Испечати | Затвори го прозорот

Задебелување на матка?!

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Медицина
Опис на форумот: Болести и лекови, алтернативци, превенција...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=16551
Датум на принтање: 28.Ноември.2024 во 13:59
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Задебелување на матка?!
Постирано од: katence
Наслов: Задебелување на матка?!
Датум на внесување: 10.Ноември.2008 во 21:50
Ќе сака ли некој да ми објасни што всушност значи задебелување на матка и што значи да се прави киратажа ???
ако некој има било какво искуство во врска со ова не би било лошо да го сподели ....фала



Коментари:
Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 10.Ноември.2008 во 22:04
киретажа е отстранување
а за здебелувањето незнам точно


Постирано од: Дак
Датум на внесување: 11.Ноември.2008 во 00:07
Originally posted by katence katence напиша:

Ќе сака ли некој да ми објасни што всушност значи задебелување на матка и што значи да се прави киратажа ???
ако некој има било какво искуство во врска со ова не би било лошо да го сподели ....фала


Здебеленост на матката може да биде од секаква причина,може од некоја инфекција,воспаление,може матката има полипи...
но тоа да го оставиме на лекарите,без лекарска контрола неможе туку така да нагаѓаме.
Најчесто киретажа се прави при обилни крварења(за да се открие причината)се зема биопсија и истото се праќа во лабараторија на испитување.
Киретажа се прави при несакана бременост за да плодот се острани.
Киретажата се врши во стерилни услови со посебни инструменти.
Киретажата се прави со анестетик каде пациентот практично е успиен при што не чувствува никаква болка.

-------------
Љубов и само љубов


Постирано од: katence
Датум на внесување: 11.Ноември.2008 во 21:18
со целосна анестезија се прави или со локална?

и после киретажата крварењата престануваат???


Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 12.Ноември.2008 во 01:05
да на моја тетка и беше извршена киретажа.....
имаше во тој период проблеми со крвта и со железото,а за време не мензиз обилно крвареше......па затоа


Постирано од: Дак
Датум на внесување: 12.Ноември.2008 во 23:44
Originally posted by katence katence напиша:

со целосна анестезија се прави или со локална?

и после киретажата крварењата престануваат???


Обично се прави со целосна анестезија,но и тоа е индивидуално.Анестезијата ја дава лекар-анестезиолог,тој одлучува дали анестезијата ќе е целосна,локална и дали воопшто на еден пациент треба да се даде целосна анестезија.
Велам целосна затоа што на еден таков пациент кој обилно крвари,лекарот-анестезолог бара од пациентот комплетна клиничка и биохемиска лабараторија,правење на ехаге на срцето,проверување на крвниот притисок...значи комплетна историја на пациентот особено ако станува збор за постара личност.Анестезиологот зема податоци од пациентот, дали има прележана некоја болест,дали има асма,дијабетис...значи комплетна историја,и тој одлучува дали пациентот е подготвен за анестезија.
Лекар- анестезиолог има голема одговорност,како да го успие пациентот и како да го разбуди истиот...анестезија не е сокче напиј се и толку.

Неможе со сигурност да се каже дали крварењето ќе престане...секако дека да,но зависи каква е диагнозата на Гинекологот.Под лекарска контрола пациентот се набљудува,зема одредена терапија,оди на по натамошна контрола.Е,сега за каков тип на крварење станува збор?И тоа е индивидуално,зависи каква е диагнозата на Гинекологот.Но, ништо неможе да се зборува на памет.
Со овој проблем најдобро е да се констатираш со лекар Гинеколог и верувам дека ќе ти објасни некои работи...медицината не е математика па еден и еден се два,во медицината има правила,но не и секогаш.

-------------
Љубов и само љубов


Постирано од: Kika25
Датум на внесување: 12.Февруари.2015 во 19:23
Дали знаете дали тоа задебелување на матката може да влијае на плодноста затоа што докторката ми рече дека нема потреба за грижа и да почекам некое време...



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk