Испечати | Затвори го прозорот

Свети Валентин

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: право на избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=17444
Датум на принтање: 04.Декември.2024 во 10:31
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Свети Валентин
Постирано од: ZoraNaSlobodata
Наслов: Свети Валентин
Датум на внесување: 12.Јануари.2009 во 01:48
Овај католички празник почна се позачестено да се прославува кај нас православните.Инаку како што знаете овај не е наш празник и ниедни од нашите предци не го славеле.На овај ден ние го славиме свети Трифун,што е многу важно поради вековниот култ на македонците кон виното.
Кое е вашето мислење?Јас сметам дека ова е чиста и тотална глупост од типот на 8-ми март.Не треба еден ден во годинината за да се покаже внимание кон некоја личност која ја сакаме и ни значи.
Јас исто така сметам дека православното свештенство во Македонија треба да упати порака кон народот за неславење на овај празник!

-------------
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!



Коментари:
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 12.Јануари.2009 во 02:03
Sv Trifun si go slavam намигнувањенамигнувањенамигнување

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: skywaker
Датум на внесување: 12.Јануари.2009 во 10:30
stvarno ne znam zosto go slavat sv.valentin,eee ko ke rece nekoj denes e sveti valentin a koj e toj?vo pravoslavniot kalendar go nema

SVETI TRIFUN E ZAKON!!!!!PRAZNIK


Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 12.Јануари.2009 во 19:08

skywaker нели рече ти дека си атеист..........како сега Свети Трифун ти е закон?


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 22.Јануари.2009 во 03:08
Кичот на Свети Валентин, односно празникот на вљубените е измислица на материјализираната западна цивилизација, исто како што е и дедо мразот.

Како што дедо мразот постои, и претставува исмевање на Свети Никола, исто така и празникот на вљубените го исмева Свети Валентин.

Инаку, Свети Валентин не е римокатолички светител, туку е православен светител, а го празнува и римокатоличката црква. Еве го краткото житие на овој светител:

Сите пострадаа во времето на царот Клавдиј Флавиј во Рим, 269 година. Марин и Марта беа богати луѓе од Персија, па го продадоа сиот свој имот во Персија и заедно со своите синови дојдоа во Рим да им се поклонат на моштите на Светите апостоли и на сите маченици. Кога царот ги праша зошто дошле од толку далеку оставајќи ги своите домашни богови за да бараат во Рим мртви луѓе, тие му одговорија: „Ние сме слуги Христови и дојдовме да им се поклониме на Светите апостоли, чии бесмртни души живеат со Бога, сакаме да бидат молитвеници за нас пред Христос, нашиот Бог.“ Кирин беше фрлен во Тибар; оттаму Марин и Марта го извлекоа неговото тело и чесно го погребаа. Свештеникот Валентин му беше предаден на некој војник Астериј, којшто требаше да го посоветува да се одрече од Христа. Но Валентин со молитва ја исцели Астериевата ќерка којашто беше слепа две години и го крсти Астериј и сиот негов дом. Сите тие на различни начини примија маки и смрт за Господ Христос, Којшто ги прими во Своето бесмртно Царство за да се радуваат во сите векови.


Постирано од: Pravoslaven
Датум на внесување: 22.Јануари.2009 во 03:17
makarios, легендите варираат од место до место. Јас знам уште две различни верзии за овој "Валентин" различни од твојава. Истото важи и за Трифун. Почекајте, ќе дојде 14 февруари и самите ќе си чуете на телевизија неколку верзии за овие празници.
 
Заклучок: Секој си слави што душа му сака, а христијаните го слават единствено Бог!


-------------
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 22.Јануари.2009 во 03:20
Не ме зачудува некој ден и Христос да го наречете легенда. Впрочем, веќе почнавте да легендизирате, велејќи дека Христос постанал грешник.


Постирано од: Pravoslaven
Датум на внесување: 22.Јануари.2009 во 03:30

Не се секирај, Христос нема да го наречеме легенда, затоа што Тој не е легенда. За Христос постојат еден куп веродостојни историски извори, за разлика од вашите рекла казала житија.

Христос не направил ниту еден грев, но со тоа што го зема нашиот грев врз Себе на крстот, Тој постана грешник и загина како грешник. Еве ти доказ за тоа, не од некоја бапска приказна, туку од Библијата:

2 Коринтјани: - 5:21 Оној (Исус), Кој не знаеше за грев, Бог Го направи грев за нас, за да станеме Божја правда во Него.



-------------
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 22.Јануари.2009 во 13:02
Само непросветлен и поматен ум, може да мисли дека Христос бил грешник.


Постирано од: Pravoslaven
Датум на внесување: 22.Јануари.2009 во 13:18

Само еретик може да се спротиставува на Божјиот Збор.



-------------
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 22.Јануари.2009 во 13:23
Kako ne valentin..pored pijan sveti trifun glup valentin da slavam pfff nema sansi bre голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: tamara1990
Датум на внесување: 22.Јануари.2009 во 18:40
Jas ic ne sum po alkoholot ama sepak Sv Trifun ke si go slavam


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 22.Јануари.2009 во 18:54
Светиот маченик Валентин, се празнува на 19ти јули.
На 14ти февруари се празнува Светиот маченик Трифун.

И во двата случаи, празнувањето треба да биде молитвено. Во очи на празникот, да се оди на вечерна, или дома да се кажува Исусовата молитва, или некоја друга молитва (како е благословено од духовникот - така), и бараме молитвено застапништво од светителите.

Утредента, со скрушеност да се отиде на утрена и на Литургија, и со чисто срце да се пристапи кон Светата Причест (ако е благословено од духовникот, повторно среќа).

После Литургијата, со браќата и сестрите се собираме на трпеза на љубовта, за да се утешиме, помогнеме и укрепиме еден со друг.

Ако празнувањето не е молитвено... тогаш не мислам дека станува збор за празнување. Во тој поглед, и Свети Валентин ако се слави како „ден на вљубените“, и Свети Трифун ако се слави како „ден на пијаниците“, не станува збор за никакво празнување, туку за непознавање, кич, мрзеливост, а сето тоа може да доведе и до безумие.


Постирано од: Pravoslaven
Датум на внесување: 22.Јануари.2009 во 19:14
Originally posted by makarios makarios напиша:

Во очи на празникот, да се оди на вечерна, или дома да се кажува Исусовата молитва, или некоја друга молитва (како е благословено од духовникот - така),

 
Бре, демек некаков си "духовник" треба да ни каже нас како и за што треба да го молиме Бог.
Замислете, вие сте во некоја тешка криза и имате огромна потреба да го молите Бог за тоа, но духовникот ви наредува: "Не тоа, туку оваа молитва вечер ќе ја молиш (читаш) 50 пати!!" среќа
Се прашувам, дали може "духовникот" да ви забрани да ја молите молитвата "Оче наш' која Христос ни ја препорача?
 
Originally posted by makarios makarios напиша:


Утредента, со скрушеност да се отиде на утрена и на Литургија, и со чисто срце да се пристапи кон Светата Причест (ако е благословено од духовникот, повторно среќа).

 
Хмм зарем е потребно "духовникот" да благослови за некој да пристапи кон причеста? Замислете, Христос заповеда: "Правете го ова за Мој спомен!", а некој таму ткн. "духовник" ви вели: "Ти не смееш да го правиш тоа!!" среќа
 


-------------
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !


Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 22.Јануари.2009 во 19:46
Ова почнува да наликува како на расправите од пред една година со муслиманите на тема Свето Троиство... Секоја тема, еден ист муабет се повторува и истите аргументи се даваат.

-------------
Do what is right, come what may...


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 22.Јануари.2009 во 22:30
Икона на Свети Валентин:




Постирано од: makarios
Датум на внесување: 22.Јануари.2009 во 22:37
Епископот на Неврокоп, Натанаил вели:
„Црквата само проповеда, а не им се наметнува на луѓето. Таквите празници, кои се поврзани со материјалното и особено, кои ја изопачуваат христијанската љубов, Црквата не може да ги прифати, зашто во Содом и Гомор имаше такви празници. Луѓето ќе дадат одговор пред Бога за тоа, што го направиле.“

И навистина, може ли страсната, плотска љубов, да се поврзува со љубовта кон Христос, заради што свети Валентин претрпел маченичка смрт?


Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 22.Јануари.2009 во 22:47
Ајдееееее!?


Постирано од: Jorj98
Датум на внесување: 05.Мај.2009 во 18:56
1. Каде пишува дека треба да сме пијани на Св. Трифун ?

2. И каде пишува дека треба да се слави Св.Валентин во
Православна црква, кога го нема во Православен Календар
[извинете за Календарот ако го има, ама не сум го беше
бил сретнал]?


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 06.Мај.2009 во 19:14
1. Нигде. Тоа само во поматен ум.
2. На 19ти јули се празнува.


Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 06.Мај.2009 во 23:36
Originally posted by ZoraNaSlobodata ZoraNaSlobodata напиша:

Овај католички празник почна се позачестено да се прославува кај нас православните.Инаку како што знаете овај не е наш празник и ниедни од нашите предци не го славеле.На овај ден ние го славиме свети Трифун,што е многу важно поради вековниот култ на македонците кон виното.
Кое е вашето мислење?Јас сметам дека ова е чиста и тотална глупост од типот на 8-ми март.Не треба еден ден во годинината за да се покаже внимание кон некоја личност која ја сакаме и ни значи.
Јас исто така сметам дека православното свештенство во Македонија треба да упати порака кон народот за неславење на овај празник!



Тука проблемот е во тоа што народот воопшто не си ја познава православната традиција а медиумите си го прават своето

ЧИСТА КОМЕРЦИЈАЛА... ништо друго....


-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk