Дали би посвоиле... ??
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Интима
Име на форумот: Семејство
Опис на форумот: ... до шесто колено
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15410
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 01:03 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Дали би посвоиле... ??
Постирано од: BisernA
Наслов: Дали би посвоиле... ??
Датум на внесување: 04.Септември.2008 во 15:05
ме интересира... дали би посвоиле ХИВ позитивно дете ?? зошто не или зошто да ?? дали вреди да се одгледа детенце за еден ден да згасне пред вашите очи ??
|
Коментари:
Постирано од: alan ford
Датум на внесување: 04.Септември.2008 во 16:07
HIV pozitivno ne znaci avtomatski bolno od AIDS Biserna .Znam deka sansite se pregolemi,no koj znae A toa dali vredi,koga znaes deka negoviot zivot eden den ke zgasne..hmmm,ne znam..no na krajot pak ..koj e besmrten,koj e vecen..Sekoe raganje e samo pocetok na umiranje.
------------- I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
|
Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 04.Септември.2008 во 18:17
знам дека не значи,... токму затоа и реков хив позитивно, а не болно од сида
-------------
|
Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 05.Септември.2008 во 00:33
Ух, тешко прашање. Искрено, не знам. Прво, ризично е да живееш со некој кој е хив позитивен, па и да знаеш како сигурно да се заштитиш останува тежината од сигурната и тешка смрт што следи... Второ, доста е тешко за паровите кога не можат да имаат деца, минуваат низ доста трауми, па посвојувањето е како нова шанса, нов живот... а со посвојување на хив позитивно дете единствено сигурна ти е новата болка..
------------- Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
Постирано од: Biolica
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 13:51
Imas crven krst , Sida , mali organizacii koj mu pomagaat na ovie deca na lice mesto.. Ne bi prisvoila bolno dete , da znam koj kraj go ceka a da nemozam da go smenam to , to bi me ubilo , ne sum dovolno jaka a sekoj mesec plakam po 30 evra za dve organizacija koja ednata bas pomaga na razboleni decinja vo Afrika...
-------------
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 13:56
Tesko prasanje... nikogas ne sum razmisluvala za toa. Sigurna sum deka bi posvoila dete od dom, no ako se znae deka e HIV pozitivno, ne znam... mislam deka ne bi posvoila... tesko prasanje a uste poteska odluka... Koj e toj covek koj ke bi zel tolkav "rizik" i maki ... neznam, jas licno velam deka ne bi posvoila dete koe e HIV inficirano....
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: Miriam
Датум на внесување: 11.Септември.2008 во 15:26
Не верувам. Искрено, премногу сум себична за такво нешто. ХИВ позитивно дете значи многу нега, грижа, време, внимание, пари - и на крај болка од предвремена разделба. Жално за децата, зашто тие се најмалку криви .
------------- Try again. Fail again. Fail better.
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 27.Септември.2008 во 21:59
Не! Највеке поради фактот дека ке се приврзам за него и ке го третирам ко свое дете, а потоа ке замине....не би си приредувала такви сцени по лекари трчања и сето тоа свесно.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 27.Септември.2008 во 22:04
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 28.Септември.2008 во 02:31
Не знам...
Никогаш не сум размислула за вакво прашање...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: NiNa1
Датум на внесување: 04.Октомври.2008 во 16:38
нема шансиииии
-------------
|
Постирано од: devil6
Датум на внесување: 05.Октомври.2008 во 17:43
Tежок чекор е да посвоиш ХИВ позитивно дете, но не значи дека неговиот живот еден ден ке згасне пред вашите очи. Тоа не е причина да не го посвоиш затоа што можно е да имаш свое или посвоено дете кое нема да биде ХИВ позитивно, а сепак ќе "заамине". Сепак тешко е твоето дете да биде ХИВ позитивно затоа што... на пример: нема да има ист социјален живот како останатите деца
-------------
|
|