Испечати | Затвори го прозорот

Ретинопатија

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Медицина
Опис на форумот: Болести и лекови, алтернативци, превенција...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=18839
Датум на принтање: 25.Ноември.2024 во 18:22
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Ретинопатија
Постирано од: mamamd
Наслов: Ретинопатија
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 21:31
Нешто што овие денови ми го одземаспокојството и ме тера на размислување како се решава човечката судбина е оваа болест. Болест која за многу малку пари и со соработка меѓу клиниките или со набавка на ефтин апарат би ја немало или би би била избегната.  да не зборувам јас, а убаво е да знаеме, внимателно прочитајте го овој текст преземен од постарите броеви на Време
ФАКТИТЕ ЈА ПОБИВААТ ДИРЕКТОРКАТА НА ГИНЕКОЛОГИЈА
Децата го губат видот поради дијагностика со апарат вреден 500 евра
Фондот за здравствено осигурување во изминативе три години испратил 10 деца на операција во странство за да може да им се врати видот, кој го изгубиле поради ретинопатијата. Во првите шест месеци од годинава, во странство биле испратени три деца. Лекувањето кај едно дете завршило, а две деца се уште биле на лекување во Институтот за ретина во Истанбул. Во 2006 година во Универзитетската клиника во Антверпен биле испратени четири деца, но клиниката по направените испитувања одбила да ги оперира. Во 2005 година во Белгија биле испратени три деца кај кои била направена интервенцијата. Една година пред тоа, ниту едно дете не било упатено на лекување за оваа дијагноза преку Фондот.
Најчеста причина за развивање висок степен ретинопатија, која во најголем број случаи завршува со трајно слепило, е ненавремената дијагностика. Иако на Очната клиника постојат апарати што може да ја дијагностицираат ретинопатијата, оваа клиника се уште нема договор со Клиниката за гинекологија за редовни прегледи на предвреме родените бебиња. Директорката на клиниката, професорката Елена Џајковска, вели дека подолго време разговараат со Клиниката за гинекологија за соработка на ова поле и дека очекува од септември таа конечно да се реализира.
- Овој проблем се појави во последниве години кога процентот на преживување на предвреме родените бебиња се зголеми. Кај овие деца постои висок ризик за појава на ретинопатија, која ние на клиниката можеме да ја дијагностицираме. За тоа не се потреби посебни апарати и со опремата која ја имаме дијагнозата може да се постави. Апаратите за дијагностика чинат од 500 до 20.000 евра во зависност од состојбата – вели професорката Џајковска.
Поскапите и пософистицирани апарати, вели таа, се користат од хирурзите, кои со нивна помош гледаат колкави се оштетувањата на ретината и одлучуваат дали да го изведат зафатот. Овие хируршки интервенции не се изведуваат кај нас, бидејќи, како што вели професорката Џајковска, се работи за нови методи, кои дури и најсовремените очни клиники на ги прават. Во моментов, објаснува таа, најголем број операции се прават на клиника во Истанбул, од каде се уште нема податоци за тоа колкав бил процентот на успешност на интервенциите.
Интервенциите на оваа клиника чинат околу 30.000 евра за операција на едното око, не вклучувајќи ги трошоците за болнички сместување и за лекови. Дел од сумата покрива Фондот за здравство, а дел родителите, кои освен овие трошоци плаќаат и за превозот и за сместувањето.
По пишувањето на „Време“ за состојбата со предвреме родените бебиња на клиниката за гинекологија, во редакцијата се јавија повеќе родители чии деца се лекувале на оваа клиника и кај кои било утврдено дека имаат ретинопатија. Според сите нив, проблемот е во тоа што никој на Клиниката не им кажал дека постои ризик да се развие ретинопатија и воопшто не бил повикан лекар за да ја дијагностицира оваа состојба. Родителите, барајќи податоци на Интернет за последиците од предвременото раѓање, дошле до информации за ретинопатијата и сомневајќи се дека нивното дете има проблеми со видот, побарале лекарска помош, по што било дијагностицирано оштетување на ретината. Најтрагично е, велат родителите, што оваа појава не се открива навреме, кога има големи шанси таа да се излекува и да не заврши со трајно слепило.
Од Клиниката за гинекологија признаваат дека скринингот за ретинопатија кај овие деца мора рано да се направи, но велат дека тоа е во надлежност на Клиниката за очни болести, од каде што немале позитивен одговор за раниот скрининг. Во меѓувреме, како што признаваат од клиниката, на одделението за интензивна нега недостигаат неколку апарати, меѓу кои и апарат за гасни анализи и кислородни анализатори. Неправилното регулирање на кислородот во инкубаторите ја зголемува шансата да се развие ретинопатија, особено доколку се даде многу повеќе кислород од потребното количество.




Коментари:
Постирано од: Delicia
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 21:33
Еве едно мало објаснување за Ретинопатија
 
Ризик за слепило кај недоносените деца

Ретинопатијата на недоносените деца (РН) е болест на мрежичката на окото што може да предизвика слепило. Најзначаен фактор за развој на ова заболување е недоносеноста. Како други причини се сметаат малата породилна тежина, апаратите за дишење ако се користат повеќе од една недела, сепса, трансфузија на поголемо количество крв, крвавење во мозокот, нарушување во развојот на белите дробови и на бронхите. Децата што ќе го развијат ова заболување имаат поголеми шанси да добијат и други нарушувања на очите. Со ран скрининг на окото, како и со редовни контролни прегледи, болеста може да се открие и да се лекува.
Пред 15. недела од бременоста мрежичката кај плодот нема крвни садови. Тие почнуваат да се развиваат во периодот од 15. до 18. недела. Процесот на развој на крвните садови во носниот дел на мрежичката завршува во 36. недела, а во слепоочницата во 40. недела.
За да се открие и лекува ретинопатијата, многу важно е да се направи преглед на очите кај недоносените деца. Првиот преглед се прави од четвртата до шестата недела по породувањето. Потоа се повторува на секоја една до три недели се додека не заврши развојот на крвните жили. Ако се дијагностицира ретинопатија, лекувањето почнува кога ќе се достигне т.н. праг на РН. Во овој случај интервенција треба да се направи најдоцна за 72 часа.
Ретинопатијата е најчеста во периферниот дел на мрежичката. Можноста да се јави ова заболување е поголема ако плодот е млад и има мала породилна тежина. РН се развива кај 66 отсто од децата што се раѓаат полесни од 1.250 грама, а кај 82 отсто од новороденчињата што се полесни од 1.000 грама. Кај децата родени од 23. до 26. недела зачестеноста на РН е 65 отсто, а кај родени во 27-28 недела, 38,3 отсто.
Точниот механизам за развој на РН не е познат, но се смета дека таа се развива во два чекори. Почетното оштетување настанува поради намален крвен притисок, намалено или зголемено количество кислород, што предизвикува стегање на крвните садови, намалување на дотурот на крв во мрежичката и нарушување на нормалниот процес на развој на крвните садови. По овој стрес, жилите може да се развиваат нормално или, пак, да растат абнормално. Новите крвни жили се пропусливи поради што предизвикуваат отоци и крвавење во очите.
Лекувањето се изведува со уништување делови од мрежичката што немаат крвни жили. Се применуваат две постапки - криотерапија и ласерска фотокоагулација. Криотерапијата буквално значи лекување со смрзнување, а до 1990 година била единствена постапка за лекување РН. Постапката вклучува смрзнување на периферната мрежичка преку очниот ѕид. Се изведува под локална или општа анестезија.
Ласерската фотокоагулација се прави со диода или аргонски ласер. Оваа постапка подобро се поднесува од криотерапијата, бидејќи има помал број несакани ефекти. Ласерското лечење може да предизвика појава на катаракта, но степенот на ризик се уште не е утврден. Се смета дека катарактата поретко се развива кога фотокоагулацијата се прави со диода, а не со аргонски ласер. Одвојувањето на мрежичката делумно или потполно се лечи и по хируршки пат.



-------------
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 21:37
се надевам дека темава ќе им помогне на идните мајки
сум слушнала за ретинопатијата  меѓутоа никогаш и за причините од кои настанува
нашите лекари се однесуваат многу индиферентно па некогаш ние како родители сме приморани да лутаме по интернети,библиотеки,паталци за да научиме нешто повеќе
чиста десетка за темава


-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 21:41
Убаво е да се знае каде родителите може да бараат излез 
ЗА ДВЕ ГОДИНИ
Пријавени шест деца со ретинопатија
Шест деца со ретинопатија и со оштетувања на видот биле прифатени во изминативе две години во Амбулантата за следење на растот и развојот кај ризично родените деца, велат одговорните од Центарот. Последното дете било примено во амбулантата пред само два дена. Помеѓу децата со дијагностицирана ретинопатија што се следат во Центарот се и две близначиња од Тетово.
- Ние не ја дијагностицираме ретинопатијата, туку само ги следиме пречките во видот што се појавуваат. Неретко се случува децата да дојдат кај нас и дури откако ние ќе забележиме дека има некакви пречки во видот, да се направи скрининг за ретинопатија и да се постави дијагноза. Целта на Центарот е што порано да ги откриеме сите отстапувања, за да може тие што поуспешно да се лекуваат – вели д-р Иван Двојаков, раководител на Центарот.
Доколку ретинопатијата се открие навреме, оштетувањата на видот може да бидат помали. Дете кај кое оваа состојба била навреме дијагностицирана и кое било следено во Центарот, минатата есен било запишано во нормално основно училиште, вели д-р Двојаков.
Во центарот се прифаќаат сите деца родени со висок ризик, кои претставуваат околу 10 отсто од вкупно родените деца во земјава.
Според податоците на Фондот за здравство, во 2007 година на лекување во Институтот за ретина во Истанбул, Турција, биле испратени три деца.

Во 2006 година за лекување во клиника во Антверпен се упатени четири деца, а во 2005 година во Белгија се лекувале три деца. Ова значи дека голем дел од децата воопшто не биле упатени и регистрирани во Центарот за деца родени со фактор на ризик. Тоа упатува на фактот дека кај нас нема реални податоци за бројот на децата со оштетување на видот како последица на ретинопатијата.
Иако проблемот е сериозен, во земјава нема воведено редовен скрининг за ретинопатија кај ризично родените деца на Клиниката за гинекологија. Освен тоа, во изминативе месеци на Клиниката не функционира и дел од апаратите. Токму на тие апарати се утврдува нивото на кислород што треба да им се даде на бебињата. Поголема концентрација, велат лекарите, може да доведе до развој на ретинопатијата и до слепило. Токму поради ваквите недостатоци, како што дознаваме, родителите на две деца поднеле тужби против Клиниката за гинекологија. Дел родители реагирале и до министерот Имер Селмани. Сепак, досега ниту една надлежна институција го нема разгледано случајот. Според членот 54 од Законот за здравствена заштита, доколку во текот или по лекувањето настанат трајни последици, и инвалидност, корисникот или неговото семејство имаат право да бараат да се изврши проверка на стручната работа во поглед на здравствената заштита што му е дадена. Проверката ја спроведува Министерството за здравство.
- На Клиниката за гинекологија не прават скрининг за ретинопатија, иако се свесни се дека некои од децата што ќе излезат од кај нив ќе бидат слепи. Тие знаат дека има проблем, но ништо не преземаат по тоа прашање - велат родителите.
Иако Гинекологија вината за скринингот ја префрла на Клиниката за очни болести, според предлогот на консултантот платен од Министерството за здравство и Светската банка во 1999, единицата за интензивна нега на Гинекологија била обврзана да прави скрининг за ретинопатија уште додека се бебињата во инкубатор. Според истиот проект, Клиниката требало да направи и база на податоци за бебињата згрижени во одделението за интензивна нега, а такви податоци, според директорката Адела Стефанија, се уште нема.



-------------


Постирано од: natashatiffany
Датум на внесување: 30.Април.2009 во 23:56
bravo za temava,jas mislam javnosta mora da bide informirana vo celost za naseto bedno zdrastvo.Ova mislam deka nikade go nema na celiot svet so vakvi raboti nema odenje vo eu,ako nema uslovi za celosno zadovoluvanje na potrebite 100% vo genokologijata i akuserstvo intezivna nega bi trebalo da ja zatvorat dodeka ne se obezbedat uslovi 100%,a ne da se rizikuva voopsto zatoa sto straadaat mladi nevini decinja od edna nesmasnost na personalot,i po ova bi trebalo nekoj da si ja snosi odgovornosta,i celosno ipituvanje na site slucaevi spored zakon.i da se bara civa e odgovornosta t.e greskata,nemoze ova da prodolzi ponatamu mora da se stavi kraj.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 15.Мај.2009 во 06:48
 И ние на Идивиди се обидовме да го актуелизираме проблемот со ретинопатијата и се обидовме да дадеме свој придонес за надминување на оаа состојба во здравството.

Никој не знае колку бебиња завршуваат со оштетување на видот

Гинеколозите и очните лекари си ја префрлаат топката едни на други

Јасмина Јовановска

Колку од предвремено родените бебиња на Клиниката за гинекологија во Скопје завршуваат со ретинопатија , односно сериозни проблеми на очната мрежница, во оваа здравствена установа не знаат, зашто бебињата ги пуштаат дома без да им се дијагностицира болеста.

Тоа што ретинопатијата не ја откриваат лекарите, туку родителите откако децата ќе ги прегледаат во странство, од кои некои завршуваат со слепило и не им помага ни ласерското лекување, гинеколозите и очните лекари си ја префрлаат топката едни на други. Гинеколозите тврдат дека тие за секое предвремено родено дете кое е сместено во инкубатор бараат мислење од очен лекар, но прегледите се без резултати и вината ја префрлаат на очните лекари. Офталмолозите, пак, се правдаат дека тие ги прегледуваат децата и дијагностицираат ретинопатија, но зошто во отпусното писмо од Гинекологија на бебињата, на кои подоцна им се утврдува болеста, не стои дијагнозата, не им е познато. Колку може да го откријат навреме заболувањето кога немаат соодветна опрема, очните лекари велат дека се доволно стручни да утврдат ретинопатија кај бебињата и со обичен апарат за преглед на очи - офталмоскоп.

Дел од педијатрите кои сакаат да останат анонимни, пак, сметаат дека за појавата на ретинопатија кај предвремено родените бебиња многу е важно дозирањето на инкубаторот со кислород. Секое несоодветно дозирање со кислород доведува до побрзо созревање на крвните садови на очите и одлепување на мрежницата, која ако навреме не се открие, може да доведе до трајно слепило. Секако, проблем е и тоа што нема очен лекар специјализиран за преглед на бебиња, а нема ни опрема, што е битно навреме да се открие болеста и да се лекува. Еден индиректен ретиноофталмоскоп за дијагноза на бебешка ретинопатија чини само 4.000 евра. Овој проблем на Гинекологија се провлекува повеќе од две години, а деновиве повторно го актуализираа родители кои ќе ја тужат Клиниката за гинекологија зашто нивното дете добило болест на очите.

„Нашите инкубатори се в ред и децата будно се следат така што не е можно дозирањето со кислород да е причина за појава на ретинопатија кај бебињата“, категорична е в.д. директорката на Клиниката за гинекологија, д-р Адела Стефанија, и додава дека ретинопатијата може да се појави и поради други фактори, како што се инфекции на мајката, генетичка предиспозиција и трансфузиите кои се животно важни за овие бебиња.

Според неа, на секој инкубатор има мониторинг колку е заситеноста на крвта со кислород на бебето, така што не точно е дека не се прави мерење на концентрацијата на кислородот во крвта на секои три часа. Но, таа не одговори дали кадарот реагира веднаш за да го смени протокот на кислородот од машината на кое е поврзано детето. „Одделот има доволно кадар да се следат бебињата во инкубаторите, кои ги има 20 на број“, потенцира д-р Стефанија.

Зошто децата од клиниката излегуваат со неоткриена ретинопатија, д-р Стефанија вели дека иако повикуваат лекар од Очната клиника, прегледите немаат резултати. Д-р Стефанија потврди дека се зафатила да го реши овој проблем пред две години кога повторно во јавноста се крена врева за ослепувањето на бебиња од инкубаторите, но зошто се' уште не е решен, тоа е прашање за Клиниката за очни болести. Но, факт е, вели таа, дека откако повторно се актуализира овој проблем во јавноста, се растрчаа и гинеколозите да кажат дека работата на елаборат за проблем кој не е нивен и за тоа го оформирале и Министерството за здравство. За почеток се планира да се ангажира стручњак од Нови Сад, кој на одредено време би доаѓал да ги прегледува бебињата, што било по иницијатива на еден родител. Зашто колку навреме се открие болеста толку шансите да се спасат очите од слепило се поголеми. Најдобро е, велат стручњаците, децата се прегледаат од четвртата до шестата неделата, откако ќе се стават во инкубатор.

Директорката на Очната клиника, д-р Елена Џајковска, пак, е категорична дека нејзините колеги се доволно стручни да откријат ретинопатија кај бебиња и тоа предвремено родени и дека секогаш одговарале на конзилијарните барања на Гинекологија. Иако д-р Џајковска тврди дека се стручни да прегледуваат предвремено родени бебиња, таа призна дека немаат опрема за овие деца и дека одредиле и двајца очни лекари да одат на едукација во Србија, како дел од елаборатот за кој конечно се консолидирале со педијатрите и гинеколозите.

„Иако нема опрема, колегите се доволно стручни за да може да се дијагностицира бебешка ретинопатија и со обичен офталмоскоп“, тврди д-р Џајковска.

Министерот за здравство, Бујар Османи, ќе го испита случајот и вчера итно ја повикал на состанок директорката на Клиниката за гинекологија, д-р Стефанија.




-------------


Постирано од: SEA1
Датум на внесување: 25.Мај.2009 во 21:57
Dobro e da se aktueliziraat problemite. No za zal kaj nas se e iskriveno odnosno se e idealno pa taka ni se slucuva da
"imame vrvni strucnjaci oftalmolozi koj duri i bez oprema mozat da dijagnosticiraat retinopatija"

"na novorodencinjata na sekoi tri casa im se proveruva PH status "(sto se slucuva koga ne raboti aparatot??)

"ima dovolno personal na neonatologija" (spored cii li standardi??)

"ministerstvoto raspisuva tenderi za aparatura"(koj znae dali se predvideni aparati za dijagnosticiranje na retinopatijata)

Koga gi slusame direktorkite na spomenatite kliniki ni slucajno ne bi trebalo da imame deca so retinopatija? Zosto togas ja imame?? Koj li ne ja kazuva vistinata?? Samo vistinata ke dovede do resavanje na problemot.


Постирано од: Delicia
Датум на внесување: 23.Септември.2009 во 22:48
И покрај ветувањата на Министерот за Здравство дека ке превземе се за да нема повеке нови случаеви на ретинопатија ,во Белгиската болница и понатаму пристигнуваат бебиња ,кои,наводно биле лечени од познати офталмолози од регионот и кои поради непрофесијоналноста на истите ризикуваат да останат доживотно слепитага

-------------
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk