МПЦ-духовно издигнување, бизнис или криминал!
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=16702
Датум на принтање: 02.Декември.2024 во 08:48 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: МПЦ-духовно издигнување, бизнис или криминал!
Постирано од: moira
Наслов: МПЦ-духовно издигнување, бизнис или криминал!
Датум на внесување: 19.Ноември.2008 во 19:32
Надлежните институции конечно, по бројните натписи и обвинувања како и деманти од страна на фирмата на браќата Миладинови и МПЦ, стапија на сцена и почнаа да ја чешлаат оваа ново-стара афера.
Имено МПЦ за 1,5 милиони евра по втор пат го купи хотелот Изгрев во Струга и се направија низа неправилности при лицитацијата на која МПЦ го
купи хотелот, бидејки во случајот таа е должник заедно со браќата
Миладинови, преку нивната заедничка фирма Миладинов ДОО и според Законот за
извршување недозволиво е должникот да учествува во лицитацијата. Имено до принудната продажба дошло откако фирмата „Миладинов“ ДОО на двајцата
браќа не можела да ги враќа земените кредити за реконструкција на
некогаш познатиот хотел. Браќата Миладинови биле сопственици на 70
отсто од хотелот, а останатата една третина била сопственост на МПЦ.
Заедничката фирма ја формирале откако „Изгрев“, во кој МПЦ претходно
купила акции од околу половина милион евра, паднала во стечај поради
загуби.
Германската банка ЛХБ тврди дека зад „Случајот Изгрев“ стои криминален фалсификат на имотниот лист од кој е избришана хипотеката на германската ЛХБ банка за
кредитите од 5,2 милиони евра бидејки се до април 2006-та година, ЛХБ фигурира во имотниот лист, а
подоцна мистериозно се брише иако на „Миладинов“ ДОО дала кредит од 5,2
милиони евра кој сеуште не е вратен. Во врска со оваа афера која ја бранува МПЦ и јавноста, македонскиот архиепископ
Стефан молчи и не се наоѓа надлежен да ги објасни зделките со Миладинови и како
дојде до тоа по втор пат на лицитација да го купи „Изгрев“ за еден и
пол милион евра.
Да се потсетиме дека ГГ Стефан најпрвин тврдеше дека хотелот не е изгубен, а кога скандалот излезе во јавноста, беше лут на тие што го обелоденија и притоа изјави: „Времето
и иднината ќе каже кој, зошто токму во ова време некој сака да ги
прикаже, особено архиепископот, дека е криминалец, дека проневерил,
дека отуѓил имот“.
Македонските владици
остануваат збунети и без одговор за големите пари кои ги поседува
скопската епархија на архиепископот Стефан. Тој заминува за Италија,
што значи дека наскоро ќе нема синодска седница ниту објаснување.
И едно прашање до МПЦ и ГГ Стефан од кај ви се ПАРИТЕ кои очигледно ги имате во изобилие штом се однесувате така комотно и на таков начин се расфрлате со 1,5 милиони евра и зарем така безмилосно се трошат црковните пари, а од Владата и народот се бараат донации и помош при реконструкции на верски објекти и одржување на истите!???
------------- ...have you already tried, the brand new fragrance..."The Desirable"...by "sweet poison" Moira...
|
Коментари:
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 19.Ноември.2008 во 19:43
kriminaliste, goooooleeeeemo,oogolemo ne moze da bide..
i ne mu e sram, crkovno lice,
od so e tolku zaokruglen- od post za veligden
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: dras
Датум на внесување: 19.Ноември.2008 во 20:38
....откога поповите почнаа да водат бизнис,....ни отиде и духовниот живот....
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 19.Ноември.2008 во 21:41
..neznam zoshto sum skeptik koga informacijava poteknuva od Vecer prv doznava...ne deka ne veruvam deka gg Stefan ne napravil ujdurmi, veruvam...covekot e na pogreshno mesto, roden si e za vodenje biznis. Zoshto ostanatite arhirei se zateknati? Zarem tie ne znaat deka crkvata e bogata. Pa samo vozniot park shto go imaat, glava boli.Sega im falat hoteli, pa kje si otvorat kazina.
|
Постирано од: moira
Датум на внесување: 19.Ноември.2008 во 21:47
Информацијата воопшто не е од Вечер и од сега. За ова се збори веќе подолго време, но периодично и се заташкува...сега пукна и почнаа сите гласно да говорат за ова отккао надлежните институции почнаа да ја чешлаат документацијата.
------------- ...have you already tried, the brand new fragrance..."The Desirable"...by "sweet poison" Moira...
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 19.Ноември.2008 во 21:58
..neznam dali gresham...ama ovojpat ne gresham...prv ja razburicka vodata Vecer=Sitel.... e so kakvo zadovolstvo zboruvashe latas
|
Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 19.Ноември.2008 во 23:54
Бричење е решението.
------------- За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
Постирано од: mileg
Датум на внесување: 19.Ноември.2008 во 23:56
Мпц е чист криминал.Јас им препорачувам на сите верници да си се префрлат во католици бидејќи од православната нема фајде,чист криминал.
------------- 2244435863_d877ea2c34[1
|
Постирано од: Vladimir88
Датум на внесување: 20.Ноември.2008 во 00:02
Ќе учам за поп...најубава професија, кажи три збора од некоја си чкљ молитва, земи им на луѓето 500 денари, мавни една чашка ракија, полна капа.....
отиди од еден на друг, на трет гроб..... и готово има да се наполниш пари за 1 месец..
-------------
http://www.youtube.com/watch?v=B9-eAYHooUo -
Linkin Park - Crawling
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 20.Ноември.2008 во 00:07
mileg напиша:
Мпц е чист криминал.Јас им препорачувам на сите верници да си се префрлат во католици бидејќи од православната нема фајде,чист криминал. |
Прво,ако е некој таков не значи дека и сите православни сме како него.Второ, Црквата ја чини народот, а не само свештениците. Трето, верата не треба секогаш да се меша со Црквата или која било институција ( не значи дека ако Црквата или некоја верска институција направи пропуст и верата има пропусти).
Така да препораката не е баш на место.
-------------
|
Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 20.Ноември.2008 во 00:14
mileg напиша:
Мпц е чист криминал.Јас им препорачувам на сите верници да си се префрлат во католици бидејќи од православната нема фајде,чист криминал. |
МРШ ТАМУ,Македонија е центрар на православието,заради тоа православие ние страдаме со векови,само нашата црква е таја ни малце не наклонета кон папата.
ПАРИ да ми даваш нема да се прилучам кон Сатаната со седиште во Ватикан,ПАПАТА е АНТИХРИСТ,ВАТИКАН е главниот иницијатор на сите војни водени од западот!
ПАПАТА Е МАСОН ЖЕДЕН ЗА КРВ.
------------- За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
Постирано од: moira
Датум на внесување: 21.Ноември.2008 во 19:35
Ете како заедничката фирма на МПЦ и Браката Миладинови се гриѓела за имотот со кој располага:
Од некогашно елитно
место за рекреација и одмор со приватна плажа струшкиот хотел Изгрев е
претворен во ужас, насекаде трња и искршени стакла.
Од 2004 година, хотелот Изгрев кај месноста Калишта,
еден од најелитните и најпосетувани хотели на охридското крајбрежје,
препуштен е самиот на себе. Од хотелот остана само неговото скеле.
Потресна
и зачудувачка е сликата на овој познат хотел на струшката ривиера,
останува отворено прашањето каде отиде целиот инвентар,
од хотел којшто располагал со околу 600 лежаи, 200 соби и 90-тина вработени, да остане само неговата арматура.
Од
2004 година браќата Миладинови биле сопственици на 70 отсто од хотелот,
а останатиот дел бил сопственост на МПЦ, меѓутоа од тогаш па до ден
денес не е воопшто ништо превземено за да се уреди овој хотел.
------------- ...have you already tried, the brand new fragrance..."The Desirable"...by "sweet poison" Moira...
|
Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 21.Ноември.2008 во 21:18
Некој поостар бриш за него,и бришење без пена.
------------- За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 22.Ноември.2008 во 00:18
macedon_alex напиша:
mileg напиша:
Мпц е чист криминал.Јас им препорачувам на сите верници да си се префрлат во католици бидејќи од православната нема фајде,чист криминал. |
Прво,ако е некој таков не значи дека и сите православни сме како него.Второ, Црквата ја чини народот, а не само свештениците. Трето, верата не треба секогаш да се меша со Црквата или која било институција ( не значи дека ако Црквата или некоја верска институција направи пропуст и верата има пропусти).
Така да препораката не е баш на место. |
-znaci i greskite na vmro ne se na gujo ili greskite na grujo ne se na vmro!? Aaaa, sega razbrav
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: BIB
Датум на внесување: 22.Ноември.2008 во 10:26
LUDNICA,ZNACI DEFINITIVNO MORALOT POVEKE NE POSTOI.
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 22.Ноември.2008 во 21:03
zagina vo vojnata!
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 23.Ноември.2008 во 20:53
znachi sega kje si imame svoj partner vo baranje na ozakonuvanje na svojot status.......... dobra rabota...............
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 24.Ноември.2008 во 23:38
dobra rabota za dedo stefan
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 24.Ноември.2008 во 23:50
МПЦ-духовно издигнување, бизнис или криминал!? ..........interesno..............ama ne e nitu ednoto nitu drugoto, nitu tretoto............Tuku glavna komanda na makedonskoto kriminalno podzemje. Da, gospoda, glavna komanda na makedonskoto kriminalno podzemje. Nisho strano, nishto novo, nishto chudno.Se odnapred poznato.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 25.Ноември.2008 во 00:18
SO DOAGANJETO NA MOSTITE NA SV.KLIIMENT BELKI BUGARCINJAVA KE SE PROSVETLAT DUHOVNO
------------- Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 25.Ноември.2008 во 00:19
na pogresna tema si
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 25.Ноември.2008 во 00:45
*moon* напиша:
SO DOAGANJETO NA MOSTITE NA SV.KLIIMENT BELKI BUGARCINJAVA KE SE PROSVETLAT DUHOVNO |
Ne ja meshaj MPC so nekoi si bugarchinja. Za niv otvori tema pa pishuvaj klolku ti dusha saka. Ovaa tema e: ,,Kriminalot na MPC,,. Nikade ne e spomenata bugarskata crkva nitu bilo kakov nejzin kriminal.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: moira
Датум на внесување: 27.Ноември.2008 во 23:42
Конечно Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан признал
на владиците дека за 1,5 милион евра го купил струшкиот хотел Изгрев,
на лицитација, на 11 овој месец.
-Архиепископот даде информација дека Изгрев е купен од Скопската
епархија и дека тоа е направено по легален пат. Ние немаме намера да се
сомневаме дека хотелот е купен од Скопската епархија, а во таа епархија
има тело задолжено за финансиските работи. За парите Архиепископот кажа
дека се обезбедени од обврзници. Како и што, ќе ги прашате тие што го
купиле хотелот. Јас имам толку информации и тоа ви го кажувам.
Веројатно тој што го купува хотелот има намера и да го стави во
функција, вели портпаролот на Синодот, г. Тимотеј.
Само едно нешто е нејасно, каде завршиле
повеќе од 12 милиони евра пари, кои врз основа на хипотеки беа
подигнати од неколку банки и како се купени обврзниците од 1,5 милиони евра за повторното купување на Изгрев. Богата Црква, уште побогата епархија!
------------- ...have you already tried, the brand new fragrance..."The Desirable"...by "sweet poison" Moira...
|
Постирано од: mileg
Датум на внесување: 25.Декември.2008 во 01:44
ВМРО ДПМНЕ во изминативе 25 месеци, упорно тврди дека владата има НУЛТА толеранција за криминалот и корупцијата. Случајот со хотелот Изгрев веќе подолго време ја окупира јавноста и медиумите.
Дека е тоа така говори и фактот дека медиумите уште во јануари 2007 година го актуелизираа овој скандал.
Или со еден збор кажано, за сомнителноста на договорите за хотелот Изгрев, медиумите пишуваат речиси две години.
Осомничените во овој случај, браќата Димитар и Ѓорги Миладинови како сопственици на фирмата “Кимико“ која е сопственик на фирмата ДОО “Миладинови“ повеќе години управуваат со хотелите Изгрев и Бисер во Струга.
Денес ќе ви презентираме снимка од изјава која на 8 мај 2007 година, или 4 месеци после обелоденувањето на скандалот со хотелот Изгрев од страна на медиумите, ја дал вицепремиерот Зоран Ставревски при посетата на фабриката “Кимико“ во Струга, сопственост на браќата Миладинови:
* * * * *
“Кимико според нашите сознанија е една успешна фабрика, еден успешен пример за како треба да се организира производството, како практично да се пристапи кон странските пазари, со оглед дека целокупното производство е наменето за извоз и секако е еден од стожерите на економијата овде (Струга, 8 мај 2007 година)“
После ваквата изјава ја отвораме дилемата:
Што е тоа што го натерало вицепремиерот Зоран Ставревски и покрај се она што го пишуваа медиумите да ја посети фабриката на браќата Миладинови ?
Кои се причините за благонаклонетоста на лидерот на економскиот тим на Владата, кон бизнисот на браќата Миладинови ?
Дали вицепремиерот Зоран Ставревски сеуште стои на изјавата која ја дал при посетата на фабриката “Кимико“ или сега после кривичните пријави за браќата Миладинови ќе се огради ?
Ако тоа не го стори тогаш оправдано ќе се отворат сомневања дали зад сето ова стојат структури на ВМРО ДПМНЕ ?Тврди сдсм
______
На оваа тема ве молам да зборуваме секој по еден пост
------------- 2244435863_d877ea2c34[1
|
Постирано од: BACHIOS
Датум на внесување: 25.Декември.2008 во 01:56
sve pomalo
------------- I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 25.Декември.2008 во 08:36
bas taka...
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: butel2
Датум на внесување: 25.Декември.2008 во 08:45
taka koga drzavata ke mesti vladici, a crkvata ke dava amin na se vo drzavata
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 25.Декември.2008 во 20:55
nek mu s mislat tie so idavale sponzorstva na crkvata...jas sum ateist...
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 26.Декември.2008 во 23:04
Ja citav statijata na Mirka velinova. kolku da ne mi e simpaticna, moram da i priznam deka mnogu ubavo ja objasni situacijata okolu kriminalot i perenje na racete na MPC...
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 27.Декември.2008 во 17:28
site sakaat da si gi izmijat racete...i izgleda im uspeva...malku ke se zbori i nisto....a parite si ostanuvaat vo nivnite dzepcinja...
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: Pacifist
Датум на внесување: 12.Јануари.2009 во 22:48
sto e rabotata so MPC be...izgleda ni tie ne se spasija od svetskata kriza...
e be majkata...kaj stignal covestvoto...vera i kriminal...strasna kombinacija...
------------- ....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
|
|