вработени во министерството за финансии - министри на влада.Тој смета дека другарчињата треба да бидат тие кои ќе ја водат државата, но и вистините да остануваат во четири ѕида.Затоа и нема транспарентност.Мистер рејтинг со Јанакиевски затоа одигра фарсична игра за доблеста на министерот но и за неопходноста од истиот на владата.
Чувај боже, од квалитет.Но другари се а и има за враќање на услуги....Инаку очекувам уште некоја оставка...ова кој притисок се чини на потлачените...?..не може секој да издржи...А кај нас мобинг...што беше тоа?

-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: novace
Датум на внесување: 13.Јуни.2010 во 09:58
Политичари со ограничен и никаков кредибилитет кај актуелното гласачко тело..од не-делата досега евидентирани..и не може.... да го очекува она што никојпат и никаде досега ...не го покажале..на дело..сите да го регистрираат.тага.
А жалопојките..ќе ни бидат стварност..се додека и последниот црвеноразмислувачки елемент кај нас ...не биде ПОРАЗЕН..секако..како и многупати досега ..само на демократски ИЗБОРИ..голема%20насмевка.
намигнување


-------------
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 13.Јуни.2010 во 11:48

Crvenocrnata kombinacija znaci revolucija koja ja zavitka Makedonija vo crno.Toa e vece povece od vidlivo.
Takva e i porakata - crveno revolucija, crno zal.A portokalovoto zamajuvanje so bozem nesto novo razlicno od izvornoto VMRO.Dali e?...Mozebi i e?...

-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 14.Јуни.2010 во 11:29
Ние го испофаливме портпаролот за оставката, сега директорката на фондот вика нешто друго: Гацов не дал оставка од портпаролското место туку претходно http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61210926166&id=9&prilog=0&setIzdanie=22006 - бил сменет од функцијата .

Дали навистина си заминал од фондот поради тоа што не сакал повеќе да лаже или пак оставката била само револт од смената? збунетост


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 14.Јуни.2010 во 12:52
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

Ние го испофаливме портпаролот за оставката, сега директорката на фондот вика нешто друго: Гацов не дал оставка од портпаролското место туку претходно http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61210926166&id=9&prilog=0&setIzdanie=22006 - бил сменет од функцијата .Дали навистина си заминал од фондот поради тоа што не сакал повеќе да лаже или пак оставката била само револт од смената? збунетост


Ne e do pofalbite, no istoto go stori i Bocevski, i nekoi drugi ostavki...Mislam deka se isplasija...Znaete i toa e doblesno.Vratete se nekolku godini nanazad, nekoi zaglavija, gazdite si prodolzija ponatamu...Pa ete i Daravelski,..Mihajlovski....Edni raboti po naredbi ...no potoa tie se onaa stranka.Trebe da se podrzat bilo koi sluzbenici, i rabotnici koi davaat otpor na nezakonskoto rabotenje.Mobing, [to be[e toa?.

-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 15.Јуни.2010 во 06:52
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

Ние го испофаливме портпаролот за оставката, сега директорката на фондот вика нешто друго: Гацов не дал оставка од портпаролското место туку претходно http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61210926166&id=9&prilog=0&setIzdanie=22006 - бил сменет од функцијата .

Дали навистина си заминал од фондот поради тоа што не сакал повеќе да лаже или пак оставката била само револт од смената? збунетост

На идеја сум друг пат да не фалиме, само да кудимеголема%20насмевка
оти  сега
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B89902FB0089C544B7AFB69E2EB5A6DC - На Дејан Гацов му се заканува тужба


-------------


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 15.Јуни.2010 во 09:28

Му спремале тужба, само не знаат по која основа и дали човекот е во право?.Срамно и бедно.
Инаку нивни се судовите, па нема да имаат проблеми, имаат со тврдењата на ДПМНЕ дека Љубчо ја ограбил државата???Дали има пилот во авионот?

-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 05.Јули.2010 во 13:28
Jas sekogash se dumam dali nekoj zaborava na prvi da izvadi pari od platata i dali bez griza na sovesta slatko gi troshat ili i za plata
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=75101129394&id=9&prilog=0&setIzdanie=22025 - Пратениците работат без свој компас


-------------


Постирано од: Anthony
Датум на внесување: 05.Јули.2010 во 14:31
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Jas sekogash se dumam dali nekoj zaborava na prvi da izvadi pari od platata i dali bez griza na sovesta slatko gi troshat ili i za plata
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=75101129394&id=9&prilog=0&setIzdanie=22025 - Пратениците работат без свој компас

Како без компас? Компасот им е секогаш свртен кон сопствениот, личен интерс ( вработување на член од фамилијата на убава позиција, фаќање провизија од некој тендер итн) Секогаш мотивирани (финансиски , се разбира!)  да дигнат два прста - без да му ја мислат многу, многу.


-------------
It’s nice to be important....it’s   important to be nice!


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 05.Јули.2010 во 16:30
Проблемот е што неморалноста во политиката стана доблест.Нека се изврши испитување на пратениците од 1990 год, и на овие денешниве во поглед на материјалната обезбеденост - богатството, сигурен сум дека денешниве се дебело понафатирани од оние на почетокот на плурализмот.Се научија на злоупотребата на функциите и моќта?
Гадостите се множат - наместо доблестите.Тоа ли е доблест, тоа ли е докажување пред избирачите? Најстрашно е што голем дел токму од тие бирачи велат - ако нека крадат ама нешто да градат???вонземјанин


-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 30.Октомври.2010 во 08:02
Дека во политиката нема морални вредности знаат и врапчињата на гранките, ама дека треба да се преземе нешто во поглед на тоа, ТРЕБА.
Како минуваат годините на плурализмот во Македонија сведоци сме на такаречи целосно губење на основните човечки норми и на оправдувањето- и тие така правеа.
Мислам дека сме дојдени на дното, дека никој не се срами од своите постапки и бенифити кои ги приграбува за себе и своето семејство. Многу пати се прашувам-Што им фали на нашите политичари?
Интересна изјава на министерчето младо и зелено, вистински вистинита
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=2DECEF8C8A501E418B64A56B2872F99F - Секој политичар на час по етика  

-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk