Испечати | Затвори го прозорот

Егзодусот на децата од егејска Македонија

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=18098
Датум на принтање: 12.Декември.2024 во 10:26
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Егзодусот на децата од егејска Македонија
Постирано од: kultuzin
Наслов: Егзодусот на децата од егејска Македонија
Датум на внесување: 28.Февруари.2009 во 00:28
http://www.youtube.com/watch?v=6srrACRj4gA&feature=channel - ЕГЗОДУСОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ПРВ ДЕЛ

http://www.youtube.com/watch?v=1-ovK33CqJk&feature=channel - ЕГЗОДУСОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ВТОР ДЕЛ


ПРОДОЛЖУВА....




Коментари:
Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 28.Февруари.2009 во 00:48
Остај не зборај жити се,егзодус на цел народ... познати ни се сите клипој.

-------------
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 15.Март.2009 во 19:12
http://www.youtube.com/watch?v=vU2_O_nglmo - Што заборави Европа?





-------------


Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 19.Март.2009 во 01:21
http://www.youtube.com/watch?v=_JXJ5T9wm94 - http://www.youtube.com/watch?v=_JXJ5T9wm94

Кратко интервју на Павле Васкополус со апел до окупираните македонци!

Доста веќе!Главата горе!

Разбудете се оти никој нема да ве разбуди!

Станете да ве ослободиме!

Смрт или Слобода!





МАКЕДОНИЈА!

За неја ние се бориме!
За неја ние мреме!





-------------
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 05.Јуни.2009 во 08:43
Dali postoi nekoj vo drzava koj ke go smeni terminot - ,,deca begalci od Egejsaka Makedonija,,zrem uste se deca nasite braka bidejki se rabotio za progoneti makedonci od Makedonija (denes Grcija).Od koga ke se smeni terminot togas ke ja pronajdite vistinata zosto se progoneti,i koja im bila celta na egipjanite - vavilonci(nasiot juzen sosed).


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 07.Јуни.2009 во 11:21
Originally posted by vesnap vesnap напиша:

Dali postoi nekoj vo drzava koj ke go smeni terminot - ,,deca begalci od Egejsaka Makedonija,,zrem uste se deca nasite braka bidejki se rabotio za progoneti makedonci od Makedonija (denes Grcija).Od koga ke se smeni terminot togas ke ja pronajdite vistinata zosto se progoneti,i koja im bila celta na egipjanite - vavilonci(nasiot juzen sosed).


Деца бегалци се користи поради тоа да се означи дека тие не биле дел од партизаните кои се бореле, туку биле прогонети деца, кои немале никаква врска со партизанското движење, а не за да се означи нивната возраст.


-------------


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 19.Септември.2009 во 01:33
http://www.youtube.com/watch?v=IVCZTmXR1h0&feature=related - Македонските деца- жртви од граѓанската војна во Грција



http://www.youtube.com/watch?v=_kPXOxrT8ms&feature=related - Сведоштва


http://www.youtube.com/watch?v=YDb8MAuoMV4&feature=related - Сведоштво

http://www.youtube.com/watch?v=CXFeJR3AQeQ&feature=related - И ние сме деца на Македонија (децата бегалци во 1948 година)


тага



-------------


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 19.Септември.2009 во 01:52
Еве го целиот документарен филм за кој пишал kultuzin. На него има и автентични снимки од граѓанската војна во Грција, долго криени од поранешната СФР Југославија.

http://www.youtube.com/watch?v=6srrACRj4gA&feature=channel - Прв дел

http://www.youtube.com/watch?v=1-ovK33CqJk&feature=related - Втор дел

http://www.youtube.com/watch?v=ffj1dqKj3lU&feature=related - Трет дел

http://www.youtube.com/watch?v=UdEMSxUlDgE&feature=related - Четврт дел

http://www.youtube.com/watch?v=6rJ0ishGRqw&feature=related - Петти дел

http://www.youtube.com/watch?v=Zgonma6tMSo&feature=related - Шести дел

http://www.youtube.com/watch?v=fGvVt5xfedc&feature=related - Седми дел

http://www.youtube.com/watch?v=ZDczgY8n1LI&feature=related - Осми дел

http://www.youtube.com/watch?v=fFYjLhUlwBE&feature=related - Деветти дел

http://www.youtube.com/watch?v=jVLJQD_c8fc&feature=related - Десети дел

http://www.youtube.com/watch?v=GiIdsidm2qM&feature=related - Единаесети дел

http://www.youtube.com/watch?v=tMGsq2uwXn8&feature=related - Дванаесети дел


-------------


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 19.Ноември.2009 во 00:26

"Тешкотиите при патувањето по студено време оставија видливи траги на децата. И по доаѓањето во Битола, нашите деца силно плачеа, исто како и во текот на целиот пат. Поголемиот број од нив повраќаа, на нас - жените од носење ни се отсекоа рацете и вратот, и рамената и имавме темни модринки по грбот и градите. Децата беа вошливи и валкани, затоа што не беа измиени цел пат, а патот беше долг над 100 километри и траеше осум дена. Очите им беа крвави, а од облека имаа само искинати работи", раскажува "мајката" Лена Сулевска.
Слично е и кажувањето на Елена Ефтова од село Турје, исто така, од Леринско, која побегнала од селото со 114 деца. "Монархофашистите со топови го бомбардираа селото. Целосно уништија шест куќи, а 34 куќи потполно изгореа. Тогаш упаднаа во селото, го ограбија и притоа истераа 500 овци, а ние сето тоа го гледавме скриени во планината. Наши борци немаше, а бесот монархофашистите го истурија тепајќи неколку затекнати граѓани во селото. При бомбардирањето на селото едно дете по име Лефтерија Донева, стара 10 години, беше погодена во градите и ранета во стомакот. Така тешко ранета, ја ставија во подрумот на куќата, додека траеше бомбардирањето. По бомбардирањето го зедовме девојчето од селото, но тоа во планината ни умре во страшни маки, и кај селото Рула ја погребавме. Мајката на ова девојченце, исто така, избега со нас, но подоцна се изгубивме и не знам каде е сега", раскажува Ефтова.
Василка Делова од Лаген побегнала со уште две жени и една девојка, водејќи 71 дете. "Додека траеја нападите на владините трупи, се криевме во рововите ископани надвор од селото. Во селото доаѓавме ноќе, по храна. Кај селото Кономлади се приклучивме на втората голема група, со која побегнавме во Југославија. И по пет месеци децата, иако се сместени во дом, не можат да се ослободат од стравот доживеан при нападот на селото и тешкотиите и маките при повлекувањето, односно бегството од воениот пекол", вели таа.
Јордана Јанчова, од село Трсје, кај Лерин, по загинувањето на нејзиниот сопруг, останала сама со петте деца. Плашејќи се дека и неа ќе ја убијат, одлучла да побегне преку границата. "Тогаш мајките од селото ми ги доверија и нивните деца за да ги спасам од стравичното бомбардирање на американските, англиските и грчките авиони", раскажува таа.
"Така дојде и тој црн ден - 24 март 1948 година. Во вечерните часови почна драмата на разделба. Кај училиштето во моето село Рудари собравме околу 100 деца, поделени во групи од по 25, а на една од нив одговорна бев јас. Меѓу овие дечиња беа и моите две помали братчиња - Васил и Гоче. Ги натоваривме на запреги и тргнавме. По запрегите трчаа мајките и им ги кажуваа последните пораки на своите чеда... Сандра, запамети ја мајка... Хрисула, ќерко, немој да ми плачеш ќе се вратиме... Коста, внимавај на себе, сине", раскажува "мајка" Стоја Јанковска, која била со првата евакуација на 500 деца.
Кон полноќ стасале во Герман, а на 25 март изутрина, тргнале кон Бела Вода на југословенско-грчката граница, каде што се состанале со другите групи од селата Герман, Медово, Рабин, Штрково и цел ден се криеле од авионите. Тука ги стасале тројца водичи и им донеле погачи и сирење, последен поздрав од мајките.
"Квечерината, кога веќе немаше црни 'птици' по небото, што цел ден безуспешно нѐ бараа, тргнавме кон границата, кон прагот на толку саканата слобода! Стасавме на една широчина, децата ги собравме во куп, ги легнавме и ги покривме со што можеме и имавме - партали, шума, гранки. Јас и некои други од групата водичи, тргнавме да ги бараме нашите граничари", раскажува "мајка" Стоја.
Откако стасале во Долно Дупени и Љубојно, со камиони биле префрлени во Браилово каде што биле качени на воз и стасале во Скопје. "На перонот на старата железничка станица во Скопје беше приреден топол и срдечен пречек за дечињата од Егејска Македонија. Тие слегуваа од возот на куса починка, а тетките во бело, жените во Црвениот крст и од АФЖ, им даваа на дечињата бонбони, првпат во нивниот живот. Каква радост беше тоа! Малите мои не знаеја дека треба да се одвитка бонбоната од хартијата...", раскажува "мајка" Стоја и посебно нагласува дека и покрај извонредните услови за живеење и за работа, и покрај најголемата грижа што им ја давале на децата, сепак, кога тие потпораснле, плачеле и си ги барале мајките, татковците, браќата и сестрите.
"Подоцна, кога била донесена одлуката да се спојат семејствата, ги баравме родителите на децата, преку амбасади или конзуларни претставништва, преку Црвен крст и преку прашување. Пишувавме писма, на многу добивавме одговори. Така почнуваше преписката на дечињата со својата мајка, татко, сестриче, братче", вели "мајка" Стоја.

За збогум, девојчињата ја испеаја најтажната песна

Фана Мартинова, Лена Миљова, Милка Дамовска и Ксантипа Кирова од Поздивишта, Костурско, пролетта 1948 година ќе се качат на селската камбанарија и ќе ја запеат песната "Збогум мајко, збогум татко, збогум мили роднини, јас одам на далечен крај", а нивните мајки собрани на сретсело ќе слушаат и ќе плачат. "Имавме по десетина години, бевме другачки. Најпрвин го обиколивме селото, трчавме по ливадите и, на крајот, се качиме на највисокото место за да го видиме одозгора целото село", раскажува Фана Мартиова - Буцкова, едно од триесетината илјади егејски деца кои тие години заминаа во светот и никогаш не се вратија на родните огништа.
И денес, по 60 години, таа се чуди и не може да си објасни зошто ја запеале таа песна. Кога се симнале долу, роднините ги изгушкале и ги тешеле. Фана се сеќава дека тогаш нејзината тетка ѝ рекла: "Ќе одите, ама ќе се вратите, ќе заврши оваа проклета војна. Не берете гајле, таму ќе учите". "Секаде каде што одевме ни велеа ќе учите и ќе се вратите назад. Навистина, сите учевме и сите завршивме школи, но не се вративме. Ни кога заврши војната, ни по две, ни по десет години, ни по четириесет. Сме биле Македонци, вели грчкиот закон, а за такви немало враќање", раскажува Фана.
Наместо да се вратат дома, Фана, Лена, Милка и Ксантипа по годините поминат во детските домови во Романија и во Полска, ќе заминат на различни страни во светот. Лена ќе отиде во Торонто, Канада, Ксантипа ќе се омажи за Полјак и ќе остане во Полска, Милка ќе замине кај својот татко во Ташкент, а Фана ќе си дојде во Македонија. Ќе се сретнат повторно дури во 1988 година во Скопје на Првата средба на децата-бегалци.
Фана заедно со уште 166 деца од Поздивишта и со девет "мајки" тргнала пролетта во 1948 година. Со неа биле уште двајцата браќа - Васил, кој имал петнаесет години, и Ташко дванаесет. Вечерта пред заминување целото семејство Мартинови седнало за последен пат на прошталната софра и чекало ноќта, еден час по полноќ, клисарот да ја удри камбаната и да го означи нивното заминување.
"Во семејството бевме деветмина. Три деца заминавме, а дома останаа дедо ми и баба ми, мајка ми и татко ми и двете сестри. Сите беа мобилизирани, дури и постарата сестра Кираца, иако беше леунка со мало бебе. Беше во групата која плетеше џемпери и чорапи за партизаните. Другата сестра имаше 17 години. Со другите жени пренесуваа оружје од преспанските села до Грамос и до Вичо каде што се водеа борбите. Тоа беше многу опасна работа. Сите девојки бомбите ги носеа опашани околу половината, патроните преку рамената и така со натоварени маски, коњи и магариња со оружје и муниција заминуваа по опасните планински патеки. Ако наидеа на некаква заседа, не им бегаше смртта. Мајка ми ми раскажуваше дека граната им паднала во казанот додека готвеле манџа за партизаните. За среќа, кога ги забележале авионите, се скриле подалеку од казаните, па никој не загинал. И дедо Трпо, иако стар, се вклучи во војната. А ќе пукнеше пушка за Македонија, ќе тргнеше да се бори. Од Америка се врати за Илинденското востание. Неговата парола беше автономна Македонија. Им го даде целото стадо овци на партизаните", ја раскажува Фана потресната приказна пред да тргне по патот без враќање.
Патувале само ноќе, пеш, а најмалите деца биле качени на воловски коли. Пред да ја преминат границата, застанале на една меѓа и седнале изморени од долгото одење. Таму ги пречекал учителот Лазо и им рекол: "Тука ќе се разделиме. Од утре за вас нема да има страв од авиони и бомби. Заминувате во слободна земја. Вашите родители порачуваат да учите добро и да ги слушате вашите воспитувачи и учители. Со вас испраќаме и наши учители. Тие ќе ве учат на македонски јазик, затоа што сите вие сте Македончиња и немојте да го заборавите тоа".
Фана два дена немала склопено очи и така одејќи по патот заспала и паднала без некој да ја забележи. Така продолжила да спие сѐ додека не се сетиле дека ја нема во долгата детска колона. Во колоната ги немало ниту Данче, ниту нејзиното братче Коче. Четиригодишната Данче ја нашле како прегрнува едно дрво и плаче по мајка си, а Коче како си игра со кучето на Мартинови. "Кога ме виде кучето, се израдува како човек, ми ги стави предните нозе на рамената, а главата на градите. Боже мој, колку беше тоа тешко", раскажува Фана Мартинова - Буцкова и плаче, потресена од настанот за кој вели дека никогаш не можела да го заборави.
Таа не може да го заборави ниту малиот болежлив Нуме, кој иако бил дете, говорел како возрасен. Бил тешко болен, па четири жени го носеле во веленце. Постојано им повторувал: "Јас сум болен, оставете ме да умрам, имам уште двајца браќа, тие ќе живеат место мене". Кога стасале во Романија, го сместиле в болница. Брзо оздравел, се школувал и станал лекар - специјалист, а неговите двајца браќа загинале во борбите како партизани на ДАГ.
Потресна била и разделбата на дедото Ламбро со неговите тројца внуци. Откако останал сам дома, ги ставил во кош, ги натоварил на коњ и им ги предал на "мајките". "Син ми е в затвор, снаа ми беше партизанка, умре од тифус во Герман. Вие подобро ќе се грижите за нив. Каде што ќе одат сите деца, нека одат и тие", им рекол.

Откако стасале во преспанското село Долно Дупени, пред да ги распоредат по куќите каде што требало да преноќат неколку дена, ги сместиле во голема сала, легнале и сите заспале. Со камиони ги однеле во Битола, ги качиле на воз и по неколку дена стасале во Романија. Фана таму останала сѐ до 1955 година кога дошла во Скопје. Нејзиното семејство ќе ја доживее судбината на многу егејски семејства распрснати во светот, кои никогаш не се вратија на своите огништа. По завршувањето на војната, во нивната ќуќа ќе остане само нејзината баба Пена попусто чекајќи ги да се вратат.

"Пред да заминеме, како деца ги цртавме нашите дланки на ѕидовите и диреците, на влезните врати. Ми кажуваше сестра ми дека баба ми наместо пред икона, се молела пред нашите дланки и постојано повторувала: 'Војната заврши, зошто ни ги нема децата'. Дедо ми избега во Полска со брод преку Албанија, но не дочекал уште еднаш да се видат. Умрела на прагот на куќата со испружени раце во 1950 година". Дедото од Полска заминал во Австралија кај ќерката. Живеел долго, 107 години. Во Македонија добил илинденска пензија.
По војната, мајка ѝ на Фана и помалата сестра дошле илегално во Република Македонија, лазејќи со километри. Југословенските граничари не им правеле проблеми, но затоа, пак, Грците ако ги фателе, ги стрелале на самото место. Подоцна дошол и татко ѝ, исто така, илегално. Постарата сестра не можела да замине поради малото дете и се вратила во куќата на мажот ѝ кој загинал во борбите. Неговиот татко Ване полудел и одел на боиштето, ги превртувал труповите барајќи го синот. Братот Васил, кој инаку бил меѓу 1.500 дечиња што биле мобилизирани од домовите да се борат во Граѓанската војна, го завршил животот во Полска во неразјаснети околности. Официјално се тврдело дека загинал во сообраќајка, но, најверојатно, бил убиен поради неговите промакедонски определувања.
Буцкова не може да го сфати односот на грчката влада и страшно ја боли тоа што многумина Македончиња протерани во војната, како што вели, не можат да си ги видат повторно местата каде што го поминале детството. Во својата книга "И ние сме деца на мајката земја...", таа ќе ја пренесе интимната драма на едно дете-бегалец, сега седумдесетгодишник, на кого во сеќавањето ќе му остане една бука, каде што мајките ги прегрнувале за последен пат своите рожби. "Дали таа бука сѐ уште стои таму?", ќе ја праша. "Не знам, никогаш не се вратив таму. На границата повеќепати грчките граничари ми велеа: 'Не може, ти не си Грк по род за да влезеш во земјата'! Ниту мајка ми не ја видов. Загина на Вичо, копајќи ровови", ќе ѝ се исповеда тој. Неговата мајка била една од деветте жени од Костурско кои биле заробени од грчките војници, убиени и фрлени во траповите. Буцкова заврши литература, а потоа стана доктор по историја.

Стравот од авионите ги следеше и во новите татковини

"Граѓанската војна остави свои траги врз групата на нашите воспитаници. Кога се слушаше брмчење на авион, реакцијата на децата беше стереотипна. Ги собираа своите бовчи и, плачејќи, пискајќи и лелекајќи, се криеја под креветите. Кога забележуваа трактор, најпрвин беа вчудовидени, а потоа бегаа плачејќи. Ноќе, додека спиеја, децата беа прогонувани од халуцинации. Содржината на тие халуцинации беа фашистите со автомати и со ножеви в заби, кои се качуваат по скали и низ прозорците влегуваат во нивните спални, ги газат нивните бовчи и нив самите. По цели групи деца бегаа од спалните, ноќе ги напуштаа своите кревети, се подготвуваа за бегање и чекаа наредба - кога да заминат".

Овие зборови ќе ги забележи директорот на Државниот воспитен центар во Лондек - Здруј магистер Вацлав Копчињски за драмата на децата-бегалци во првите месеци по пристигнувањето во Полска. Извештајот што ќе го подготви тој е објавен деновиве на македонски и на полски јазик заедно со другите документи за бегалците во оваа држава. Документите заеднички ги објавија Државниот архив на Македонија и Дирекцијата на државните архиви - Полска. Нив ги подготви д-р Петре Наковски, кој вели дека Македонците од Егејскиот дел на Македонија, обесправени во сопствената татковина, во Полска добиле наполна почит со сите атрибути на човековото постоење.
Копчињски вели дека децата биле во постојана психичка вкочанетост, од која ги оттргнувала само бучавата на трактор, брмчењето на авион или некоја друга појава. "Тоа беше група што личеше на затвореници испратени на заточение. Се добиваше впечаток дека децата биле специјално така подготвени. Затворени во себе и во своите бовчи. Размислуваа слично и имаа нервозни, некоординирани реакции, беа слични на автомати", го слика заедничкиот портрет на малите дечиња оттргнати од своите родители и однесени во друга земја.
Полскиот педагог подвлекува дека целата група воспитаници, заедно со постариот македонски персонал, психички била оштетена и во почетокот непријателски расположена. "Фобиите, колективните халуцинации, општата недоверба, сомневањата и сличните реакции ни зборуваа дека таа група многу претрпела, била откината од рацете на смртта, била спасена, но се плаши од новото, не е сигурна за утрешниот ден, страшното минато ја наведува на уште помрачна иднина", заклучува Копчињски, кој заедно со својот персонал ќе вложува огромни напори да ја нормализира психичката состојба на децата.
Во новата средина најпрво се приспособила грчко-македонската управа, заедно со учителките, и го променила својот однос спрема нив. Тоа се случило одеднаш, еден месец по прифаќањето на децата. "Од недоверба и сомневање, Румељотис со Олга Поповска и учителките преминаа на отворена искреност, на искажување задоволство и благодарност. Лушпата на повоените остатоци кај децата од училишна возраст постепено почна да пука. Се отворија нивните срца", ќе подвлече полскиот педагог очигледно решен да им ги намали траумите од војната на 3.590 деца.
Според него, доследниот, одлучен, но благ и толерантен однос на воспитувачите, токму со помошта на грчко-македонската управа, ги отстранила остатоците од сомневањето и недовербата. Заедно со управата психички оздравеле и децата. "И понатаму остануваше да се совлада групата од постари Македонки (таканаречени мајки). Какви што биле, такви останаа. Во Центарот сеат песимизам. Небаре работат, но нивните мисли скитаат по планините на Македонија. Тие ги парализираат нашите воспитни напори", ќе се пожали Вацлав Копчињски. Тој вели дека доколку групата "мајки" стојат понастрана од воспитаниците, децата побрзо ќе се приспособат на новата средина. "Желни за учење, сакаат да работат, сакаат меѓу себе да се натпреваруваат, сакаат да му помогнат на полското население, сакаат да бидат нормални и здрави луѓе... Нашите воспитаници, во основа, не се разликуваат од полските деца од селско потекло. Тоа се бистри деца, смели, умеат да ги образложат своите барања и да ги бранат своите права", ќе констатира полскиот педагог.

Д-р Петре Наковски, кој повеќе години трагаше по документите за бегалците во Полска, вели дека секое новодојдено време носи нови сознанија, нови ставови и оцени, но трајно останува она што е запишано. "Запишано е, а ние само го повторуваме, и тоа само затоа за подобро да се запамети дека во тоа време, додека едни настојуваа да ги бришат македонските имиња и презимиња, да ги бришат поимите Македонец, македонски и сѐ што беше поврзано со Македонија, други - Полјаците, во услови на тоталитарен систем, не само што настојуваа туку и упорно ги бранеа македонското име, македонското презиме, македонскиот јазик, македонското слово, писмо, песна, оро, обичај", подвлекува Наковски.
Д-р Наковски, кој инаку е дете-бегалец во Полска, нагласува дека заедно со поразените единици на ДАГ, во Албанија се повлекло неколкуилјадно цивилно население.

Извор: http://www.australianmacedonianweekly.com/edition/1032_15072008/170_feljton.html - Австралиско-македонски неделник


-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 19.Ноември.2009 во 22:57
http://www.youtube.com/user/VMROmakedonka#p/f/18/IvN5M1UQR28


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 27.Ноември.2009 во 22:08
Еве сведоштва за мачниот пат на прогонетите деца од Егејска Македонија
http://www.youtube.com/watch?v=qKTJuc79TkU&feature=related -
Сведоштво 1

http://www.youtube.com/watch?v=uwYo5hUt8XY&feature=related - Сведоштво 2

http://www.youtube.com/watch?v=sZlGECjj11c&feature=related - Сведоштво 3



Децата и мајките бегаат кон границата со НР Македонија




Македонки од Грција веднаш по одведувањето на нивните деца


-------------


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 21.Јануари.2010 во 16:50

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=118930 -



Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 17:51
Стефан Троебст
Германија




Од планината Грамос кон Долна Шлезија: бегалци од грчката Граѓанска војна во Источна Европа и во Централна Азија
(1946-2002 год.)

Jest we mnie ptak poludnia / ptak polnocy jest we mnie
Nikos Chadzinikolau: We mnie. In: Proby nocy. Poznan 1971, S. 8

Клучни зборови:

Граѓанска војна, студена војна, бегалци, азил, амнестија

Апстракт

Граѓанската војна меѓу прозападните ројалисти и комунистичките републиканци во Грција во периодот од 1946 до 1949 год., првите поддржани од Велика Британија и од САД, а вторите од Титова Југославија и индиректно од Сталиновиот Советски Сојуз, истовремено го одбележува “крајот на Ориенталното прашање” и “почетокот на Студената војна” (Дан Динер). Во оваа модерна партизанска војна со белег на војување со низок интензитет (low intensity warfare), која примарно се одвиваше во северозападниот дел од земјата, наречен уште и Егејска Македонија, паднаа околу 100.000 жртви, а околу милион луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, најголемиот дел од нив засекогаш. Војната заврши на ист начин како што и започна - со импулс однадвор: Југославија, која беше ставена во изолација поради раскинот меѓу Тито и Сталин во 1948 год., престана активно да ја поддржува Комунистичката партија за Граѓанската војна и во јуни 1949 год. ја затвори својата граница спрема Грција - “Демократската армија на Грција” (ДАГ) на партизаните се најде во неповолна воена позиција и мораше да се спаси пребегувајќи во Албанија во август 1949 год.

Оваа високоидеологизирана граѓанска војна меѓу конзервативците и партизаните имаше и силна етнополитичка димензија: половина од прокомунистичките партизани и голем дел од нивните симпатизери и помагачи во северозапаниот дел од земјата не беа Грци во етничка смисла, туку Јужни Словени, кои до 1944 год. главно се изјаснувале како Бугари, а потоа како Македонци. Додека комунистите се залагаа за мултиетничка и секуларна Грција и на почетокот на 1949 год. беа за отцепување на Северна Грција и за припојување кон обединета Македонија, ројалистите го дефинираа Кралството како хомогена и христијанско-православна национална држава на Грците, во која “славофоните Хелени”, ако воопшто имаа некаков статус, тогаш тоа беше само оној за толерирање.

Миграционите бранови, индуцирани од Граѓанската војна, беа невообичаено многубројни и разнообразни и јасно се разликуваа од масовните протерувања во Средноисточна Европа, кои се случуваа паралелно со нив:

1.     Веднаш на почетокот на Војната, во март 1946, жителите на северозападната административна област (nomoi) на Грција пребегаа од борбената зона. Најголемиот дел од нив се насели во големите пристанишни градови во земјата; меѓу нив и многу лица од Анадолија кои тукушто се беа доселиле во овој регион во рамките на грчко-турската размена на население. Истовремено, во оваа прва фаза од војната, многу млади мажи, но и жени, од долинските места во северозападниот дел се преселија во планинскиот регион којшто бил под влијание на ДАГ. Овде спаѓа и почетокот на миграциониот бран од Северна Грција кон Југославија, каде што уште во 1945 год. за централно прифатилиште беше одбрано гратчето Буљкес на северот на СР Србија.

2.     Војската, лојална на кралот, во есента на 1947 год. започна широка акција за чистење во северозападниот дел од земјата, во чии рамки околу 700.000 лица беа раселени принудно во други делови од земјата.

3.     Двете конфликтни страни, во 1948 год., евакуираа деца и млади од своите освоени територии во северозападниот дел на земјата. Ројалистите префрлија до 30.000 деца на југот на земјата, а комунистите испратија околу 25.000 деца преку граница, за Југославија, каде што првин беа сместувани во домови во неколку југословенски републики, а во наредните години, најчесто распределувани во таканаречените земји со народни демократии - Полска, ЧССР, Унгарија, Романија и Бугарија, како и во ГДР. Секоја од конфликтните страни ја обвинуваше другата страна дека ги депортирала овие деца против нивната волја и волјата на нивните родители, односно роднини (“paidomazoma” или [devsirme], односно “селектирање на момчиња” според османлиски урнек). Двете страни исто така се обвинуваа дека ова го прават со намера да извршат етнонационална трансформација - односно “Македонците” да ги претворат во “Грци” и обратно.

4.     Од средината на 1948 год., кога почна да слабее југословенската поддршка на ДАГ, а ројалистите интензивно освојуваа територии, дел од цивилното население во преостанатите и комунистички контролирани региони премина преку границите кон Југославија и кон Бугарија, а делумно и кон Албанија. Најголем дел од овие бегалци биле сместувани во кампови во југословенските републики. Спомнатиот камп Буљкес во Војводина тогаш прерасна во вистински “град на бегалци”. Големината на оваа река бегалци се проценува на 50.000 лица.

5.     Во летото 1949 год., најголем дел од припадниците на ДАГ пребега во Албанија, а помал дел во Бугарија. Офицерскиот корпус веднаш беше префрлен со бродови во советските пристаништа на Црното Море, а потоа во советската република Узбекистан. Војската и подофицерите мораа да истраат во принудни сместувања на албанското приморје с? до 1950 год.

6.     Во 1950 год., бегалците од Граѓанската војна, коишто живееја во југословенските кампови, беа прераспределени во Полска, ЧССР, Романија и Бугарија, како и во ГДР и советската република Узбекистан - честопати со насилни разделби на семејствата. Во истата година, во земјите со народна демократија, беа распределени и партизаните на ДАГ од Албанија. Од 1950 година, на целокупната територија под советска доминација престојуваа околу 100.000 цивили-бегалци од Граѓанската војна, од кои околу една третина деца, војници, подофицери и офицери. Најголемиот дел од нив, околу 30.000, се наоѓаа во Советскиот Сојуз, главно населени во Ташкент. Околу 2.000 живееја во ГДР, пред с? во Радебојл и во Дрезден, а речиси 70.000, од кои половината Македонци, живееја во земјите со народна демократија, примарно во ЧССР и во Полска. Со најголема концентрација на населување беше (а остана и до денес) историската Шлезија, значи регионот од обете страни на новата полско-чехословачка граница, полскиот територијален појас западно од реката Одра кај Полице (Politz), Моравија со Брно (Brunn), потоа Будимпешта и нејзината околина и бегалскиот град Белојаниц во Пуцта, познат по убиениот грчки партизански херој Никос Белојанис.

7.     Во 1950 год. се случи првиот, по интензитет слаб бран на ремиграција: околу 800 деца од Југославија и околу 150 од ЧССР беа вратени во својата грчката татковина. Сепак, оваа тенденција не продолжи и во наредните години.

8.     Од почетокот на 50-тите години дојде до спојување на семејства, организирани делумно од државата, а делумно од самите бегалци. На тој начин, на пример, неколку илјадици Грци и Македонци се преселија од Полска во Узбекистан.

9.     Во 50-тите години мал дел бегалци од Граѓанската војна замина од Источна Европа и Централна Азија за Австралија и за Северна Америка.

10. Во 60-тите години, дел од македонските бегалци во Узбекистан и во земјите со народна демократија ја прифати понудата на владата на Југославија и се пресели во СР Македонија. Овде им беа доделени станови и работни места, во прв ред во Тетово и во Гостивар, градови со претежно албанско население.

11. За време на Брандовата политика спрема Истокот, во 70-тите години на еден дел од вкупно 2.000 грчки бегалци им беше овозможено од ГДР да се преселат во СРГ; назад останаа главно сирачињата и младите возрасни без родители.

12. По завршувањето на диктатурата во Грција во 1974 год., мал дел од грчките бегалци доби можност за ремиграција во Грција.

13. Социјалистичката Влада на ПАСОК, избрана во 1981 год., во Атина амнестира мнозинство лица, најчесто осудени in absentiam, и бегалците од Граѓанската војна принудно протерани, што предизвика голем бран на ремиграција. До 1983 год., во Грција се вратија околу 40. 000 лица од Централна Азија и од земјите со народна демократија, од кои речиси без исклучок сите беа Грци, но не и Македонци. Во мал број случаи им беше вратена сопственоста, одземена по 1949 год. од државата, но во најголем број случаи не им беше вратена.

14. Оваа ремиграција продолжи и во текот на наредните 80-ти години: се смета дека во 1987 год. се вратија уште околу 20.000 бегалци од Граѓанската војна кои дотогаш живееја во Советскиот Сојуз и во земјите со народна демократија, а нејзиниот интензитет се зголеми и во 90-тите години. Во Узбекистан, на пример, каде што во 1979 год. живееја 14.025 Грци, во 1989 год. нивниот број се намали на 10.454, а во 1999 год. изнесуваше само уште 1.625. Во 1991 год. во Чехословачка живееја само 3.400 Грци, односно Македонци кои се изјаснуваа како Грци, додека нивниот број во 1983 год. изнесуваше околу 10.000, а во 1975 год. дури 13.500 лица. Во моментов, бројот на Грците и на Македонците од Грција во Полска се проценува вкупно на околу 5.000 (1975 и 1983 год.: 9.000), а бројот на овие лица во Унгарија на околу 1.000 (1975: 4.800, 1983: 2.780) - за актуелните бројки во Бугарија (1975: 6.800, 1983: 4.000) и во Романија (1975: 5.600, 1983: 3.500) не постојат податоци. Во Југославија исто така не постојат податоци за овие лица, кои заради нивното потекло од Егејска Македонија се нарекуваат “Егејци”, затоа што тие се попишуваат заедно со “домашните” Македонци. Истото важи и за Република Македонија, која е самостојна од 1991 год.

Извесно е дека во моментов надвор од Грција, односно надвор од поширокиот регион Македонија, живеат околу 15.000 лица од првата генерација протерани лица од Граѓанската војна, како и нивните деца и внуци, и оти тие лица најверојатно ќе останат да живеат таму и во иднина. Главна причина за ова е високиот степен на социјална интеграција, придружен со соодветен статус што го уживаат бегалците од Граѓанската војна, во прв ред во општествата во Средноисточна Европа. Најголем дел од нив се пристигнати во новите индустриски центри на земјите со народна демократија како неписмени земјоделци и овчари и, користејќи ги постојано и амбициозно широките понуди за образование во земјите-домаќини, денес се вбројуваат, пред с”, во техничката интелигенција. За македонскиот дел од бегалците особено корисна беше сродноста на нивниот јазик со словенските јазици во Југоисточна Европа, во Средноисточна Европа и во СССР. И покрај тоа, во 1949 год., токму оваа група беше паушално осомничена за “титоизам” и дискриминирана низа години. Со тоа Македонците ја загубија појдовната предност, изразена преку имиџот за “добри сталинисти”, која Грците и Македонците на почетокот ја уживаа во очите на партиските раководства во земјите со народна демократија. Поради оваа околност Македонците темпорарно назаднуваа, а најпосле напредуваа во периодот на десталинизацијата. Меѓутоа, никогаш не им успеа да се ослободат од политичкото старателство, кое им беше наметнато од нивните грчки собегалци. Имено, за сите бегалци-цивили, партиите и институциите во земјите-домаќини како главен соговорник ја сметаа Грчката комунистичка партија во егзил (ККЕ), чиишто функционери речиси без исклучок беа Грци, а не Македонци. Во овој контекст треба да се спомне и околноста дека промакедонската линија на ККЕ, што ја застапуваше нејзиниот генералнен секретар Никос Захаријадис за време на неговиот мандат од 1931 до 1956 год., беше отфрлена како “сталинистички реликт” во текот на интерно-партиската десталинизација.

Спомнатите 15.000 Грци и Македонци во Средноисточна Европа, гледано од надворешна перспектива, денес претставуваат интегрирана, па и акултурирана општествена група, која, меѓутоа, гледано од внатрешна перспектива, претставува социјален космос за себе. Доказ за ова е транснационалниот модел за склучување бракови во рамките на сопствената група (in group), кој може да се сретне и кај втората генерација, според кој “унгарски” Македонец не може да се жени со Унгарка, туку со “полска” или со “морависка” Македонка, која обично се избира за него со помош на семејни мрежни системи што ги надминуваат и државните граници. Втор и поневидлив индикатор за ова е “секундарната” травматизација на втората и третата генерација бегалци - травматизација што ја вршат родителите, бабите и дедовците и која не ретко ја потврдуваат главно негативните искуства на членовите од семејството при нивното враќање во Грција. Во случајот со Македонците, овде треба да се додаде и перпетуираната травматизација, изразена во уверувањето дека Грците не се само нивни “прогонувачи”, туку подоцна, со децении и нивни “поробувачи” - станува збор за функционерите на ККЕ во земјите со народна демократија и во СССР. Поради оваа негативна фолија, не изненадува фактот што сликата на земјата-домаќин е дотолку повеќе позитивна: во перцепцијата на бегалците во периодот пред и по 1989 год., општествата на Полска, на Чешката Република и на Унгарија се квалифукиваат како “европски”, “цивилизирани”, “образовани”, “богати” и “модерни”. Мошне високо се ценат животниот стандард, добрите можности за постигнување кариера, социјалното осигурување, можностите за партиципација во сите домени на јавниот живот, како и степенот на еманципација. Во периодот пред 1989 год., постоеше уште еден позитивен аспект, поврзан со ограничувањата за патувања во странство кои важеа за мнозинското население, но не и за бегалците од Граѓанската војна, кои претежно беа лица без државјанство и можеа да се занимаваат со доходовна дополнителна дејност во вид на прекугранична трговија на мало во рамките на целата територија на Советот за заемна економска помош (COMECON).

Со цел подобро да се расветли овој хармоничен и речиси симбиотичен соживот меѓу бегалците од Граѓанската војна и мнозинското население во југоисточна, западна и северозападна Полска во моравискиот дел од ЧССР, односна во Чешката Република, како и во околината на унгарскиот главен град Будимпешта, треба да се спомне и околноста што двете групи население речиси во исто време пристигнале во спомнатите, претходно целосно етнички исчистени региони, осносно двата народа имале речиси идентичен “нулти час”. Причината за ова бездруго не е случајност, туку планирања од страна на државата: само онаму каде што претходно беше индустриски погубено еврејското и протерано германското население, имаше доволно животен простор за бегалците и потреба од човечки ресурси. Во случајот на Полска постоеше и еден дополнителен аргумент: с? додека полските власти не беа сигурни во тоа каде ќе се протега новата граница со Западот, тие го пренасочуваа бранот бегалци од Граѓанската војна, кои во земјата главно пристигнуваа со брод преку пристаништето Гдиња (Gdingen), кон полските територии, во тоа време управувани од Советскиот Сојуз: Полице (Politz), западно од реката Одра, и Згорзелец, источно од реката Ниса. Ова, според полската страна, имаше две паралелни предности: од една страна, за сместувањето и за исхараната на бегалците мораше да се грижи советската воена администрација во Германија, и, од друга, во случај на отстапување на овие територии на ГДР, воедно ќе се решеше и проблемот со бегалците. Овие концентрации на бегалци беа укинати со прераспределување, тогаш кога границата Одра-Ниса стекна меѓународно-правен квалитет, а Полице и Згорзелец останаа во рамките на Полска. Ова објаснува зошто, пред с?, Шлезија стана средиште на населување. Извесна паралела со оваа околност, иако неспоредлива по размер, покажува случајот со планината Биешчаѓи на крајниот југоисток од новата Полска. Имено, на неколку стотици грчки рудари им беа доделени нови домови во селото Крошчиенко и околните места, коишто претходно, во текот на “акцијата Висла” во 1947 год., се прочистени од Украинци.

Дијаспората на бегалците од грчката Граѓанска војна во сегашна Источноредна Европа претставува посебна епизода во историјата на Студената војна, која досега слабо е обработувна од политичко-мемоарски аспект. Првите почетоци за ова претставуваат конгресите, кои на секои десет години ги одржува Здружението на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, основано во македонскиот град Битола, чиј одглас, меѓутоа, многу слабо одекнува до Средноисточна Европа, а до Грција воопшто не стигнува. Претпоставка за да се случи ова може да претставува претстојниот прием на земјите од Средноисточна Европа кои прифатија бегалци во Европската унија, во која Грција веќе членува.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk