Испечати | Затвори го прозорот

Дали еврото треба да стане национална валута?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Бизнис и економија
Опис на форумот: Берза, менаџмент, вработувања, инвестиции...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=18137
Датум на принтање: 27.Декември.2024 во 20:35
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Дали еврото треба да стане национална валута?
Постирано од: Анастеа
Наслов: Дали еврото треба да стане национална валута?
Датум на внесување: 03.Март.2009 во 16:02
Македонските извозници се соочуваат со големи проблеми поради светската економска криза и можноста од девалвација на денарот што ја актуализира темата http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B1B1A5FCCD954B4596DFB88B6CEA90E0 - за воведување на еврото како паралелно платежно средство. Преценетоста на денарот како резултат на одржувањето на фиксниот девизен к*рс ја намалува реалната вредност на извозот, сметаат извозниците.

Експертската јавност е поделена по прашањето дали еврото да се воведе еднострано или да се чека да се исполнат критериумите на Европската монетарна унија (ЕМУ). Тие предупредуваат на несогласувањето на ЕМУ, земјите неподготвени да ја сменат валутата што особено се однесува на членките или кандидатите за членство во ЕУ во кои спаѓа Македонија. Ставот на НБМ е дека едностраното воведување на еврото е погрешен чекор поради губењето на самостојноста на монетарната политика што би создало повеќе проблеми отколку бенефиции. Поради падот на вредноста на еврото на меѓународниот пазар, повеќе земји од еврозоната сега размислуваат да ги вратат националните валути.

- Еврото како паралелно платежно средство ќе ја заштити земјата од огромен дефицит на плаќањата со странство и од трошење на девизните резерви за одржување на фиксниот девизен к*рс. Економската криза ја намали побарувачката за извоз на европските пазари, а Македонија не може да се откаже од увозот пред се на енергенси, автомобили и храна. Еврото е поволно и за структурата на македонскиот извоз, кој е ориентиран кон европските пазари. НБМ ги чува девизите во долари, што вклучува непотребни трошоци за смена на валутите - смета Илија Гечев, менаџер на ИГМ „Кавадарци“, една од најголемите извозни компании во земјава.
Професорот по меѓународни финансии на Економскиот факултет во Скопје, Михаил Петковски, ги објаснува позитивните и негативните страни од воведувањето на еврото откако Македонија ќе ги исполни мастришките критериуми.

- Позитивни страни од воведувањето на евровалутата би биле поголема предвидливост и сигурност во трансакциите и елиминација на опасноста од девалвација на денарот. Тогаш повеќе ќе не' интересира односот евро - долар. Меѓутоа, губењето на монетарната самостојност ќе значи дека НБМ нема да може да интервенира при лоши услови на екстерниот пазар. Негативен ефект е и губењето приходи од печатењето пари - вели Петковски.Според професорот, од клучно значење е во моментот на воведувањето на евровалутата, к*рсот на денарот да биде урамнотежен за да немаме проблеми со конк*рентноста на увозот и извозот.

- Гледано од политички аспект, за еднострано да се воведе еврото најмалку е потребно ЕЗ да не се противи на тоа. Економската страна е покомплексна зашто префрлувањето во евра ќе се изврши со замена на денарите по актуелниот к*рс на менувачкиот пазар. Притоа, ако денарот е преценет, извозот ќе има тешкотии, а увозот ќе биде стимулиран. Во случај на потценет к*рс, ќе има спротивни ефекти во економијата, па ќе мора да се намалат цените и платите за да се врати конк*рентноста - објаснува Петковски. Дека едностраното воведување на еврото за мала и отворена економија како македонската ќе има повеќе придобивки отколку евентуален ризик, се согласува и Абдулменаф Беџети, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа.

- Воведувањето на еврото како валута би им ја олеснило ситуацијата на извозниците. Тие со години се жалат дека денарот е преценет во однос на еврото и дека тоа им ја нарушува конк*рентноста во однос на европските пазари, на кои се извезуваат над 60% од македонските производи. Што се однесува на најавите на дел од земјите од еврозоната за враќање на националните валути, тоа на краток рок би предизвикало фрагментирање на заедничкиот пазар и дополнителни тешкотии, пред се' за националните економии - вели Беџети. Аргументите против едностраното воведување на еврото главно се засноваат на определбата на Македонија за регуларен влез во ЕУ и во ЕМУ преку исполнување на поставенити услови зашто се' останато претставува упад во финансискиот и монетарен систем на заедницата.

Влезот во еврозоната е условен од повеќе номинални и реални критериуми што се однесуваат на макроекономската стабилност на земјата и стабилен девизен к*рс. Во претпристапната фаза до влегување во еврозоната, земјата поминува најмалку 2 години во таканаречен режим на менувачка стапка - ЕРМ 2. ЕУ е многу строга во оценката за исполнетост на условите за влез во еврозоната. Така, завчера беше одбиено барањето за итна замена на домашните валути со еврото во Бугарија, Естонија, Летонија и Литванија со образложение дека тие имаат фиксен к*рс и не е најдобро решение во услови на „исклучително тешка финансиска и економска криза“.



-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.



Коментари:
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 03.Март.2009 во 17:26
 spisokot na zelbi se zgolemuva i nikako da mu se vidi dnotoсмеење

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: nelson
Датум на внесување: 03.Март.2009 во 19:50
ne..ne sme spremni...

-------------
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!


Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 19.Март.2009 во 21:22
Уште то ни фали.

-------------
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!


Постирано од: sunshine_baby
Датум на внесување: 31.Март.2009 во 01:22
Originally posted by miroslav_g8 miroslav_g8 напиша:

 spisokot na zelbi se zgolemuva i nikako da mu se vidi dnotoсмеење

Да си ми жив!Од желби и ќе изгориме!Саде ѕвезди што паѓаат гледаме,никако да ја погодиме онаа што исполнува желби!
Е бога ми ќе почекаме!


Постирано од: Goldi
Датум на внесување: 01.Април.2009 во 12:57
  Imame napad vrz denarot od strana na eksterni entiteti so mnogu golemi resursi.Toa sega se im slucuva na ukrainskite i ungarskite valuti.NBM mora da go spreci toa bidejci ako ednaska se pocne so branenje na denarot preku deviznite rezervi nema da ima kraj se dodeka ne gi iscrpat sosema. Spekulantite se mnogu posilni od NBM. Zatoa bi trebalo da se pogleda kon usvojuvanje na evroto za vnatresna upotreba, uste povece sto makedoncite vece dolgo vreme go koristat za da vostanovat ceni na pazarot: sve se kalkulira vo evra pomalku ili povece. Domasnite valuti nema doverba od gradjanite posle hiperinflacijata od ranite 90ti i bankarskata kriza sto gi izede stednite vlogovi. Mislam deka NBM ne bi izgubila mnogu ako se vovede evroto bidejci i taka nemaat snaga da interveniraat vrz denarot...................Goldi

-------------
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.


Постирано од: Goldi
Датум на внесување: 01.Април.2009 во 12:58
So prevzemanjeto na evroto, Makedonija celosno ke ja izgubi monetarnata politika koja sto vo krizni ekonomski momenti, ili resavanje na bilo kakov makroekonomski problem celosno ke bide pod nadleznost na Evropskata banka vo Frankfurt kojasto nema da gleda nacionalni interesi, tuku ke odi vo nasoka kon resavanje na problemi od generalno nivo vo evrozonata, odnosno problemite na najvlijatelnite EVRO-drzavi: Francija, Germanija ......................
   
 
          Voveduvanje na evroto ili uste podobro fiksiranje na denarot prema k*rsot na evroto ima mnogu poveke prednosti od nedostatoci............   Goldi


-------------
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.


Постирано од: invader
Датум на внесување: 02.Април.2009 во 00:02
-sega duri doznav, od koj i poradi sto e plasirana "klevetava" za covekot. Znaci, ne deka go "mirisam"  i nego i negovite, ama, uste poodvratni mi se ovie "tuzibabive"!


-------------
在美居住和工作 ——快来参加官方举办的美国绿卡抽奖!


Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 02.Април.2009 во 00:07
dali e se vo niv?

-------------
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот


Постирано од: invader
Датум на внесување: 03.Април.2009 во 18:27
pa i ne e ,ima ponesto i vo $, a za franci svajcarski ,i da ne gi spomnuvam!

-------------
在美居住和工作 ——快来参加官方举办的美国绿卡抽奖!


Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 22.Април.2009 во 16:07

- к*рсот на еврото и денеска благо осцилираше околу едномесечниот минимум во однос на доларот, во услови на проблематична состојба на економијата во еврозоната и на најавата на Европската централна банка (ЕЦБ) за нова промена на основната каматна стапка на почетокот на мај.

Еврото денеска на Девизната берза во Лондон во еден момент падна на нешто помалку од 1,29 долари, но подоцна се стабилизира на над 1,29 долари, сепак останувајќи во границата на најнизок к*рс во однос доларот во последниов месец..

Според извори во банката, намалувањето на референтната камата на ЕЦБ е неопходно, со цел да се олеснат условите за задолжување во еврозоната, чие стопанството се наоѓа во „длабока рецесија“.



-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......



Постирано од: mileg
Датум на внесување: 23.Април.2009 во 19:06
Сакам да кажам неколку зборви за оваа тема:
Ние уште не сме влезџени во ЕУ за да стане еврото кај нас национална валута.Господине Мирослав да се се критикуваме самие себе со државата сакам да ти кажам дека еврото ни е веќе национална валута ако не си знаел.Јас зборувам со аргументи а не на перазно почитуван г-не Мирослав.
Друго нешто на нас не ни треба Европа туку нјие можеме самите да си живееме,па затоа се одвоивме од Југославија.

-------------
2244435863_d877ea2c34[1


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 23.Април.2009 во 19:59
mislam deka otkako se odvoivme od Jugoslavija , poubavo ni trgna .... ne mozeme da postigneme od izvoz na vinoto , zemjodelskite proizvodi a za mlekoto i da ne zboruvame .... isto i so tekstilnata i cevlarskata industrija ... tuku , da ne zabeguvam od temata ...... za da stane evroto nacionalna valuta , mislam deka najprvin treba da ispolnime eden preduslov od mnogute .... a toa e da imame kakva takva ekonomija ..... zosto , ne e rabotata samo da go prevzememe evrotoi kako nacionalna valuta ... treba so nesto i da go potkrepime toa ............

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: mmomirovski
Датум на внесување: 26.Април.2009 во 05:26
До пред некое време бев за, но веќе не сум.


Постирано од: Neptun74
Датум на внесување: 26.Април.2009 во 12:17
da...
da?


-------------
DeepBlue


Постирано од: dejanpp
Датум на внесување: 26.Април.2009 во 12:20
ne e vazno kako ke se vika parata koristena za razmena na proizvodite samo vazno e cenata na proizvodite so koi se vrednuvaat   da e normalna   t.e. da ne se sluci celiot prihod od drzavata nekoj da ni go zeme za edno zlatno jajce"


Постирано од: DAC23
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 12:59
kaj nas e veke vlezeno evroto od 2001/02 imase pred toa germanski marki vo bankite i menuvacnicite se smenija nad 6 milijardi marki vo drzavava i site kupija evra sto ne zedoa denari ako e denar kaj nas i ako se patrioti i ja sakaat nacijata i nacionalnata valuta

-------------
SEMPER ETIAM UBIQUE SUPERIORES


Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 15:41

Стопанската активност во евро зоната оваа година ќе опадне многу повеќе отколку што се очекуваше пред три месеци, затоа што финансикиот пазар и натаmu „останува под стрес“, соопшти денеска Европската комисија.

Eврокомисијата проценува дека бруто домашниот производ (БДП) во 16-члената евро-зона ќе опадне во текот на 2009 година за четири отсто, што е двојно повеќе во однос на јануарските прогнози кога се очекуваше намалување на стопанската активност од 1,9 проценти.

Во наредната година стопанската состојба во евро зоната би требало делумно да се подобри, но групацијата на зоната на еврото во тој период БДП ќе има пад од 0,1 отсто, предвидуваат експертите на Европската комисија.

Падот на стопанскиот рас во евро зоната ќе биде почувствуван во текот на оваа година, бидејќи ќе биде пропратен со раст на буџетскиот дефицит кој на ниво на целата зона ќе се зголеми на 5,3 отсто, а во 2010 година на 6,5 проценти.

Според утврдените правила на Европската централна банка, членките на евро зоната не смеат да имаат буџетски дефицит  поголем од три отсто од вредноста на БДП, но очигледно дека во уловите на економската криза тој лимит ќе биде драстилно надминат.



-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......



Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 22:21
NE

-------------


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 05.Мај.2009 во 11:56
ama sto i ako stane ? ............. kakov kje bide efektot od toa ? .............

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 21.Мај.2009 во 20:02
 
Тема: Дали еврото треба да стане национална валута?
 
Можеби, ама нема да останат ситни пари во остатокот на Европа. голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка


-------------
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!


Постирано од: ADVISOR
Датум на внесување: 22.Мај.2009 во 20:11
jas mislam deka treba da se pocne so ovaa idea deviznite rezervi dramaticno se praznat , imame ogromen deficit vo platniot bilans . I voveduvanje na evroto ima odredeni negativnosti ama loso ni se pisuva zatoa vladava se zadolzuva vo stranstvo nedostiga svezi pari

-------------


Постирано од: IQ
Датум на внесување: 23.Мај.2009 во 02:11
e dur togas ne nemame pari za nisto...
arni ni se denarite, neka ni gi

-------------
http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/


Постирано од: the king
Датум на внесување: 21.Јуни.2009 во 18:51
тогаш кога стоте денари ќе станат сто евра...

не само за давање туку и за давање....

кога просечна плата ќе ни стане 1000 евра...


само тогаш би можела една просечна фамилија да живее купувајќи во евра...

поозз...

-------------
!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!


Постирано од: cupeto
Датум на внесување: 03.Јули.2009 во 08:49
da , be
ne sme vo EU ,
a da ni stane nacionalno ,
pu , pu ,pu, skraja da e

-------------
Vo zivotot pola zdravje go trosime za pravenje pari,a posle parite gi trosime za zdravjeto,pa ne e podobro da se uziva vaka ?



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk