Условите во студенските домови во МК
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Образование
Опис на форумот: Улично, основно, средно, високо...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=17073
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 14:30 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Условите во студенските домови во МК
Постирано од: Mindy
Наслов: Условите во студенските домови во МК
Датум на внесување: 17.Декември.2008 во 13:39
Gi prelistav site temi i gledam deka nema tama za Uslovite vo studentskite domovi vo Makedonija
Epa dragi moi studenti pisete nesto okolu toa.
Jas ne sum vo tek so studentskite domovi so Skopje,,,ama za vo Tetovo pokonkretno internatot vo Stul mozam da kazam deka se na evropsko nivo.
Se plakja po 70 evra mesecno + depozit od 4000 denari vo slucaj ako se skrsi nesto da se plati od tie pari + trosoci za jadenje.
Se e sredeno , maximalna higiena , postojat paricni kazni dokolku se vrla gjubre kade sto ne treba , postoi zabrana za vnesuvanje gosti posle 21:00h i zabrana za pustanje muzika posle 22:00h
Podeleni se zenskite i maskite vo posebni zgradi. 4 studenti delat 2 sobi( znaci po 2 spijat vo edna soba ) + kujna + wc.
Vo sobite ima besplaten internet 24h , parno greenje , topla voda i struja vo sekoe vreme .
Bibliotekata i citalnata se otvoreni do 23:00h.
Vo sklop so fakultetot i internatot ima igraliste za sportuvanje + restoran za jadenje + posebno mesto ko kafic kade sto studentite idat na caj , kafe ili da igraat biljard.
Pa toa e vo kratki crti ....A kako e vo drugite studentski domovi ???
Ima li dobri uslovi za studentite ????
-------------
|
Коментари:
Постирано од: Evenstar
Датум на внесување: 17.Декември.2008 во 13:53
Мона, ова е утопија во споредба со условите во студентските домови во Скопје, барем она што јас го знам... не сум живеела во студентски дом, ама имав колеги што седеа таму, и тие си знаеја како им е...
------------- It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
|
Постирано од: defma
Датум на внесување: 17.Декември.2008 во 17:21
Страшни се условите во студентските домови во Скопје, имав колеги сместени во скоро секој од домовите и освен дружбата друго ништо не вредеше.
|
Постирано од: Eli
Датум на внесување: 17.Декември.2008 во 21:17
Koga za prv pat u mojot zivot stapnav u studentski dom u Skopje,iskreno mi dojdoa solzi na ocite koga ja vidov situacijata..se osetiv kako da sum vo nekoja napustena zgrada so bezdomnici,opkruzeni so kartoni i skinat mebel,vlaga i sl..zalosno
------------- Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 22.Декември.2008 во 22:50
zarem vo site studentski internati situacijata e zagrozena ?
znaci se sramite da kazete vo koj studentski dom spiete poradi nikakvite uslovi ??? zalosno
i zosto togas vladata izdvoila pari za vaucheri , namesto da gi sredi studentskite domovi i da obezbedi uslovi za segasnite i idnite studenti ??
-------------
|
Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 23.Декември.2008 во 17:43
-Нема веце во секоја соба, а заедничките вециња се преполни со фекалии, употребен тоалет на сите страни. Понекогаш се затнуваат и настанува поплава....
-На исто место во тоалетот се мијат нозе, се перат алишта, се мијат садови........уффффф......
-Мензите каде што се јаде се преполни со бубашваби и други суштества слични на нив...
-Храната е ладна, постојано една иста, воопшто не е здрава и ако сакаш да се храниш здраво таму едноставно е НЕВОЗМОЖНО....
-Ѕидовите се толку тенки што им го слушаш целиот муабет на комшиите во соседните соби па макар тие и шепотеле...
-Читалните се премали за големиот број студенти,непроветрени се и смрди на немиени нозе. Може да влезе било кој и да прави неред, да вреви и да им смета на студентите во учењето, а нема кој да го ограничи тоа.....
-Не постојат никакви правила, а ако воопшто постојат ни едно не се почитува. Се урла до раните утрински часови и не можеш навечер ни да спиеш, ниту пак да учиш.....
Значи основните потреби не можеш саглам да ги задоволиш: исхрана, вршење нужда, учење.......
Наведеното е само милионити дел од стварноста во студентскиот дом Стив Наумов во Автокоманда........И во останатите не е ни малку поинаку..........
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 09.Јануари.2009 во 08:27
Airlija...po tolku godini neshto arno... Студентите добија современа зграда Владата навлезе во темелни реформи и инвестиции во образованието, за
што се отворија нови факултети и дисперзирани студии, се воведе
електронско аплицирање за место во студентските домови, се делат
ваучери за компјутери, а реконструкцијата на оваа зграда чинеше 20
милиони денари, а пет милиони денари се потрошија за нејзиниот инвентар
и уредувањето на пристапни патеки до неа, истакна премиерот Никола
Груевски на свеченото пуштање во употреба на реконструираната машка
зграда во Студентскиот дом "Стив Наумов". - Образованието има цел
да го подобри нашиот живот и животот на другите. Нашата крајна цел е да
ја оставиме Македонија подобра од онаа што ја затекнавме - изјави
премиерот Груевски. Министерот за образование Перо Стојановски,
напомена дека осовременувањето на образовниот процес на сите нивоа на
образование, започнувајќи од основно до последипломски и докторски
студии, претставува една од основните цели на Министерството за
образование.
- Многуте години негрижа придонесоа студентите да ја живеат својата
секојдневна егзистенција во услови непоимливи за 21 век. Оценувајќи ги
ваквите состојби за неприфатливи, решивме реконструкцијата на
студенстските домови да ја одреди како приоритетна и со тоа директно да
им помогне на студентите во обезбедувањето на подостоинствено место на
живеење, а со тоа и во подигнувањето на студентскиот стандард -
потенцираше Стојановски, додавајќи дека оваа година Владата и
Министерството активно ќе пристапат кон реконструкција на старите и
отворање на нови студентски домови.
Во обновениот објект со капацитет од 278 легла ќе бидат префрлени
студентите кои сега се сместени во руинираните бараки стари 45 години.
Од останатите студентски домови, лани беше интервенирано и во женската
зграда на "Стив Наумов", но таму се обновени само санитарните јазли.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 12.Јануари.2009 во 07:56
Utrinski vesnik, deneshen broj ubavo opishuva deka... Na ednite im se "razdeni" ama na drugi seushte im e crna temnica. Nash*te idni doktori... Студентите вежбаат издржливост на студено На температури под нулата, кои ноќе се спуштаат и до минус петнаесет
степени, студентите од Домот „Невена Георгиева-Дуња“ ја вежбаат својата
издржливост. Поради расипаните бојлери, тие шетаат од една во друга
барака барајќи топла вода за да се истушираат набрзина во тоалетите кои
се без врати. Нивната авантура потоа продолжува по смрзнатите патеки по
кои трчаат назад, завиткани во бањарки, во страв дека ќе добијат некоја
тешка настинка ако не се вратат веднаш во собите каде што се топлат со
греалки.
Во условите во кои живеат од септември до мај за
студентите не е проблематична само топлата вода. Во бараките изградени
уште во времето на земјотресот често се случува воопшто да нема вода.
Чешмите често не функционираат и затоа студентите со страв пијат од
водата. Za zal i ovaa godina ne se na spisokot za renoviranje. Realno na tie ne im treba renoviranje tuku rushenje. Tolkav prostor na koj bi izniknal ubav studentski grad ama koj da vlozi a i zoshto da vlozi- Zarem na ovaa drzava i trebaatatudenti... lekari
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 13.Јануари.2009 во 18:08
Јас идев таму да си учам во тоа читалната... ако некој помисли дека е заради тогашните-идни убави докторки.. Не е така...блиску ми беше..ете затоа... што сакав да кажам...уствари..хм...а да.. можеби идеа (или идеја беше...???) на владата е да создаде доктори без граници... кои ќе знаат да работат и делуваат во сите можни услови...и временски непогоди...на топло..на жешко..на пекол...на ладно... на грч.. на северен пол... ее.... што ти се вика квалитетно образование... а бе домот е постар од мене..ееее...море од дедо ми... и сега они ќе градат нови домови...??? а овие стариве...??? ред има или не... ама како тргнале ... со толку нови факултети... нема никогаш да стигнат да направат за сите студентски домови...
|
Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 16.Јануари.2009 во 02:08
Во студентски дом живеат само студентите кои немаат можност да си дозволат приватно сместување......тоа кажува се.......
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 16.Јануари.2009 во 17:12
polzavce напиша:
Во студентски дом живеат само студентите кои немаат можност да си дозволат приватно сместување......тоа кажува се....... |
gluposti na kvadrat
nema sansi privatno smestuvanje ....da be koj pameten bi patuval sekoj den so taxi do Stul
treba da si lud ili glup za da odbies da spies vo kampusot na Stul sto e vo sklop na fakultetot i se e vo istiot krug,,,, i profesorite se dostapni i se sto e potrebno. ( steta sto nemaat pravo da spijat studenti od tetovo, gostivar i skopje , posto vazi za studentite od podalecnite gradovi)
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 16.Јануари.2009 во 17:51
Mona Liza напиша:
gluposti na kvadrat nema sansi privatno smestuvanje ....da be koj pameten bi patuval sekoj den so taxi do Stul treba da si lud ili glup za da odbies da spies vo kampusot na Stul sto e vo sklop na fakultetot i se e vo istiot krug,,,, i profesorite se dostapni i se sto e potrebno. ( steta sto nemaat pravo da spijat studenti od tetovo, gostivar i skopje , posto vazi za studentite od podalecnite gradovi)
|
Незнам каде живееш ти Мона ама... кампусот на Штул е само еден од многуте... а си ги видела ти многуте..???? или само Штул...???
и се согласувам со polzavce... само оние кои немаат друга опција спијат во студентските домови... знам дека е така... моите колеги од другите градови кои студираа во Скопје тоа ми го кажале... не гледам причина зошто би ме лажеле...???!!!!
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 16.Јануари.2009 во 21:33
site moi postovi se vo vrska so Stul i samo za toj univerzitet
inaku celo vreme zboreme za internatite vo Makedonija neli ?
epa bogami glupo e smesno da se smestis na privatno koga mozes da zivees ko car vo kampusot i se da ti bide pod nos
se nadevam sega gi razbravte moite postovi
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 16.Јануари.2009 во 21:36
којсумјас напиша:
само оние кои немаат друга опција спијат во студентските домови... знам дека е така... моите колеги од другите градови кои студираа во Скопје тоа ми го кажале... не гледам причина зошто би ме лажеле...???!!!!
|
vo red, ti zboruvas za studiranje vo Skopje , jas za studiranje vo Tetovo
|
Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 17.Јануари.2009 во 15:02
Mona Liza ако зборуваш за Штул ок........јас во мојот пост мислев на студентските домови во Скопје......значи зборовите не ми се глупости на квадрат.........туку една голема болна вистина.......
|
Постирано од: DAC23
Датум на внесување: 19.Јануари.2009 во 23:29
ООООООООООООООО СТУДЕНТСКИ ЖИВОТ ШТО БЕШЕ ТОА ЈАС ЗНАМ ДЕКА ВО СТИВ Е ЗАКОН ТОА Е ЖИВОТ УСЛОВИ МИЗЕРНИ АМА ЖИБОТОТ СИ Е ЖИВОТ ВАЗНО Е ДА Е СТУДЕНТСКИ,А НЕ Е ВАЖНО ШТО Е СТУДЕН
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 19.Јануари.2009 во 23:33
Mona Liza напиша:
site moi postovi se vo vrska so Stul i samo za toj univerzitet ................................ se nadevam sega gi razbravte moite postovi
|
toas ona -gluposti na kvadrat ne ti bese potrebno... moze da vazi i za tebe...
|
Постирано од: pmmladen
Датум на внесување: 19.Јануари.2009 во 23:49
Студентски домови???
Сум бил еднаш во Стив Наумов и меѓу нечистотијата, глувците и стаорците живееа и студенти.
Некои од тие студенти ми се пријатели па им се извинувам на сите за коментаров, ама така беше....
|
Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 21.Јануари.2009 во 03:06
Што ќе се извинуваш Младен........секој има право да го каже она што со свои очи го видел.........
За жал така е........
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 22.Април.2009 во 12:02
И никако да с еподобрат условите во студентските домови ИДНИТЕ ЛЕКАРИ, ИНЖЕНЕРИ И ПРАВНИЦИ ЖИВЕАТ ВО МИЗЕРНИ УСЛОВИ
Студентските соби полоши од затвори
Во
соби со искршени чешми и приклучници, валкани тоалети, испукани ѕидови
и тавани, со бубалки, а неретко и глувци, академскиот живот го
поминуваат повеќе од 5.000 студенти во скопските домови. Иако повеќето
влади најавуваа реновирање на домовите, досега ништо не е сторено, а
објектите стари и по неколку децении станаа опасни за животот на идните
правници, економисти, лекари и инженери. Во Студентскиот дом „Стив
Наумов“ е реновирана само една зграда, машка, а бараките кои требаше да
се урнат уште пред неколку години и на нивно место да се изгради нов
дом, со месеци се собиралишта на наркомани и на бездомници. Другите
студентски домови се исто така запоставени и се соочуваат со големи
проблеми. За колку толку да си го олеснат животот за време на
студирањето, студентите мора сами да си ги реновираат собите, да
варосуваат, а неретко и да ја поправаат застарената електрична
инсталација. Студентите се жалат дека сами ги санираат ѕидовите затоа
што во спротивно постои голема опасност таванот да им падне врз глава.
- Веќе неколкупати ни се поплавија собите и сега секое утро очекуваме
да чекориме по вода - изјавуваат студенти сместени во домот „Кузман
Јосифовски-Питу“. Тие реагираат дека секојпат кога врне, во мензите
мора да седат со чадори затоа што таваните пропуштаат. - Зимите се
страшни во студентските соби. Од сите страни дува, капе. Се затнуваат
тоалетите, па се шири смрдеа со недели. Среќа што доаѓа потопло време,
но тогаш, пак, се мириса на мувла и на скапано “ раскажуваат
студентите. Тие големи проблеми имаат и со инсталацијата, која не може
да ги истрпи греалките и компјутерите кои ги има речиси во секоја соба.
Од Министерството за образование, пак, тврдат дека имаат план за
реконструкција на повеќето студентски домови. - Минатата година
реконструиравме една зграда во студентскиот дом „Стив Наумов“ за што
беа потрошени 22 милиони денари. И оваа година ќе реновираме една
зграда, за што се одвоени пари. Во план е и изградба на нова зграда во
студентскиот дом. Исто така го реализиравме проектот за поставување
комуникациска инфраструктура за бесплатен интернет-пристап во
студентските домови “ ни изјави Дарко Митевски, државен секретар во
Министерството за образование.
-------------
|
Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 22.Април.2009 во 14:37
Зградава за која зборува државниот секретар за образование се запали веднаш после целосното реновирање. Причина......НЕИСПРАВНА ИНСТАЛАЦИЈА......
Се е тоа шминка на стара баба.....ако ме разбирате......
Ај баш да видиме каде ќе се гради таа нова зграда за студентите, кога ќе се почне, кога ќе се заврши.....НЕ УМИРАЈ МАГАРЕ ТРЕВАТА ЌЕ СТИГНЕ....работава е.........
------------- МИР со сите
|
Постирано од: becenevem
Датум на внесување: 26.Април.2009 во 14:54
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 26.Април.2009 во 15:34
условите во сите студентски домови во Скопје се мизерни.тоа е одамна така,ништо ново. полжавче убаво си кажа-не умри коњу до зелена трева прво треба да се доизградат цркви,па да се доископаат нашите антички корени в долж и попреку низ целата ни мајчичка државичка,па да се донареди плоштадот со шмизли,коњи,магариња и останати обележја на современиот Македонец...е после...некаде при крајот на обновата и преродбата ако остане некое денарче можеби и ќе подваросаат некоја соба во Стив.ако не ништо страшно, оние студенти кои немаат друг избор ќе ја продожат својата голгота низ студентскиот живот како и досега тоа е така зашто нашите господа од влада и парламент појма немаат дека во нивната држава постојат идни интелектуалци кои со мал џепарлак во мизерни услови го завршуваат успешно факултетот за нив е позната само класата на студенти од ФОН,Штул.... нашите власти од 1990 па наваму едноставно се однесуваат како да не живеат во иста држава со сопствениот народ кога ќе го слушнат зборот комунисти добиваат напади на паника а не се способни ни да го варосаат она што во комунизмот се изгради
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 26.Април.2009 во 15:45
Не дај Боже да треба да да живееш во нашиве студентски домови, освен дружењето, другото е чиста мизерија , за што меѓу другото сме и ние студентите криви, сега пред некој месец се отвори новата зграда во Стив, за толку краток период зградата е „остарена“ 15-тина години, како дивјаци да живеат во неа, а не студенти, ужас
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 17.Октомври.2009 во 08:48
Овој натпис во Вечер објаснува многу. За жал студентските домови покрај лошите услови за живот се лоши и со загарантираната безбедност на станарите. Очигледно секој може да влезе кога сака и да прави што сака во студентските домови http://www.vecer.com.mk/?ItemID=80AAA01BC6F586488C40919156CAB159 - Ќотек за студенти оти гласно се смееле
-------------
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 18.Октомври.2009 во 09:57
Ako zaradi nemanje sredstva nemozat da se podobrat uslovite na nash*te idni visoki kadri,togash najmalku shto moze da se napravi e da se vrabotat ushte nekolku chuvari,zarem moze eden chuvar da vnimava na tolkav broj sobi i nekolku pati pogolem broj na studenti. Do koga kje se cheka i komu gi ostavaat da gi reshat problemite vo obrazovniot sistem,da mu se smachi na chovek od objasnuvanjata od tipot ''vaka bilo od sekogash'',nadleznite samo si ja prefrlaat topkata eden na drug.Do koga vaka prashuva obichniot narod?
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|