Испечати | Затвори го прозорот

Социолози во училиштата

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Образование
Опис на форумот: Улично, основно, средно, високо...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=17722
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 08:46
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Социолози во училиштата
Постирано од: polzavce
Наслов: Социолози во училиштата
Датум на внесување: 29.Јануари.2009 во 14:06

Дали во училиштата покрај педагози и психолози треба да има и социолози?

Дајте размислувања.......



Коментари:
Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 31.Јануари.2009 во 13:31
da polzavce se soglasuvam so tebe


Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 31.Јануари.2009 во 15:07
Originally posted by ANITA11 ANITA11 напиша:

da polzavce se soglasuvam so tebe


Може ли да добијам објаснување зошто се согласуваш?
Да одговориме на прашањето од каде потекнува потребата за социолози во училиштата?


Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 31.Јануари.2009 во 15:08
Има предаваат социологија

-------------
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 31.Јануари.2009 во 15:10
Iskreno... ne ja gledam funkcijata na sociolozite... Moe razmisluvanje e deka e neophoden po eden defektolog... psiholog no koj kje si ja vrshi svojata psihiloshka rabota...a mestoto pedagog e odamna nadminato... i redno e da se ukine...


Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 31.Јануари.2009 во 15:11
Море денес треба обезбедување по училиштата а и веќе ставија

-------------
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!


Постирано од: pmmladen
Датум на внесување: 31.Јануари.2009 во 15:13
Единствена корист од ова би имале невработените социолози, би се отвориле нови работни места.
А за некаква корист од нив во училиштата.............


Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 31.Јануари.2009 во 15:19

Јас мислам дека тимот на педагог и психолог во училиштата е непотполн. Им недостигаат најмалку два членови: социолог и социјален работник...

Сите овие стручњаци зафаќаат едни исти проблеми но од различен агол на гледање. Различните аспекти ќе придонесат да се согледаат проблемите во училиштата во нивната целина и да се најде најсоодветното решение што постои...

На пример во училиштето се случува тепачка меѓу ученици од различни етнички групи. Психологот веднаш се насочува кон предрасудите, начините на мислење и дејствување на учениците од со различно етничко потекло, педагогот се насочува кон наоѓање посоодветни форми на настава, временски интервали во посетата на настава и слично со што би се овозможило зголемување на интегрираноста на сите членови во наставниот процес, социјалниот работник би се занимавал со условите во кои живее ученикот дома (разведени родители, алкохоличари, многудетно семејство, или хармонично семејство) и како тоа се одразува на однесувањето на ученикот во училиштето......

Социологот би се занимавал со пронаоѓање на другите општествени причини кои придонеле за тепачката: социјалното потекло на ученикот ( занимањето на родителите, образованието на родителите), материјалната состојба на семејството на ученикот, односите на надреденост и подреденост во одделението, етничката дистанца и причините за неа....итн итн итн.......

Сите сознанија од тимот би се употребиле за унапредување на училишниот соживот, успехот на учениците, етничката, верската, половата, возрасната, имотната недискриминација....


Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 31.Јануари.2009 во 15:21

Социологија предаваат, ама тука зборуваме не за социологијата како предмет, туку како практика.......


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 31.Јануари.2009 во 15:23
Zaboravash eden mnogu vazen segment... Vo oddelenska nastava 50% od nastavnicite se pedagozi...znaci lica koi pokraj teorijata imaat i praksa...a pedagozite se "potkovani" samo so teorija...
Ovie timovi koi gi nabroja treba da postojat vo sklop na lokalnata samouprava i da bidat terenci...

Sekoj shto raboti vo ucilishte znae deka momentalno pedagozite i psiholozite vo ucilishtata se samo pomagaci na direktorite i nishto povekje...


Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 31.Јануари.2009 во 15:35

Е да де..за жал само помагачи се......

Тука на форумов на крај се се сведува на нашите желби за тоа како би требало да биде.......

А реалноста како за инат одма не демантира што и да кажеме....

Ова ТЕРЕНЦИ ми се допадна.......

Цело време на теренци мислам.....


Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 31.Јануари.2009 во 15:36
pa polzavce socioloskata sostojba e isto vazna kako i psiholoskata


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 31.Јануари.2009 во 15:40
 Zasega nashata praksa e tragicna, navikite se ushte postrashni. Nishto ne se menuva samo se zgolemuvaat obvrskite na ucenicite i se zgolemuvaat tutorite nad rabotata na nastavnicite. Tragicno e shto nikoj ne zboruva za vrednuvanje na rabotata na ovie lica. Koga tie bi si ja vrshele svojata  rabota togash jasno kje se izdeferenciraat potrebite za site ostanati strucni lica.


Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 31.Јануари.2009 во 18:37

Кој треба да ја надгледува работата на педагозите и психолозите во училиштата?
Директорот така ли?
А директорот е поставен партиски...во секое училиште во РМ.....и е по правило близок човек на градоначалникот (барем во помалите градови на РМ).......
се е лавиринт.......


Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 01.Февруари.2009 во 00:10
Не ја гледам потребата од социјален работник во школскиот менаџмент, тие треба да останат во рамките на социјалните служби кои вршат работа на терен а една од нив е и надзор над работата на училиштата. Социолог???
Не знам ни социологот кај би го сместила во целата слика.
немам идеја

-------------
Beauty fades, dumb is forever


Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 20.Мај.2009 во 15:53
Затоа што не ти е јасно што е тоа социолог, каква работа врши, и во краен случај каква наука е социологијата........

Еве пример кај да го сместиш .......

Социологот може да го анализира образовното постигнување на учениците во зависност од неговото социјално потекло........На пример: Дали учениците од посиромашни семејства имаат послаб, подобар или еднаков успех во учењето како и учениците од од побогати семејства.....Ако постојат разлики да се превземат соодветни мерки истите да се намалат или неутрализираат колку е можно.......

Ова не е работа на психолозите.......

само пример беше....се надевам помогна во разјаснување на недоумиците.......

-------------
МИР со сите


Постирано од: defma
Датум на внесување: 20.Мај.2009 во 21:27
Покеќе корист ќе има училиштето од дефектолог отколку социолог,добра е идејата за социолог/социолози( во зависност од големината на општината) вработени во самата општина, сметам дека не е неопходно секое училиште да има социолог.


Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 21.Мај.2009 во 01:16
Зошто е голема потребата од дефектолог? Дали во секое училиште треба да има дефектолог?

-------------
МИР со сите


Постирано од: defma
Датум на внесување: 22.Мај.2009 во 15:41
Можеби не во секое училиште, но во повеќето училишта според законот се примаат деца со ПОП,за кои е неопходен дефектолог.За жал бидејќи истиот не се обезбедува, овие деца остануваат до V одделение и после тоа или ги препраќаат во посебно училиште или чисто формелно одат на училиште. Она што е уште позагрижувачко е тоа што има доста дечиња без ПОП но сепак имаат проблеми при пишување, читање, моторика,воспитание.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk