Испечати | Затвори го прозорот

Потребни ли му се „САТЕЛИТИТЕ„ на Груевск

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Избори
Опис на форумот: Локални, парламентарни, претседателски...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=16995
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 14:21
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Потребни ли му се „САТЕЛИТИТЕ„ на Груевск
Постирано од: kultuzin
Наслов: Потребни ли му се „САТЕЛИТИТЕ„ на Груевск
Датум на внесување: 14.Декември.2008 во 00:50
Никако не ми иде во глава зошто Груевски влече зад себе луге како Ѕинго, Трајанов, Амди Бајрам.

Мислам дека вакви луге кои немаат никаква допирна точка со „нормална„партија и нормално и константно политичко дејствување , нетреба да бидат дел од владеачката коалиција.

Не навистина незнам зошто кога сите ги знаеме овие луге а особено:
„Како да бидеме земјоделци кога сета земја е на Ѕинго?“
violeta-kozinkova.jpg Виолета Кожинкова      


Во рамките на своите редовни средби со граѓаните претставници на ВМРО-ДПМНЕ денеска се сретнаа со жителите на кратовско. Сакаа да им ја доближат политиката на Владата.

Но, жителите на кратовското село Страцин не сакаат да зборуваат за ЕУ и НАТО. За нив главниот проблем е на локално ниво.

„Социјалистите го запустија овој град", рече еден од присутните на трибината.

Илија Димовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ го посоветува да не ги толерираат таквите политичари. Земјоделците од ова село се пожалија и дека за нив нема земја во кратовско, па најчесто за државно земјиште конк*рираат во соседните општини.

„Како да бидеме регистрирани земјоделци, кога си во карпи и камења, кога нема земја. Земјиштето е кај Ѕинго, со илјадници хектари“.

„Тој зазема се, целокупно, па не може луѓе се. Чекај да се разбереме. Реков јас и на последната средба кога доаѓаше Министерот, тој ми рече дека тој е претседател, а овој потпретседател. Па нели треба да работиме правилно", рекоа земјоделците од Страцин.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните им ветија решавање на нивните проблеми



Коментари:
Постирано од: zenmaster
Датум на внесување: 14.Декември.2008 во 01:27
Kampanjata na Velija ima rezultat збунетост 
Vekje se custvuva nezadovolstvoto kaj vmrovcite . Jas mislam deka VMRO se stremi da postane SDSM .


-------------
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 14.Декември.2008 во 02:01
Originally posted by zenmaster zenmaster напиша:

Kampanjata na Velija ima rezultat збунетост 
Vekje se custvuva nezadovolstvoto kaj vmrovcite . Jas mislam deka VMRO se stremi da postane SDSM .
газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењепст...не им кажувај на вмровците


-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: Zajcef
Датум на внесување: 14.Декември.2008 во 15:30
Никако не ми иде во глава зошто Груевски влече зад себе луге како Ѕинго, Трајанов, Амди Бајрам.
луге кои немаат никаква допирна точка со „нормална„партија и нормално и константно политичко дејствување, нетреба да бидат дел од владеачката коалиција.

А кој луѓе од нашата политичка сцена имаат?

-------------
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....


Постирано од: Zajcef
Датум на внесување: 14.Декември.2008 во 15:34
Originally posted by zenmaster zenmaster напиша:

Kampanjata na Velija ima rezultat збунетост 
Vekje se custvuva nezadovolstvoto kaj vmrovcite . Jas mislam deka VMRO se stremi da postane SDSM .

Абе јас реков дека ќе се одрекуваат од него како сега од Глупчо што се одрекуваа...
Тие тогаш се смееа а пола од нив сега несакаат да слушнат за грујо.Штета што го банираа(доживотно)Кире Неделков...

od moira: koj ti kazha deka kire nedelkov e dozhivotno baniran...?


-------------
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 14.Декември.2008 во 19:37
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

Originally posted by zenmaster zenmaster напиша:

Kampanjata na Velija ima rezultat збунетост 
Vekje se custvuva nezadovolstvoto kaj vmrovcite . Jas mislam deka VMRO se stremi da postane SDSM .
газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењепст...не им кажувај на вмровците



Викни гласно, да се слушне на далеку.....Доста со пст....намигнувањегазење%20од%20смеење

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 15.Декември.2008 во 19:42
Соло, во дует или квартет, партиите не откриваат во која форма ќе настапат на локалните избори. И бидејќи народот рекол, не се ѕид да не се свртат, ставот се менува според потребите да се почувствува пулсот на противникот, но и да се прати порака до коалициските партнери за да се знае кој е диригентот и по чии ноти треба да се свири.

На последниот состанок мнозинството од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ побарале соло настап, причини - високиот рејтинг им дава комотна позиција сами да си ги испробаат реалните сили со конк*рентот СДСМ, чија прва верзија беше исто самостоен настап.


Нека излезат и ВМРО и СДСМ и нека си ги измерат силите , а за малите партији вднаш да се донесе закон и да се забранат законски.
Само РОМИТЕ имат едно 5 партији.


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 15.Декември.2008 во 19:49
koga prviot pat vmro dobi na izborite , pod vodecka palka na " vojvodata " ljuBco , vo elektrodistribucijata vrabotija vednas po partiska linija mal milion partiski vojnicinja .... i normalno , vednas go smenija i direktorot i naravno negoviot sofer ..... e sega , se prasuvate sto e poentata ..... vaka ..... trgaat za veles , i direktorot zaspiva vednas stom izlegle od gradot .... posle nekoe vreme , go budi soferov i mu veli " a be direktore , na ovaa naplatna ne baraat pari , baraat pasosi " ...... ete zosto na GLUPAVIOT mu trebaat sateliti ..... NEKOJ MORA DA GO VODI  zosto glupav kako sto e , moze lesno da bara kaj mu e kancelarijata ama vo bugarskata vlada

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 15.Декември.2008 во 21:56
Originally posted by miroslav_g8 miroslav_g8 напиша:

koga prviot pat vmro dobi na izborite , pod vodecka palka na " vojvodata " ljuBco , vo elektrodistribucijata vrabotija vednas po partiska linija mal milion partiski vojnicinja .... i normalno , vednas go smenija i direktorot i naravno negoviot sofer ..... e sega , se prasuvate sto e poentata ..... vaka ..... trgaat za veles , i direktorot zaspiva vednas stom izlegle od gradot .... posle nekoe vreme , go budi soferov i mu veli " a be direktore , na ovaa naplatna ne baraat pari , baraat pasosi " ...... ete zosto na GLUPAVIOT mu trebaat sateliti ..... NEKOJ MORA DA GO VODI  zosto glupav kako sto e , moze lesno da bara kaj mu e kancelarijata ama vo bugarskata vlada


ПАК мешаш баби и жаби.


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 15.Декември.2008 во 22:21
vo nasiov slucaj , izmesano e do tolku da ne moze ni pomokju magije da se razresi  .......... j**e  LUD  zbunjenog

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: nelson
Датум на внесување: 15.Декември.2008 во 23:35
krajot e natocen...

-------------
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 16.Декември.2008 во 06:06
.. VMROvcite velat ne... "satelitite" velad DA..
ВМРО-ДПМНЕ размислува да оди сама на избори

Пратеници и партиски функционери на владејачката партија вчера брифираа дека ВМРО-ДПМНЕ размислува на изборите во март да настапи самостојно. Нивните партнери од коалицијата „За подобра Македонија“ не сакаат ниту да слушнат за такво нешто.

Извори од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека за соло-настап на локалните и на претседателските избори се разговарало на последниот Извршен комитет. Според истите извори, расположението во ИК било на изборите напролет да одат сами и директно да ги измерат силите со СДСМ, од каде што, исто така, најавија дека ќе настапат самостојно. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, наводно, само ги слушал размислувањата на членовите на ИК и не се изјаснил.

Коалициските партнери од портокаловата коалиција вчера беа изненадени од ваквата информација што ја пушти ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на социјалистите, пратеникот Љубисав Иванов-Ѕинго, вели дека нема шанси да се распадне бракот со ВМРО-ДПМНЕ и тврди дека тие водат разговори за продолжување на коалицијата, а не за раскинување.

„Ама какво раскинување, ВМРО-ДПМНЕ не може да дише без нас. Тоа е цврста коалиција, а ние сме стожер во неа. Таквите муабети ги пуштаат оние кои посакуваат да се распадне нашата коалиција. Ве уверувам дека тоа нема да се случи. Разговараме за заеднички настап и за претседателските и за локалните избори“, ни рече Иванов.

И претседателот на Демократскиот сојуз, пратеникот Павле Трајанов, не верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оди сама на избори. „Немам таква информација. Имаме договор за стратегиско партнерство со ВМРО-ДПМНЕ. Заедно настапувавме на референдумот, на локалните избори и двапати на парламентарни избори, во 2006 година и годинава на предвремените. Досегашните најави се во правец дека и на изборите во март ќе одиме заедно“, вели Трајанов. (О.В.)

Spored napisot vo ..Utrinski vesnik...rabotite stojat vaka... vremeto kje pokaze dali kje trebaat...dali mora... ili kje se otkacat satelitite...




Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 16.Декември.2008 во 09:45
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

.. VMROvcite velat ne... "satelitite" velad DA..<span ="WB_UTRINSKIVESNIK_Naslov" id="ArticleTitle">ВМРО-ДПМНЕ размислува да оди сама на избори</span>

Пратеници
и партиски функционери на владејачката партија вчера брифираа дека
ВМРО-ДПМНЕ размислува на изборите во март да настапи самостојно
.
Нивните партнери од коалицијата „За подобра Македонија“ не сакаат ниту
да слушнат за такво нешто.
Извори од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека за
соло-настап на локалните и на претседателските избори се разговарало на
последниот Извршен комитет. Според истите извори, расположението во ИК
било на изборите напролет да одат сами и директно да ги измерат силите
со СДСМ, од каде што, исто така, најавија дека ќе настапат самостојно.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, наводно, само ги
слушал размислувањата на членовите на ИК и не се изјаснил. Коалициските
партнери од портокаловата коалиција вчера беа изненадени од ваквата
информација што ја пушти ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на социјалистите,
пратеникот Љубисав Иванов-Ѕинго, вели дека нема шанси да се распадне
бракот со ВМРО-ДПМНЕ
и тврди дека тие водат разговори за продолжување
на коалицијата, а не за раскинување. „Ама какво раскинување,
ВМРО-ДПМНЕ не може да дише без нас
. Тоа е цврста коалиција, а ние сме
стожер во неа. Таквите муабети ги пуштаат оние кои посакуваат да се
распадне нашата коалиција. Ве уверувам дека тоа нема да се случи.
Разговараме за заеднички настап и за претседателските и за локалните
избори“, ни рече Иванов.И претседателот на Демократскиот сојуз,
пратеникот Павле Трајанов,
не верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оди сама на
избори. „Немам таква информација. Имаме договор за стратегиско
партнерство со ВМРО-ДПМНЕ. Заедно настапувавме на референдумот, на
локалните избори и двапати на парламентарни избори, во 2006 година и
годинава на предвремените.
Досегашните најави се во правец дека и на
изборите во март ќе одиме заедно“, вели Трајанов. (О.В.)

Spored napisot vo ..Utrinski vesnik...rabotite stojat vaka... vremeto kje pokaze dali kje trebaat...dali mora... ili kje se otkacat satelitite...

<!--Article end-->               
                                                            


Kakво лицемерие осоено од оној газдата на сител и на Кратово.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 17.Декември.2008 во 06:27
... se potrebni...ne se potrebni... Ocigledno se..bidejki ima vakvi situacii...
Со 81 пратеник власта не обезбеди кворум
И покрај убедливото мнозинство, владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера не успеа да обезбедат кворум во собраниската сала, поради што претседателот Трајко Вељаноски мораше да ја одложи закажаната седница. Тој и по два обида и координација не успеа да обезбеди доволен број пратеници за седницата. Опозицијата потсети дека главен аргумент на премиерот Никола Груевски за одржување предвремени парламентарни избори беше дека во парламентот им треба сигурно мнозинство за опозицијата да не може да ги блокира седниците. Андреј Жерновски од ЛДП праша зошто на седницата немало пратеници од владејачките партии кога на дневен ред биле предлозите на Владата.

- Главна теза на Груевски за одржување на вонредните избори беше дека опозицијата ја кочи работата на Собранието. Доби двотретинско мнозинство, но само по неколку месеци не може да обезбеди кворум ниту за дополнителните закони за финансиската криза за кои Владата убедуваше дека се итни. Секој ден слушаме дека Владата штеди, но денеска без потреба се потрошени многу пари на граѓаните - рече Жерновски. Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, одговорноста за обезбедување кворум е на сите пратенички групи, а не само на владејачкото мнозинство:

- Првпат се случи да немаме кворум. Сите беа сведоци на однесувањето на пратениците на СДСМ, кои намерно ја блокираа седницата, бидејќи нивни пратеници беа пред салата и не влегуваа внатре.
... Dobro e shto ima opozicija pa moze da bide kriva. Inaku ako nemavme opozicija kje se podzamislevme. Koj e kriv? satelitite? Opozicijata? Ocigledno narodot koj seushte veruva i dava doverba. Se iznasedoa vo tie udobni fotelji. Majko mila da se nema peris , se nema sram. A  rabotnicite mora i bolni na rabota. rabotnicite mora da se potpishuvaat ili da "cuknat" kartica.


Постирано од: nelson
Датум на внесување: 17.Декември.2008 во 17:10
a denes glasaat za novi zadolzuvanja...koj normalen vo ova vreme zema kredit?

-------------
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!


Постирано од: Јордан Шумарот
Датум на внесување: 18.Декември.2008 во 04:08
Абе мислам дека му требаат... пошо изгледат интелектуалниот крем на Ве Ме РО е во партијата на Амди Бајрам и терористот Ахмети... Пред некој ден министерот шиптар сосем оправдано разреши некоја


Постирано од: Јордан Шумарот
Датум на внесување: 18.Декември.2008 во 04:12
крава докторка во клинички скопје пошо украла пари предвидени за некојси семинар.. ито молим те - цели 100,000 денари (толку од гордоста и цената на макдончето и лекарската етика овде) . Министерот, сосем исправно си постапи - е арно ама сега госпојцава не станвела од столов, а вем емро центарал дава директиви да продолжи со квачењето... Па како не им е срам??? немам нишо против ни кравата т.е. докторката ни против министерот , ама концептуална рамка за функционирање на држава е постоењето на хиерархија и почитувањето на делегираните права, обврски и наредби... е ама за ве ме ро не важит то... а ЕУ, САД ,НАТО и ред други пичке материне посматрет... искрено, нека ги чувет ѓупцине и шипонцине...изгледат појке ум ке да имет од овие брадосаниве....


Постирано од: Паланчански
Датум на внесување: 18.Декември.2008 во 11:45
Некои сателити како Ѕинго само му го рушат угледот на Груевски. Постарите генерации добро знаат кој беше Ѕинго. Особено оние што живееле во Кратово...

-------------
Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 18.Декември.2008 во 13:59
... Ma da ne trebashe da odi obratno prashanjeto...  Ova vo Nova Makedonija vredi da se komentira...
Десет актери го трупале богатството на Софрониевски и на Антиќ
Десетина лица постојано се јавуваат како сопственици, управители или овластени лица на подружници во фирмите што се директно или индиректно поврзани со семејствата Софрониевски и Антиќ. Овие лица, кои се нивни роднини или пријатели, постојано ротираат од една во друга фирма, така што речиси е невозможно да се следат функциите што ги имаат во дадениот момент. Некои од нив, од продавачи во дуќани станувале сопственици на фирми, а некои работеле како обезбедување на продавниците, за потоа да станат управители. Како што веќе објави „Нова Македонија“, надлежните органи подолго време работат на тоа зошто се правени толку пререгистрации на сестринските фирми на Софрониевски и на Антиќ, а воедно се испитува и потеклото на нивниот имот. Истовремено, Софрониевски ги тужат сите новинари што ќе се обидат да објават нешто поврзано со имотот со кој тие располагаат.

Јосиф Софрониевски (сопруг на поранешната претседателка на Републичкиот судски совет Ленче Софрониевска), кумановецот Зоран Антиќ, неговата сопруга Тања Антиќ, нејзиниот внук Давид Димитриевски, зетот на Софрониевска Томислав Крстевски, неговиот брат-близнак Никола Крстевски, Илија Божиновски, Горан Мишевски, Антонио Димитријевиќ и Горан Ивановски (син на лидерот на Социјалистичката партија Љубисав Иванов-Ѕинго) се имињата што се јавуваат како управители или основачи на голем број фирми под чија закрила се познатите продавници „Хуго бос“, „Окаиди“, „Бицијани“, „Манго“... Ова се и имињата што ротираат во повеќето фирми, сите лоцирани на улицата Даме Груев 2/1 или, пак, на Народен фронт 3/2 во центарот на Скопје.

Ако се земе историјатот на фирмите што се директно или индиректно поврзани со Софрониевски или со Антиќ, може да се види дека голем број од овие лица имаат или имале четири-пет функции, во зависност од тоа како се пререгистрирале или ликвидирале фирмите. Со оглед на последните информации од Централниот регистар на Македонија (од 21 ноември годинава), Јосиф Софрониевски фигурира само како сопственик на една фирма - „Леан“ ДОО, откако бил избришан од сопственичката структура на фирмата „Фешн груп“, под чија закрила се наоѓаат уште неколку фирми. Зетот на Ленче Софрониевска, Томислав Крстевски, пак се јавува како сопственик на „Леан“, сопственик на „Еурофуд груп“ ДООЕЛ, а до јули минатата година бил управител и на фирмата „Фешн груп адриатик“. Братот на Томислав, Никола Крстевски пак, се јавува како управител на фирмата „Еурофуд груп“, како сопственик на фирмата „Артстил ТЗЈ“ и како основач и управител на „Фешн груп адриатик“. Давид Димитривски, кумановецот што беше запишан како сопственик на „Фешн груп“ (откако Софрониевски и Антиќ беа избришани од сопственоста на оваа фирма), се јавува и како управител на „ФГ“ ДОО, фирма чиј основач е Тања Антиќ. Освен на „ФГ“, Антиќ е сопственичка и на фирмата „МГ фешн“ ДООЕЛ, овластено лице е за „МСГ траде“ (фирма чии сопственици се „МГ“ и „Силекс“), а до јули минатата година била управител на „Фешн груп адриатик“. Нејзиниот сопруг, пак, (освен тоа што е поранешен сопственик на „Фешн груп“) се јавува и како сопственик на „Фешн груп адриатик“, управител на „Адриатик груп“, а основач е и на кумановските фирми „Леон-95“ и „Мен фешн“ ДООЕЛ. Кумановецот Антонио Димитријевиќ, пак, е поранешен сопственик на „Фешн груп адриатик“, а актуелен сопственик на „Артстил“ ТЗЈ.

Уште три лица имаат високи функции во бизнисот на Антиќ и на Софрониевски. Така, Горан Ивановски, синот на Љубисав Иванов Ѕинго, е сопственик на фирмата „ФГ“ ДОО, заедно со Тања Антиќ. Илија Божиновски, роднина на Антиќ, е актуелен управител на фирмата „МГ фешн“, а поранешен управител на фирмата „МГ Тања и други“, која годинава беше ликвидирана, а Тања Антиќ се јавуваше како еден од основачите. Лицето Горан Мишевски, пак, се јавува како управител на „ФГ“ ДОО, а бил овластено лице и во ликвидираните фирми „Алфа-МС“ и „МГ Тања и други“.

Зошто едни исти лица на иста адреса континуирано отворале фирми, дел ликвидирале, а на дел постојано им ја менувале сопственоста? Експертите велат дека одговорот може да го даде само Управата за јавни приходи, која веќе две години се обидува да ја одгатне империјата на двете семејства. Она што засега се знае е дека фирмата на Софрониевски „Леан“ држеше еден од првите фришопови на граничниот премин Табановце. Најтешкиот дел од испитувањето на имотот, како што велат нашите извори, е да се испита од каде потекнувал „првиот милион“, врз кој понатаму се трупало богатството.

Ленче Софрониевска како државен функционер работеше како секретар во Владата на Бранко Црвенковски, потоа стана претседател на Апелацискиот суд, па претседател на Републичкиот судски совет. За тоа време, нејзината ќерка Ана се јавуваше како правен застапник на голем број моќни државни и приватни компании, а нејзиниот сопруг Јосиф од 1991 година е основач на фирмата „Леан“. Оваа фирма Софрониевска ја пријавила во анкетниот лист за својата имотна состојба, но не и „Фешн груп“, фирма на која до пред година и пол сопственик беше нејзиниот сопруг.



Постирано од: rabani
Датум на внесување: 18.Декември.2008 во 22:09
ochigledno, poveke od ochigledno e deka i na vmro , otkako dojde na vlast ne mu se potrebni ni policiski ni armiski voeni veterani
potrebna e samo vlast i propaganda
ama na narodot mu go perele mozokot mnogumina, ama sme ostanale makedonci
sekoi chudo za tri dena
taka ke bidi i so ovie nashive malki komitcheta

-------------
DOAGA ISUS SO 200000 SVETII
ZA DA IM STAVI KRAJ NA SITE PROKLETII



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk