Испечати | Затвори го прозорот

Детски фестивали

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Образование
Опис на форумот: Улично, основно, средно, високо...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=16516
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 08:02
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Детски фестивали
Постирано од: mamamd
Наслов: Детски фестивали
Датум на внесување: 08.Ноември.2008 во 09:07
Vo Makedonija se odzuvaat detski vestivali na koi decata go pokazuvaat svojot talent...svoi pocetoci tuka imaa mnogu nashi peacki zvezdi kako shto se Kaljopi, pokojniot Toshe Proeski... i mnogu drugi...
Детски фестивали Славејчињата триесет и осми пат ќе пеат за својот град

Триесет и осмото издание на најстариот фестивал на детска песна во Македонија - „Златно славејче 2008“ ќе се одржи од 6 до 12 ноември, во организација на Сојузот за грижи и воспитување деца на градот Скопје. Како и досега, славејчињата ќе пеат за својот град во пресрет на празникот на Скопје, 13 Ноември. Претставите ќе се одржуваат во Универзална сала, по две во текот на седум дена, со почеток од 11 и 13 часот. Новите песнички на „Златно славејче 2008“ само за една недела ќе ги видат триесет илјади дечиња од цела Македонија.

И оваа година на фестивалот ќе има гости од Србија, Црна Гора, Бугарија и Албанија, а славејчињата ќе испеат 16 нови песнички на познати македонски

По покана на Детскиот културен центар од Белград, во октомври славејчињата учествуваа на годинешното издание на фестивалот „Радост на Европа“, манифестација што традиционално се одржува секоја година во српската метропола. Годинава интернационалниот детски фестивал првпат се одржа во белградска Арена, пред 13.500 публика. На фестивалот учествуваа илјада деца од 21 земја во Европа.

Во Белград со славејчињата беше и Боби Андонов, претставникот на Македонија на детскиот Евросонг. Тој и годинава, како и лани, ќе настапи на Златно славејче и ќе испее една песничка специјално напишана за него. Боби беше и на подготовките со славејчињата во Охрид и сите прекрасно се забавуваа во детското одморалиште „Славејче“.





Коментари:
Постирано од: defma
Датум на внесување: 08.Ноември.2008 во 14:10
Секогаш кога ќе ја слушнам песната За сите деца која е химна на Златно славејче секогаш ме враќа назад во детството и ми навиаат емоции од пеењето на песничките од Златно славејче, играње.Растевме со Златно славејче, СИ-ДО, Калинка - сеуште имам по некоја касета која останала здрава низ годините па кога имам деца на гости ја користам шансата и јас повторно да слушнам некоја од моите омилени песни кои ме враќаат во најубавиот дел од мојот живот - детството.

За сите златни славејчиња.


Постирано од: Zajcef
Датум на внесување: 08.Ноември.2008 во 14:56
За златно славејче би рекол се најдобро но за другите детски фестивали во мк.посебно локалните(во одделни градови на мк)се само машини за комплексирање на децата-на таквите фестивали почнува се почесто децата на 5-8години се облекуваат (барем)како тинејџери или фолкери и пеат песни најчесто за љубовта од која немаат и нема ни да имаат поим што е барем уште едно 8-9години.Пак ќе речам златно славејче е единствениот детски фестивал каде што децата пеат и се понашаат како деца и се забавуваат а се друго е...

-------------
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....


Постирано од: Eli
Датум на внесување: 09.Ноември.2008 во 19:46
Mnogu interesno e cuvstvoto koga ke pominam pokraj univerzalna i koga ke gi vidam site tie decinja kako so radost cekaat roditelite da im kupat balonce i da vlezat da gledaat zlatno slavejce..me navraka odma na detstvoto i iskreno mi ide i ja da vlezam malce e zalno sto se smenija nekoi raboti,nekako ne e tolku detsko kao nekad,ama sepak e mnogu interesno za decata..znam mene kako mi bilo..

-------------
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..


Постирано од: butel2
Датум на внесување: 10.Ноември.2008 во 10:17
Sin mi pred malku otide na Zlatno slavejce, pa koga ke se vrati ke gi cujam vpecatocite , lani bese oduseven


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 11.Ноември.2008 во 12:41
... ubavoto e ubavo...
Распејани "славејчиња" во преполна Универзална
"Градот убав пак ќе никне"-култната песната со кој сеогаш започнува и заршува детскиот фестивал "Златно славејче" и викедов ги распеа дечињата во преполната Универзална сала во Скопје. На годинешното 38 по ред фестивалче, беа испеани 16 нови песничki
"Градот убав пак ќе никне"-култната песната со кој сеогаш започнува и заршува детскиот фестивал "Златно славејче" и викедов ги распеа дечињата во преполната Универзална сала во Скопје. На годинешното 38 по ред фестивалче, беа испеани 16 нови песнички со различна содржина. Јана пееше за "летото", Ирена за "кучето Шарко", Давид со својата песна одпатува во времето на "каубоите", Андреј пееше за љубовата, Ангела пак велеше "еден поглед, една тајна"....и така се редеа песнички. Беше убаво да се видат деца како плесакаат со раце, играат и потскокнуваат на секоја нова песничка, мавтаат со балоните...
Вистински штимунг се направи кога на сцената се појави Боби Андонов, со песничката "Насмеј се", годинешниот победник на "Детската евровизија". Друштво на сцената, со гитара во раце, му правеше водителот, рок- пејачот Влатко Илиевски, кој одлично се снајде во својата водителска улога.
Златно славејче ќе таре до 12 ноември. Предвидени се 15 приредби. Приредбидте почнуваат во 11 и 13 часот.
Покровител на фестивалот е претседателот Бранко Црвенковски.
...neka uzivaat decata dodeka mozat...


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 26.Февруари.2010 во 13:51
Убаво е што нема да се остават децата без својот фестивал со кој растеа и нивните родители. Не е важно што не е во ноември (одложено одржување заради свинскиот грип)
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=314940F490F75D4E8A0299E0C3CF47DA - Март е месец на Златните славејчиња

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=314940F490F75D4E8A0299E0C3CF47DA -

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=314940F490F75D4E8A0299E0C3CF47DA -



-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk