Microsoft и работничка книшка
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Бизнис и економија
Опис на форумот: Берза, менаџмент, вработувања, инвестиции...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=18790
Датум на принтање: 27.Декември.2024 во 09:03 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Microsoft и работничка книшка
Постирано од: Muzicar33
Наслов: Microsoft и работничка книшка
Датум на внесување: 14.Август.2008 во 16:04
Поздрав до сите почитувани членови.
Би сакал да прашам за следнава работа:
Започнав со учење (Студирање) на Microsoft наставата за MCSA/MCSE итн....
Прва титула што се добива од Microsoft e MCP.
Ме интересира да ли сето ова кај нас, пред се MCP титулата се упишува во работничка книшка и е валидна за вработување?
Значи, поконкретно - да ли веднаш штом ќе ја добијам титулата МCP можам да се јавам во биро за да ми го уфрлат истото во работничка книшка?
Благодарам за одговорите и поздрав
|
Коментари:
Постирано од: mirage
Датум на внесување: 22.Април.2009 во 21:36
Почитувани, голем поздрав до сите.
Би Ве замолил - во колку некој е упатен во овие работи - за мала помош.
Се стекнав со Microsoft сертификати MCP, MCSA и MCTS.
Ме интересира - да ли овие сертификати можат кај нас да се верифицираат, а потоа професијата да се внесе и во работничка книшка, како би понатаму продолжил со барање на работа како Систем Администратор?
Благодарам и уште еден поздрав.
|
Постирано од: mirage
Датум на внесување: 23.Април.2009 во 11:59
Во прилог на моето прашање би допишал уште нешто, можеби ке биде појасно некао бар да ја разјасниме дилемава....
Бев во бирото за вработување, кај „Мојата„ надлежна работничка што ми се потпишува во „Картончето„..., ја прашав нешто околу овие работи и - нормално - не знаејќи ништо поконкретно - ме упати во Министерството за образование да ми ги верифицираат дипломите, а не напоменав, триве горе изнесени се „Само„ меѓународно признати престижни титули и сертификати, а вкупно ги имам...(Дипломите), па некаде околу дваесетина!!!
Сега уште повеќе не ми е јасно и ова:
Ако и има воопшто некаква „Клаузула„ овие меѓународно признаени документи да ги верифицирам овде, тогаш - во кој степен на стручна подготовка и образование би ми ги внеле и во книшката!?!
(Средно, Више, Високо....или каде воопшто?)
Има уште нешто, па да речам - „Поинтересно„...
Јас не сум досега бил во ИТ струката, работев сосема друга работа, а со сето ова фактички сум преквалификуван.
Така и ми рекоа во образовниот центар каде што учев, полагав и плаќав лично од свои пари.
Значи - ми рекоа и потенцираа - ова не е ХОБИ, ова е сериозна работа и ПРОФЕСИЈА, како и ПРЕКВАЛИФИКАЦИЈА.
Како тогаш ако е се ова во ред, појдовно - логички - да има било какава пречка да се регулираат овие дипломи за понатамошно вработување?
Се надевам дека некој ке знае да ми одговори, за што однапред уште еднаш благодарам.
ПС.А не го споменав и ова - во меѓувремево подготвувам уште поголем степен на образование и сертификација во струкава, па сега се повеќе се плашам и тие дипломи да не ми останат само за спомен - врамени на зид!
Поздрав
|
|