Испечати | Затвори го прозорот

Зголемување на платите во држ.сектор за 10%

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Бизнис и економија
Опис на форумот: Берза, менаџмент, вработувања, инвестиции...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15867
Датум на принтање: 27.Декември.2024 во 20:25
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Зголемување на платите во држ.сектор за 10%
Постирано од: Анастеа
Наслов: Зголемување на платите во држ.сектор за 10%
Датум на внесување: 01.Октомври.2008 во 17:41

Одлука за зголемувањето на платите на вработените во државниот сектор е донесена врз основа на ветувањето на владата од минатата година, дека платите во државниот сектор ќе се зголемат за околу 34% за следните 3 години.

Освен за подобрување колку-толку на нивниот домашен буџет, ќе биде ли ова мотивација за државните службеници да си ја зголемат својата ефикасност на работните места, намалување на редовите пред шалтерите... можеби и понекоја љубезна насмевка за оние кои стојат од другата страна и кои посредно или непосредно плаќаат за добивање некоја услуга?..збунетост



-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.



Коментари:
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 01.Октомври.2008 во 17:42
точно е дека се накачија 10% не знам како кај мене израчунаа 25% да рипнат (со разликите плус во тоа вклучени мада не се целата сума од разликите) само за жал не важи з амене

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 15.Октомври.2008 во 01:18
http://Владата%20го%20зголеми%20коефициентот%20за%20пресметка%20на%20платите%20на%20научните%20работници,%20со%20што%20примањата%20на%20научниците%20ќе%20се%20изедначат%20со%20платите%20на%20професорите%20во%20високото%20образование.%20Па%20така%20со%20зголемувањето%20кое%20е%20нешто%20повеќе%20од%2040%20проценти,%20вработен%20во%20институт%20со%20високо%20образование%20кој%20до%20сега%20земал%2010%20000%20денари,%20со%20покачувањето%20ќе%20зема%2014%20000%20денари. - Владата го зголеми коефициентот за пресметка на платите на научните работници, со што примањата на научниците ќе се изедначат со платите на професорите во високото образование. Па така со зголемувањето кое е нешто повеќе од 40 проценти, вработен во институт со високо образование кој до сега земал 10 000 денари, со покачувањето ќе зема 14 000 денари.
 
До сега платите на научните работници со докторат беа изедначени со средношколските професори. Сепак научниците се пожалија, издвојувањата на државата во науката треба да се поголеми за да се изедначат стандардите на работа со нивните европски колеги. И додека во европските земји се издвојува 3 проценти од буџетот за наука, во Македонија издвојувањата достигнуваат едвај 0,4 проценти буџетски пари. - Македонија треба да издвојува 2,5% за наука ако смета дека науката треба да ја постави земјата на она рамниште кое јас го замислувам - вели проф. д-р Данило Ристич заменик директор на ИЗИС.

За да се зголемат вложувањата во науката македонските научници пари бараат и од европските фондови кои засега не се доволно искористени. Велат неопходно е вложување и од стопанството.

- Проблем е тоа што сега средствата се издвојуваат исклучиво од буџет. Други средства за наука нема. Прекинати се врски меѓу стопанството и науката - додава проф. д-р Јорде Јакимовски, директор на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања.
--------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
Какво зголемување бре... Како ќе мотивираш научен работник со докторат да даде свој максимум во научните истражувања, со 10.000 или 14.000 ден. плата? Тоа е омаловажување и обезвреднување на целиот негов минат труд и нормално оти мозоците ќе ни се одлеваат на запад...
Груевски наместо да се рекламира по медиуми, може за промена да фрли некој денар повеќе во науката, така сигурно ќе има поголем ефект.
 
 


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 15.Октомври.2008 во 20:29
... ajde sega moze nema da im treba pokacuvanje...kje dobijat penzija...odnosno kje moze da biraat dali sakaat da odat vo penzija.
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=158314&idg=8&idb=2499&rubrika=Makedonija


Постирано од: Dimon
Датум на внесување: 17.Октомври.2008 во 16:59
Ако се направи споредба помеѓу поскапувањето на производите и покачавањата на платите за 10% ќе забележите дека платите воопшто не се покачиле туку се намалилие.
Затоа што производите поскапеа за 150%, а платата за 10%. Која е таа математика што покажува дека ќе се подобри стандардот и живеењето.
Еве прост пример јогуртот од 1л беше 32 денари, а сега е 55 денари, најефтините јајца беа 60 денари, а сега најефтините се 150 денари, бидејќи во фабриките се зема месечна плата од 6000 денари, кога тие би се зголемиле за 10%, тоа значи дека платата би изнесувала 6600 денари, дали со 600 денари ќе го покриеме цело поскапување на производите???
Друга работа е тоа што зголемувањето на цената нема и зголемување на квалитетот на производите, туку само чист профит.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 07:32
...omilena fraza na site nashi koalicii VLADA =SSM...KSSM... TREBA... KJE...
За храна и превоз 5.300 денари


Со укинувањето на одредени членови од Законот за спроведување на буџетот од страна на Уставниот суд, Владата треба на вработените во јавниот сектор да почне да им исплатува хранарина и превоз во износ од 3.900, односно 1.400 денари. Како што сметаат од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Владата и покрај таквата одлука на Уставниот суд што била донесена на втори април годинава, истата до денес не ја спроведува и на вработените и натаму им исплаќа по 2.300 денари за храна и 900 за превоз.

- На тој начин на најголемиот број од вработените во јавниот сектор им се скусуваат по околу 30 евра месечно. Законот за работни односи е дециден - надоместокот за хранарина изнесува 25 проценти од просечната плата во Републиката и во тој износ (околу 3.960 денари) го примаат само здравствените работници. Јавните претпријатија, фондовите и други јавни установи кои иако имаат потпишано колективни договори, примаат хранарина од 2.300 денари - вели Драге Јовановски од ССМ.

Со Колективниот договор за јавниот сектор што Владата го потпиша со Конфедерацијата на слободни синдикати, е предвидено вакви намалени надоместоци да се исплатуваат до крајот на годинава, а потоа да се преговара за други суми. Од ССМ упатија барање до Владата веднаш да седнат и да почнат преговори за овој актуелен проблем со оглед дека од Нова година ќе се започне со исплата на бруто плата, во кој износ ќе се внесат и надоместоците за храна и превоз.





Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk