Лиминг со памукче и епрувета собира Македонскa ДНК
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=17937
Датум на принтање: 13.Декември.2024 во 08:23 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Лиминг со памукче и епрувета собира Македонскa ДНК
Постирано од: Legenda883
Наслов: Лиминг со памукче и епрувета собира Македонскa ДНК
Датум на внесување: 14.Февруари.2009 во 13:16
Британски патеписец во земјава ги бара трагите на Александар Македонски
Лиминг со памукче и епрувета собира ДНК од Македонци
"Со епрувета во која има малку вата, лондонскиот патеписец Метју Лиминг деновиве во Скопје, но и во другите градови во земјава собира примероци од плунка од случајно избрани Македонци, кои ќе бидат употребени да се докаже дека потомците на античките Македонци живеат тука во Македонија. Лиминг е патеписец, а не историчар или научник, но со голем ентузијазам му пристапува на истражувањето, обидувајќи се да собере што повеќе примероци од земјава, кои ќе бидат научно истражувани во лабораторијата на Универзитетскиот колеџ во Лондон.
Неделава тој спроведува генетичко истражување на голем број мажи од земјава, чии примероци од плунка, заедно со претходно собрани мостри од северна Грција, ќе бидат споредени, со цел да се откријат врските со генетичкиот материјал собран во Авганистан. За околу два месеца Лиминг се надева дека ќе имаат некаква претстава за резултатите од истражувањето на примероците од плунка и од крв земени во Македонија.
Во собирањето на мострите му помага проф.д-р Мирко Спироски, од Институтот за имунобиологија и хумана генетика, при Медицинскиот факултет во Скопје. Примероци ќе бидат земани само од определени делови на земјава. Лиминг вели дека најверојатно ќе бидат земани примероци и од Албанија, од педесетина луѓе, бидејќи, како што вели тој, 20 - 25 примероци е минимумот потребен за да се направи некоја генерализација.
"Ова е дел од еден поголем проект кој ќе се обиде да ја пронајде врската меѓу гените и јазиците. За таа цел на лабораторијата и се потребни што поголем број примероци од Балканот, објаснува Лиминг. Истражувањето ќе биде фокусирано само на мажи, бидејќи, како што објаснува Лиминг, Ѕ - хромозомот што го имаат само мажите е тој што дава најмногу податоци за потеклото на личноста, не се менува и се пренесува од колено на колено, од татко на син.
Лиминг вели дека е добро прифатен од луѓето во земјава, но постојат и такви кои се сомневаат во намерите на неговото истражување. Но, Лиминг објаснува дека примероците од крв ќе бидат искористени за повеќе истражувања, а ќе бидат земени примероци и од Роми, Срби, Турци и од Власи кои живеат во земјава. Тој смета дека, исто така, би било интересно да се споредат примероците на Власите со оние на Италијанците, за да се види дали постои генетичка сличност меѓу нив.
Собирањето на примероците се врши на тој начин што со вата се зема дел од плунката од усната шуплина, која потоа се чува во епрувета. Овие примероци ќе бидат споредувани со примероците земени во Авганистан. Споредба ќе се прави и со истражувањата на ДНК на македонското кралско семејство кои се вршат во Манчестер, од телото пронајдено во гробницата во Пела, а кое се претпоставува дека е на Филип Втори, таткото на Александар Македонски.
Резултатите од Авганистан сў уште се истражуваат, но вели дека ќе мора повторно да оди таму за да земе уште примероци. Метју Лиминг во Авганистан зел околу 1.000 примероци од два града Аи Кану и Черикан - Баграм, каде што ранетите и немошни војници на Александар Македонски останале да живеат, повлекувајќи се од битките. Тој собрал уште илјада примероци од деловите каде што живееле Авганистанци, во Кабул и во планините, по што ќе биде направена нивна споредба. Доколку се различни, постои можност да бидат слични со примероците земени во земјава. Затоа и сум тука, вели Лимиг, за да ја откријам поврзаноста со античките Македонци. Според него, оправдано е да се очекува дека резултатите ќе покажат дека потомците на античките Македонци живеат тука во Македонија.
"Верувам дека ќе ја пронајдеме врската меѓу примероците во Авганистан и во Македонија, со оглед на тоа дека, според Диадора, кога Александар стигнал во Авганистан, 20 илјади војници сакале да се повлечат и останале да живеат во некој од градовите што тој ги основал. Тоа е голем број војници и голема е можноста нивните потомци сў уште да живеат во Авганистан. Кога ќе излезе приказната, кога ќе биде снимен документарниот филм, ќе може светот да види дека Александар бил Македонец, а не Грк", вели овој британски патеписец.
За време на престојот во Авганистан, Леминг како и многумина пред него забележал деца со светла коса и очи, кои се разликувале од другите. Во однос на зебелешката дека тие можат да се поврзат и со Русите, Леминг вели: "Некои веројатно и се Руси, но луѓето ги забележале многу порано, пред да дојдат Русите таму, но и Марко Поло пишувал за тоа. Затоа тие не можат да се објаснат и да поврзат дека се Руси".
Паралелно со примероците од плунка што ги собира Лиминг, примероци од крв со истата група луѓе собира и Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје. Целта е да се контролира истражувањето во Лондон, но и да се обезбедат примероци за понатамошни истражувања. Крвта која ќе биде собрана, вели Спироски, ќе биде доволна за истражувања во наредните 20 години.
http://217.16.70.245/?pBroj=1005&stID=5213&pR=3 - http://217.16.70.245/?pBroj=1005&stID=5213&pR=3
Ima li nekoe dopolnitelno obavestuvanje okolu ova ispituvanje od togash, znae li nekoj?
|
Коментари:
Постирано од: da be
Датум на внесување: 14.Февруари.2009 во 14:18
требе и во Бугариа да направи истражуване на МК ДНК за да е комплетно истражуването
или може би нема смисал - по дефолт бугарите са татари а македонците антични - само трошене на памук и епруветки
------------- So, so you think you can tell Heaven from Hell?
Да бе
Go Ahead, make my day!
|
Постирано од: da be
Датум на внесување: 14.Февруари.2009 во 18:35
Legenda883 напиша:
За време на престојот во Авганистан, Леминг како и многумина пред него забележал деца со светла коса и очи, кои се разликувале од другите. Во однос на зебелешката дека тие можат да се поврзат и со Русите, Леминг вели: "Некои веројатно и се Руси, но луѓето ги забележале многу порано, пред да дојдат Русите таму, но и Марко Поло пишувал за тоа. Затоа тие не можат да се објаснат и да поврзат дека се Руси".
Ima li nekoe dopolnitelno obavestuvanje okolu ova ispituvanje od togash, znae li nekoj?
|
еве, jас имам дополнително обавестувание(каквото и да значи обевастувание) за децата сис светла кожа - не се руси
еве зашто:
И в Афганистан открит конник с име Мадара
Наложените хипотези за произхода на българите се пропукват, смята иранистът доц. д-р Иво Панов
10.02.2009 Българска експедиция откри "двойник" на
Мадарския конник в Северен Афганистан, пише на челно място в. "24 часа"
като се позовава на публикация в новия брой на " http://news.netinfo.bg/index.phtml?tid=40&oid=1258295 - Списание 8 ". Едно от шокиращите открития е, че конникът се нарича Мадара. В Афганистан имало и местности Шумен и Варна, а учените са записали легенди за героя Ходжа Болгар. Над 800 думи с еднакво звучене и значение са открити в българския и фарси, официалния език на Иран. И
до днес в региона за красавиците се казвало, че "са хубави като
българки", а фолклористите чертаели паралели между местните ритми и
българската народна музика. Наложените хипотези за произхода на
българите се пропукват, смята иранистът доц. д-р Иво Панов. Не можем да
твърдим, че са хуни - монголоидността не им е присъща, не би трябвало
да ги сродяваме и с тюрките, казва участникът в експедицията
"Българи-прародина", проведена в края на 2008 г. Според доц. д-р Панов планината Памир, в чиито скали е изсечен конникът, вероятно е прародина на българското племе.
------------- So, so you think you can tell Heaven from Hell?
Да бе
Go Ahead, make my day!
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 14.Февруари.2009 во 18:48
a be jade,..kakvi se toa gluposti?!,..a so shto ke gi sporeduva segashnive rezultati?,..
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: da be
Датум на внесување: 14.Февруари.2009 во 18:50
со Филип 2 - таткото на Алекс Големиот- пишува го во постот на Легендата
------------- So, so you think you can tell Heaven from Hell?
Да бе
Go Ahead, make my day!
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 14.Февруари.2009 во 18:57
ajde be!,...a, kaj mu nashle ,..plunka,..ili vlakno,...na toj ,..filip,...nesuden predok na deneshnive makedonci?
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 14.Февруари.2009 во 20:33
brza напиша:
ajde be!,...a, kaj mu nashle ,..plunka,..ili vlakno,...na toj ,..filip,...nesuden predok na deneshnive makedonci?
| во текстот убаво си пишува дека земал днк од тело од гробница во Пела, днк-то може да преживее и во раскапано тело така да днк може да има и во кски стари неколку илјади години
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: da be
Датум на внесување: 14.Февруари.2009 во 21:08
да бе како во Jurasic park
ако имате повеке ДНК мое да направите Македонски парк
------------- So, so you think you can tell Heaven from Hell?
Да бе
Go Ahead, make my day!
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 14.Февруари.2009 во 22:22
Па ТуркоМонголите цел филм си направија од една коњска опашка а ние да неможеме еден парк да направиме - циркус
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: futosmama
Датум на внесување: 15.Февруари.2009 во 19:19
Па соседите на коньолубците цяла дъвка си направија од под коњската опашка , а ние да неможеме еден бабрбекю да направиме - циркус полен ти кажувам!Смех!Голем!
|
Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 15.Февруари.2009 во 19:22
Што е двка мастика за џвакање?
------------- За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
|