Најдеполитизирана телевизиска кука?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=17057
Датум на принтање: 29.Ноември.2024 во 01:43 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Најдеполитизирана телевизиска кука?
Постирано од: kultuzin
Наслов: Најдеполитизирана телевизиска кука?
Датум на внесување: 16.Декември.2008 во 13:31
Сведоци сме на необјективноста и политизираноста на медиумите, што во голема мерка ја нарушува демократијата во оваа држава . Дали постои сеуште некоја телевизија која и верувате?
|
Коментари:
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 16.Декември.2008 во 13:53
за жал таква телевизиска куќа немаме во Македонија
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 16.Декември.2008 во 13:54
Andjelina напиша:
за жал таква телевизиска куќа немаме во Македонија |
Пак ке повторам, која телевизија е НАЈМАЛКУ политизирана е прашањето.
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 16.Декември.2008 во 14:20
kultuzin напиша:
Andjelina напиша:
за жал таква телевизиска куќа немаме во Македонија |
Пак ке повторам, која телевизија е НАЈМАЛКУ политизирана е прашањето. |
пак ќе повторам,ниту една.сите се партиски обоени
нема повеќе или помалку...или е политизирана или не е
зошто не постави како опција и одговор-нема таква ТВ куќа?
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: ladyzaki
Датум на внесување: 16.Декември.2008 во 14:35
Telma TV
------------- najslatkiot jazik ima najostri zabi
|
Постирано од: Pacifist
Датум на внесување: 16.Декември.2008 во 14:57
jas mislam deka najmalku politizirani se TV Telma i Alsat-M...pred se TV Telma...
A1 i Sitel se najpolitizirani televiziski kuki...
------------- ....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
|
Постирано од: Polaris
Датум на внесување: 16.Декември.2008 во 15:05
Site televiziski kuki vo Makedonija se politizirani..
------------- Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 16.Декември.2008 во 18:17
site...
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 16:19
Ја гледам темава (деновиве мошне актуелна) и се смеам: кој ли гласал за ТВ Сител, како најдеполитизирана куќа?
За политизирани сите се политизирани. Поврзани на некој начин со политички капитал, имаат газди политичари или просто си фаќаат страна (лево-десно) со што се претвараат во помошни орудија на политичките партии т.е. на нивните врхушки.
Прашањето која е НАЈОБЈЕКТИВНА, хмммм... Сител и А1 дефинитивно не се. Канал 5 исто, иако се поумерени од претходниве две за некоја нијанса. За МТВ веќе се знае...
Во последно време ми се допаѓа Алфа ТВ. Доста објективно и критички настроени кон власта, но без непотребно драматизирање од вестите кои ги пренесуваат како информација или новинарските прилози, го нема она навивачкото провладино лигавење на Сител, ниту спектакуларноста и сензационалноста на А1. Ама изгледа кај народот токму тоа пали, според некои мерила на гледаност, како и според афинитетите на аудиториумот: кој на која страна влече - тој и му изгледа најреален.
Ми се чини дека доста чисто ги пренесуваат информациите, без невкусни адитиви од политички обоени новинари (секако, тоа е само едно мое субјективно мислење) .
Интересно да видиме во моментов кој како ја прецепира исполитизираноста и објективноста на ТВ куќите. Гледам Алфа ТВ ја нема на анкетата, можеби би било добро да се отвори нова...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Pat
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 19:42
Сител е најобјективната и најреалистична телевизиска куќа во Македонија, а веднаш потоа е Канал 5, додека МТВ има најквалитетна програмска содржина, веднаш после првиве две кои што најмногу внимаваат на тоа да бидат застапени содржини на македонскиот литературен јазик, па затоа МТВ доаѓа на третото место, но тоа сепак не значи дека не треба да ги плаќаме сметките за телевизијата која што најмногу ја гледаме, имено МТВ. Јас пак не знам зошто Телма ја сметате за деполитизирана ТВ, па тоа ти е тотално политизирана ТВ куќа, и програмските содржини и се кич.
------------- Zero Tolerance For Silence
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 20:37
Анастеа напиша:
Прашањето која е НАЈОБЈЕКТИВНА, хмммм...
|
Пинк-на македонски јазик Се што кажуваат е вистина. Вчера една пејачка убаво си кажа кога Боки 13 ја праша -Кога почна со секс Откако почнала не прекинала. Нели е објективна?
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 21:07
..pojma nemam!
...ama , toa e zatoa shto niedna ne gledam.
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Генерал Митре
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 21:13
Pat напиша:
Сител е најобјективната и најреалистична телевизиска куќа во Македонија, а веднаш потоа е Канал 5, додека МТВ има најквалитетна програмска содржина, веднаш после првиве две кои што најмногу внимаваат на тоа да бидат застапени содржини на македонскиот литературен јазик, па затоа МТВ доаѓа на третото место, но тоа сепак не значи дека не треба да ги плаќаме сметките за телевизијата која што најмногу ја гледаме, имено МТВ. Јас пак не знам зошто Телма ја сметате за деполитизирана ТВ, па тоа ти е тотално политизирана ТВ куќа, и програмските содржини и се кич.
|
Чудно размислување од твоја страна кога и самиот Латас, во едно интервју отворено си кажа дека Сител телевизија е ПРО ВЛАДИНА. Па како може да биде најобјективна и најреална тогаш? А да не ги спомнувам нивните програмски содржини...ко турска телевизија да гледам.
|
Постирано од: Генерал Митре
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 21:16
mamamd напиша:
Пинк-на македонски јазик Се што кажуваат е вистина. Вчера една пејачка убаво си кажа кога Боки 13 ја праша -Кога почна со секс Откако почнала не прекинала. Нели е објективна?
|
Значи аналогно на ова ако ги запрашаме нашите телевизии од кога почнаа да лажат ке речат: Од кога почнавме не знаеме што е доста и не пркинуваме. Па доста објективно..
|
Постирано од: Pat
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 22:25
Генерал Митре напиша:
Pat напиша:
Сител е најобјективната и најреалистична телевизиска куќа во Македонија, а веднаш потоа е Канал 5, додека МТВ има најквалитетна програмска содржина, веднаш после првиве две кои што најмногу внимаваат на тоа да бидат застапени содржини на македонскиот литературен јазик, па затоа МТВ доаѓа на третото место, но тоа сепак не значи дека не треба да ги плаќаме сметките за телевизијата која што најмногу ја гледаме, имено МТВ. Јас пак не знам зошто Телма ја сметате за деполитизирана ТВ, па тоа ти е тотално политизирана ТВ куќа, и програмските содржини и се кич.
|
Чудно размислување од твоја страна кога и самиот Латас, во едно интервју отворено си кажа дека Сител телевизија е ПРО ВЛАДИНА. Па како може да биде најобјективна и најреална тогаш? А да не ги спомнувам нивните програмски содржини...ко турска телевизија да гледам.
|
Абе може и малку да сум пристрасен, затоа што на Сител и Канал 5 даваат најмногу македонски филмови, и македонски реални шоуа, а и содржината им е сета со вистински духовни вредности, а не како овие на Телма, што пуштаат само турбо фолк
------------- Zero Tolerance For Silence
|
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 22:28
Pat напиша:
Генерал Митре напиша:
Pat напиша:
Сител е најобјективната и најреалистична телевизиска куќа во Македонија, а веднаш потоа е Канал 5, додека МТВ има најквалитетна програмска содржина, веднаш после првиве две кои што најмногу внимаваат на тоа да бидат застапени содржини на македонскиот литературен јазик, па затоа МТВ доаѓа на третото место, но тоа сепак не значи дека не треба да ги плаќаме сметките за телевизијата која што најмногу ја гледаме, имено МТВ. Јас пак не знам зошто Телма ја сметате за деполитизирана ТВ, па тоа ти е тотално политизирана ТВ куќа, и програмските содржини и се кич.
| Чудно размислување од твоја страна кога и самиот Латас, во едно интервју отворено си кажа дека Сител телевизија е ПРО ВЛАДИНА. Па како може да биде најобјективна и најреална тогаш?А да не ги спомнувам нивните програмски содржини...ко турска телевизија да гледам. | Абе може и малку да сум пристрасен, затоа што на Сител и Канал 5 даваат најмногу македонски филмови, и македонски реални шоуа, а и содржината им е сета со вистински духовни вредности, а не како овие на Телма, што пуштаат само турбо фолк |
Сутјеска, Неретва, Отпишаните, Дрвар, Ужичка Република се Македонски филмови?
------------- Homo homini lupus est...
|
Постирано од: Pat
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 22:43
Па се разбира дека се. И Латас вели „ние Македонците....“
------------- Zero Tolerance For Silence
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 22:47
Pat напиша:
Сител е најобјективната и најреалистична телевизиска куќа во Македонија, а веднаш потоа е Канал 5, додека МТВ има најквалитетна програмска содржина, веднаш после првиве две кои што најмногу внимаваат на тоа да бидат застапени содржини на македонскиот литературен јазик, па затоа МТВ доаѓа на третото место, но тоа сепак не значи дека не треба да ги плаќаме сметките за телевизијата која што најмногу ја гледаме, имено МТВ. |
МТВ -телевизија која што најмногу ја гледаме...ма дај..
СИТЕЛ и Канал 5 имаат најмногу содржини на македонски јазик???
цел ден имаат турски серии а навечер индиски...македонски....хм..освен вести мислам дека ништо друго немаат македонско...или е тоа минорно па „неда се приметити“
Партизанските филмови да не ги ни коментираме...нели..на програма која е отворено антикомуњарска
Pat напиша:
Јас пак не знам зошто Телма ја сметате за деполитизирана ТВ, па тоа ти е тотално политизирана ТВ куќа, и програмските содржини и се кич.
|
Телма е можеби најобјективна...е сега нешто што приметувам е дека на некои личности секоја телевизија која ја критикува владата за некои лоши потези се рачуна за исполитизирана
овие пак другите кои ја фалат работата на власта тие се деполитизирани...
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: Pat
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 23:04
Точно така, Сител и Канал 5 пуштаат најмногу македонски содржини и како резултат на тоа се повеќе почнавме да употребуваме античкомакедонски изрази како „рачуна“. Но сепак, некако мислам дека ти би требало повеќе да гледаш Сител и Канал 5. Таков впечаток имам...
------------- Zero Tolerance For Silence
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 23:12
ах..извини...требаше да напишам -се смета
не можам да гледам Сител..знаеш зошто...не можам психички да ја издржам онаа Бандини....па онаа другата серија во која сите плачат...а Сутјеска,Неретва,Козара ги знам на памет
А и не сакам да ми раскажуваат розеви бајки
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 23:20
ako , ako...debatirajte si vie tamu nekakvi gluposti...dodeka ve pljachkaat.....kako slepci !
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 23:26
brza напиша:
ako , ako...debatirajte si vie tamu nekakvi gluposti...dodeka ve pljachkaat.....kako slepci !
|
ма ти си во заблуда...никој никого не пљачка...сите сложно си гледаме македонските филмови -Сутјеска...Неретва...си ја плаќаме најмакедонската „неисполитизирана квалитетна програма“ и тоа повеќекратно..сега ќе имаме уште некоја ставка на сметките за ЕВН за лајт шоуто во музејот..абе шо се нервираш па ти...а и Латас кај да е ќе се појави и онака подкезнат ќе ти каже-„ние Македонсците“
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 23:31
Тешко нас кога дојде време и допуштивме преку ТВ најголемите српски шпиуни и србомани да ни ги перат умовите ... Ок не на сите ... за исклучоците
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 23:51
Ретко гледам телевизија токму поради таа исполитизираност, а кога се случува да гледам, почесто гледам странски тв канали, а поретко македонски. Единствено гледам вести кога се најавува нешто важно, но и тоа што го гледам, го примам со голема доза на резерва. Македонските медиуми го допреа дното, а македонското новинарство, со чест на исклчоци, кои навистина заслужуваат медиумски простор, се претвори во гласноворништво на своите газди и политичките кујн, а од професионалноста остана само илузија.
-------------
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 23:55
Македон напиша:
Ретко гледам телевизија токму поради таа исполитизираност, а кога се случува да гледам, почесто гледам странски тв канали, а поретко македонски. Единствено гледам вести кога се најавува нешто важно, но и тоа што го гледам, го примам со голема доза на резерва. Македонските медиуми го допреа дното, а македонското новинарство, со чест на исклчоци, кои навистина заслужуваат медиумски простор, се претвори во гласноворништво на своите газди и политичките кујн, а од професионалноста остана само илузија. |
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: annaja
Датум на внесување: 10.Февруари.2011 во 01:42
Сител, освен „македонските филмови“,се за љубав,48саати свадба (додуше репризи,затоа што они заборавија дека сите тие веќе сме ги гледале),мењам жену...ај да не ги преведувам сега,сите знаеме српски... и они давале Македонска програма....
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 10.Февруари.2011 во 01:46
Чунки да не забегаме од темата: тука за исполитизираноста и објективноста на ТВ куќите, а за програмските шеми малку погоре, во пдф Медиуми.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: FeaR
Датум на внесување: 10.Февруари.2011 во 02:01
Telma spored mene e ponastrana od politikata
------------- "А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
|
|