Испечати | Затвори го прозорот

Има ли место за нас во Рајот?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: право на избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15322
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 20:10
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Има ли место за нас во Рајот?
Постирано од: Azrael
Наслов: Има ли место за нас во Рајот?
Датум на внесување: 30.Август.2008 во 12:17
На оваа тема ме поттикна секојдневното докажување меѓу т.н. христови следбеници кој е во право а кој не.
Се прашувам дали православните верници веруваат дека само тие ќе одат во Рајот, а сите други т.н. еретици, сектанти и заблудени ќе одат во Пеколот (иако и двете страни веруваат во Бог и Исус Христос како спасител)
И дали пак од друга страна  истово го веруваат т.н. изворни библиски христијани (да не ги редам деноминациите, се разбираме), дека Рајот е е ексклузивно за нив? Читав постови каде за православните се вели дека не се Христови следбеници, а како такви нели нема да влезат во Рајот...значи Тоше не се квалификувал за Рај според ова плачење
Но сериозно, дали секоја христијанска деноминација верува дека само нивните припадници се оние `правите` и дека само тие ќе бидат во Рајот?


-------------
ΧΡΙΣΤΟΣ ΑΝΕΣΤΗ !     



Коментари:
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 30.Август.2008 во 13:32
Еве какво убедување се има во Прахристијанската заедница: Универзален живот, каде (како веруваме ние) Исус Христос повремено се објавува преку Габриеле од Вирцбург ословувајќи најразлични теми.

Во чистото Небо(го нарекуваме и Духовен Универзум) односно рајот, еден ден ќе влезат сите души без разлика како некогаш себе си или другите нив ги етикетирале, затоа што тоа е нашата вистинска татковина - од таму сите сме дошле. Човекот односно физичката обвивка на душата и планетата Земја, Сончевиот систем и тн. настанале многу многу подоцна.

Но за да се случи тоа(враќањето во рајот), секоја душа(а таа е бесмртна) треба повторно да стане слика и прилика на вечниот Татко - Бог преку совршено исполнување на божјите закони бидејќи тие се нашата природна состојба. Важни делови од овие закони се содржани во Десетте Божји заповеди примени преку Мојсеј и во Беседата на Гората на Исус од Назарет. При тоа не е битно дали некој се нарекува муслиман, хиндус, Јеховинм сведок, православен, атеист, прахристијанин... битно е дали тој позитивните етички елементи кои ги спознал ги живее во секојдневието!

Враќањето во рајот за многу души ќе биде еден долг процес неретко полн со патење(бидејќи секоја душа го жнее што таа самата го посеала, не другите). Таа се среќава со други души со кои има нешто нерасчистено и треба да прости и да добие прошка. На тој начин таа се чисти и станува посветла и посветла. Тој процес веќе започнал оддамна низ многу реинкарнирања како човек. Наскоро можноста за реинкарнирање ќе се намали, и многу души својот духовен развој ќе го продолжат во невидливите отадестрани подрачја наречени и астрални рамништа. Одтаму развојот продолжува во тнр. подготвителни подрачја каде живеат веќе претежно чисти души. Кога и тој процес ќе се заврши, дури тогаш може да се помине тнр. светлосен ѕид по кој што следат Небесата, самиот Апсолут - велиме и рајот.

Но ниедна душа нема да биде изгубена и проколната, гаранција за тоа е Христос, избавителот на сите луѓе и души кој во сите нас ја распределил Христовата искра која чека да биде распламтена од нас за да не поведе во вечната татковина. Кој и кога тоа ќе го направи е прашање на неговата слободна волја.

Во бесконечното Небо значи има место за СИТЕ! Прашање е само на време...


Постирано од: fileo
Датум на внесување: 30.Август.2008 во 13:38
Јас верувам дека од секоја деноминација ке има во рајот, но исто така од секоја деноминација ке има многу кои нема да влезат поради тоа што не биле верни иако се етикетирале како христијани.
Исус рекол многумина се повикани но малкумина се избрани


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 30.Август.2008 во 13:48
Сите сме со иста цел-не е битно кој оди по пат на католик или евангелист или не знам што. Сепак сите веруваат во Бог. Затоа сигурно ке има место и за нив во Рајот ако нормално го следат Бог.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 30.Август.2008 во 14:01
Според православието, само православните ќе влезат во Рајот.
Според Исус, само оние што веруваат и ја извршуваат вољата на Бог т.е. Неговите заповеди/учење.
 
"Не секој, што Ми вели: ‘Господи, Господи!’ ќе влезе во царството небесно, туку само оној кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е на небесата."
(Исус во евангелие по Матеј 7:21)


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 30.Август.2008 во 18:09
Евангелос - некако заборави да спомнеш дека соодветно сметате дека православните не ја вршат Волјата Божја...

-------------
Do what is right, come what may...


Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 15.Март.2009 во 14:23
За мене не сум сигурна, може има, ама не знам дали сум го заслужила

-------------
You think you are perfect? Well, try walking on water...


Постирано од: Klapsomun
Датум на внесување: 15.Март.2009 во 14:33
kartite se pusteni vo predprodazba vo jugoton od cena 500 denari a na vlezot vo rajot ke se prodavaat po cena od 800 denari


Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 15.Март.2009 во 14:38
Скапо друже, навистина скапо
Значи пеколот мене не ми бега...

-------------
You think you are perfect? Well, try walking on water...


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 15.Март.2009 во 17:22
Originally posted by Lithium Lithium напиша:

Скапо друже, навистина скапо
Значи пеколот мене не ми бега...
 
Зошто скапо? Зарем Христовата скапоцена крв не е доволна за твоите гревови?


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 15.Март.2009 во 17:56
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by Lithium Lithium напиша:

Скапо друже, навистина скапо Значи пеколот мене не ми бега...

 

Зошто скапо? Зарем Христовата скапоцена крв не е доволна за твоите гревови?


За тоа што реков дека е скапо се зезав
А за тоа дали крвта на Христос е доволна за моите гревови не сум ја компетентна да кажам

-------------
You think you are perfect? Well, try walking on water...


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 15.Март.2009 во 18:20
Azrael, na ova tema imame povekje pati diskutirano.

Eve dva linka koi direktno go tretiraat tvoeto prashanje:

http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=11606&KW=Rajot+koj+kje+odi&PN=1 - http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=11606&KW=Rajot+koj+kje+odi&PN=1

http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=16469&KW=Rajot+koj+kje+odi - http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=16469&KW=Rajot+koj+kje+odi

Prijatno chitanje.


-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 16.Март.2009 во 00:55
Originally posted by Lithium Lithium напиша:


А за тоа дали крвта на Христос е доволна за моите гревови не сум ја компетентна да кажам
 
Можеби јас и ти не сме компетентни, но Светото Писмо е, а тоа вели:
 
"знаејќи дека не сте откупени со распадливи нешта, со сребро или со злато, од својот суетен живот што ви е предаден од вашите татковци, туку со скапоцената крв на Христос, како невино и чисто Јагне"
(Светото Писмо, 1 Петрово 1:18-19)
 
Христос, на Голготскиот крст, ја пролеа Својата скапоцена крв како жртва за гревовите на човештвото (вклулчувајќи ги и твоите гревови). Ако Неговата жртва не е доволна за твоите гревови, тогаш не е доволна за ничии. Во извештаите на евангелијата имаме примери каде што Христос им ги има простено гревовите на разни криминалци, нечесни даночници, проститутки, а на самиот крст и на еден разбојник. Во Светото Писмо неколку пати е повторено дека Христос умре за да им овозможи простување на гревовите и вечен живот во Божјото Царство на СИТЕ оние што ќе поверуваат во Него.
Поздрав мила!
 


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 19.Мај.2009 во 20:05
Ако прашаш Православен Христијанин дали ќе оди во Рајот, тој нај веројатно ќе ти одговори дека тоа Бог го само знае, но мој став и Библиски став е оној кој ќе го повика Господовото име ќе се спаси и оној кој ќе го исповеда Исус со својата уста и срце како личен Господ и Спасител.
Место има за секој Христов следбеник кој навистина верува во Господовото име и во Господовата благодад.

Моето спасение не зависи од моите добри дела туку од Божјата благодад за мене.

-------------


Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 19.Мај.2009 во 21:34
АААААа Даре........премногу лесно си го сфатил спасението......премногу едноставно........

Значи ли тоа дека секој што ќе поверува во Хистос како Бог наш.......автоматски е спасен? По инерција е спасен, а? Ништо друго не треба да прави.....само да поверува......?????????

-------------
МИР со сите


Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 19.Мај.2009 во 22:04
И да го живее Словото, да го следи Патот- Исус, да ја исполнува Божјата волја и да го слави Божјото име... Има уште некој работи кој не доведуваат до Господ Исус Христос!


-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk