TEMA:МОЛИТВА
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Мистерии и астрологија
Опис на форумот: Хороскоп, сонови, гледање во кафе, во карти, во раце, во НЛО...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15183
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 18:06 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: TEMA:МОЛИТВА
Постирано од: TETKA ZIZI
Наслов: TEMA:МОЛИТВА
Датум на внесување: 22.Август.2008 во 07:26
do kogo ja upatuvame? ima li nekoj koj ne slusa ? dali ni se ispolnuva molitvata? koga najcesto se molime vo dobro ili vo loso?
|
Коментари:
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 22.Август.2008 во 11:06
Јас единствено до Бог ги упатувам моите молитви. Воопшто не користам некакви врски, посредници, медијатори и сл. (како што се "светците") туку, согласно моето Христијанско убедување, Му се молам дирекно на Бог и сигурен сум дека ме слуша. И не само тоа, туку сигурен сум и дека Бог одговара на нашите молитви. Навистина одговорот не е секогаш ДА. Понекогаш може да биде и "Не", понекогаш е "ПОЧЕКАЈ!", понекогаш е "ТИ НЕ ЗНАЕШ ШТО ПОСАКУВАШ" Но одговор секогаш добивам, иако не секогаш онаков каков што посакувам, но сигурен сум дека го добивам оној одговор кој е по Божјата воља т.е. подобар од она што јас го посакувам, затоа што верувам дека Тој, гледајќи од повисока перспектива, има подобар преглед на моите ситуации и знае што е најдобро во дадениот момент за мене.
Значи не секоја моја желба била исполнета (ферари, седмица на лото, ова она женска), но секоја моја потреба била исполнета.
Се молам и во згода и во незгода. Во убавите моменти во моите молитви му благодарам на Бог, што сум сит додека милиони деца умираат од глад, што сум облечен додека некои голи шетаат, што имам кров над глава, додека некои спијат по улици, под мостови, што сум здрав, додека некое лежат по болници, што и утрово се разбудив жив, додека други не итн за сите овие "банални" работи чија вредност ја дознаваме дури откако ќе ги изгубиме.
Благодарам за СЕ, затоа што знам дека се е дар од Небесниот Татко.
Се разбира, не се срамам и упорно му досаѓам на Бог и за моите потреби, маки, искушенија, проблеми, тешки моменти, а Тој, Тој засекогаш останал и останува ВЕРЕН!!!
"А Бог е верен и не ќе дозволи да бидете искушувани над вашите сили, туку заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да го издржите." (1 послание на Павле до Коринтјаните 10:13)
"И што и да побарате во Мое име, Јас ќе направам" (Исус во евангелие по Јован 14:13)
"Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате, и ќе ви биде." (Исус во евангелие по Јован 15:7)
"Досега ништо не баравте во Мое име; барајте и ќе добиете, за да биде вашата радост полна" (Исус во евангелие по Јован 16:24)
"Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја моли од Бога, Кој им дава на сите изобилно и без укор - и ќе му се даде. Но да моли со вера, без никакво сомнение; зашто оној кој се сомнева е сличен на морскиот бран кого ветерот го издига и го тера. Таквиот човек да не мисли, дека ќе прими нешто од Господа." (Послание на Јаков 1:5-7)
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: RUSHKA
Датум на внесување: 22.Август.2008 во 11:21
После овој пост...нема што да казам...само
------------- 4ISTA SOVEST=MIREN SON
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 22.Август.2008 во 20:43
До Христос, ако ја молам од срце и ако е за доброто на мојата душа таа се исполнува. Молам и во добро и во лошо.
Важно е нашите молитви да ги оставаруваме т.е. да го живееме оноа за кое молиме. На пр. ако молиме за здравје треба и ние да превземеме активни чекора во смисла што јадам, како се однесувам кон своето тело, го оптоварувам ли со мисли, постапки на омраза и завист кои ги редуцираат етеричните животни сили? Ако молам за мир меѓу народите, дали држам мир во мислите и делата со ближните кои ме опкружуваат? Во спротивно молитвите се бесплодни.
Повеќе на тема вистинска молитва може да се прочита(засега на хрватски и некои светски јазици) во брошурата „Сила на молитвата„ Христова објава примена 1979год. преку внатрешната Реч, или во книгата од Габриеле: „Внатрешна Молитва: Молитва на срцето, молитва на душата, Етерична молитва; молитва за здравје„ двете во издание на Univerzalni Život ' Zagreb.
Повеќе информации контактирајте ме во л.п.(лична поркака) или клик на линк http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14500&PN=1 - Kade se naogjaat vasite zaednici, kontakti?
|
Постирано од: vesnaa
Датум на внесување: 22.Август.2008 во 20:53
Univerzalen zivot se sekta
jas veruvam vo BIBLIJATA
bravo evangelos
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 22.Август.2008 во 21:06
Се сложувам со Ев
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 22.Август.2008 во 21:43
vesnaa напиша:
Univerzalen zivot se sekta
jas veruvam vo BIBLIJATA
bravo evangelos |
Универзален живот (Повеќе може да се информираш на подфорумот Вероисповед под тема http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14592 - Универзален живот - Прахристијани ) не е секта туку верска заедница рамноправна со другите(праволсавна, католичка, ваишнавска, баптистичка итн) секако имаш право на свое мислење - но без навреди. Воедно, каква врска има твојот став со темата: МОЛИТВА?
|
Постирано од: TETKA ZIZI
Датум на внесување: 25.Август.2008 во 23:24
MNOGU GLEDATE FILMOVI I CITATE BIBLISKI KNIGI JAS MISLEV NA OBICNI RABOTI OBICNI ZELBI MALI SEKOJDNEVNI NE NA ONIE GOLEMITE PA DURI DA SE UPOTREBAT I EVANGELIJATA ZNACI DA SI NAJDES PARICKA ,DA VIDIS NEKOJ,DA SE CUVSTVUVAS DOBRO TOJ DEN MISLAM RASPOLOZENO ZDRAVO SREKNO ETE TOA E3 SREKATA NA DENOT A ZA UTRE STO DADE GOSPOD.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 26.Август.2008 во 13:52
TETKA ZIZI напиша:
do kogo ja upatuvame? ima li nekoj koj ne slusa ? dali ni se ispolnuva molitvata? koga najcesto se molime vo dobro ili vo loso? |
Епа ајде и ти одговори ни на твоите прашања. До кого ги упатуваш ти твоите молитви? Има ли некој што те слуша? Дали ти се исполнуваат воите молитви да си најдеш паричка, да сретнеш некој и сл. Ајде, да чуеме и од тебе.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: TETKA ZIZI
Датум на внесување: 26.Август.2008 во 17:07
EvAngelos напиша:
TETKA ZIZI напиша:
do kogo ja upatuvame? ima li nekoj koj ne slusa ? dali ni se ispolnuva molitvata? koga najcesto se molime vo dobro ili vo loso? |
Епа ајде и ти одговори ни на твоите прашања. До кого ги упатуваш ти твоите молитви? Има ли некој што те слуша? Дали ти се исполнуваат воите молитви да си најдеш паричка, да сретнеш некој и сл. Ајде, да чуеме и од тебе. |
sekako i toa kako ako rabotis na sebe i vo dlabocinata na dusata go skas toa sto go sakas veruvaj deka nema sila sto ke go sopre ispolnuvanjeto a me slusat angelite toa go znam sigurno
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 26.Август.2008 во 20:49
ТЕТКА_ZIZI, очекував малце појасен одговор на твоите прашања, но ок, ако ништо друго, сфатив барем дека ти се молиш на ангелите.
Од каде си сигурна дека те слушаат? Од каде знаеш дека воопшто постојат "ангели"? Да не си христијанка или муслиманка? Или пак можеби имаш некој друг извор од каде што си убедена дека постојат некој вид на ангели што слушаат молитви.
п.с. Знам еден пријател што беше болен од рак. Тој од длабочината на својата душа сакаше да се исчити, да оздраве. Но и покрај неговата силна и длабинска желба за оздравување, тој сепак почина пред 2-3 месеци. Значи силината на желбата не е доволна за исполнувањето на истата.
Јас исто така бев болен од рак минатата година. Се молев да оздравам во Името на Христос и на начинот на кој Христос поучуваше. Мојата молитва беше услишана од Бог и сега сум здрав.
Ете затоа го напишав горниот пост, за да, согласно мојата вера и искуство, да им дадам упатство на сите кому, во чие Име и како да се молат, со цел нивните молитви да бидат успешно услишани.
Поздрав!
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: TETKA ZIZI
Датум на внесување: 26.Август.2008 во 23:00
silinata na zelbata tocno deka ne dovolna ako e izmesana so strav i nedoverba samo cista zelba kako tvojata kako verba deka ti licno go mozes toa da go sovladas tugoto vo tebe i se boris so celata energija i sila, ne mislam na fizicka mislam na duhovna togas univerzalnata energija ke te izvlece od krizata i ke ti ja ispolni molbataP.S sekoj si ima nekoj sto go slusa a vo tvojot slucaj toa bi bil Hristos ok se najdobro ti posakuvam.
|
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 21.Јуни.2010 во 19:51
....misterii i astrologija.......messenger ' priberi' si ja temava kaj tebe....
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
Постирано од: Феникс
Датум на внесување: 21.Јуни.2010 во 20:13
gonzo напиша:
....misterii i astrologija.......messenger ' priberi' si ja temava kaj tebe.... |
Neka de neka ja malku i tuka misterizno ke se molime a atroloshki ke ni se pomogne.
------------- ...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 21.Јуни.2010 во 20:18
Постирано од: Hedonistka
Датум на внесување: 25.Јуни.2010 во 13:46
Molitvata ima efekt..shteta shto nie lugeto pribeguvame do nea samo koga imame nekakov problem togash vetuvame i davame se samo da se izbavime od nashata sostojba..navistina shteta
------------- If you are reading this, get a life!
|
Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 26.Јуни.2010 во 21:38
Секој од нас во срцето си носи мал храм а кој се користи како посредник зависи од личните убедувања за постоење на истите.
------------- Beauty fades, dumb is forever
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 10.Август.2010 во 00:55
Ја знам само оче наш.
И таа не ја знам како што треба.
Молитва... од каде знаеш дека некој ја слуша?
Дека тој некој, Господ, ја слуша и “работи на случајот“?
Мислам дека молитвите се само да се утешиш.
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 10.Август.2010 во 12:21
Dlaboko vo sebe veruvam deka nekoj gi slusa i ni pomaga...
-------------
|
Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 17.Август.2010 во 19:21
Omar напиша:
Dlaboko vo sebe veruvam deka nekoj gi slusa i ni pomaga... |
gi slusa i pomaga
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 18.Август.2010 во 18:29
Tiggy Vicious напиша:
Ја знам само оче наш.
И таа не ја знам како што треба.
Молитва... од каде знаеш дека некој ја слуша?
Дека тој некој, Господ, ја слуша и “работи на случајот“?
Мислам дека молитвите се само да се утешиш. |
Живиот ГОСПОД е и Утешител и Услишител, а кога не им одговара на нашите молитви онака како ние што сме си зацртале, тоа е бидејќи Неговата Мудрост е поголема од нашата!
Тигги, што е за тебе поважно?
(1)Привремена среќа која што води во вечна несреќа или пак (2) привремена несреќа која што води во вечна среќа?
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 18.Август.2010 во 21:31
Дефинитивно ова второво...
Ама не ми е тоа поентата.
Јас викам: од каде знаеш дека ако се помолиш, тој тоа ќе го направи како што треба, и од каде знаеш дека тој уопште го прави она за што си се молел?
И јак изговор беше ова со мудроста, немам коментар.
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 18.Август.2010 во 21:55
Можам (можеш) да знам (знаеш) само ако повеќе и’ верувам (веруваш) на Неговата Мудрост одколку на сопствениот ум.
ТОЈ во Исус - за наше спасение - ја отелотвори Својата Мудрост!
п.с. Неможев а денес (22 Август 2010) како post scriptum тука на овој подфорум да не забележам дека оваа тема е отворена пред 2 години на 22 Август 2008, дека мојот 2 пост е 22 пост на оваа тема!
Живиот БОГ ми е сведок дека - освен post scriptumот - ништо друго немам свестно пишано како да би било во синхронизација!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 25.Септември.2010 во 00:49
Ja upatuvam do samiot sebe...Da ne zae*am nesto...
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 25.Септември.2010 во 03:11
spiros напиша:
Можам (можеш) да знам (знаеш) само ако повеќе и’ верувам (веруваш) на Неговата Мудрост одколку на сопствениот ум.
ТОЈ во Исус - за наше спасение - ја отелотвори Својата Мудрост!
п.с. Неможев а денес (22 Август 2010) како post scriptum тука на овој подфорум да не забележам дека оваа тема е отворена пред 2 години на 22 Август 2008, дека мојот 2 пост е 22 пост на оваа тема!
Живиот БОГ ми е сведок дека - освен post scriptumот - ништо друго немам свестно пишано како да би било во синхронизација!
|
Да не имаш употребено и 22222222.... букви во овој коментар?
-------------
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 25.Септември.2010 во 12:20
молитвата по дифолт би требала да биде до себе , до она вистинското себе , и до универзумот , бидејќи како така сите сме во иста космичка супа , зафатени од истите закони на ‘кармата‘ , ако го идеализирате и конзервирате господ тешко дека молитвата ќе одекне низ вас и просторот и времето. замислете го тоа како акустична гитара , без акустичен труп , жицата(вие) ќе произведува плиток и краток звук , ама со трупот(универзумот) тонот(молитвата) ќе резонира подолго и со пофин звук. сите тежнееме кон сопствена мелодија , и хармонија во истата . ама не сфаќаме дека сите ние сме жиците од истиот инструмент...
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 25.Септември.2010 во 15:59
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 25.Септември.2010 во 16:08
Kreacijava (Univerzumot, kazhete go kako sakate) e Ednobitie koe ne e nishto drugo tuku kvantna supa, energija koja neprekinato teche vo site pravci spored atrakciite vo prostorot koj go gradi.
Molitvata ne e nishto drugo tuku intencija so koja se vrshi atrakcija na taa energija vo odredena nasoka i so odredena cel.
Nekoi lugje pri toa si pomagaat so vizuelizacija na bog, nekoi na bozhica, drugi na predmet, chovek, sebe, crtezhi, bukvi, na nishto osobeno... istorijata ni pokazhala deka simbolot koj im pomagal na lugjeto da se koncentriaat pri molitvata, iako bil najrazlichen, sekogash bil podednakvo uspeshen. Zatoa nasekade niz svetot postojat hramovi na razni bogovi i bozhenstva. Zarem lugjeto bi odele tolku daleku da gradat stotici od niv i da se odreknuvaat od svojata materijalna blagodet poradi toa, ako tie ne ja vrshele funkcijata za koja bile praveni ?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 26.Септември.2010 во 10:33
не се молам, значи не верувам во ова, значи сум атеист. просто и јасно
------------- Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 26.Септември.2010 во 13:24
vlad0 напиша:
не се молам, значи не верувам во ова, значи сум атеист. просто и јасно
|
а не си ни оптимист ?
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 26.Септември.2010 во 17:46
I ateistite se molat, no toa ne go gledaat i ne go razbiraat kako militva.
Interesen moment e koga Isus im veli na apostolite deka negoviot Otac kje im dade onoa za shto kje pomolat od Nego. Apostolive vednash go prashale "a kako da se molime?", nebare toa e nekoja specijalna formula shto ako ne e kazhana bukvalno, zbor do zbor, nema da funkcionira...
I Isus, gledajki deka ovie s'e ushte ne ja razbiraat poentata na negovoto uchenje im dal primer so "Oche nash koj si na nebesata...", pa za niv i za site posle niv toa ostana "Oche nash" na site molitvi.
Molitvata mozhe da bide onakva kakva shto chuvstvuva nasheto srce i ne mora da bide "Oche nash"... treba samo da bide iskrena i so ednoznachna intencija.
Kaj ateistite toa e praktikuvano, na primer, na nachin kako shto e objasneto vo knigata "Tajna"(Secret).
Znachi formata ne e tolku bitna kolku shto e bitna intencijata oti molitvata ne e nishtio drugo tuku intencija so koja se usmeruva energijata vo Kreacijata.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|