Испечати | Затвори го прозорот

Алшар - рудник за талиум и лорандит

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Мистерии и астрологија
Опис на форумот: Хороскоп, сонови, гледање во кафе, во карти, во раце, во НЛО...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15242
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 14:49
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Алшар - рудник за талиум и лорандит
Постирано од: neo_wmaster
Наслов: Алшар - рудник за талиум и лорандит
Датум на внесување: 26.Август.2008 во 12:25
Епа вака сега. Темата ја отварам бидејки можно е ова да е една од главните причини поради која вонземјаните ја посетуваат Македонија толку често. Во рудникот Алшар се наога руда на Талиум и на неговиот минерал Лорандит кој го има само по површината на сонцето и во Македонија. Една од главните карактеристики на Лорандитот е тоа што може со само неколку грама од неговата руда да затоплува кука неколку години, без никакви штети по здравјето. Исто така Лорандитот се поврзува и со Александар Македонски чии војски штитовите ги премачкувале со Лорандит и ги ослепувале противничките војски. Кажете што мислите за овој рудник во кој се проценува дека само Талиумот вреди околу 2 милјарди долари, а вредноста на Лорандитот сеуште не е проценета.

-------------
I love Daphne Millbrook.



Коментари:
Постирано од: Blue Magic
Датум на внесување: 26.Август.2008 во 18:13
Каква глупост....талиумот вредел 2 милијарди долари
Информирај се пред да постираш тука
Талиумот или ,,отровот на отровите,, е во групата на високо токсичните метали и го има секаде каде што има и лорандит. Бидејќи во Алшар го има во поголеми количини од нормалното а рудникот е сиромашен со лорандит стопирани се натамошните ископувања и тоа уште во времето на кралството Југославија. Заради високата концентрација на талиум цела околина на Алшар е зелена и тревата никогаш не се суши во текот на цела година. Мештаните го избегнуваат местото бидејки секоја стока што случајно ке се најде таму и пасе од тревата во рок од 24 часа умира. Испитувања се вршени и во текот на 50 ти те години и сите работници од мариовскиот крај што работеле на испитувањата во во рудникот умреле за најмалку 5 години. Само за информација талиумот е омилен отров на руската КГБ и последниот случај на труење со талиум е труењето на рускиот дисидент Литвиненко, во Лондон
Вакви теми на телевизија едно време отвораа Миленко Неделковски и оној бурекџијата Јанко, кои важат за шлајм на македонското новинарство.
П.С. Не дека другите новинари се подобри, ама барем ги бива да препишуваат од грчките и српските медиуми и не тропаат глупости како овие двајца.


Постирано од: brza
Датум на внесување: 26.Август.2008 во 18:28
Каква глупост....талиумот вредел 2 милијарди долари,....

bash e  glupost!!
,...a ,shto mislish?,...mnogu pari se tie?,...za edna drzava,...pa,makar bila i volkava?,...a ,be ajde,...pomali zemji ,..imaat nafta za bilioni dolari( i toa nashi,...ne angliski),...pa ,ne se tolku voodusheveni ,( u  prazno!),...kako tebe,..


a, za drugoto,...pa,,...i samata vikash,...toa se samo ,..balkanski muabeti,...


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Blue Magic
Датум на внесување: 26.Август.2008 во 18:35
A бе какви 2 милијарди какви црни камења. Талиумот се користеше пред едно 30-40 години во електроиндустријата и важи за добар електропроводник. Поради високата токсичност е исфрлен од употреба уште одамна. Го користат уште некои земји од третиот свет. Од него прават отров за глувци, и можеби е точно дека вреди толку со оглед на зголемувањето на бројот на глувци и стаорци кои се појавија во последните 15-16 години на македонската политичка сцена.


Постирано од: neo_wmaster
Датум на внесување: 27.Август.2008 во 14:12
Abe taka pisuva na wikipedia, a slusav i na "Biseri" za rudnikot.

-------------
I love Daphne Millbrook.


Постирано од: alan ford
Датум на внесување: 27.Август.2008 во 14:32
Originally posted by Blue Magic Blue Magic напиша:

A бе какви 2 милијарди какви црни камења. Талиумот се користеше пред едно 30-40 години во електроиндустријата и важи за добар електропроводник. Поради високата токсичност е исфрлен од употреба уште одамна. Го користат уште некои земји од третиот свет. Од него прават отров за глувци, и можеби е точно дека вреди толку со оглед на зголемувањето на бројот на глувци и стаорци кои се појавија во последните 15-16 години на македонската политичка сцена.




-------------
I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.


Постирано од: konan
Датум на внесување: 28.Август.2008 во 20:44
taliumot da dostae toksicen
no loranditot e mineral so golem potencijal, za dobivanje na enegija ,no koje sega za sega ekonomski neisplatliv dase iskopuva
da druze temata tie super


Постирано од: janeppmk
Датум на внесување: 29.Август.2008 во 09:13
Temata e super,ako ne slusavte kazuvaa i na KOD za toa loranditot,blisku e do prilep pa ke pojdam nekogas da zemam nekoe parce lorandit.hehe se salam..pa da navistina toa e mozebi dokaz deka makedonija nekogas bila ili seuste ja posetuvaat vonzemjani.pozz


Постирано од: Spejs Nigrutin
Датум на внесување: 09.Октомври.2008 во 20:41
Originally posted by neo_wmaster neo_wmaster напиша:

Епа вака сега. Темата ја отварам бидејки можно е ова да е една од главните причини поради која вонземјаните ја посетуваат Македонија толку често. Во рудникот Алшар се наога руда на Талиум и на неговиот минерал Лорандит кој го има само по површината на сонцето и во Македонија. Една од главните карактеристики на Лорандитот е тоа што може со само неколку грама од неговата руда да затоплува кука неколку години, без никакви штети по здравјето. Исто така Лорандитот се поврзува и со Александар Македонски чии војски штитовите ги премачкувале со Лорандит и ги ослепувале противничките војски. Кажете што мислите за овој рудник во кој се проценува дека само Талиумот вреди околу 2 милјарди долари, а вредноста на Лорандитот сеуште не е проценета.



немој не ме радуј

-------------
|живи живот свој и заеби све око себе|


Постирано од: Spejs Nigrutin
Датум на внесување: 09.Октомври.2008 во 20:41
Originally posted by neo_wmaster neo_wmaster напиша:

Abe taka pisuva na wikipedia, a slusav i na "Biseri" za rudnikot.



абе нив им веруваш

кикики


-------------
|живи живот свој и заеби све око себе|


Постирано од: boticeli
Датум на внесување: 15.Октомври.2008 во 13:12
Epa vaka! da ne bese Platnar, retko koj ke doznaese za ALsar.No sepak sme gi imale tie pametni licnosti okolu nas i dobro e sto ostavile pozitiven vpecatok.A za loranditot ,vistina e deka go ima vo pomali kolicini,no isto taka i vistina e deka se kriumcari po dosta visoka cena!

-------------
Bakni me. Ne cekaj da ti go zemat redot...


Постирано од: vili2121
Датум на внесување: 15.Октомври.2008 во 17:48
Лорандит е талиумов арсеничен сулфат со хемиска формула TlAsS2. Тој е откриен за прв пат во рудникот Алшар кај Кавадарци во 1894 и е именуван по Е. Лоранд, физичар од универзитетот во Будимпешта.

Во Македонија го испитувале и научници од НАСА.
Во 1978 година на тајна седница на Владата на СФРЈ е разгледувана можноста за давање на рудникот Алшар на користење на една голема светска сила која лорандитот би го користела за вселенски истражувања. Што е решено на таа седница, не е познато.
Најсигурен, и барем за сега единствен начин да се детектираат сончевите неутрина, а со тоа и да се дознае до која фаза се стигнати процесите во внатрешноста на Сонцето е со помош на ретката руда на талиумот – лорандит, која се наоѓа во рудникот „Алшар“ кај Кавадарци.

Станува збор за многу редок минерал за кој е утврдено дека во целиот свет го има единствено во Македонија или можеби уште на Шри Ланка. Неговата моќ експертите ја гледаат во тоа што единствено тој природен елемент во светот ги препознава реакциите кои доаѓаат директно од јадрото на сонцето.

izvadok od http://mk.wikipedia.org

-------------
Скапа е мудроста што се плаќа со искуство


Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 04.Март.2009 во 13:00
Луѓе не се заебавајте,оваа руда која ја имаме,кристал на талиумот наречен лорандит е нешто кое се наоѓа само во Македонија,со него можат да се откријат многу работи кои ни биле непознати со илјадници години.Значи најверојатно ја имаме највредната руда во светот.Оваа руда има потенцијал да го користи енергетскиот капацитет на сонцето.
Рудникот Алшар се смета дека бил истиот рудник кој во времето на Филип и Александар бил користен за правење на оружја.
Само да напоменам дека лорандитот е отровен и дека кој човек и да влегол незаштитен во рудникот не се вратил,а исто и во ливадите околу.

-------------
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!


Постирано од: Командантица
Датум на внесување: 04.Март.2009 во 15:16
можда држи вода ова со рудата нешто,.....ама тоа наводната причина поради која вонземјаните ја посетуваат Макеоднија.
аманте бе луѓе,..кај сте виделе вонземјани во македонија..?
да не ви се капеле дома во туш кабината..?

-------------
..Живеам за да умрам..!


Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 04.Март.2009 во 18:29
Никакви вонземјани не се тема,држете се до темата.

-------------
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!


Постирано од: Командантица
Датум на внесување: 04.Март.2009 во 19:33
прочитај го првиот пост на темата па ќе видиш..

-------------
..Живеам за да умрам..!


Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 04.Март.2009 во 20:02
Игнорирај

-------------
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!


Постирано од: Командантица
Датум на внесување: 04.Март.2009 во 20:03
епа ќути си тогаш,...и не интерумпирај

-------------
..Живеам за да умрам..!


Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 05.Март.2009 во 19:08
Originally posted by Командантица Командантица напиша:

епа ќути си тогаш,...и не интерумпирај


Ах не се прај паметна многу нема шо да ќутам.

-------------
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!


Постирано од: Командантица
Датум на внесување: 05.Март.2009 во 19:38
не се прам паметна,..јас СУМ паметна!

-------------
..Живеам за да умрам..!


Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 05.Март.2009 во 19:39
Умре ѓупката шо те фалеше

-------------
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!


Постирано од: Командантица
Датум на внесување: 05.Март.2009 во 19:42
има друга сега

-------------
..Живеам за да умрам..!


Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 05.Март.2009 во 19:52
Ти

-------------
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!


Постирано од: Командантица
Датум на внесување: 05.Март.2009 во 20:07
јас ѓупка?

-------------
..Живеам за да умрам..!


Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 20.Март.2009 во 20:58
Научниците претпоставуваат дека Лорандитот би можел да ги „сопре“ или да ги „фати“ неутрината од Сонцето, кои ја имаат таа способност да минат низ секое (друго) тело во вселената, како низ човечкото тело (50 трилиони неутрина во секунда), така и низ Земјата, ...


-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!


Постирано од: Vercingetorix
Датум на внесување: 12.Март.2010 во 22:27
                     Лорандит

Лорандит е талиумов арсеничен сулфат со хемиска формула TlAsS2. Тој е откриен за прв пат во рудникот Алшар кај Кавадарци во 1894 и е именуван по Е. Лоранд, физичар од универзитетот во Будимпешта.

За Лорандитот се вели дека има натприородни-неземјени својства. Во Македонија го испитувале и научници од НАСА. Во 1978 година на тајна седница на Владата на СФРЈ е разгледувана можноста за давање на рудникот Алшар на користење на една голема светска сила која лорандитот би го користела за вселенски истражувања. Што е решено на таа седница, не е познато. Многумина научници велат дека со проучување на Лорандитот може да се дојде до толку посакуваната бесплатна енергија која би го сменила распоредот на силите во светов. Некои од истражувачите на оваа чудесна руда тврдат дека токму поради можноста за бесплатна енергија целата оваа работа останува не докрај разјаснета.

Најсигурен, и барем за сега единствен начин да се детектираат сончевите неутрина, а со тоа и да се дознае до која фаза се стигнати процесите во внатрешноста на Сонцето е со помош на ретката руда на талиумот – лорандит, која се наоѓа во рудникот „Алшар“ кај Кавадарци.

Станува збор за многу редок минерал за кој е утврдено дека во целиот свет го има единствено во Македонија или можеби уште на Шри Ланка. Неговата моќ експертите ја гледаат во тоа што единствено тој природен елемент во светот ги препознава реакциите кои доаѓаат директно од јадрото на сонцето.

Истражувањата треба да докажат дека од тие реакции може да се добие таканаречено "вештачко сонце" кое би ослободувало енергија за потребите на огромни територии.

До црвенкастиот кристален елемент може да се дојде со дупчење на големите камени стени во чија длабочина е скриен. Со процесите на фусија и фисија и цепење на јадрата на елементот се претпоставува дека е можно да се ослободи енергија, која во ерата на се поголема употреба на алтернативни извори на обновлива енергија е добредојдена.

За лорандитот има и мистични приказни кои се преплетуваат со историјата на Македонија и доаѓаат се до Античка Македонија и славниот Александар Македонски

Во битките кои тој ги водел секогаш точно напладне и со движење на војската од запад кон исток се јавувал силен одблесок од штитовите кој ја заслепувал противничката војска. Затоа и не зачудува успехот на фалангата на Александар. Не е случајно ниту тоа што на штитовите на фалангата се наоѓало изгравирано познатото сонце од Кутлеш. Од таму можно е да потекнува и култот на Македонците кон Сонцето.

-------------
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов


Постирано од: да бе
Датум на внесување: 12.Март.2010 во 22:58
http://www.irocks.com/db_pics/new09/sea81d.jpg

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 16.Март.2010 во 18:59
ЛОРАНДИТ ВО ЧИСТА ФОРМА ИМА САМО ВО МАКЕДОНИЈА
„Алшар“ може да храни нуклеарна централа



Минералот лорандит, кој го има во рудникот „Алшар“, отсекогаш ги интересирал светските научни кругови затоа што е утврдено дека во целиот свет го има единствено во Македонија и можеби уште во Шри Ланка. Овој минерал инаку е природен детектор на неутрино, честичка што од Сонцето до Земјата патува за 8 секунди, а само лорандитот ги препознава реакциите што доаѓаат директно од јадрото. Досегашните испитувања потврдиле дека овој минерал во одредени ситуации испушта огромно количество енергија, која во иднина може да биде соодветна замена за нуклеарна енергија. Според професор Симеон Јанчев од Технолошкиот факултет во Скопје, во толку чиста форма лорандитот го има само во Македонија. - Функцијата на овој минерал е само за научната јавност. Од рудникот „Алшар“ моментно не може да се извлече затоа што едното окно што функционираше сега е затрупано. Го нема на површината на земјата и затоа моментно не може да се истражува - вели Јанчев. Во 80-тите години на минатиот век се спроведувал посебен проект, наречен „Лорандит лорекс“, кој го финансирале повеќе европски земји. Меѓутоа, со почетокот на војните на Балканот проектот бил прекинат. Со лорандит се поврзани и легенди за Александар Македонски. Наводно, тој прв ја открил неговата моќ, па неговата фаланга ги премачкувала своите штитови со овој минерал. Во битките што тој ги водел секогаш точно напладне и со движење на војската од запад кон исток, се јавувал силен одблесок од штитовите кој ја заслепувал противничката војска. Наводно, тоа била тајната на воените успеси на Александар. Легендата не е научно потврдена, но се знае дека рудникот „Алшар“ бил активен и во антиката. Имено, при ископувањата во минатиот век се најдени рударски алатки од античкиот период, што е непобитен факт дека тогаш бил активен. Според професор Јанчев, тие сознанија се само приказни и не се поткрепени со никакви факти. - Античките Македонци не знаеле за постоењето на лорандитот. Тие користеле некој друг минерал, кој е азотна сол и е доста токсичен. Можеби и затоа во тоа време имало доста труења. Тогашните жители не знаеле за токсичноста на овие соли кои ги користеле за депилација - вели Јанчев. Пред стотина години рудата од „Алшар“ се испитувала во елитните универзитети во Прага, Будимпешта и во Виена и биле пронајдени дотогаш непознати минерали. Во околу 250.000 тони руда има 2 проценти арсен, 2,5 отсто антимон и 0,1 процент талиум. Оваа концентрација го прави рудникот најбогато наоѓалиште на талиумот, што се користи за вселенски истражувања и во телекомуникациските технологии. Првпат во Македонија официјално е извлечен лорандит во 1976 година од американски истражувачи, иако дотогаш сето црпење руда од „Алшар“ било противзаконско.

Околу рудникот расте уникатна темјанушка

На просторот околу „Алшар“ расте една карактеристична темјанушка, виола алшарика. Оваа темјанушка е светска реткост и застапена е само тука. Реткост се и жолтите карпи во чиишто отвори се среќаваат разни животинки слични на човековата рипка што ја има во длабоките пештери.



-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 16.Март.2010 во 19:14


Зошто е интересен лорандитот? Овој проѕирно-црвен минерал е единствен природен детектор на сончевото неутрино, најмалата досега позната честичка. Затоа тој е од посебен интерес за светската наука во фундаменталните истражувања на откривање на улогата на лорандитот низ експерименти со лабораториско вештачко сонце, со што би се следеле термонуклеарните реакции. За него голем интерес пројавиле НАСА, како и врвни научни институти од Австрија, Германија, Јапонија и други земји.

Viola arsenica- Алшарска темјанушка



Тоа е исто така значаен флористички локалитет којшто се карактеризира со присуството на растителните видови: алшарска темјанушка (Viola allchariensis) и арсенската темјанушка (Viola arsenica), кои претставуваат македонски ендемити. Локалитетот, под името Алшар, е запишан во Списокот на CORINE биотопи за Македонија
 


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk