Инки, Ацтеки, Маи
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=17580
Датум на принтање: 17.Ноември.2024 во 00:15 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Инки, Ацтеки, Маи
Постирано од: DarlinG
Наслов: Инки, Ацтеки, Маи
Датум на внесување: 20.Јануари.2009 во 17:01
сакам да дознаам нешто повеќе за овие цивилизации. навистина се интересни нивните градови, божества, митологија. Можеби не знаете но цивилизацијата Маи изчезнала а Ацтеките се сите убиени од Кортез.
Кралството на Маите и Ацтеките се наоѓало некаде во средна Америка, а Инките во Јужна.
-------------
|
Коментари:
Постирано од: чоли
Датум на внесување: 22.Јануари.2009 во 07:54
http://en.wikipedia.org/wiki/Maya_peoples - Маи
http://en.wikipedia.org/wiki/Aztec - Ацтеки
http://en.wikipedia.org/wiki/Inca_Empire - Инки
------------- Мунгос - цензорот на Мисирков
|
Постирано од: Палестинец
Датум на внесување: 23.Јануари.2009 во 19:50
------------- Подобро ужасен крај, отколку ужаси без крај.
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 24.Јануари.2009 во 01:41
nevidena inteligencija!
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: DarlinG
Датум на внесување: 25.Јануари.2009 во 15:13
deneska gledav dokumentarna emisija za Maite. Tie znaele da odgleduvaat i da pravat brasno od pcenka pred use 5000 godini
-------------
|
Постирано од: Тречи
Датум на внесување: 25.Јануари.2009 во 18:11
Пченка до 16 век имало само во Јужна Америка иначе и ние ќе сме знаеле
------------- Книге децо книге......
Речи свима ко си,не штиди се своје вере,и буди поносни син Православја!
|
Постирано од: DarlinG
Датум на внесување: 26.Јануари.2009 во 09:24
Ацтечки војник и неговата опрема
-------------
|
Постирано од: DarlinG
Датум на внесување: 01.Февруари.2009 во 16:49
Мајански календар
http://www.geocities.com/ericjwin/azteccalendar.jpg - http://www.geocities.com/ericjwin/azteccalendar.jpg
-------------
|
Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 01.Февруари.2009 во 17:10
Тоа е најзначајното наследство на Маите.Премногу има да се збора на ова тема.
------------- За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 23.Март.2009 во 01:29
Тие цивилизации имале доста развиена математика, астрономија ... Со голема точност ја имале пресметано револуцијата на Венера и на другите небесни тела. Исто така имале зачудувачка градежна техника ... Но, за чудо, не знаеле, односно не го употребувале тркалото.
Одамна читав една книга од Зенон Косидовски, мислам се викаше „Кад је Сунце било бог“ (на српски беше, незнам дали има македонски превод). Таму тој на многу убав начин ги прикажува тие цивилизации.
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 29.Мај.2009 во 21:28
Маите жртвувале момчиња, а не девици
Археолозите порано беа уверени дека древните Маи
жртвувале девици за да им удоволат на боговите, но најновите
истражувања покажуваат дека станува збор за момчиња кои живи биле
фрлани в јама. На некои од нив претходно кожата им била дерена.
Жртвите од ритуалните жртвувања што ги правеле Маите, за да ги
одоброволат боговите, не биле девојчиња-девици, туку момчиња, соопштија
во средата археолозите.
Свештениците на Маите во Чичен Ица на полуостровот Јукатан им жртвувале
деца на боговите, молејќи ги за дожд и плодни полиња. Децата биле
фрлани во потопени јами познати како сеноте. Тие им биле свети на Маите
бидејќи им биле извор на питка вода, но и врата во подземниот свет.
Илустрација на жртва девица
Археологот Гилермо де Анда од
Универзитетот Јукатан состави коски од 127 тела пронајдени на дното на
една од светите пештери во Чичен Ица и откри дека во повеќе од 80 посто
случаи се работи за момчиња на возраст од 3 до 11 години. Останатите
биле возрасни мажи.
Децата биле живи фрлани во јамите за да се смилува богот на дождот Шаак.
Некои деца, пред да им бидат понудени на боговите како дарови, ритуално
им била дерена кожата или биле распарчувани. Маите верувале дека Шаак
сака мали работи.
Археолозите порано беа уверени дека жртвите биле девојчиња, бидејќи посмртните остатоци често биле пронајдувани украсени.
Иако е тешко да се одреди полот пред коските целосно да се развијат,
археологот Де Анда верува дека сите докази, како и митологијата на
Маите, упатуваат на тоа дека жртвите всушност биле момчиња.
-------------
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 30.Јуни.2009 во 23:02
Мистериите на Мачу Пичу сеуште привлекуваат истражувачи
http://www.nationalgeographic.com/history/ancient/machu-picchu.html - http://www.nationalgeographic.com/history/ancient/machu-picchu.html
Интересна статија за пронаоѓањето на овој град, за мислењата на истражувачите од тиа време како и за мистериите и теориите за овој, како што го нарекуваат истражувачите, изгубен град.
-------------
|
Постирано од: tanas _ _ _
Датум на внесување: 01.Јули.2009 во 12:10
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 01.Јули.2009 во 14:10
tanas _ _ _ напиша:
Некоj одил ли е таму? |
Во линкот што го дадов, точно пишува кога, како и од кого се правени истражувањата. Посебно е интересно што порано овој изгубен град сметале дека е нешто сосем друго, односно дека станува збор за град кој е споменат во нивната митологија. Подоцна се сметало дека ова е место каде што престојувал владетелот и неговата фамилија, меѓутоа фактот што на тоа место има машки костури ја демантира оваа теорија, бидејќи доколку било место за владетелот, тогаш треба да доминираат претежно жени, а многу помалку мажи, па затоа се смета дека овој бил најобичен град, меѓутоа со големо религиозно значење, бидејќи се најдени многу светилишта, места за религиозни ритуали и слично. Во секој случај, изненадува начинот на градба и местото на кое е изграден овој град.
-------------
|
Постирано од: tanas _ _ _
Датум на внесување: 01.Јули.2009 во 14:35
Имаше еден филм со Мел Гибсон мислам беше по темава! Апокалипто или нешто от сорта!
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 01.Јули.2009 во 14:42
tanas _ _ _ напиша:
Имаше еден филм со Мел Гибсон мислам беше по темава! Апокалипто или нешто от сорта! |
Да, Апокалипто. Токму тој е филм за животот на Маите. Интересен, но многу крвав, иако баш таква им била реалноста.
-------------
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 26.Февруари.2010 во 19:21
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120287 - Откриен ацтечки храм од петнаесеттиот век
-------------
|
Постирано од: Vercingetorix
Датум на внесување: 01.Март.2010 во 17:36
Народ со специфична архитектура,начин на живеење јазик, и интелигенција. ,,
------------- "И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
Постирано од: eptendosadno
Датум на внесување: 02.Март.2010 во 14:27
Дали некој нешто знае за племињата од Африка :
Зулу , Самбуру и Афари ?
------------- Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 02.Март.2010 во 14:30
На тема за Инки, Ацтеки, Маи ти постираш за племиња во Африка, чинам, надвор од темата си.
-------------
|
Постирано од: Vercingetorix
Датум на внесување: 02.Март.2010 во 18:32
но како изчезнале
------------- "И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
Постирано од: eptendosadno
Датум на внесување: 02.Март.2010 во 19:03
Македон напиша:
На тема за Инки, Ацтеки, Маи ти постираш за племиња во Африка, чинам, надвор од темата си.
|
Да во право си , се извинувам , јас помислив дека форумов е етнологија и антропологија .
Да отвораме подфорум етнологија и антропологија , па таму да полемизираме за Власите , Инките , Маите , Бушманите , Гегите и за некои племиња од Амазон , мислам дека тоа би било атрактивна тема во подфорумот на “ историја “ , нели ?
------------- Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|