Испечати | Затвори го прозорот

Денес не одам на училиште - правам тест

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Образование
Опис на форумот: Улично, основно, средно, високо...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=17826
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 07:22
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Денес не одам на училиште - правам тест
Постирано од: BisernA
Наслов: Денес не одам на училиште - правам тест
Датум на внесување: 05.Февруари.2009 во 13:48
Темава ја отворам оти стварно ми е преку глава од ученици... кои бидејќи денеска прават тест не одат на школо или бегаат од часови...

Целта не ми е да добијам коментари... како,... ,,секој за него се сам си прави,,...,, ти учи си и твоето ќе си дојде,,... туку целта ми е да се погледне што прават учениците...

Пример, денес правиме тест физика... 6 ученика нема како сите се разболеле во ист ден,... и како баш тие 6 имаат 5ки ( кои нормално не сакаат да си ги расипат )... и се би било во ред доколку тие би биле соодветно казнети - ама не се... класниот мора да го оправда отсуството по посета од родител или со медицинска белешка,... и всушност и родителот ја одобрува оваа постапка... атер за оценките...

Смачено ми е од тоа некои да можат да стигнат да научат се, и да дојдат на време на училиште,... а некои да не учат ништо, да доаѓаат кога сакаат и да си одат кога сакаат... и да поминуваат неказнети... јас не сум ништо помалку вредна од тој што избегал од училиштето тој ден...



Коментари:
Постирано од: Паланчански
Датум на внесување: 05.Февруари.2009 во 13:52
Баш затоа е оној тест што ќе се прави за проверка на знаењето. Ако тие ученици не дошле, значи дека не ги заслужуваат петките. Вистинските ученици не се плашат од тестови. И да ја расипат петката, ќе добијат барем четворка. А ако знаат за двојка, а некој им пишалл петка...

-------------
Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.


Постирано од: OUST
Датум на внесување: 05.Февруари.2009 во 14:02
Епа следниот час наставничката нека им даде тест на тие 6 луѓе што не биле на час кога се одржувал тестот и решен проблем


Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 05.Февруари.2009 во 17:05
...jas bev....

-------------
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот


Постирано од: Eli
Датум на внесување: 05.Февруари.2009 во 18:50
Ova mi e dosta poznata rabota..koga ja bev u sredno i koga trebase da praime test nekoj,u denot ne falea 6 dusi tuku pola klas go nemase(mozes da zamislis so klas bilo toa)..i nikad nisto ne se prevzemase,i sekogas se jauvuvase kaj mene toj revolt..od sekogas sum se prasuvala kao na nekoi moze da im pomine godinata bez da znaat sto e toa kniga i penkalo,za razlika od nekoi koi da recam se macele i se dokazuvale sekoj mozen cas..kolku i da sme reagirale,sepak nisto poznacajno ne se menuvalo..sekogas takvite si go terale svoeto se do kraj..za zal taka funkcioniraat rabotite kaj nas

-------------
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 05.Февруари.2009 во 18:58
Ovaa pojava e mnogu cesta megju ucenicite za koja prosvetnite rabotnici cuvstvuvaat revolt i zatoa mngumina se odlucuvaat da im dadat na eden od narednite casovi da im dadat da pravat test ili pismena vo zavisost za shto se raboti.
Roditelite na ovie ucenici najcesto reagiraat i do prosveten inspektorat bidejki tie gi podrzuvaat svoite deca vo ovie postapki.




Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 05.Февруари.2009 во 19:05
Ова јас често го практикував

-------------
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!


Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 05.Февруари.2009 во 22:10
барем да им даваа тестови...

одговараат, а еднаш во мојот клас одговараа со слушалки на табла... девојче од последна клупа и читаше додека девојче на таблата одговараше... не ми е криво што се снашле... криво ми е оти јас сум таа што седела и учела...

-------------


Постирано од: DarlinG
Датум на внесување: 05.Февруари.2009 во 22:11
ah samo na test li?
kaj nas od ispituvanje ne dojdoa 11 dusi

-------------


Постирано од: zenmaster
Датум на внесување: 05.Февруари.2009 во 22:26
Auuu...Biserna me razocara epten , po arno da ne kazuvam ja koga odev na skolo sho im pravev na ovakvite deca .
Zal  mi e ama ova se vika kodoshenje od po nizok rang inicirano od ljubomora , definicija za tipicno veleshance....zal mi e navistina .
 
Ubavo si kazuvash deka ne sakas da cues komentari kako citiram : секој за него се сам си прави ; ти учи си и твоето ќе си дојде......
 
Pa neli e taka , za sho odis naskolo za prestiz ?
Odis za da naucis i ako ne ti se uci ne se zamaraj , jas barem taka pravev .
Snajdi se pa zivej , ova sigurno ti e poznato i moj sovet (kolku i da izgleda bezobrazen komentarov ) navikni se na ovakvi ne vkusni raboti  dodeka ti e vreme oti samo po golemi razocaruvanje ke dozivuvas vo zivotot oti zivotot ne e fer  
 
 
Keep it real мир 
 
 
 
 


-------------
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 05.Февруари.2009 во 22:41
Originally posted by zenmaster zenmaster напиша:

Auuu...Biserna me razocara epten , po arno da ne kazuvam ja koga odev na skolo sho im pravev na ovakvite deca .
Zal  mi e ama ova se vika kodoshenje od po nizok rang inicirano od ljubomora , definicija za tipicno veleshance....zal mi e navistina .
 
Ubavo si kazuvash deka ne sakas da cues komentari kako citiram : секој за него се сам си прави ; ти учи си и твоето ќе си дојде......
 
Pa neli e taka , za sho odis naskolo za prestiz ?
Odis za da naucis i ako ne ti se uci ne se zamaraj , jas barem taka pravev .
Snajdi se pa zivej , ova sigurno ti e poznato i moj sovet (kolku i da izgleda bezobrazen komentarov ) navikni se na ovakvi ne vkusni raboti  dodeka ti e vreme oti samo po golemi razocaruvanje ke dozivuvas vo zivotot oti zivotot ne e fer  
 
 
Keep it real мир 
 
 
 
 

големо%20гушкање


Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 05.Февруари.2009 во 22:43
зенмастер, не е отворена темата од љубомора,... ако некој на некого може да љубомори, се тие мене... бидејќи јас сум таа што ги мине тестовите со учење

работата е што некој не оди на тестови и после ништо не било, некој добива 5ки од чиста добра волја на професорот ( кој секако, нема намера да го повторува тестот ) а некој учи... и најлошо од се, имаат подршка од дома...

не знам дали мене мајка ми би ме оправдала ако не одам на тест, или ќе отиде сама да каже зошто не сум отишла... и напоменав, не ми е мене криво што се снашле ( фала богу и јас сум се снаоѓала досега, не само во школото ) туку криво ми е што навистина не е фер... бидејќи некои стварно учат !! јас значи испаѓам будала оти седам и учам ??

и да, за разлика од некои јас одам на школо за да научам... токму затоа реков дека не сакам коментари од типот ти учи си и твоето ќе си дојде... знам што е мое и што треба да си дојде

точно е дека животот е суров, ама јас не можам да се навикнам - не додека можам барем нешто од нешто да изменам... ( ако не денес, тогаш утре ) и те молам да не ми викаш дека тоа не може да се промени - кога се сака се се може

-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 05.Февруари.2009 во 22:46
... za zal ne mozeme da napisheme koj shto saka da cue...tuku ona shto e realnost...
... Imalo...ima...i kje ima nepravdi...ama tie se vrakjaat bumerang tokmu na tie koi mislat deka se izvlekle...



Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 05.Февруари.2009 во 23:06


Јас за цело мое школување немам отсуствувано од тестови, не сум бегала од часови, не сум препишувала.......

А имало такви што отсуствувале, бегале, препишувале.....па пак имале петки

Па штоако.......тоа не го доживував, ниту сега го доживувам како нефер........

Кога само класната ќе речеше...ех...никогаш нема да го достигнете нивото на Полжавче.......срцето ми беше полно....ич не ми беше гајле ни за нивните петки ни за ништо.......

Пред некој ден дојдов дома и мајка ми ми вика: Знаеш ли колку сум горда на тебе? Зашто, и викам јас? Дошла кај нас една комшика и и кажала на мајка ми дека нејзините керки (кои студираат во Бугарија) случајно во Скопје запознале една моја колешка од факултет која им рекла дека сум била најдобра во групата, ме испофалила итн. Комшиката и кажала на мајка ми и оваа......пресреќна........

Ова чувство што ви го опишав погоре (мајка ми да се гордее со мене) не може ништо друго да ми го замени........а не да иде да ме правда зашто отсуствувам од часови.........

Кога ова ниво ќе го постигнете пред себе и пред тие што ви значат сосема е неважно како другите добиле петки или десетки........


Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 05.Февруари.2009 во 23:35
сум бегала, и јас
Посебно во прва по физика до полугодие имав петка,
ама имавме понеделник седми час ,ми беше досадно.
Ама канцеларијата беше одма до училницата и имаше еден професор дежурен и не смееше да те види дека си одиш со ранец........па така јас ќе излезев а ташната ми ја фрлаа од трети.
Не сум бегала за да изгубам време или да седам со некој,едноставно така сум сакала и сум си одела дома.
Ама кога физика ми рече ќе одам на полагање
се упрпав......па се пропуштено си научив да оправдам.

и никогаш не се замарав,со нешто како што наведува бисерна,тоа е секаде така,и денес некој учи за испити,а некој препишува.Ама тоа е колку ќе си научиш толку ќе си знаеш во животот


Постирано од: defma
Датум на внесување: 06.Февруари.2009 во 08:14
Училиштето е за тоа, да учиш и да го оценуваат твоето знаење, мене ми пречи кога учениците се фалат дека не учат, а сепак не сакаат да добијат ниска оценка, но сега со оценувањето и на наставниците мислам дека работите малку се затегнаа, така да сите тие бегања од писмени мислам дека ќе си имаат и свои последици.


Постирано од: Паланчански
Датум на внесување: 06.Февруари.2009 во 12:48
А јас сум правел тест по свое барање и пред комисија. И што се случи? Велат врана на врана очи не вади. И излезе точно. Комисијата беше од други градови, но одвај ми дадоа двојка, иако заслужував најмалку четворка. Но така требало да биде. Ако ми дадеа петка после единица, ќе се видеше дека професорот ме мрази. Мораа да ја забошотат работата.

-------------
Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.


Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 06.Февруари.2009 во 13:16
Само ме нервираа тие што секогаш викаа...Леле јас ништо не научив,книга не отворив не ме прашувај појма немам...........
А кога ќе излезеа на табла мислиш ја предаваат лекцијата,и тестовите без грешка


Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 06.Февруари.2009 во 13:28
ма не се замарам со нив... само ме нервираат бидејќи поминуваат неказнето, и денес можеби е еден обичен тест, а утре да биде фалсификат на документ...

иииии да мрзла, имам едно девојче такво во клас, секогаш е стресена кога треба да одговара или пред писмена... а тестовите и се без грешка... што е срамново ако си научил ?? јас секогаш на сите им поткажувам, на математика писмена кој и да седи до мене, секогаш има по една задача решена а англиски по цели тестови... па што ??

точно дека треба да си помагаме и да се снаоѓаме, сите другарски во класов,... и секој се случува да не научи нешто и некогаш, ама има некои кои гледаат да ја избегнат СЕКОЈА писмена... е тоа не оди така...

-------------


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 07.Февруари.2009 во 01:29
всушност во корчагин поминуваат казнето, само зависи кај кој професор
јас имам бегано од испрашување, ама храбро, само од тој часголема%20насмевка, никогаш се немам „разболено“ само за да избегнувам настава, а присутен сум бил на секој тест, без разлика дали сум бил спремен или не

инаку не се замарам со тоа кој како бега и какви оцени има, јас си го гледам своето, па кој како сака нека си го гледа неговото голема%20насмевка


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: THEPRINCESS
Датум на внесување: 07.Февруари.2009 во 22:49
Snajdi se pa zivej, koj kako znae neka spasuva glava od namaluvanje na ocenkata. Jas do sea go neam praveno ova i najverovatno nema da go napravam bidejki mi ostanaa uste nekolku meseci do krajot na srednoto obrazovanie. Ali sum pravela drugi raboti za da ne mi se namale ocenkata, prepisuvav ako e profesor so moze da se prepise, se izvinuvav pa pravev sledniot cas i taka se snaogav nekako. Ova prepisuvanjeto sega vo 4ta godina po4esto go primenuvam,inaku do 3ta si ucev se redovno, sekogas bev spremna i sekogas prepisuvase nekoj od mene, i sea se slucuva toa da prepisuva nekoj od mene ama prepisuvam i jas. Tie sto begale od testovi ama voopsto ne me nervirat, sto sakat neka praat, niven zivot e. Obicno toa go praat po nekoj predmet sto ne im odi, ne moze za se da gi biva decata.


Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 07.Февруари.2009 во 23:07
Немам бегано од ниту еден тест
Ќе се спремам за тестот повеќе и нема потреба од бегање
а инаку и кај нас ги има такви што бегаат на тестови. Баш тогаш кога се има тест или писмена настанува епидемија на грип. Само не треба да ни биде гајле што бегаат. Сега тоа што е неправедно, тоа е неправедно. Повеќето од професорите после не му даваат тест на ученикот сам да прави бидејќи тој веќе ги знае прашањата. Најчесто се случува кај нас да се бега на писмена. И после кога ќе дојде ученикот - не прави писмена. Или ќе позајми од некој друг ( таа јаката писмена ) и ќе ја научи и пак ке добие солидна оценка. Е тоа е за нервирање. Ама мене ич не ми е гајле. Тоа што го прават на нив ќе им се одрази.

-------------
You think you are perfect? Well, try walking on water...


Постирано од: Командантица
Датум на внесување: 07.Февруари.2009 во 23:54
чудна работа..кога имаме тест или испитување одам..а кога не е ништо посебно..понекогаш нема да отидам..

-------------
..Живеам за да умрам..!


Постирано од: SummerLove
Датум на внесување: 08.Февруари.2009 во 00:47
heh ovde nema begane od testovi ili pismeni hiihhi ..Ako ne dojdesh toj den koga ke dojdesh na drugiot den na skolo togash ke pravish test ...vazno mora da go napravish testo a pismenata obavezno

-------------
Bidi Neverna, Da Ti Bide Veren,Vrti Mu Go Grbot Ke Trca Po Tebe.Ne Roni Solzi Kolku I Da Boli ,Bidi Hrabra I Toj Ke Te Moli!!!


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 08.Февруари.2009 во 10:01
Originally posted by girl15 girl15 напиша:

heh ovde nema begane od testovi ili pismeni hiihhi ..Ako ne dojdesh toj den koga ke dojdesh na drugiot den na skolo togash ke pravish test ...vazno mora da go napravish testo a pismenata obavezno

Licno sum protiv sistemot na ocenuvanje - ne slucajno nekoi begaat koga ima test. Segasniot i nekogasniot sistem na obrazovanie samite si se krivi za toa. No ako vece mora da go ima, gorenavedeniot primer mislam deka e najdobar kompromis.

Inaku voopsto ne ja gledam logikata da barame da bide nekoj kaznet zatoa sto ne dosol na test, a nie sme dosle. I nie ne sme bile so pistol prisileni da dojdeme. Toa sto nekoj ce dobie zasluzena ili nezasluzena 5-ka nitu ja zgolemuva nitu namaluva mojata ocenka.

Ako imame potreba drugite da gi kaznuvame togas so samite nas nesto ne e vo red...


Постирано од: maestro13
Датум на внесување: 09.Февруари.2009 во 15:10
Сум сакал некогаш да не одам на школо поради тест, но тоа никогаш се нема случено.

-------------


Постирано од: tevis
Датум на внесување: 05.Декември.2009 во 20:32
Епа вака да ви раскажам мене што ми се случи одамна уште во основно..
Требаше да правиме тест по математика,одам јас утредента во школо и што да видам од 25 луѓе дошле само 13..
срамота..
добро и после наставникот ни кажа дека тие што не дошле ке го праат тесот во среда и дека ке им го смени тестот со други задачи.
И доаѓаат во среда и им го даде истиот тест што е многу нефер српема останатите ученици зар не?


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 09.Декември.2009 во 15:16
Е денес не отидов во школо, а имавме македонски тест...
Оправдано-болна сум!плачење
Али вистински болна...


-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 09.Декември.2009 во 15:56
јас лани во осмо појдов на школа само за писмената по македонски и со ојдов, многу бев болен ама сега не сум

-------------
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 09.Декември.2009 во 17:54
Originally posted by tiggy_sparrow tiggy_sparrow напиша:

Е денес не отидов во школо, а имавме македонски тест...
Оправдано-болна сум!плачење
Али вистински болна...
me too...плачењеплачењеплачење
odnosno , cel klas sme bolniтага


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 09.Декември.2009 во 19:20
Originally posted by volkswagen volkswagen напиша:

Originally posted by tiggy_sparrow tiggy_sparrow напиша:

Е денес не отидов во школо, а имавме македонски тест...
Оправдано-болна сум!плачење
Али вистински болна...
me too...плачењеплачењеплачење
odnosno , cel klas sme bolniтага

Е волс, ова е веќе сварно телепатијаголема%20насмевка
Сварно болни, или...онака `болни`?


-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 09.Декември.2009 во 19:35
Originally posted by tiggy_sparrow tiggy_sparrow напиша:

Originally posted by volkswagen volkswagen напиша:

Originally posted by tiggy_sparrow tiggy_sparrow напиша:

Е денес не отидов во школо, а имавме македонски тест...
Оправдано-болна сум!плачење
Али вистински болна...
me too...плачењеплачењеплачење
odnosno , cel klas sme bolniтага

Е волс, ова е веќе сварно телепатијаголема%20насмевка
Сварно болни, или...онака `болни`?
баш болниухболен ... али пукнав од досада дома денеска...


-------------


Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 09.Декември.2009 во 19:48
абе луѓе дан фе фати свинскиот случајно??збунетостзбунетост

-------------
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 09.Декември.2009 во 20:02

не бе, друг има еден коси во градов . Тоа е кај мене, а кај Тиги се надевам дека не е свинскисреќа



-------------


Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 09.Декември.2009 во 20:04
Originally posted by volkswagen volkswagen напиша:

не бе, друг има еден коси во градов . Тоа е кај мене, а кај Тиги се надевам дека не е свинскисреќа


пазете се се врати птичјиот сега ќе се борат да видат кој грип ќе има повеќе смртни случаиголема%20насмевка


-------------
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 09.Декември.2009 во 20:21
Originally posted by volkswagen volkswagen напиша:

не бе, друг има еден коси во градов . Тоа е кај мене, а кај Тиги се надевам дека не е свинскисреќа


Не ќе да еголема%20насмевка
Не сум до толку малер ваљдаплазење


-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 09.Декември.2009 во 20:29
Originally posted by tiggy_sparrow tiggy_sparrow напиша:

Originally posted by volkswagen volkswagen напиша:

не бе, друг има еден коси во градов . Тоа е кај мене, а кај Тиги се надевам дека не е свинскисреќа


Не ќе да еголема%20насмевка
Не сум до толку малер ваљдаплазење

дан е птичји пошо пак се поврати какошо имав пишано во претходниот постзбунетостзбунетост


-------------
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!


Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 15.Декември.2009 во 21:24
утре правам тестови по математика и техничко цртање и плус испитвења по све и како да одам на школа???
ама ако не одам ќе ми пишат по еден кец техничко и математика и поубо да одамлутина


-------------
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 16.Декември.2009 во 20:39
More utre praam testгрицкање%20нокти
Moram da odam...za zhalтага


-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 17.Декември.2009 во 10:40
денес си праам тест по француски....тагаУште да се најди некој толку добар што ќе ми објасни IMPERATIF...голема%20насмевка



-------------


Постирано од: Zajcef
Датум на внесување: 17.Декември.2009 во 11:22
Originally posted by volkswagen volkswagen напиша:

денес си праам тест по француски....тагаУште да се најди некој толку добар што ќе ми објасни IMPERATIF...голема%20насмевка

ИМПАРФЕ бе торкоИ не само што правиш тест туку и8 музичко ќе те скорни(и мене)

-------------
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 17.Декември.2009 во 11:28
Originally posted by Zajcef Zajcef напиша:

Originally posted by volkswagen volkswagen напиша:

денес си праам тест по француски....тагаУште да се најди некој толку добар што ќе ми објасни IMPERATIF...голема%20насмевка

ИМПАРФЕ бе торкоИ не само што правиш тест туку и8 музичко ќе те скорни(и мене)
Како беизненадување шо не кажувате вакви работиизненадување  Ај бе па и ти... се фати за името.... ко можат на држава име да сменат , зш да не можам јас таму на некој заповеден начинтрепкањезбунетост


-------------


Постирано од: nena_princess
Датум на внесување: 24.Април.2010 во 15:22
Ама др час нема кај да одиш хеххехехехехе Не е тоа решението

-------------
Секогаш бори се за она што го Сакаш и верувај ќе успееш ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 24.Април.2010 во 16:09
Ова се случувало и порано, но поретко а и учениците беа подисциплинирани.

-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 24.Април.2010 во 17:02
Originally posted by nena_princess nena_princess напиша:

Ама др час нема кај да одиш хеххехехехехе Не е тоа решението
Чекај...
ако правиме муабет за специфична ситуација во која денес не си стасал да научиш затоа што си учел по друг предмет, а си сигурен дека за другиот час ќе успееш да го научиш - тогаш ОК
а, ако само си го одложуваш кецот ништо не правиштрепкање


-------------


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 14:39
ја правев тест историја, ама не отидов..
г***ото ми се смрзна од страв..
си викам: -Аааа зелена една...
денес не идеш у школо..
те боли стомакот...
имаш добиено..
и не отидов. голема%20насмевка


-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: badboy92
Датум на внесување: 07.Мај.2010 во 20:12
bas e zakon drugite ke praat ja nema ali posle koa ke otides u skolo nekoi profesori davaat pak da pravime :s


Постирано од: nena_princess
Датум на внесување: 11.Мај.2010 во 17:36
Не одиш? хх не оди полошо за тебе ама ќе одиш во Август ќе одиш и оро ке играш

-------------
Секогаш бори се за она што го Сакаш и верувај ќе успееш ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk