Будизам...
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: право на избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15283
Датум на принтање: 25.Ноември.2024 во 12:26 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Будизам...
Постирано од: La Ninja
Наслов: Будизам...
Датум на внесување: 28.Август.2008 во 15:21
Будизам е религија и филозофија која доаѓа од Индија некаде 527 год. п.н.е. Основач на Будизмот е Сидарта Готама по чива духовна титула Буда (продуховен, т.е. оној кој знае) е крстена и овој вид “религија„.
Цел на Будизмот е достигнување на просветлување или поточно кажано пробудување. Будизмот денес се дели на три гранки:
*Теревада (како единствено преостанато школо за будизам) *Махајана *Ваджрајана
-Во текот на првите 45 год. од Будовото подучување и првите неколку века после неговата смрт брзо се проширило по Индискиот подконтинент, а потоа Централна, Јужна, Југоисточна и Источна Азија. Со почетокот на 20иот век Будизмот стигнува и во Европа и Америка. Земји каде највеке има Будисти:
Кина, Јапонија, Тајван, Виетнам, Мјанмар, Шри Ланка, Јужна Кореја, Тајван, Камбоџа и Индија.
-Според проценка денес во светот има околу 230 до 500 милиони Будисти.
-Немам некој си коментар за темава, најповеќе ја отворам затоа што немам одредено мислење за оваа т.н. религија па би сакала да слушнам што мислите вие околу Будизмот.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Коментари:
Постирано од: zenmaster
Датум на внесување: 28.Август.2008 во 15:33
Oснована во североисточна Индија по учењето на Siddhartha Gautama кој е познат како Буда .
Желбата за моќ или желбата да се доминира се ограничени со стравот – страв од средствата со разорна моќ кои ги создал самиот човек . Меѓутоа стравот не е сигурна кочница на човечкиот импулс и он стално труе се наоколу и создава чуство на фрустрираност кое пак ќе го разгори пламенот на омразата . Но луѓето се сеуште окупирани со симптомите на својата болест , слепи за нејзината причина која е создадена од трите корени на секое зло а на нив укажал Буда – алчност , омраза и обземеност (неприсутност).
Луѓето несовесно претпоставуваат како нивните резерви на енергија се непресушни , наспроти таквото неоправдано уверување стои општ закон на минливост . Тој закон на минливост подразбира факт кој ни го покажува секојдневието дека надворешната околност за материјална и духовна обнова , како и животната сила и внатрешната спремност која е за тоа потребна никогаш не е бескрајна . Колку многу луѓе ги снемало без траг наспроти каењето и `нај добрите намери ` биле соочени со едно неотповикливо ` прекасно `! Никогаш не сме сигурни дека можеби овој момент или оваа ситуација ни ја даваат шансата за последен пат . Никогаш не знаеме дали енергијата која ја чуствуваме како пулсира во нашите вени ќе биде последна шанса да испаднеме од магичниот круг . За тоа баш овој момент е нај вреден ` не го пропуштај !` предупрдеува Буда
Учење за умот , суштина на пораката од Буда
Како кулминација на човечките мисли , Будизмот не се занимава со нешто не познато , далечно или застарено туку со она што е заедничко на целиот свет и она што е секогаш актуелно и поблизу од сопствените раце и нозе – човечкиот ум . Во будизмот умот е точка на поаѓање ,средина и како ослободен и прочистен ум крајна цел .
Мислам дека е важно да се укаже на тоа дека библијата започнува со зборовите ` на почтокот Бог го створи небото и земјата .......` додека Dhammapada еден од нај убавите и нај популарни текстови на будизмот започнуваат со зборовите ` умот е водечка сила на сите работи , он ги создава и он ги води ` . Овие важни зборови се мирен не ривалски будистички одговор на библиската вера . Тука се граничат патишттата на овие две религии . Едната води далеку во имагинарното позади додека другата води право во човечкото срце
Умот е извор на сето она што се раѓа во нас добро и лошо .
------------- [IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 28.Август.2008 во 15:33
фала Зен
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: zenmaster
Датум на внесување: 28.Август.2008 во 15:44
Jas ednas pisuvav tuka za budizam , prethodniot tekst e od taa tema . Ama vo tie okolnosti togasni ne ostana cista imase nekoi...kako da kazam...provokacii . Pa moze ovaa da bide edinstvena onaka od informativen karakter
------------- [IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 28.Август.2008 во 15:46
Читајте го Антони Де Мело! На интересен начин ги поврзува овие две религии во една!
|
Постирано од: zenmaster
Датум на внесување: 28.Август.2008 во 15:48
Vo pravo si . Antoni De Melo e moj omilen pisatel .
------------- [IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
Постирано од: Ani4ka_xxxxxxxx
Датум на внесување: 28.Август.2008 во 16:01
Будизмот е религија и философското учење основано од страна на Индиецот Сидарта Готама Буда околу 500 п.н.е. Главната философија се состои од две точки:
* страдање и
* спас;
т.е., животот е страдање, причина за страдањето се страстите (т.е., жедта за живот), ослободувањето од тие страсти значи ослободување од страдањето, патот кон ослободувањето води кон нирвана (состојба на блажен мир) - без страсти и страдање.
Будизмот е четврта најголема религија по христијанството, исламот и хиндуизмот.
------------- St|Ll wA|t|nG f0r mY pR|nCe ChArm|nG...
|
Постирано од: Kristin969
Датум на внесување: 28.Август.2008 во 18:47
Zatoa bidete mnogu vnimatelni kako postapuvate so lugjeto, ne znaeme koj se krie vo nekoj od niv. A kako sto velese mojot instruktor megju budala i Buda razlikata e samo vo dve bukvi. Nestata nikogas ne se takvi kakvi sto izgledaat odnadvor.
Imajte prekrasna prosvetlena vecer!
------------- Ljubov i Svetlina!
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 28.Август.2008 во 18:56
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 28.Август.2008 во 20:36
Budra odluka EvAngelos.. mnogu budra.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 28.Август.2008 во 20:37
од срце се насмеав
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 28.Август.2008 во 20:50
E, ova sto go dozhivea sega blueprayer e primer za vistinskiot Budizam.
Prosvetluvanjeto (Svetiot Duh) e vo nas, toa ni e dareno od Kreatorot (spored Negoviot lik) ushte so nasheto sozdavanje i ne treba da go barame nikade nadvor od sebe.
Patot kon Prosvetluvanjeto ne e nishto drugo osven pronaogjanje na toa nashe sebstvo kako neddeliv segment od Kreacijata, vo segashniov mig, oti postoi samo toa edinstvo, postoi samo taa segashnost i nishto drugo.
Ednostavno, sepfatno i prisutno vo site veruvanja i religii, no nepotrebno zapretano vo elaborirani teologii za da im bide jasno edinstveno na mal krug odbrano sveshtenstvo.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 28.Август.2008 во 20:55
Да Месинџер и Пауло Куелјо пишува за тоа во Алхемичарот.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 28.Август.2008 во 21:52
Rabotite se ednostavni, no nekoi od sekogash matele voda da ne bide bistra.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Kristin969
Датум на внесување: 28.Август.2008 во 21:57
------------- Ljubov i Svetlina!
|
Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 28.Август.2008 во 23:41
Messenger напиша:
Rabotite se ednostavni, no nekoi od sekogash matele voda da ne bide bistra. |
Да Месинџер сосема си во право за ова. Од каде е потребата нашироко да се теоретизира за некоја обична заповед која е толку едноставна та поедноставна не може да биде? Некој ми кажа дека некој од светите отци напишал во некоја книга 7-8 страници само за тоа колку многу грешат католиците кога се прекрстуваат горе-долу-лево-десно. Таква заповед и нема а камоли пак некого да го осудуваш поради таква ситница и да го окарактеризираш како најголем грешник.
Зошто е потребно нашироко и надолго да дебатираме околу ,,Љуби го ближниот свој како себеси?’’? Зар не е многу поважно тоа да го практицираме?
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 28.Август.2008 во 23:47
Не се секирај Aldra, сега во новиот предмет "православна веронаука" вероучителките ќе ги учат децата како правилно да се прекрстуваат, така што нема да има потреба некој да ги осудува
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: IQ
Датум на внесување: 29.Август.2008 во 00:15
AlDra напиша:
Читајте го Антони Де Мело! На интересен начин ги поврзува овие две религии во една! |
vo koja kniga?
------------- http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/
|
Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 29.Август.2008 во 00:28
Мислам дека беше во Будење она баш најсуштинското.
|
Постирано од: IQ
Датум на внесување: 29.Август.2008 во 00:31
ja imam chitano taa, mnogu e dobra!ne znaev deka ima vrska so budizmot, znachi od tamu tie idei...
------------- http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 07.Септември.2008 во 21:36
Gledam deka ima problem okolu razbiranjeto na istochnite filozofii/religii, pa chinam deka e potrebno da se objasni neshto poveke okolu interpretiranjeto na Kreatorot i Kreacijata koi se direktna prichina za pojavuvanjeto na Budizmot, Zenot, Taoizmot i slichnite dvizhenja.
Za ovaa cel ke se posluzham so eden komentar koj go postirav na druga tema, no koj vsushnost pripagja tokmu na ova mesto. Komentarot e dopolnet da odgovara za ovaa tema.
Poznato e deka site bogovi, boginji , polubozhestva i se onoa sto bilo ili se ushte e del od religiite niz svetov imalo nekakov duhoven efekt vrz lugjeto. Ne se gradele za badijala hramovi, svetilishta, prorochishta so milenijumi, ako seto toa nemalo nikakov rezultat. Kako sto denes vernichkite molitvi se odgovaraat od Boga, Isus, Marija, Alah i razni svetiteli, taka se odgovaraat i se odgovarale i od Braman, Manitu, Oziris, Zevs, Posejdon, Vesna i t.n.
Ako site tie veruvanja bile osnovani i se odrzhuvale poradi rezultatite sto gi davale, togash znachi za nivnite vernici tie bile vistiniti. Vo sprotivno ne bi postoele i ne bi se zadrzhale so iljadnici godini.
Bidejki nemozhe neshta sto se sprotivni da bidat istovremeno i vistiniti, jasno e deka nitu edna od niv ne e 100% vistina, tuku se samo edni od mnogute mozhni interpretaci na VISTINATA. Interpretaciite potoa se zbogatuivaat so razmisluvanja i filozofiranja koi na krajot zavrshuvaat so dogmi i teologija. Toa ne e religija. Toa e samo neshto sto lichi na religija i pretstavuva eden zacimentiran i institucijaliziran pogled na mozhnostite koi nikogash ne bile potpolni, nitu dokazhani, i se serviraat kako fast-food na lugjeto sto ne se podgotveni samite da ja pobaraat vistinskata hrana.
Soznanieto deka nitu edno veruvanje i nitu edna teologija proizlezena od tie veruvanja ne ja reprezentiraat VISTINATA, kazhuva deka taa nemozhe da bide pronajdena, a ushte pomalu da se osoznae preku teologiite poradi nivnata dogmatiziranost i nepromenlivost.
Ostanuva samo onoa sto odsekogash go velele prosvetlenite lugje, kako na primer Buda i Isus, deka odgovorot na site prashanja i patot do osoznavivanjeto na Kreatoot i Kreacijata, kako i nas samite vo sklop na Sepostoechkoto, se naogja sokrieno onamu kade shto chovekot nikogash ne bi pomislil da go bara - vo nas samite! Ne postoi nishto nadvor od nas i se shto postoi e vo nas. Site prashanja i site odgovori se vo nas i samo vdlabochuvanjeto vo centarot na nasheto bitie i nasheto postoenje mozhe da ne prosvetli.
E tokmu toa, postojaniot i sekogash nezavrsheniot pat na takvoto osoznavanje e religija! Toa e svetloto koe go zapaluvame vo sebe za sebe. Toa svetlo nemozhe da bide zemeno od drug ili da bide zapaleno od drug. Ako taa svetlina ja zapalish od svekjata na nekoj drug togash taa nema da bide nishto drugo osven edna obichna svekja i lesno ke bide izgasena od prvoto vetre. Samoto soznanie sto pretstavuva taa svetlina i svesnoto traganje po nea vo sebe e religija!
Ova go osoznale lugjeto ushte pred iljadnici godini i vo vreminja koga nemozhelo nitu da se zamisli otfrlanjeto na najstarite religijski dogmi i teologii (denes toa e nesporedlivo polesno), lugje kako Buda ne samo sto go napravile toa, tuku istovremeno go otfrlile i seto svoe carstvo. Faktot deka nikoja religija, nikoja dogma i nikakvo kopanje na rovovi nema da donese do prosvetluvanje bilo presudno za lugjeto da ja otfrlat idejata i interpretacijata na antropomorfniot Bog i da zazemat eden mnogu podrug stav koj im dozvoluva slobodata, darena od Kreatorot, da ja koristat vo potragata po Nego. Ovie lugje razbrale deka samiot toj neprekinat pat (Tao) e onoa sto vodi kon osoznavanje na Kreacijata i seto onoa sto taa go sodrzhuva, vkluchuvajki ne i nas samite kako nejzin neddeliv element.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 23.Септември.2008 во 22:45
јас верувам дека буда некаде во својата егсистенција бил осветлен! Ја сретнал вечната СВЕТЛИНА која јас ја терминирам како ХРИСТОС! Но додека небил буда осветлен СВЕТЛИНАТА била тука а тој бил слеп за неа, како и што сите битија се слепи додека ТАА не им засвети во нивните срца.
Значи СВЕТЛИНАТА е Осветител, вечен СЛУГА Кој создава, одржава, храни, воспитува, лечи, ... а буда само едно чедо нејзино. Така?
Е сега Вечната СВЕТЛИНА се отелотворува и ни ја покажува СОВРШЕНАТА понижност! Покрај тоа што е ТОЈ лично ВЕЧНАТА СВЕТЛИНА, не вели моето учење туку вели МОЈОТ ОТЕЦ!
ЈА приметуваш разликата?
поздрав
Отворено Небо о чудесна Глетка
Секоја душа една Христова клетка
Некои од ними прекрасно осветлени, будни
Други во темна духовна ноќ спијат и само затоа се чудни!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 23.Септември.2008 во 22:51
spiros, znam od kade doagjash i toa e vo red. No ako navistina go poznavash Budizmot ke uvidish deka ima povekje slichnosti otkolku razliki megju nego i hristijanstvoto. Razlichni im se terminologiite i teoloshkoto filigranstvo, no srzhta im e ista.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: zenmaster
Датум на внесување: 23.Септември.2008 во 23:04
Спирос , едно прашање до тебе .
Ти да не си случајно изворен христијанин ?
------------- [IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 23.Септември.2008 во 23:04
Messenger напиша:
spiros, znam od kade doagjash i toa e vo red. No ako navistina go poznavash Budizmot ke uvidish deka ima povekje slichnosti otkolku razliki megju nego i hristijanstvoto. Razlichni im se terminologiite i teoloshkoto filigranstvo, no srzhta im e ista. |
Месинџер, ние сите доаѓаме од едно место и - ишалах - да се најдеме во Него сите заедно!
Една ВИСТИНА - безброј перспективи
Гордите вавилонци - за збрката се криви!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 23.Септември.2008 во 23:13
zenmaster напиша:
Спирос , едно прашање до тебе .
Ти да не си случајно изворен христијанин ? |
ШалОМ!
Еден единствен ИЗВОР е вечниот ЗБОР
Единствен безкраен океан
Во вечноста славно опеан
Од исток поисточно е учењето точно
Повисоко од Хималаја
АЛИЛУЈА!
.
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: zenmaster
Датум на внесување: 23.Септември.2008 во 23:16
http://forum.idividi.com.mk/member_profile.asp?PF=18908 - spiros |
Денес во 23:05 |
20 минути |
Windows XP IE 6 |
Пишување одговор http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15283 - Будизам... |
Јас си викам чоеков сеа ќе напише нешто паметно па ќе се по муабетиме.....он шо напиша .
------------- [IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 23.Септември.2008 во 23:18
Не е ли мудроста во срцето и очите на посматрачот?
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Палестинец
Датум на внесување: 23.Септември.2008 во 23:18
SO-HM.
------------- Подобро ужасен крај, отколку ужаси без крај.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 11.Јануари.2009 во 19:14
Будизмот е навистина една од најубавите атеистички вери (за мене можеби и најубавата атеистичка вера) која верува повеќе на учењето од еден просветлен човек одколку на ТВОРЕЧКАТА СВЕТЛИНА и ДУХ што го создава и осветлува човекот!
Кога не би постоел *БОГ, Неговата Вечна *СВЕТЛИНА и *ДУХ, тогаш оваа вера би била препорачлива за секој човек, како што е таа денес препорачлива за сите оние кои не веруваат на ТВОРЕЦОТ.
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 11.Јануари.2009 во 20:00
Neli samo Ljubovta e vistina, a seto drugo e iluzija?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 11.Јануари.2009 во 20:11
Messenger напиша:
Neli samo Ljubovta e vistina, a seto drugo e iluzija? |
Да! И баш од таа причина не е љубезно да го негираме ИЗВОРОТ на ВИСТИНАТА и себеси да се преставуваме дека сме тој извор!
Дали ги чувствуваш зборовите што ги пишав како нељубов?
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
|