Исхрана кај деловните луѓе
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15171
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 11:13 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Исхрана кај деловните луѓе
Постирано од: La Ninja
Наслов: Исхрана кај деловните луѓе
Датум на внесување: 21.Август.2008 во 17:38
Сигурно 100 пати сте се фатиле како доручкувате во 12 на канцелариска маса пред компјутер уз работа.... Или пак сте прескокнале доручек ...
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Коментари:
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 21.Август.2008 во 17:39
Исхрана кај деловни луге
Кај многумина вкоренет е ставот дека деловните луѓе лошо се хранат,
т.е. неквалитено. Постојано слушаме дека за таквата состојба не се
виновни тие самите, туку дека работниот ден не може да се организира
поинаку, освен на штета на работата. Притоа се наметнува заклучокот
дека повредни и покорисни се оние кои за време на работниот ден не
трошат време за јадење. Дури и ако на работната маса забележиме
чоколада, јогурт или овошје подготвени сме да забележиме деке на тој
вработен најважно му е постојано нешто да грицка и јаде.
Доколку и машината остане без потребната енергија, таа ќе престане со
работа, а повеќето од нас упорно го принудуваат организмот на
беспрекорна и креативна работа, без право на внесување енергија и
релаксација. По долгиот и напрен работен ден, најчесто сме премногу
изморени за да јадеме, или пак јадеме со часови без мерка и чувство што
јадеме.
На животниот век не влијае само колку храна конзумираме, туку што
јадеме - сметаат британските научници, кои истражуваат како квалитетот,
а не квантитетот на внесните калории влијае на долговечноста.
Според нивните истражувања се потврдува дека за долговечноста многу
поважно е да се намали внесувањето на протеини или масти, отколку на
шеќери.
Слободно можеме да претпоставиме дека повеќето деловни луѓе имаат лоши
прехранбени навики и како последица од тоа се јавува хроничен замор,
пад на имунолошкиот систем, проблеми со органите за варење,
кардиоваскуларни потешкотии, проблеми со притисокот ...
Деловните луѓе може да си помогнат и да ја организираат исхраната на два начина:
- со еден оброк кој ќе го донесат на работното место,
- со исхрана во блиските ресторани.
Идеално би било да се постигне комбинација од наведениве два модели со
задолжителен појадок пред заминувањето на работа.
Деловните луѓе треба да избегнуваат внесување на јаглехидрати кои
влијаат врз падот на концентрацијата, кои предизвикуваат поспаност или
го поттикнуваат апетитот. Такви се белиот шеќер, пивото, белиот леб,
кексите.
Предност треба да им се даде на производите кои даваат квалитетна
енергија без преголеми осцилации на гликозата во крвта. Тука спаѓаат
зелениот зеленчук, легуминозите, свежото овошје, сојата, лебот и
печивата од цели зрна.
Тајната на квалитетната исхрана е во доброто планирање.
За ручек може да конзумирате:
- тестенини со сос од домати
- ориз со мешан зеленчук
- пилешко месо
- соја и салати
- млечни производи од обрано млеко со печиво од цели зрна.
На ова може да додадете и јадења од месо, печурки, јајца и сирење.
Конзумирањето на течности во текот на целиот ден е подеднакво важно
како и јадењето. Затоа пиењето вода, сокови или чај е мошне значајно.
Јадењето во ресторан најчесто е поврзано се една чаша вино, кое
закрепнува и опушта. Виното изобилува со минерали и антиоксиданси, па
затоа малите количини за време на ручекот се добродојдени за организмот.
Се разбира, треба да се избегнуваат жестоките пијалоци, како и големите
количини на пиво или вино. Добро е да се избегнуваат и мрсни јадења за
чие варење се потребни неколку часа.
Вложувањето во секојдневната лична исхрана е влог во подобри работни
резултати, поубав изглед и добро расположение. Исхраната кај деловните
луѓе е во директна врска со нивните работни резултати.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: la fille
Датум на внесување: 21.Август.2008 во 21:45
blueprayer напиша:
Сигурно 100 пати сте се фатиле како доручкувате во 12 на канцелариска маса пред компјутер уз работа.... Или пак сте прескокнале доручек ...
|
hmm...ova mi zvuci mnogu poznato...Doruckuvam vo 1 popladne...ama zatoa od sabajle se trujam so kafinja...Kolku li e nezdrav takviot nacin na ishrana...
------------- Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 21.Август.2008 во 21:56
Еден совет од мене-пиј сок од цеден цитрон после кафето
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: la fille
Датум на внесување: 21.Август.2008 во 22:04
Hmmm...Aj ke probam koga ke se vratam na rabota...Samo sto ke treba od doma da si cedam
------------- Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 21.Август.2008 во 22:11
Јас на работа си имам цедалче... Ако не исцеди од сабајле во шишенце и само една лажица вода достај....ништо повеке и ништо друго
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 06.Јуни.2010 во 00:30
La Ninja напиша:
Сигурно 100 пати сте се фатиле како доручкувате во 12 на канцелариска маса пред компјутер уз работа.... Или пак сте прескокнале доручек ...
|
Ne jadam pred kompjuter mi se polni tastaturata so troski.....
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 06.Јуни.2010 во 10:55
Постирано од: 10101
Датум на внесување: 07.Јуни.2010 во 10:28
Ako ima laptop malku tesko.... Jas od taa pricina ne jadam pred kompjuter
------------- 98% of the internet population has a signature. If you're part of the 2% that doesn't have a signature, copy and paste this into your sig.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 07.Јуни.2010 во 10:45
Еве еден деловен појадок без трошки....
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 07.Јуни.2010 во 10:47
А може и ова
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 07.Јуни.2010 во 10:51
top dorucek
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|