Енергетски пијалоци...
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=19172
Датум на принтање: 18.Декември.2024 во 06:47 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Енергетски пијалоци...
Постирано од: pcelka
Наслов: Енергетски пијалоци...
Датум на внесување: 24.Мај.2009 во 12:22
Колку и дали воопшто ги употребувате, и што мислите за нив ... ???
Еве, за еден од тие напитоци...
Неколку германски покраини ја забраниле продажбата на Ред Бул Кола, затоа што во неа биле најдени траги од кокаин, јавува Дојче веле. Пијалакот е повлечен од продавниците, иако санитарните власти потврдиле дека не е штетен, но дека го крши законот за храна
Трагите од кокаин во енергетскиот напиток Ред Бул Кола биле откриени на германски институт за контрола на безбедноста на храната. Се претпоставува дека трагите се остатоци од растението кока, која е позната и како додаток на храната, но од која претходно се исцедени сите активни состојки на кокаинот. Портпаролот на Ред Бул изјавил дека екстрактите од лисјата на коката во светот се употребуваат како додатоци во исхраната и сосема се безбедни. Во Ред Бул сметаат дека употребата на екстрактот на коката не е нелегална, се’ додека во нивните производи нема активни состојки на кокаинот. „Веруваме дека нашиот производ е сосема адекватен за продажба на пазарот“, изјавил портпаролот на компанијата, Франк Фарнштајнер. Сепак, во Германија тврдат дека Ред Бул Кола-та мора да биде повлечена од продавниците бидејќи спаѓа во надлежност на законот за наркотици, веруваат и дека Симпли Кола-та наскоро нема да може да се продава во ниедна германска покраина. Во Македонија се’ уште не се увезува овој пијалок...!!!
------------- секој нов ден, носи нова надеж...
|
Коментари:
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 24.Мај.2009 во 12:28
Staj mrtov glusec vo Red Bull da otstoi nekoj saat...pa vidi posle so ke se desi i sto zapravo se desava so covekoviot organizam koa se vnesuva vakvo nesto vo nego.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: zenmaster
Датум на внесување: 24.Мај.2009 во 12:30
Ај да не барам глувци...кажи шо се случува
------------- [IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 24.Мај.2009 во 13:39
go jade bukvalno.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 25.Мај.2009 во 02:32
Исто се случува ако ставиш парче месо во кока кола.......пробај....
------------- МИР со сите
|
Постирано од: abnormalen
Датум на внесување: 25.Мај.2009 во 02:42
да! исто се случува и ако месото го ставиш во хлороводорона киселина, а неа ја имаш во зелудникот. а бе ајде!, да е коката некој нов пијалок ајде,и да се пишуваат вакви "клевети" ама , за сто години се чудам како преживеал светот со неа, и со слични кока пијалоци.и на цигарите пишува нешто , па сеуште се пушат , иакомтоа што е кажано е илустрирано и со убедливи слики од нејзините "благотворни" дејства.
------------- Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!
|
Постирано од: IQ
Датум на внесување: 25.Мај.2009 во 11:39
mislam deka se otrov vo limenka. bashka ne mi se potebni...
------------- http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/
|
Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 26.Мај.2009 во 00:55
abnormalen напиша:
да! исто се случува и ако месото го ставиш во хлороводорона киселина, а неа ја имаш во зелудникот. а бе ајде!, да е коката некој нов пијалок ајде,и да се пишуваат вакви "клевети" ама , за сто години се чудам како преживеал светот со неа, и со слични кока пијалоци.и на цигарите пишува нешто , па сеуште се пушат , иакомтоа што е кажано е илустрирано и со убедливи слики од нејзините "благотворни" дејства.
|
Цигарите не се штетни оти сите ги пушат????????.......бреее...аргументов обара с ногу...шо викаат комшиите од север......ти брееееее...за се да се кентрело...
------------- МИР со сите
|
Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 15.Јануари.2010 во 01:09
Еден пријател пиел ред бул со шток цела вечер....утредента ќе умреше..срцето му чукаше многу брзо, се препотуваше, се чувствуваше уморен, а не можеше да спие..многу лошо му беше..од тогаш се заколна....енергетски пијалок...НИКОГАШ ПОВЕЌЕ....
------------- МИР со сите
|
Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 15.Јануари.2010 во 12:02
kaj shto sum sega, pijat energetski pijaloci kako sokche... im bile zdosadeni obichnite sokovi.... mene prvo mi se gadni, a vtoro kojznae shto nema vnatre iznastavano...
-------------
|
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 15.Јануари.2010 во 12:12
Напротви без кафе, кола и енергетски пијалок пред сесија не можам да се замислам....
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Февруари.2010 во 17:08
Енергетски пијалак и алкохол - опасна комбинација!
Мешањето на енергетските пијалаци со алкохол е популарно меѓу младите во светот, но тоа може да доведе до повисоки стапки на пијанство.
Универзитетот од Флорида спроведен истражување кое опфати повеќе од 800 студенти кои ги напуштаат кафулињата и баровите помеѓу 22:00 и 03:00. Учесниците биле прашувани и тестирани за консумирањето и мешањето на алкохол со енергетски пијалак.
Околу 6 отсто од учесниците изјавиле дека пиеле алкохол помешан со енергетски пијалак и биле три пати попијани отколку оние кои што пиеле само алкохол. Просечното количество на алкохол кај оние што консумирале микс од алкохол и енергетски пијалак било 0.109, додека легалниот лимит е 0.08, наведоа авторите на студијата.
Истражувачите исто така откриле дека луѓето кои пиеле енергетски пијалак со алкохол не биле во состојба да возат автомобил, за разлика од оние кои пиеле чист алкохол.
- Постои заблуда дека ако пиеше кофеин со алкохолни пијалаци, ефектот на кофеинот е поголем, па поради тоа алкохолот не дејствувал. Тоа е чиста глупост и нема ништо вистинито во оваа реченица, изјави ко – авторот на студијата Брус Голдберг, директор на делот за токсикологија во Универзитетот на Флорида.
Кофеинот го намалува мамурлакот предизвикан од алкохол, но оваа состојба научниците соопштија дека води до ризично однесување.
- Оваа студија покажува дека дефинитивно постои причина за загриженост. Веруваме дека 28 осто од студентите мешаат енергетски пијалаци со алкохол. Мора да се преземе нешто околу тоа, а потребни се и уште испитувања, додаде Брус.
Јас тоа го знам ама и јас пием вотка со Редбул
-------------
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 09:07
Докажано дека енергетските пијалаци се опасни
Само еден енергетски пијалак, предвиден за зголемување на издржливоста и подобрување на физичките способности, може да предизвика сериозен проблем на срцето.
Студијата која ја спроведоа научниците од Универзитетот Аделаида во Австралија покажа дека луѓето мораат да внимаваат како ги консумираат овие пијалаци бидејќи тие предизвикуваат „значајни промени во организмот“, го зголемуваат крвниот притисок и ги намалуваат крвните садови со што настануваат проблеми со нивното функционирање.
Тоа може да доведе до потенцијално сериозно загрозување и на она срце кое е здраво и е во форма, пишува австралискиот портал News, цитирајќи го авторот на студијата, докторот Скот Вилоуби.
Резултатите од истражувањето се објавени во престижниот американски научен магазин Medicine.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: martin_78
Датум на внесување: 09.Август.2011 во 19:43
dalimisiti deka energeckite pijalaci red bul guarana e dobri za zdravjeto,
|
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 10.Август.2011 во 00:00
Ne sum cul deka nekoj umrel od red bull...
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|