Испечати | Затвори го прозорот

СВЕТСКИ РЕЛИГИИ

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=17427
Датум на принтање: 29.Март.2024 во 15:00
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: СВЕТСКИ РЕЛИГИИ
Постирано од: Messenger
Наслов: СВЕТСКИ РЕЛИГИИ
Датум на внесување: 11.Јануари.2009 во 16:02
СИКХИ

Сикхи религијата e eдна од помалку познатите светски водечки религии. Потекнува од Индија и денес таа има повеќе од 20 милиони следбеници.

Oсновачот на оваа религија е Гуру ( Учител ) Нанак Дев, кој ги поставил темелите на оваа религија пред околу 500 години.



СВЕТИ ПИСАНИЈА

Гуру Нанак Дев ги напишал првите свети писанија, a cекој последователен Гуру ( до сега имало 10 Учители ) ги проширувал и ги надополнувал пораките на својот претходник во нивната Света Книга на Сикхизмот ( Guri Grant Sahib ) .


СВЕТО МЕСТО

За свое свето место верниците го сметаат Златниот Храм, кој не претставува задолжително место за посета како што е тоа, на пример, со некои други религии. Сите места каде што може да се најде Светата Книга на Сикхизмот се подеднакво значајни како и Златниот Храм. Златниот Храм се наоѓа во градот Амритсар, во Индија. Градот бил основан од четвртиот Учител, Гуру Рам Дас.


ОСНОВНИ ВЕРУВАЊА И ДОКТРИНИ

1. Бог e еден и единствен и без разлика на различните религии и верувања сите луѓе му се молат само нему.
2. Бог е семоќен, вечен, сезнаен, причина, извор, создавач и уништувач на се што постои.
3. Бог нема тело, лице или било каков облик или форма.
4. Бог e сеприсутен и како виша силa постои околу се што е создадено.
5. Човекот треба преку медитација да се поистовети со Богa и на тој начин да постигне совршенство.
6. Hема Pај или Пекол.
7. Петте најголеми пороци се :
   - Kam ( потреба )
   - Krodh ( лутина )
   - Lobh ( себичност )
   - Ahankar ( гордост )
   - Moh ( преголема приврзаност за земните работи и запоставување на верата )
8. Верниците треба секојдневно да го спомнуваат Богa и да живеат високо морален и правичен живот. Тоа значи подеднакво почитување на верските правила и животните потреби.
9. Осудa нa сите ритуали, како што се постењето, празноверија, обожавање на мртвите, имање идол итн.
10. Целибат не е потребен за да се достигне спасот и семејниот живот е дозволен и посакуван.
11. Рамноправност меѓу сите луѓе, без разлика на полот, расата и верата. Жената е еднаква co мажот, може да се премажи по смртта на сопругот и може да биде водач во церемониите.
12. Правиот пат на човековото егзистирање во овој свет се чесното живеење и чесната работа. Подобро e да се заработи корката леб преку чесна работа, отколку со нечесност или просење.
13. Секогаш треба да им се помага на другите.
14. Светата Книга е единствениот Учител. Во денешниот свет нема место за друг Гуру.



ПЕТТЕ ПРИНЦИПИ НА ЖИВЕЕЊЕ ( Познати како 5те ,, К ‘’ )

1. Несечење на косата и нејзино покривање со турбан, марама и сл. Ова правило важи подеднакво за жените и мажите.
2. Носење на дрвено чешле (Канг’а) во косата кое ја симболизира чистотата.
3. Носење железна белегзија ( Кара ) која e заштита и потсетник на верникот дека засекогаш е поврзан со Учителот.
4. Носење памучна долна облека ( Качера ) која потсетува да се биде подалеку од страста и земната приврзаност.
5. Hосење мал златен нож ( Кирпан ) кој денес претставува симбол на верата, а порано се носел за да се одбрани честа или да се заштити послабиот. Кирпанот никогаш не смее да се користи за насилие.




СИКХИ ГРУПИ ( СЕКТИ )

•     Namdharis
•     Ravidasis
•     Nirankaris
•     Radhasoamis
•     Nihangs
•     Udasi
Овие групи се разликуваат по нешто од првобитната Сикхи религија и имаат свои религиозни организации. Udasi се развилe во самостоен калуѓерски ред.


-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.



Коментари:
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 17.Јуни.2009 во 11:15

САМАРЈАНИ

РЕЛИГИОЗНА ГРУПА ОД 750. СЛЕДБЕНИЦИ

Самарјаните на современ начин ја чуваат древната вера

До средината на минатиот век, членовите на заедницата стапувале во брак со блиски роднини и затоа денес седум отсто од Самарјаните имаат генетски нарушувања


Вишокот момчиња значи оти некои Самарјани мораат да бараат сопруги надвор од заедницата

Древната самарјанска религија денес има 750 следбеници. И покрај малиот број оваа заедница има извонредно важна улога во Библијата и денес користи современи методи за да го зачува сопствениот начин на живот. Запознавања на интернет, невести по нарачка и предбрачните генетски тестови се нивно секојдневие. Самарјаните се обидуваат да ги испланираат следните генерации, иако бројот на девојките во нивната затворена и тесно поврзана заедница е недоволен

Отвореноста кон надворешниот свет изгледа страшна за групата, чии членови се сметаат за оригинални Израелити. Тие почитуваат строги традиции во однос на храната, сексот и Сабат. Половина од заедницата живее во модерното село Кирјат Луза на Маунт Геризим, света планина на верата во окупираниот Западен Брег, а другата половина е населена во израелскиот град Холон близу Тел Авив.

ЖЕНАТА ЖИВЕЕ ОДВОЕНО ОД СОПРУГОТ

Хусни Коен (65), еден од 12. наследни свештеници, не гледа никаква контрадикторност во сегашниот живот на заедницата, која во времето на доцното Римско царство имала милион припадници, но денес е најмалата секта на светот. Предците на Самарјаните потекнуваат од северното Израелитско царство, кое било уништено од Асиријците во 720 година пр.н.е. Нивната вера е многу слична на јудаизмот. Самарјаните се многу религиозни, но и многу модерни - вели Коен.

Одбивањето да се приспособат им создало големи маки. Пред еден век, заедницата имала едвај 146 члена. Дел од нив отишле на работа во пристанишниот град Џафа, каде што основале нова заедница. До средината на минатиот век, членовите на заедницата стапувале во брак со блиски роднини и затоа денес седум отсто од Самарјаните имаат генетски нарушувања. Генетското тестирање пред бракот помогнало процентот да се преполови. Со подобрувањето на животниот стандард, заедницата се зголемила, но вишокот мажи значи дека некои Самарјани мора да бараат сопруги надвор од заедницата.

- Немаме доволно девојки, но не можеме да им кажеме на момчињата дека не можат да се оженат. Во заедницата досега примивме околу 25 Еврејки, пет христијанки и три муслиманки. Момчињата се запознаа со нив преку интернет - открива Коен.

Самарјанската жена мора да живее одвоено од сопругот и од децата кога има мензис и да се изолира по породувањето: 40 дена ако родила син и 80 дена ако родила ќерка. Така се создава чувство на одговорност кон нашето општество. Ако девојка отстрана сака да се омажи за Самарјанин, таа мора да живее во заедницата до шест месеци за да види дали може да се вклопи. Ние ги анализираме нив, а тие не' анализираат нас - истакнува 83-годишниот свештеник Абдел Моин Садака.

ТРАДИЦИОНАЛНА ОБЛЕКА САМО ЗА САБАТ

За да покаже дека тоа функционира, Садака ја повикал својата снаа Шура, која е Украинка, да се запознае со новинарите.

- Таа поверно ја следи и почитува традицијата од повеќето Самарјани што ги знам. Во Тел Авив има канцеларија што ги охрабрува момчињата да се женат со девојки од други националности, а јас го пратив син ми таму - вели свештеникот.

Шура, 25-годишна бивша христијанка, дошла тука пред пет години од Керсон, град северно од Крим. Самарјанките се облечени во спортска облека и одат гологлави. Традиционално се облекуваат само на Сабат.Кадер Адел Коен, исто така, самарјански свештеник, веќе размислува за сопруги за своите три сина.

- Го почитувам Садака, но јас сум против венчавката со жена што не е од нашата заедница. Момчињата можат сами да си најдат невести, но моја должност е да им понудам алтернатива. Ако не сакаат да најдат девојки, сестра ми има три ќерки, а и еден мој роднина има три ќерки. Се разбира, прво ќе направиме генетски тестови - вели Кадер.Неговите синови водат типичен младешки живот. Најстариот останува до доцна во ноќта сурфајќи на интернет. Коен ги учи синовите колку е важно да се одржи и да се продолжи традицијата. Тие смеат да се оженат со која било Самарјанка, но не и со девојка од „надворешниот свет“. Ако сакаат да се оженат со девојка што не е Самарјанка, ќе се обидам да ги разубедам, но ако ми се спротивстават единствено што можам да сторам е да ги лишам од наследството - завршува Коен.

Строги правила на исхрана

Самарјаните инсистираат девојката да премине во нивната религија, пред да се омажи, и целосно да ја почитува. Тие веруваат дека Маунт Геризим, во близина на градот Наблус на Западниот Брег, е светото место одбрано од Бога, а не Ерусалим. Тие имаат сопствена верзија на Тората, а празниците им се слични со еврејските. Тие ги почитуваат правилата за исхрана, Сабат и обрежување, запишани во нивната Тора до последна буква. Зборот Самарјанин значи „чувар на законот“. Затоа сме толку строги - вели Коен, свештеник од висок ред на оваа заедница.

 





-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: Предраг
Датум на внесување: 30.Август.2009 во 13:00
Не разбирам темата,ќе ги претставуваме религиите одделно,заедно со нивните обичаи,или се работи само за Сикхите? :]

-------------
http://www.userbars.be">


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 30.Август.2009 во 19:07
Предраг, ovaa tema e zamislena kako mesto na koe kje se pretstavuvaat razni svetski religii, no bez nivno kritkuvanje od strana na chlenovite od ovoj forum.

Imeno, vo tekot na postoenjeto na ovoj podforum vidovme deka mnogu lugje ili se interesiraat za drugite religii ili komentiraat bez da imaat soodvetni znaenja za niv.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Предраг
Датум на внесување: 28.Септември.2009 во 13:15
               Шинтоизам



Шинто , од (шин) - што значи Бог, и (то/до) - што значи философски пат, е народна религија и некогашна државна религија на Јапонија. Отсекогаш била официјална и главна вера во Јапонија иако е мешаница од будизмот и ками-култот. Шинтоизмот смета дека микадото и неговите предци, што владееле со Јапонија, се директни потомци на творецот на светот. Темелите на религијата се базирани на довербата дека Бог постои насекаде во природата, на пример: водата, камењата, планините како Фуџијама итн. Шинтоизмот е веќе застапен во Јапонија над 2000 години. Во 6 век бил помешан со Будистичката религија донесена од Индија преку Кина и Кореја.



Икушима тори-порта за пречистување

Шинтоизамот вклучува духовни пракси изведени од голем број локални и регионални праисториски традиции, но не се појавува како формална централизирана верска институција се до доаѓањето на будизмот, конфучијанизмот, и таоизмот, во почетокот на 6 век.


Шинтоизмот моментално има околу 119 милиони регистрирани приврзаници во Јапонија, секој човек кој практикува шиноистички ритуали може да биде избројан како шинтоист. Општо е прифатено дека огромното мнозинство на Јапонски шинтоисти учествуваат во обреди, доека други практикуваат побожување. Сепак, за разлика од многуте монотеистички религии,во шинтоизмот и будизмот обично не е потребна истата вероисповест за да се учествува на одреден ритуал, а како такви религии тешко е да се добие точна бројка на следбеници на шинтоизмот врз основа на ситемот на само-идентификација на религиите во Јапонија.




      Базен за чистење на рацете.




Гранд- Манастир (склоп на повеќе светилишта)

-------------
http://www.userbars.be">


Постирано од: Предраг
Датум на внесување: 05.Октомври.2009 во 20:25
Смеам да претставам повеќе религии...или секој по една?

-------------
http://www.userbars.be">


Постирано од: Tor
Датум на внесување: 24.Мај.2010 во 01:19
fINO VAKA NAKUSO DA PRESTAVIS RELIGII ZA DA MOZEME DA DISKUTIRAME...


Постирано од: MUSLIMA_1
Датум на внесување: 20.Септември.2011 во 01:08
Јудаизам
 

Јудаизмот е http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A0%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0 - http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%B8 - 5). Јудаизмот е една од првите запишани http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC - - - - - -

Таа настанала во 2 милениуми п.н.е. Јудаизмот претставува основа од која што се развиле христијанството и исламот. Јудаизмот е главно религија на еврејскиот народ, но е присутна во сите континенти и е мултинационална вероисповед. Оваа религија проповеда верување во еден бог кој се вика Бог, но во Стариот Завет е истовремено наречен Јахве, Елохим, Адонај и редица други имиња. Се претпоставува дека различните имиња се последица на долгите страдања на Евреите во туѓина, односно во Вавилон и во Египет, но и дека се работи за различни канаански богови чии имиња се врзувале со еврејскиот Бог. Бог претставува морално совршенство и од луѓето бара љубов и праведност.

Централни личности во јудаизмот се Адам, Ева, Сет, Аврам, Исак, Јаков, Јосиф, и подоцна Мојсеј. Мојсеј го избавил еврејскиот народ од ропството на Египќаните, ги примил Божјите закони и традиционално се смета за писател на првите пет книги од Библијата. Света книга за јудаизмот е Библијата, односно Стариот Завет. Мојсиевото петтокнижие ја содржи историјата на Евреите од Битие до повторното доселување во Ветената Земја. Но таа истовремено претставува и збирка од верски и правни прописи. Талмудот е книга што содржи рабински толкувања на еврејските, односно божјите закони.

Центарот на јудаизмот е Ерусалим, а најсвето место во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D1%80%D1%83%D1%81%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%BC -

Симболи на јудаизмот се: Давидовата ѕвезда, која за евреите е верски, но и национален симбол. Менората е седмокрак свеќник кој е направен од злато и тежи околу 30 кг. Јудаизмот е најстара монотеистичка религија. Оваа религија го нагласува практицирањето на религијата повеќе отколку самото верување и според толкувањата на јудаизмот она што ја дефинира човековата религиозност е неговиот начин на живот (Bouker, 2006:182). За распространетоста на јудаизмот се споменува податокот дека во светот има 12милиони припадници на јудаизмот, од кои 6 милиони се во САД, 2 милиони во Израел, а 4 милиони во другите делови на светот како што се: Источна Европа, Русија и сл. Кога се говори за јудаизмот треба да се спомене дека постои и поделба на јудаизмот на:

  • ортодоксен јудаизам, кој претставува строго традиционален јудаизам што го прифаќа законот и авторитетот на рабинот,
  • прогресивен јудаизам, кој е претставен преку две движења, и тоа:-
    • либерален јудаизам, кој настанува во Европа за време на просветителството во 18 век и кој го нагласува критичкиот поглед на Библијата, алудирајќи на етичките елементи,
    • реформиран јудаизам, кој ги прифаќа методите на историско-критичкото истражување и го намалува одржувањето на обредите,
  • конзервативен јудаизам, кој настанува во 19 век, посебно во Америка, и е некаде меѓу ортодоксниот и прогресивниот, кој тежнее кон поинакви обреди, но ги прифаќа рабинските преданија,
  • ционизам, кој е националистички, со духовни примеси.

За основач на јудаизмот се смета Мојсеј, кој според преданијата, ќе добие порака од Бога и кој всушност е единственото преживеано машко дете во времето на владеењето на египетскиот фараон. Мојсеј бил еврејски водач и законодавец кој евреите ги ослободува од египетско ропство и на Синајската гора им дава две таблици-закони, кои ќе станат основа на еврејската религија. Всушност на планината Синај Господ-Бог ги врежува во камен 10-Божји зповеди, кои и денес се сметаат за врвни морални начела. Бог всушност на Синајската гора склучува договор со евреите и тој совет е содржан во 10-Божји заповеди, врежани на камената плоча која Мојсеј ја донел од врвот на гората. Нивната задача била да ја покажат единствената верност на Бога и да изградат примерно општество според законите и правдата што тој им ја подарил, а Бог за возврат ќе им ја дарува нивната сопствена земја и ќе биде нивни заштитник. Оно што посебно треба да се спомене е дека Еврејскиот народ бил протеруван, сепак треба да се потенцира дека нивната верба дека се божји избран народ, успеале да го одржат својот национален, културен и религиски идентитет, без оглед каде живеа.

 



Постирано од: MUSLIMA_1
Датум на внесување: 20.Септември.2011 во 01:15
Растафаријан

Растафара движењето е http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC - - Авраамско , ново религиозно движење кое проникнува во Христијанската култура во Јамајка во 1930. Приврзаниците чиј култ е Свети Селеси 1-ви од Етиопија, поранешен Император на Етиопија (1930-1936 и 1941-1974), се наречени Растафариани, или Расти. Движењето понекогаш е и нарекувано “Растафаријанизам“, но овој термин некои Расти го сметаат за понижувачки и навредлив, кои не сакаат да бидат обележувани со наставката “изам“

Растафара движењето не е високо организирана религија: тоа е движење и идеологија. Многу Растафаријани велат дека тоа воопшто не е “религија“, туку “Начин на Живеење“.

Повеќето Растафаријани не признаваат никакви секти и вероисповести, па така се охрабруваат едни со други да најдат верба и инспирација во самите себе.

Името Растафара е превземено од Рас Тафара, предвладеечката титула на Свети Селеси 1-ви, составено од Амхарик Рас (буквално “Глава“, Етиопски еквивалент на Војвода) и од презимето на Свети Селеси, Тафари. Растафаријаните се истакнати по тоа што тврдат дека Свети Селеси 1-ви, поранешниот, и последен, Етиопски Император, е друга инкарнација на Христијанскиот Бог, наречен Џа. Тие го гледаат Свети Селеси 1-ви како Џа или Џа Растафари, кој е второ доаѓање на Исус Христот на Земјата.

Растафара движењето вклучува и активности како спиритуално конзумирање на канабис и отфрлање на западното општество (наречено Бабилон, кое повеќе се однесува на Христијанскиот метафоричен Бабилон, отколку на Месопотамската град-држава). Ја прокламира Африка (исто така наречена “Зајон“) како родно место на човечкиот вид.

Денес, сознанието за Растафара движењето е распространето низ целиот свет, преку заинтересираноста која ја предизвикала реге музиката- најевидентно од страна на Јамајканскиот пејач и композитор Боб Марли. До 1997, имало околу милион верни Растафаријани низ светот. Од пет до десет проценти од Јамајканците се идентификуваат како Растафаријани.

Светски гледишта и верувања

Бог

Растафаријаните се монотеисти, се поклонуваат на еден единствен Бог кој го нарекуваат Џа. Растите го гледаат Џа како битие во форма на Светото Тројство, тоа е, Бог кој е Таткото, Синот и Светиот Дух.Растите велат дека, во форма на Светиот Дух (инкарнацијата), живее меѓу луѓето, и токму затоа тие често себе си се нарекуваат “Јас и Јас“. Освен тоа, “Јас и Јас“ го користат наместо “Ние“, и се користи на овој начин за да се изрази еднаквост помеѓу луѓето, признавајќи дека Светиот Дух внатре во нас, сите не прави исти и во суштина едно.

Некои Растафаријани го прифаќаат Христијанското верување дека Бог се инкарнирал на Земјата во формата на Исус Христос, за да го пренесе своите учења на човештвото. Како и да е, тие често велат дека неговите учења биле изопачени од Бабилон.

Светото Тројство

Раста верувањето го опфаќа Светото Тројство вклучувајки потенцирање на „Свети Селеси“ , значењето на “Моќта на Тројството“ или “Силата на Тројството“ во Ге’ез- името кое му е дадено на Рас Тафари по неговото крштевање, и подоцна се сметало за дел од неговото владеечко име со кое се здобил на 2 Ноемри 1930 на неговото крунисување од страна на Етиопската Православна Црква.

Зајон наспроти Бабилон

Растафаријаните тврдат дека Зајон (односно Африка, посебно Етиопија) е земјата која Џа ним им ја ветил. За да го достигнат ова, тие го отфрлаат модерното западно општество, кое го нарекуваат Бабилон, кое го гледаат како бесконечно корумпирано.

Лавот.

Лавот е знак на Свети Селеси. Исус Христос во библијата е опишан како “Лавот на Јуда“, и поради таа причина, Свети Селеси го гледаат како реинкарнација на Исус.



Постирано од: pHp
Датум на внесување: 27.Септември.2011 во 11:51
Џаинизам, традиционално познат како Џаим Дарма/Шраман Дарма е античка религија од Индија. Џаинизмот е основан во 6 век п.н.е. Го основал Махавира (околу 540-468 година п.н.е.). Верниците се собираат во храмовите или во светилиштата на своите куќи. Џаинистите ги има околу четири милиони, а најголемиот дел од нив живеат во Индија.
Џаинистите не веруваат во ниту еден Бог.Нивната вера се заснова на ненасилството кон сите живи суштества или ахимси. Џаинистите веруваат во циклусот на повторно раѓање. Според ова верување, добрите луѓе повторно ќе се родат, но како награда ќе добијат повисок ранг во животот.
Монасите и монахините џаинисти живеат во сиромаштија, послушност и невиност. Тие мораат да го штитат својот облик на живот. Со метлата пред себе ја чистат земјата за да не згазнат некоја бубачка, а истовремено носат и маски за да не им влезат инсекти во устата.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk