Испечати | Затвори го прозорот

Студентите со подобра визија од политичарите

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Образование
Опис на форумот: Улично, основно, средно, високо...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=16344
Датум на принтање: 21.Декември.2024 во 18:00
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Студентите со подобра визија од политичарите
Постирано од: mamamd
Наслов: Студентите со подобра визија од политичарите
Датум на внесување: 27.Октомври.2008 во 08:15
Samo tie mozat da ja izgradat svojata idnina...imaat vizija...imaat mokj...prezemeno od Dnevnik

ДЕБАТА НА МЛАДИ МАКЕДОНЦИ И ГРЦИ ВО СОЛУН

Студентите со подобра визија од политичарите

Се судрија различни мислења, ставови и аргументи, но на крајот победи идејата дека младите сакаат подобра иднина и дека само заеднички можат да ја обезбедат

оа што со години не им успева на македонските и на грчките политичари, им успева на студентите од двете соседни земји. Да седнат заедно на маса и отворено да дискутираат за сите проблеми со кои се соочуваат Македонија и Грција и за сите предизвици што ги очекуваат во Европската Унија. Така беше и на конференцијата што во минатата недела се одржа на Американскиот колеџ во Солун, во чест на прерано починатиот македонски студент Борјан Таневски.

Отворено и со мали конфронтации студентите дебатираа за проблемот со името, за визната либерализација, за економските перспективи во регионот, неизбежната поврзаност и зависност на соседните земји, како и иднината на нациите и границите во Европа. Се судрија различни мислења, ставови, аргументи и позиции, но на крајот победи идејата дека младите сакаат подобра и посигурна иднина и дека само заеднички можат да ја обезбедат.

Борјан беше еден од најдобрите дипломци на Американскиот колеџ во Солун. Преку пријателството со студенти и професори од цела Европа, на Колеџот ја ширеше својата идеја за мир и стабилност во Југоисточна Европа и за Македонија како рамноправна членка во ЕУ. Смртта ја спречи неговата визија за Македонија во ЕУ и неговата желба да даде придонес во остварувањето на оваа цел. Неговата визија сепак не замина со него. Неа ја продолжуваат Американскиот колеџ во Солун и Фондацијата „Борјан Таневски“, кои пет години едноподруго во Скопје и во Солун организираат конференции на кои студентите од двете земји ги прошируваат хоризонтите.

Со бурен аплауз беа поздравени зборовите на студентката од Државниот универзитет во Солун, Ангела Хаѕидимитриу, која рече дека студентите од двете земји многу полесно и побрзо би го решиле проблемот со името отколку политичарите. Грчките студенти признаа дека и за нив е проблем спорот за името, бидејќи постојано се соочуваат со дилемите како да ја нарекуваат Македонија, имајќи ја предвид државната политика.

Vo cest na predvreme zgasnat zivot na eden mlad globalist

Таневски меѓу најдобрите студенти

Американскиот колеџ во Солун е една од најдобрите образовни институции во Грција. Борјан Таневски беше еден од најдобрите студенти што дипломирале таму. Интензивно се занимаваше и со спорт и беше капитен на универзитетскиот одбојкарски тим. Во негова чест студентите на Колеџот во Солун во 2003 година, кога почина, засадија дрвце и поставија спомен плоча.





Коментари:
Постирано од: brza
Датум на внесување: 27.Октомври.2008 во 18:58
kako da ne!...pa i ovie shto sega vi se na chelo,...ne se mnogu "daleku" od studenti,...pa,..ne gledam deka im odi  (na makedoncite,..ne na niv!),...osven nanazad,...

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 31.Октомври.2009 во 17:12
Абе па чим јас имам подобра визија од политичарите, што останало за студентите...

-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 31.Октомври.2009 во 17:25
Незнам дали сте гледале видео на студенти кога зборуват  за политика?Па они во пати зборуват попаметно от политичарите!!!!!


Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 03.Ноември.2009 во 10:09
E pa normalno deka treba da imaat podobra vizija,tie se silata koja treba da ja dvizi nasata zemja ponatamu..
Vo mladite e idninata........


-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......



Постирано од: brza
Датум на внесување: 03.Ноември.2009 во 11:25
a, koga tie studenti....kje ke se "kachat" na "drzavniot grb"....ke im se smeni....vizijata!

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 03.Ноември.2009 во 11:28
Originally posted by brza brza напиша:

a, koga tie studenti....kje ke se "kachat" na "drzavniot grb"....ke im se smeni....vizijata!



e pa vo toj slucaj koj e kriv,збунетостзбунетостзбунетост
ineresno kaza sega
znaci ne samo drz vrv tuku cel narod site se isti........


-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......



Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Ноември.2009 во 11:34
Тоа се е до човекот.Коj си држи на сопственото достоjнство он нема да станува за резил на теа што су го бирале... 


Постирано од: brza
Датум на внесување: 03.Ноември.2009 во 11:38
Originally posted by MyWay MyWay напиша:

Originally posted by brza brza напиша:

a, koga tie studenti....kje ke se "kachat" na "drzavniot grb"....ke im se smeni....vizijata!



e pa vo toj slucaj koj e kriv,збунетостзбунетостзбунетост
ineresno kaza sega
znaci ne samo drz vrv tuku cel narod site se isti........
e,..taka ti e toa tuka!....edno si ...koga si "nezavisen"....ama , sosema treto..( polosh( blago kazano) za opshti celi)...koga te "rani" drzavata!


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: brza
Датум на внесување: 03.Ноември.2009 во 11:41
Originally posted by емил емил напиша:

Тоа се е до човекот.Коj си држи на сопственото достоjнство он нема да станува за резил на теа што су го бирале... 
hahahah,...mozebi na drugi mesta,...ama , tuka,...sekoj shto e izbran,..stanuva rezil  na,..."tie shto su go izbrale"(a  i ne samo na tie) !


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk