Испечати | Затвори го прозорот

Отворање на броеви за донации на T-MOBILE

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Хуманост на дело
Опис на форумот: Љубовта ќе го спаси светот! Човечноста спасува, олеснува и облагородува животи! ДоброЧинителството мотивира да живееме за доброто на другите! Овие три нека бидат смисла на нашитe животи.
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=18011
Датум на принтање: 26.Април.2024 во 02:26
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Отворање на броеви за донации на T-MOBILE
Постирано од: Pravoslavie
Наслов: Отворање на броеви за донации на T-MOBILE
Датум на внесување: 20.Февруари.2009 во 00:33

Отварање на број за донации за физички лица

Потребна документација за отварање број за собирање средства за операција и/или лекување:

http://www.tmobileformacedonia.org/WBStorage/Files/Baranje%20za%20broj%20za%20donacii_fizicko%20lice.pdf - Барање за отворање на број за донации за физички лица со генералии за корисникот и образложение за потребата од собирање на средства

Медицинска документација:
Дијагноза / конзилијарно мислење од меродавна институција во Македонија со кое се дефинира понатамошниот третман
Потврда за закажана операција од странската институција и чинење на операцијата

Лични документи:
Фотокопија од лична карта на барателот (доколку има)
За деца, фотокопија од извод од матична книга на родени (како доказ за родителство/датум на раѓање)
Фотокопија од лична карта од законскиот старател на барателот (доколку се работи за малолетно лице)
Потврда за износ на месечни примања

Наведената документација треба да биде испратена во писмена форма на адреса на Фондацијата: Фондација Т-Mобиле за Македонија, ул. Орце Николов бб, 1000 Скопје.

Вашите лични податоци се доверливи и подлежат на посебен начин на чување, согласно Законот за лични податоци на РМ. Доколку ви се додели број за донации, вашите лични податоци, по добиена согласност од ваша страна, ќе бидат архивирани како доверливи документи. Доколку не ви се додели број за донации, вашите документи во целост ќе ви бидат вратени по пошта.

Согласно техничките можности, броевите за донации се ограничени. Времетраењето на намената на еден број за донации за индивидуално лице е три месеци.

 
-----------------
Превземено од сајтот на T-MOBILЕ:
http://www.tmobileformacedonia.org/default-mk.asp?ItemID=826FE977362D494DBBE123C13221122A - http://www.tmobileformacedonia.org/default-mk.asp?ItemID=826FE977362D494DBBE123C13221122A

 
 

 

Отварање на број за донации за правни лица

Потребна документација за невладни организации и други институции кои поднесуваат барања за отварање број за донации:

http://www.tmobileformacedonia.org/WBStorage/Files/Baranje%20za%20broj%20za%20donacii_pravno%20lice.pdf - Барање за отварање на број за донации за правни лица кое содржи краток преглед на институцијата (тип на институција и главни активности)

Краток преглед на проектот за кој се наменети средствата собрани преку бројот за донации (проектен план со рокови на реализација, и план за намена на собраните средства)

Решение од централен регистар за НВО со одговорно лице (овластен потписник)

Други информации со кои се потврдува релевантноста на проектот за заедницата

Наведената документација треба да биде испратена во писмена форма на адреса на Фондацијата:  Фондација Т-Мобиле за Македонија, ул. Орце Николов бб, 1000 Скопје.

Вашите лични податоци се доверливи и подлежат на посебен начин на чување, согласно Законот за лични податоци на РМ. Доколку ви се додели број за донации, вашите лични податоци, по добиена согласност од ваша страна, ќе бидат архивирани како доверливи документи. Доколку не ви се додели број за донации, вашите документи во целост ќе ви бидат вратени по пошта.

Согласно техничките можности, броевите за донации се ограничени. Времетраењето на намената на еден број за донации за индивидуално лице е три месеци.

 

Превземено од сајтот на T-MOBILE: http://www.tmobileformacedonia.org/default-mk.asp?ItemID=08FF8301F5696D49ACDEE2684A0DB81D - http://www.tmobileformacedonia.org/default-mk.asp?ItemID=08FF8301F5696D49ACDEE2684A0DB81D




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk