Само за спиење 13.000 евра!
Во ентериерот на хотелот се потрошени 2.500 тони злато, 500.000 кристали и 23.000 квадрати најквалитетен италијански мермер. Тоалетите се контролираат со далечинско управување, а гостите одбираат постелнина и перници во различни бои, по желба со команди покрај раскошните кревети
Само што се отвори "перверзно" луксузниот хотел "Мардан палас" во турската покраина Анталија, веднаш беше прогласен за најубав и најскап хотел во Европа. А, како и да не биде така, кога и самото отворање му беше најсветско, со присуство на одбрани ведети од светскиот џет-сет, како што се: Шерон Стоун, Ричард Гир, Мараја Кери, задолжителниот "експонат" на сите гламури Парис Хилтон и дестици други. За нивното загарантирано присуство и добро расположение, богатиот сопственик рускиот милијардер Телман Исмаилов, однапред секого честел со многу пари.
Тоа е ситница во однос на она колку пари потрошил Исмаилов за изградбата и опремувањето на хотелот и што се вградил во него. Целиот проект газдата го чинел околу милијарда и пол евра, а луксузот е видлив на секој чекор и во секој детаљ. Рака на срце, видлива е и скапотијата на секоја сметка, само спиење во негои чини 13.000 евра. Хотелот има 560 соби и два кралевски апартмани со сопстевни базени. Во ентериерот на хотелот се потрошени 2.500 тони злато, 500.000 кристали и 23.000 квадрати најквалитетен италијански мермер. Тоалетите се контролираат со далечинско управување, а гостите одбираат постелнина и перници во различни бои, по желба со команди покрај раскошните кревети.
Можеби најголема атракции на хотелот е базенот од неверојатни два хектара во чија средина се наоѓа подворен аквариум со 2.400 риби и морски животни, меѓу кои има ајкули. Па така, кога се наоѓате во базенот имате вчечаток како да пливате меѓу стотици риби и ајкули, секако од другата страна до дебелото стакло. Хотелот има единаесет ресторани во кои се застапени различни светски кујни. Италијанскиот има најдобра позиција, ведаш покрај базенот, а доколку седнете во него, ќе јадете од чинии потпишани од престижниот Хермесс. Можете да си замислите колку таму чини една пица кога само порцеланскиот инвентар за ресторанот чини милион и петстотини илјади евра.
http://www.haberturk.com/galeri.asp?src=14&id=148612">
http://www.haberturk.com/galeri.asp?src=15&id=148612">
http://www.haberturk.com/galeri.asp?src=16&id=148612">
http://www.haberturk.com/galeri.asp?src=17&id=148612">
http://www.haberturk.com/galeri.asp?src=18&id=148612">
http://www.haberturk.com/galeri.asp?src=20&id=148612">
http://www.haberturk.com/galeri.asp?src=21&id=148612">
http://www.haberturk.com/galeri.asp?src=22&id=148612">
http://www.haberturk.com/galeri.asp?src=23&id=148612">
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=0256180524D3C740AA2EFA54ABC1BFAD - http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=0256180524D3C740AA2EFA54ABC1BFAD
------------- Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|