GP Monaco
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Формула 1 и Мото грандпри
Опис на форумот: Роси - Капироси, Шуми, Алонзо и компанија
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=19132
Датум на принтање: 03.Јануари.2025 во 04:27 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: GP Monaco
Постирано од: гoстин
Наслов: GP Monaco
Датум на внесување: 20.Мај.2009 во 20:00
Kruga 78 (260.520 Km)
Trening 1: Petok 21.05.2009, 10:00saat.
Trening 2: Petok 21.05.2009, 14:00saat.
Trening 3: Sabota 23.05.2009, 11:00saat.
Kvalifikacii: Sabota 23.05.2009, 14:00saat.
Trka: Nedela 24.05.2009, 14:00saat.
-------------
|
Коментари:
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 21.Мај.2009 во 22:55
Trening 1
1 Rubens Barrichello Brawn GP 1:17.189
2 Felipe Massa Scuderia Ferrari 0:00.310
3 Lewis Hamilton McLaren-Mercedes 0:00.389
4 Heikki Kovalainen McLaren-Mercedes 0:00.497
5 Kimi Räikkönen Scuderia Ferrari 0:00.650
6 Kazuki Nakajima WilliamsF1 Team 0:00.811
7 Nico Rosberg WilliamsF1 Team 0:00.835
8 Jenson Button Brawn GP 0:00.891
9 Fernando Alonso Renault F1 Team 0:01.094
10 Mark Webber Red Bull Racing 0:01.159
11 Sebastian Buemi Scuderia Toro Rosso 0:01.506
12 Nelson Piquet Jr. Renault F1 Team 0:02.015
13 Sebastian Vettel Red Bull Racing 0:02.044
14 Sebastien Bourdais Scuderia Toro Rosso 0:02.066
15 Giancarlo Fisichella Force India 0:02.345
16 Robert Kubica BMW Sauber F1 Team 0:02.371
17 Nick Heidfeld BMW Sauber F1 Team 0:02.390
18 Adrian Sutil Force India 0:02.411
19 Timo Glock Toyota Racing 0:02.509
20 Jarno Trulli Toyota Racing 0:02.642
-------------
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 21.Мај.2009 во 22:56
Trening 2
1 Nico Rosberg WilliamsF1 Team 1:15.243
2 Lewis Hamilton McLaren-Mercedes 0:00.202
3 Rubens Barrichello Brawn GP 0:00.347
4 Jenson Button Brawn GP 0:00.531
5 Felipe Massa Scuderia Ferrari 0:00.589
6 Sebastian Vettel Red Bull Racing 0:00.604
7 Heikki Kovalainen McLaren-Mercedes 0:00.741
8 Kimi Räikkönen Scuderia Ferrari 0:00.742
9 Kazuki Nakajima WilliamsF1 Team 0:01.017
10 Nelson Piquet Jr. Renault F1 Team 0:01.043
11 Fernando Alonso Renault F1 Team 0:01.309
12 Mark Webber Red Bull Racing 0:01.335
13 Adrian Sutil Force India 0:01.432
14 Jarno Trulli Toyota Racing 0:01.672
15 Sebastian Buemi Scuderia Toro Rosso 0:01.740
16 Sebastien Bourdais Scuderia Toro Rosso 0:01.809
17 Timo Glock Toyota Racing 0:01.866
18 Nick Heidfeld BMW Sauber F1 Team 0:01.866
19 Giancarlo Fisichella Force India 0:02.261
20 Robert Kubica BMW Sauber F1 Team
-------------
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 22.Мај.2009 во 01:14
Една од подосадните трки во формула 1.
Кој ќе биде на пол позиција има многу големи шанси да победи на трката.
Но сепак на трката и дава привлечност интересната патека
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 22.Мај.2009 во 09:56
Kubica го чека непредвидлив викенд
Robert Kubica е еден од возачите кои не забележаа поени во оваа сезона. Полјакот минатата година во своето BMW имаше сјајна година, а сега не успеа ни еднаш да заврши меѓу првите десет.
Сепак, Kubica се надева дека среќата во Монако би можела да му се сврти, но не е во можност да предвиди како болидот ќе се однесува на оваа уникатна патека.
„Јас сум голем љубител на уличните трки, така да се радувам на трката во Монако“, изјави Kubica.
„Секогаш сум имал навистина добро чувство кога доаѓам овде на викенд и уживав возејќи помеѓу бариерите и ѕидовите. Нема место за грешка, што ја прави работата посебно интересна. Секако, не можете однапред да кажете како болидите од 2009 година ќе се однесуваат со новата аеродинамика и слик гумите
-------------
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 23.Мај.2009 во 17:29
Kvalifikacii
1 Jenson Button Brawn GP 1:14.902
2 Kimi Räikkönen Scuderia Ferrari 0:00.025
3 Rubens Barrichello Brawn GP 0:00.175
4 Sebastian Vettel Red Bull Racing 0:00.369
5 Felipe Massa Scuderia Ferrari 0:00.535
6 Nico Rosberg WilliamsF1 Team 0:00.553
7 Heikki Kovalainen McLaren-Mercedes 0:00.614
8 Mark Webber Red Bull Racing 0:00.751
9 Fernando Alonso Renault F1 Team 0:01.107
10 Kazuki Nakajima WilliamsF1 Team 0:02.442
11 Sebastian Buemi Scuderia Toro Rosso 0:00.935
12 Nelson Piquet Jr. Renault F1 Team 0:00.931
13 Giancarlo Fisichella Force India 0:01.161
14 Sebastien Bourdais Scuderia Toro Rosso 0:01.218
15 Adrian Sutil Force India 0:01.643
16 Lewis Hamilton McLaren-Mercedes 0:01.362
17 Nick Heidfeld BMW Sauber F1 Team 0:01.362
18 Robert Kubica BMW Sauber F1 Team 0:01.503
19 Jarno Trulli Toyota Racing 0:01.646
20 Timo Glock Toyota Racing 0:01.886
-------------
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 24.Мај.2009 во 15:56
P. |
Fahrer |
Mannschaft |
Zeit |
1 |
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/jenson-button.html - Jenson Button
|
Brawn GP |
1:40:44.282 |
2 |
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/rubens-barrichello.html - Rubens Barrichello
|
Brawn GP |
7.666 |
3 |
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/kimi-raikkonen.html - Kimi Räikkönen
|
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/ferrari.html - Scuderia Ferrari |
13.442 |
4 |
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/felipe-massa.html - Felipe Massa
|
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/ferrari.html - Scuderia Ferrari |
15.110 |
5 |
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/mark-webber.html - Mark Webber
|
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/red-bull-racing.html - Red Bull Racing |
15.730 |
6 |
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/nico-rosberg.html - Nico Rosberg
|
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/williams.html - WilliamsF1 Team |
33.586 |
7 |
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/fernando-alonso.html - Fernando Alonso
|
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/renault.html - Renault F1 Team |
37.839 |
8 |
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/sebastien-bourdais.html - Sebastien Bourdais
|
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/toro-rosso.html - Scuderia Toro Rosso |
1:03.142 |
9 |
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/giancarlo-fisichella.html - Giancarlo Fisichella
|
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/force-india.html - Force India |
1:05.040 |
10 |
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/timo-glock.html - Timo Glock
|
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/toyota.html - Toyota Racing |
1 Runde zuruck |
11 |
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/nick-heidfeld.html - Nick Heidfeld
|
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/bmw-sauber.html - BMW Sauber F1 Team |
1 Runde zuruck |
12 |
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/lewis-hamilton.html - Lewis Hamilton
|
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/mclaren.html - McLaren-Mercedes |
1 Runde zuruck |
13 |
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/jarno-trulli.html - Jarno Trulli
|
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/toyota.html - Toyota Racing |
1 Runde zuruck |
14 |
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/adrian-sutil.html - Adrian Sutil
|
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/force-india.html - Force India |
1 Runde zuruck |
15 |
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/kazuki-nakajima.html - Kazuki Nakajima
|
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/williams.html - WilliamsF1 Team |
Ausfall |
16 |
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/robert-kubica.html - Robert Kubica
|
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/bmw-sauber.html - BMW Sauber F1 Team |
Ausfall |
17 |
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/heikki-kovalainen.html - Heikki Kovalainen
|
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/mclaren.html - McLaren-Mercedes |
Ausfall |
18 |
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/sebastian-vettel.html - Sebastian Vettel
|
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/red-bull-racing.html - Red Bull Racing |
Ausfall |
19 |
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/nelsinho-piquet-jr.html - Nelson Piquet Jr.
|
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/renault.html - Renault F1 Team |
Ausfall |
20 |
Sebastian Buemi
|
http://de.eurosport.yahoo.com/formel-1/toro-rosso.html - Scuderia Toro Rosso |
Ausfall |
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 24.Мај.2009 во 15:58
Ovoj Button mnogu jako vozi ovaa sezona pak prvo mesto, ocrkuvav Massa se popravi malce. Bitno e pred Alonso
-------------
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 15.Мај.2010 во 20:40
http://www.idividi.com.mk/sport/Formula1/601443/index.html - ВО НЕДЕЛА (14.00) НА ПРОГРАМАТА Е НАЈПОЗНАТАТА ФОРМУЛА 1 ТРКА Сите сакаат да победат на улиците на Монако
Тимот на Ред Бул Рејсинг ќе се обиде да ја продолжи својата совршена форма на квалификациите на Монако ГП, каде што пол-позицијата е секако најважна во текот на целата сезона. Претекнувањето ќе биде речиси невозможно на 3.340 километри долгата улична патека во кнежевството, така што добар резултат на саботните квалификации може да биде клучен за исходот на трката.
Ред Бул го имаат монополот на пол-позициите оваа сезона со три квалификациски најдобри времиња од Себастијан Фетел и две од Марк Вебер, последното на Шпанското ГП минатиот викенд кога Австралиецот стигна до убедлива победа.
"Сите знаеме што значи првиот ред во Монако, бидејќи тие кои ќе се таму ќе се кралеви на крајот", вели Вебер.
Поранешниот светски шампион, Луис Хамилтон од Мекларен се согласува велејќи дека "квалификациите ќе бидат најважни", но самиот верува дека Мекларен може да заврши одлична работа. Сите најдобри тимови ќе се обидат да ја надминат предноста во брзината која Ред Бул очигледно ја има, но и да ги решат проблемите со постојаноста. Техничките проблеми му "одземаа" победи на Фетел во првите две трки од сезоната, додека Хамилтон се удри во претпоследниот круг на Шпанското ГП поради откажување на суспензијата.
"Нашиот болид е брз, но мора да биде така брз цело време. Вака имаме 50% шанси да ја завршиме трката", признава Фетел.
Досега оваа сезона имаше четири различни победници во пет трки, и само актуелниот светски шампион и колега на Хамилтон, Џенсон Батон успеа двапати да победи. Батон води во генерален пласман со 70 поени по 5 од 19-те трки оваа сезона, Фернандо Алонсо во Ферари има 67, Фетел е трет со 60, а Вебер е на 53 поени.
Победата во Монако носи посебен престиж поради единственоста на патеката за богатите, кои трката секако ќе ја гледаат од своите јахти.
"Ја обожувам патеката во Монако, бидејќи тоа е 'најголемата' патека на светот. Мојата победа таму во 2008 е можеби најдобрата во мојата кариера. Тоа беше неверојатен ден", вели Хамилтон, а неговиот колега Батон вели дека "победата лани беше можеби најдоброто нешто досега. На таа патека се станува Ф1 возач".
Најбрз на првите две тренинг сесии кои се одржаа во четвртокот беше Фернандо Алонсо во Ферари, кој сепак призна дека се работи само за подесување на Ф10 болидот, а не за знак за формата.
"Главната цел беше да се разбере како работат гумите и да се добие самодоверба на патеката. Имаме уште многу работа и многу разлика за надоместување", вели Алонсо.
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
ВОЗАЧИ
1.Џенсон Батон (Мекларен) 70
2.Фернандо Алонсо (Ферари) 67
3.Себастијан Фетел (Ред Бул) 60
4.Марк Вебер (Ред Бул) 53
5.Нико Розберг (Мерцедес) 50
6.Луис Хамилтон (Мекларен) 49
6.Фелипе Маса (Ферари) 49
8.Роберт Кубица (Рено) 44
9.Михаел Шумахер (Мерцедес) 22
10.Адријан Зутил (Форс Индија) 16
11.Витантонио Лиуци (Форс Индија) 8
12.Рубенс Баричело (Вилијамс) 7
13.Витали Петров (Рено) 6
14.Хаиме Алгуерсуари (Торо Росо) 3
15.Нико Хулкенберг (Вилијамс) 1
КОНСТРУКТОРИ
1.Мекларен Мерцедес 119
2.Скудерија Ферари 116
3.Ред Бул Рејсинг Рено 113
4.Мерцедес ГП Петронас 72
5.Рено Ф1 50
6.Форс Индија Мерцедес 24
7.Вилијамс Косворт 8
8.Скудерија Торо Росо Ферари 3
-.БМВ Заубер 0
-.Лотус Рејсинг 0
-.ХРТ Хиспанија 0
-.Вирџин Рејсинг 0
*** Вебер ќе го замени Маса во 2011?
Во неочекуван пресврт, Марк Вебер стана последниот возач кој е поврзуван со тимот на Ферари за 2011, во развој во кој иднината на Фелипе Маса во Скудерија станува се понеизвесна. Подолго време се шпекулираше дека ѕвездата на Рено, Роберт Кубица е вистинска цел на тимот од Маранело како партнер на својот близок пријател и покер-партнер Фернандо Алонсо, но новиот сопственик на тимот од Енстоун, Жерард Лопез објави план да го убеди Полјакот да остане во неговиот тим.
Претходно се веруваше дека 33-годишниот Вебер нема да добие нов договор од Ред Бул и ќе реши да се пензионира, но сега се појавува шанса да вози покрај својот пријател Алонсо.
Маса беше послаб во последните две квалификации и трки од Алонсо, и како тивко да влезе во сенка на Шпанецот. Бразилецот призна дека Ф10 болидот "не работи како што очекував". Договорите на маса и Вебер истекуваат на крајот на годината.
Кубица пак доби ветување од сопственикот Жерард Лопез дека ќе добие шанса да гради силен тим, како што Михаел Шумахер го правеше тоа со Бенетон и Ферари.
"Тој е вистински тркач. Во формула 1 е за тркањето, а не за политиката. Малку возачи имаат таков талент како него", вели Лопез.
*** Батон: "Се уште сум досадно копиле!"
Џенсон Батон признава дека мора да направи повеќе за да го зголеми интересот околу неговата личност. Лани пред Монако ГП трката тој изјави дека јаде, спие и пие формула 1 и дека е "вистинско досадно копиле", а сега 30-годишниот шампион вели дека и покрај титулата не се променети многу работи.
"Далеку сум поопуштен од минатата година, но се уште размислувам премногу на формула 1. Понекогаш е потребна пауза, да се избере друго хоби, но моето хоби е триатлон, а последниот на кој учествував беше во август. Така останува поголемиот дел од времето да размислувам на формула 1. Затоа се уште сум досадно копиле, но малку сум поопуштен", вели Батон.
***
"Кумот" Еклстоун ќе го спасува ХРТ
Берни Еклстоун призна дека новиот Ф1 тим, Хиспанија Рејсинг (ХРТ) има финансиски проблеми при доцниот старт на сезоната, но носителот на комерцијалните права вети дека и тоа "ќе се среди". ХРТ едвај влезе во Ф1 оваа година, откако главниот акционер Хозе Рамон Карабанте го купи тимот од претходниот сопственик Адријан Кампос.
"ХРТ имаат проблеми. Јас ќе го решам тоа. Сакам 12 тима да ја завршат сезоната, бидејќи тие се обврзаа да го направат тоа. Можеби ќе загубиме еден од тимовите, но правам се тоа да не се случи. Затоа ме викаат кум", вели Еклстоун.
***
Петер Заубер вели дека има целосна доверба во своите возачи Педро Де Ла Роса и Камуи Кобајаши, откако призна дека бил збунет од извештаите дека нивните места се под закана. Ова посебно важеше за ветеранот Де Ла Роса, кој би бил сменет со возач кој носи спонзори. "Не сфаќам зошто цело време се зборува за тоа. Возачите не се тема во тимот. Во Шпанија конечно им дадовме конк*рентен болид и сега треба тие да ја вратат самодовербата", вели Заубер.
Во Мекларен објавија дека нивниот главен инжинер Пет Фрај си замина од тимот, но шефот Мартин Витмарш е сигурен дека нема да имаат проблеми со развојот на тимот. Фрај работи во Мекларен од 1993 година. "Пет беше во компанијата 18 години, така што имаше огромно влијание на нашиот тим. Тој реши дека му е потребна пауза, но нема да страдаме поради тоа. Во тимот сега се создава шанса за некој помлад и погладен за победи. Сите можеме да бидеме заменети", вели Витмарш.
Михаел Шумахер верува дека Мерцедес конечно е блиску до најбрзите болиди во Монако поради тоа што патеката ќе ги стави во прв план возачките квалитети. Мерцедес се далеку на четвртото место зад Ред Бул, Мекларен и Ферари по првите 4 трки, но имаа 2. и 5. најбрзо време на слободниот тренинг во Монте Карло. "Другите тимови кои имаат предност на другите патеки сега се поблиску и ќе биде интересно на квалификациите. Едвај чекам да дојде трката", вели Шумахер.
Мањи-к*р патеката може да биде потенцијална замена оваа сезона доколку организаторите на првото Корејско ГП не успеат да ја довршат патеката во Јеонгам Каунти до 24 октомври. Францускиот магазин Ауто Хебдо вели дека Мањи-к*р, кои имаа трки од 1991 до 2008, ја имаат подршката на Жил Депењо, советникот на францускиот премиер Франсоа Филон.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 19.Август.2015 во 17:40
Многу жалам што во Монако стигнав десетина дена после трката за големата награда и немав можност да во живо го доживеам сиот оној адреналин кој го нуди овој спорт и со тоа згасна и надежта дека од блиску ќе го видам Хамилтон .Но затоа,горделиво си шетав низ храмот на брзината,уживајќи во гламурозната убавина која ја нуди ова кнежевство,па на крајот морав да средувам впечатоци во Јапонската Градина од Грејс Кели ,за да можам да се помирам со моето враќање дома...Неповторливо!На сите топло ви препорачувам да го доживеете истото што и јас!
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 22.Август.2015 во 01:07
Renatax напиша:
Многу жалам што во Монако стигнав десетина дена после трката за големата награда и немав можност да во живо го доживеам сиот оној адреналин кој го нуди овој спорт и со тоа згасна и надежта дека од блиску ќе го видам Хамилтон .Но затоа,горделиво си шетав низ храмот на брзината,уживајќи во гламурозната убавина која ја нуди ова кнежевство,па на крајот морав да средувам впечатоци во Јапонската Градина од Грејс Кели ,за да можам да се помирам со моето враќање дома...Неповторливо!На сите топло ви препорачувам да го доживеете истото што и јас! |
И јас не го видов Хамилтон, ама му ја видов колата паркирана пред Hotel de Paris
А за утеха не знам дали ти текна да седнеш во таа бронзената формула-споменик, на некојси поранешен петкратен шампион кој дури Шумахер успеал да го надмине? Таму на раскрсницата кај што им се боксовите кога се одвива трката. Бронза, како за утеха.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 22.Август.2015 во 15:39
Не,не се качив на таа играчка ,да го сретнев типчево со ова ауто ќе застанев некаде у позадина гарант.Претпоставувам новиов автомобил си го видела паркиран пред хотелот.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 25.Август.2015 во 13:58
Тоа беше пред 2-3 години и појма немам ни каква беше колата Мојата посилна половина ми кажа, еве ја колата на Хамилтон,или е на кафенце во хотелот или од карши во казиното, да спечали некоја пара
А јас па од толку што го знам типчето, сеедно ми е, да помине покрај мене нема да знам дали бил Хамилтон или комшијата од карши.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 14.Октомври.2015 во 22:17
леле Анастеа ќе те утепам! некојси возач?! некојси! ... тоа е еден од најлегендарните возачи на сите времиња, Хуан Мануел Фанџио, возач од пеесетите, носач на 5 светски титули во Ф1, рекорд што ќе биде срушен од страна на Шумахер дури во 2003 година, после 47 години... ова во монако е спомeник кај што е прикажан со својот мерцедес W196
а еве како си врти кругчиња низ монако, од документарец за него (да биде во склоп на темава нели
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 15.Октомври.2015 во 00:36
Фанџо-Манџо појма немав кој е, додека не го видов споменикот во Монте Карло. И да ме утепаш, исто ми се фаќа.
Ја од мене една сликичка, колку да не сум офтопик.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 16.Октомври.2015 во 01:16
ја да бев ќе свртев обавезно некое кругче низ деловите од патеката... Раскас, Гранд Хотел, Нувел шикен, угорницата на Боу риваж... ит.н.би ми било малце чудно да ги видам без бариери, трибини и ивичници
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 17.Октомври.2015 во 00:49
Ги шетав јас кругчињата од патеката. И пешки, и со кола и со тоа автобусчето за разгледување на градот што вози точно по патеката. Јако е чувството да возиш по патеката или да застанеш на стартот кој си стои одбележан таму на улица. А па да ја гледаш трката во живо мора да е чудесно...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
|