Испечати | Затвори го прозорот

Англиски експерти ја утврдуваат староста на Славе

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=17935
Датум на принтање: 18.Декември.2024 во 05:34
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Англиски експерти ја утврдуваат староста на Славе
Постирано од: Legenda883
Наслов: Англиски експерти ја утврдуваат староста на Славе
Датум на внесување: 14.Февруари.2009 во 11:11
Англиски експерти ќе ја утврдуваат староста на „Славе Македонски“
 
Дел од најстариот скелет во Македонија, пронајден на локалитетот Грнчарица во близината на Штип, отпатува за Англија. „Славе Македонски“, како што го крстија археолозите, е на возраст од 45 до 50 години, но деталните анализи во британската лабораторија ќе утврдат во кое време живеел.

Претпоставките на археолозите се дека „Славе Македонски“ е постар од 9.000 години.

Трајче Нацев, раководителот на археолошката акција на локалитетите загрозени од изградбата на хидросистемот „Злетовица“, изјави дека резултатите треба да пристигнат до крајот на март.

- Во лабораторијата во Англија се испратени како мостра 2-3 грама од скелетот. Со помош на методот Ц-14 ќе се утврди неговата старост и ќе добиеме хронолошка анализа за самиот локалитет, со толеранција од 15 години - најави Нацев.
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=315&top=1&ArticleID=17941 - http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=315&top=1&ArticleID=17941
 
 
Se nadevam deka "Slave" nema da se vrati kako; "Skot" the first Celt in Balkans. 
 
 



Коментари:
Постирано од: Popi
Датум на внесување: 06.Мај.2009 во 03:56
Eve gi i rezultatite; голема%20насмевка големо%20гушкање
 
Славе Македонски е најстариот скелет во Југоисточна Европа
 

Штип, 5 мај (МИА) - Скелетот Славе Македонски, кој беше пронајден на локалитетот „Гранчарица“ во близина на штипското село Крупиште има 6.745 години и живеел во раниот неолит.

Директорот на Музеј на град Штип Зоран Читкушев изјави дека радиокарбонатниот сертификат,  направен на универзитетот во Глазгов-Шкотска покажа дека скелетот Славе Македонски е најстариот во Југоисточна Европа.

- Направените анализи од примероците испратени на универзитетот во Шкотска можат да отстапуваат во годините на скелетот со плус или минус 30 години, рече Читкушев. Тој додава дека локалитетот „Гранчарица“ според овие анализи за скелетот Славе Македонски е од раниот неолит и е најстариот во Југоисточна Европа.

Во штипскиот музеј скелетот Славе Македонски ќе биде изложен заедно со трите печки на 18- ти мај на Денот на музеите, а локалитетот „Гранчарица“ ќе се претвори во туристичка атракција.

http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/525857/index.html - http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/525857/index.html
 
Slichnata sodzhina se naogja i na ovaa nasha web-strana;
http://macedoniaonline.eu/content/view/6588/1/ - http://macedoniaonline.eu/content/view/6588/1/
 
 
забава Se prashuav samo, kade li bile takanarechenite Grci (spored religijata narecheni "geroi") togashni SELOI ili SELENI (tugjinci...doselenici) vo toa vreme, koi za nivnata "antichnost" zboruvaat nazad ili se' na se' 2000 godini...a pred nekoj mesec pochnaa i na 4000 da si gi nagolemuvaat? ма%20ајде
 



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk