106 ГОДИНИ ОД СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТИ
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=18829
Датум на принтање: 20.Јули.2025 во 23:58 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: 106 ГОДИНИ ОД СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТИ
Постирано од: mamamd
Наслов: 106 ГОДИНИ ОД СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТИ
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 06:47
Настани кои не смеат да се заборават, борбата за признавање и свртување на вниманието на светот кон проблемите на Македонија. http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=AD5D5A6FD09C17488496F331DBE54FCE - Македонија се поклони пред гемиџиите
|
Коментари:
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 10:18
Е да не се нешто род со др.Блаже Поп Јорданов
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 13:15
Тој Вујкото на http://www.youtube.com/watch?v=SlZoJlNABF8 - Др.Блаже Поп Јорданов
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 13:59
Почит кон хероите
Вечна слава за нив
Орце Поп Јорданов
Констадин Кирков
Илија Трчков
Димитар Мечев
Владимир Пингов
Тодор и Ѓорѓи Богданови
Тодор Органџиев
Милан Арсов
Павле Шатев
Марко Бошњаков
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 15:13
Вои денешно време, Солунските атентатори би ги нарекле можеби терористи. Ме интересира дали има податоци за жртви од оваа историска акција?
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 15:31
Историјата неможе да се модерира. Или имало или немало жртви. Која е вистината?
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 17:27
За Отоманската банка - 4 загинати и 5 повредени лица.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 19:24
Значи, сепак настрадале и невини лица при свртувањето на вниманието на Европа. Зар тоа не го прават и Палестинците за своето национално прашање-а сепак таквиот чин се нарекува терористички.
Или пак има разлика?
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 19:40
Најдов и други интересни работи само што се набугарски и ме мрзи да преведувам.
|
Постирано од: да бе
Датум на внесување: 29.Април.2009 во 07:29
http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=11425D7E0EB40941A6D7F86F35E0ED05 - Глобус
Солунски атентатори

Акциите на гемиџиите жестоко осудени во светот
Солунските атентатори или гемиџиите, кон крајот на април 1903 година
ќе го привлечат светското внимание со серија терористички акции во
Солун. Групата велешки анархисти со нападите врз претставништвата на
Отоманската банка, францускиот брод „Гвадалкивир“ и на други европски
објекти ќе се обидат да го привлечат вниманието на големите сили на
состојбата во Македонија и да ги принудат на интервенција против
турската власт. Американските медиуми секојдневно го следат развојот на
настаните во Солун и објавуваат опширни извештаи за нападите, за
масакрите врз христијанското население кои следеле потоа, како и за
реакциите на големите сили на овие случувања. Судејќи според она што е
објавено, доколку целта на Гемиџиите била да се привлечат симпатиите на
светската јавност за нивната кауза, ефектите биле целосно спротивни.
Иако има бројни извештаи за случувањата, во продолжение ви ги
пренесуваме реакциите и коментарите околу ефектите од нападите, и
расположението кое владеело во однос на Македонското прашање.
„Сан
Франциско кол“ веќе во бројот од 1 мај ја објавува веста дека на 30
април 1903 била уништена Отоманската банка во Солун, а биле нападнати и
поштата и други згради. „... Случувањата во Салоника повторно
предизвикуваат вознемиреност за можна балканска криза. Сите информации
за злосторството наведуваат дека напаѓачите биле организирани од
Македонскиот комитет и се верува дека нападот врз банката имал за цел
да предизвика жесток одговор од Турците и да доведе до интервенција на
европските земји. Се додава дека нападите се многу слични на нападот на
Ерменците врз Отоманската банка во Константинопол на 26 август 1896
година, по што следуваше масакр на муслиманите врз 5 илјади Ерменци на
улиците и во провинцијата“.
На 3 мај 1903 „Њујорк дејли трибјун“
освен извештајот од Солун објавува и коментар за случувањата.
„Злосторствата во Салоника се точно она што можеше да се очекува.
Бугарскиот „Македонски комитет“ си остана на зборот. Уште пред долго
време ја објавивме нивната закана, дека ќе сторат многу злосторства
против луѓе и имот, и ќе предизвикаат таков терор во Турција, што
големите сили ќе мораат да интервенираат. Таа закана сега целосно се
реализира, како што покажуваат извештаите оттаму. Нечовечни убиства и
масакри беа сторени врз Турците, а Турците со иста мерка враќаа врз
христијаните. Се подметнуваа пожари. Железничките мостови се дигаа во
воздух со динамит. Сега и нападите во Салоника. Срамните дела на
Бугарите, секако не ги ослободуваат Турците од вината за лошото
владеење. Турците се доволно лоши и тоа светот го знае и треба да се
ослободи од нив. Но, сигурно никој нема да се осмели да им понуди
симпатии на бугарските злосторници кои се впуштаат во вакви акции.
Цивилизираните луѓе не можат да симпатизираат со динамитското насилство
во Македонија, како што не можат да го прифатат кога тоа се случува и
во Ирска или во Чикаго. Доколку Македонија биде ослободена од турската
власт, тогаш таа мора да биде владеена од некои други, а не од
бугарските бандити кои ги поттикнуваат злосторствата. Да се избркаат
Турците и да му се дозволи на „Македонскиот комитет“ да владее ќе биде
како да се избрка еден зол дух и на негово место да се доведат 7 други,
секој полош од претходниот. Што да се стори во таква ситуација е тешко
прашање. Но можеби како пример треба да послужи она што се случи во
Босна и Херцеговина. Оваа провинција, порано една од најлошо владеените
во Европа, сега е меѓу најдобрите (откако ја презема Австро-Унгарија,
н.з.). Сличните методи во Македонија можат да продуцираат исти
резултати“, заклучува „Њујорк дејли трибјун“.
„Сан Франциско
кол“ на 4 мај го пренесува пишувањето на печатот во Виена за
случувањата во Солун: „Виенскиот печат е едногласен во осудата на
Бугарија за лошиот развој на настаните. „Фремденблат“ пишува:
„Злосторствата во Солун на платениците на Македонскиот комитет ги
надминуваат сите досегашни престапи сторени од името на Бугарско-
Македонските аспирации. Убиствата на неподобните Срби, Грција и
Романците кои го посрамотија Комитетот во последниве години, свирепоста
кон муслиманските жители во Македонија и обидите да се уништат
железничките линии со динамит, покажаа на што се се подготвени
фанатиците испратени од Комитетот. Но дури и во светло на сите тие
докази за бескрупулозност, катастрофата во Салоника доаѓа како
неподносливо изненадување“. Значи тогава Бугаириjа и бугарите осудени, сега бугарите са крадци на историjа, а македонците слават
требе справедливост мислам може да се направи официално од владата на Македониja - да се пратат писма до весниците кои пред 106 години са пишували дека вината е на бугарите. Да им се обjасни дека ова са македонци и да се изчисти името на Бугариjа. Истото може и за аферата мис Стон
се сложувате дека не е фер - комшии сме се пак
------------- http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ
|
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 29.Април.2009 во 09:09
да бе напиша:
Значи тогава Бугаириjа и бугарите осудени, сега бугарите са крадци на историjа, а македонците слават
требе справедливост... |
Ај мајката! Сега, кога за оваков немил настан странски новинари македонците ги поистоветуваат (заменуваат) како бугари и, нив ги прикажуваат како терористи - не ви одговара, така? А во други случаи ќе се „отепате“ од докажување на вистинитоста на пишувањата на тие новинари.
да бе напиша:
... мислам може да се направи официално од владата на Македониja - да се пратат писма до весниците кои пред 106 години са пишували дека вината е на бугарите. Да им се обjасни дека ова са македонци и да се изчисти името на Бугариjа. Истото може и за аферата мис Стон
се сложувате дека не е фер - комшии сме се пак
|
Или можеби прво бугарската влада да се огради од „бугарството“ на
терористите и да признае дека тие не биле бугари туку македонци, кои се
бореле за Македонија, а не за Бугарија. Мислам дека прво тој кој е повикан треба да даде демант или потврда. Во случајов тоа се бугарите, односно Бугарија. Е, после таков демант на Бугарија, верувам дека и македонската влада би го сторила тоа што велиш ти.
Како комшии редно е да имаме фер односи, нели? 
А, што се однесува до официјалните ставови на државава кон самиот чин, за самиот терористички акт, јас навистина се чудам, како може да се напаѓаат и да се нарекуваат терористи (и разни други погрдни зборови) сите други кои се борат за некои нивни правдини, и кои на таков насилен начин сакаат да го свртат вниманието на јавноста, а нашиве терористи да се величаат, да им се градат споменици, да се ставаат ловорики... Значи, треба да се заземе став, или се осудува тероризмот (независно кој го сторил) или терористите (независно кои се тие) и нивните дела се слават.
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
Постирано од: да бе
Датум на внесување: 29.Април.2009 во 09:32
Zlatnik напиша:
Или можеби прво бугарската влада да се огради од „бугарството“ на
терористите и да признае дека тие не биле бугари туку македонци, кои се
бореле за Македонија, а не за Бугарија. Мислам дека прво тој кој е повикан треба да даде демант или потврда. Во случајов тоа се бугарите, односно Бугарија. Е, после таков демант на Бугарија, верувам дека и македонската влада би го сторила тоа што велиш ти.
Како комшии редно е да имаме фер односи, нели? 
А, што се однесува до официјалните ставови на државава кон самиот чин, за самиот терористички акт, јас навистина се чудам, како може да се напаѓаат и да се нарекуваат терористи (и разни други погрдни зборови) сите други кои се борат за некои нивни правдини, и кои на таков насилен начин сакаат да го свртат вниманието на јавноста, а нашиве терористи да се величаат, да им се градат споменици, да се ставаат ловорики... Значи, треба да се заземе став, или се осудува тероризмот (независно кој го сторил) или терористите (независно кои се тие) и нивните дела се слават.
|
еми ОК - во право си - прво ние ке требе да признаеме дека не са бугари ке мора значи да почеката малце
------------- http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 29.Април.2009 во 11:07
Zlatnik напиша:
да бе напиша:
Значи тогава Бугаириjа и бугарите осудени, сега бугарите са крадци на историjа, а македонците слават
требе справедливост... |
Ај мајката! Сега, кога за оваков немил настан странски новинари македонците ги поистоветуваат (заменуваат) како бугари и, нив ги прикажуваат како терористи - не ви одговара, така? А во други случаи ќе се „отепате“ од докажување на вистинитоста на пишувањата на тие новинари.
да бе напиша:
... мислам може да се направи официално од владата на Македониja - да се пратат писма до весниците кои пред 106 години са пишували дека вината е на бугарите. Да им се обjасни дека ова са македонци и да се изчисти името на Бугариjа. Истото може и за аферата мис Стон
се сложувате дека не е фер - комшии сме се пак
|
Или можеби прво бугарската влада да се огради од „бугарството“ на
терористите и да признае дека тие не биле бугари туку македонци, кои се
бореле за Македонија, а не за Бугарија. Мислам дека прво тој кој е повикан треба да даде демант или потврда. Во случајов тоа се бугарите, односно Бугарија. Е, после таков демант на Бугарија, верувам дека и македонската влада би го сторила тоа што велиш ти.
Како комшии редно е да имаме фер односи, нели? 
А, што се однесува до официјалните ставови на државава кон самиот чин, за самиот терористички акт, јас навистина се чудам, како може да се напаѓаат и да се нарекуваат терористи (и разни други погрдни зборови) сите други кои се борат за некои нивни правдини, и кои на таков насилен начин сакаат да го свртат вниманието на јавноста, а нашиве терористи да се величаат, да им се градат споменици, да се ставаат ловорики... Значи, треба да се заземе став, или се осудува тероризмот (независно кој го сторил) или терористите (независно кои се тие) и нивните дела се слават.
|
Токму тоа лицемерие ми падна в очи. Затоа во постот ги споменав Палестинците кои веќе немаат ни избор како да се изборат за своите права и домови-но во очите на сите други се терористи. Или сите се херои или терористи, несмее да има дуализам по однос на тоа прашање.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: да бе
Датум на внесување: 29.Април.2009 во 11:45
е не - има дуализам се зависи од коja страна си
------------- http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ
|
|