Испечати | Затвори го прозорот

Дали треба превозот до училиштата да е бесплатен?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Образование
Опис на форумот: Улично, основно, средно, високо...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15089
Датум на принтање: 16.Ноември.2024 во 02:21
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Дали треба превозот до училиштата да е бесплатен?
Постирано од: filmakedon
Наслов: Дали треба превозот до училиштата да е бесплатен?
Датум на внесување: 16.Август.2008 во 22:24
Учебната 2008/09 е задолжителна и во основното и во средното образование, бидејќи нашата влада со своите нови реформиво образованието сакаше да не приближи до Европските и светски стандарди, па тогаш зошто и превозот да не ни го направат бесплатен, зошто некои родители навистина немаат никакви средства да ги испратат своите деца на училиште.
Дали, доколку владата не донесе некое решение во наредниве 10-15 дена, потребно е да се блокира наставата и да се излезе на протест или пак треба да си ќутиме?



Коментари:
Постирано од: IQ
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 02:59
mislam deke E besplaten za nekoi uchenici koi ziveat podaleku od uchilishteto, zaboraviv kolkava treba da bide odalechenosta na uchilishteto od domot za da sleduva besplaten prevoz, mislam 3 km deka beshe ama ne sum sigurna.

-------------
http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/


Постирано од: oroz
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 03:47
ZNAEJKI DEKA RODITELTE SEGA SAMI SI GI NOSAT DECATA NA UCILISTE SAKAM DA USPEE,AMA VREMETO KE POKAZE


Постирано од: filmakedon
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 03:57
Има уште 13 дена за да се реши тоа инаку би требало да излеземе ан протест!


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 07:54
..za site novini povrzani so obrazovanie, koi gi donesuva ministerstvoto mozesh da gi procitash tokmu vo temata Ministerstvo za obrazovanie... zatoa i e otvorena. Inaku ke ima besplaten prevoz... no kolku e toa ispravno ili ne... 


Постирано од: neo_wmaster
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 10:24
Ke ima besplaten prevoz, no samo za tie sto se ke bidat prva godina. Inaku koga e zadolzitelno, najlogicno e da bide besplaten za site. Pozdrav


Постирано од: marija-92
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 11:55
ako bide onda super za nas srednoskolcite


Постирано од: neo_wmaster
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 14:06
Originally posted by marija-92 marija-92 напиша:

ako bide onda super za nas srednoskolcite

Abe ako sega si prva ke ima besplaten prevoz za tebe, a ako ne togas ke si go plakas prevozot. Pozdrav


Постирано од: filmakedon
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 15:16
A zosto nie sto zapisuvame 2, 3 i 4 godina da go plakjame prevozot? Zosto zamo tie sto se prva da bidat postedeni od toa? Luge imame pravna osnova da protestirame za ova! Srednoto ni e zadolzitelno, a koga e zadolzitelno treba prevozot da bide besplaten, besplatni ucebnici i da ne se plakja participacija!


Постирано од: IQ
Датум на внесување: 18.Август.2008 во 02:28
a ko demek vo osnovno se e besplatno i ucehbnici i prevoz za site i se ima za bez pari a? lugje svestete se kade ziveete...

-------------
http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/


Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 18.Август.2008 во 17:17
јас имав бесплатен превоз до 4то одд,... училиштето го овозможуваше тоа трепкање знам дека пред некое време се донесе некој закон со кој, родителите мора да ги запишуваат учениците во најблиското училиште,... а доколку тоа е оддалечено 3км тогаш превозот го плаќа државата... ако пак се решат детето да го запишат во некое друго училиште ( зборувам за основно намигнување ), а во нивна близина има училиште,... тогаш родителот сам си го плаќа превозот...

кога веќе и средното е задолжително, треба да имаат бесплатен превоз сите ученици, затоа што тука веќе одбираат дали ќе учат гимназиско или стручно... не може заради близина некој да се запише,... на пример во гимназија а сакал стручно среќа




-------------


Постирано од: neo_wmaster
Датум на внесување: 18.Август.2008 во 18:41
Originally posted by BisernA BisernA напиша:

јас имав бесплатен превоз до 4то одд,... училиштето го овозможуваше тоа трепкање знам дека пред некое време се донесе некој закон со кој, родителите мора да ги запишуваат учениците во најблиското училиште,... а доколку тоа е оддалечено 3км тогаш превозот го плаќа државата... ако пак се решат детето да го запишат во некое друго училиште ( зборувам за основно намигнување ), а во нивна близина има училиште,... тогаш родителот сам си го плаќа превозот...кога веќе и средното е задолжително, треба да имаат бесплатен превоз сите ученици, затоа што тука веќе одбираат дали ќе учат гимназиско или стручно... не може заради близина некој да се запише,... на пример во гимназија а сакал стручно среќа

Pa i nie dodeka bevme osnovno, ziveev vo selo i kaj nas imase osmoletka, a decata od sosednite sela doagaa so avtobus, a avtobusot bese platen od MON. Filmakedon dade idea na eden forum da se strajkuva od 28-31 avgust, a ako ne se ispolnat baranjata da ja bojkotirame nastavata. Sto mislite za ideata i dali ke ja poddrzite ideata na Filmakedon da se strajkuva? Pozdrav


Постирано од: Red`Black
Датум на внесување: 19.Август.2008 во 18:53
 treba da bide
 


-------------


Постирано од: SummerLove
Датум на внесување: 19.Август.2008 во 19:55
da treba prevozot da e besplaten a i mislam deka na nekoi mesta e besplaten....

-------------
Bidi Neverna, Da Ti Bide Veren,Vrti Mu Go Grbot Ke Trca Po Tebe.Ne Roni Solzi Kolku I Da Boli ,Bidi Hrabra I Toj Ke Te Moli!!!


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 19.Август.2008 во 22:58
Во Унгарија за сите (домашни и странци) што учат на државни образовни институции, автоматски следуваа Diákigazolvány - вид ученичка легитимација со кои цената на сите видови јавен градски превоз (освен такси)ја преполовуваат, а за железниците во рамките на државата попустот е 65%. И скоро секаде се добиваат различни мали и големи попусти(кино, театар, музеји, галерии, книжарници итн.)само затоа што учиш во државна институција.


Постирано од: IQ
Датум на внесување: 20.Август.2008 во 03:14
i ovde se dobiva popust za nekoi raboti ako si student...samo ne znam kolku studentite se informirani...

-------------
http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/


Постирано од: IQ
Датум на внесување: 20.Август.2008 во 03:16
Originally posted by IQ IQ напиша:

mislam deke E besplaten za nekoi uchenici koi ziveat podaleku od uchilishteto, zaboraviv kolkava treba da bide odalechenosta na uchilishteto od domot za da sleduva besplaten prevoz, mislam 3 km deka beshe ama ne sum sigurna.


da se nadovrzam, i knigi ke ima besplatni za onie koi ne mozat da si gi dozvolat, i besplaten prestoj vo internat ako se zapisat vo drug grad.

-------------
http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/


Постирано од: neo_wmaster
Датум на внесување: 20.Август.2008 во 12:35
Originally posted by IQ IQ напиша:

Originally posted by IQ IQ напиша:

mislam deke E besplaten za nekoi uchenici koi ziveat podaleku od uchilishteto, zaboraviv kolkava treba da bide odalechenosta na uchilishteto od domot za da sleduva besplaten prevoz, mislam 3 km deka beshe ama ne sum sigurna.


da se nadovrzam, i knigi ke ima besplatni za onie koi ne mozat da si gi dozvolat, i besplaten prestoj vo internat ako se zapisat vo drug grad.

Ама книгите нема да бидат за нас, туку за тие што ке бидат прва година сега, но книги од наредната година, зошто оваа година треба владата да се изрекламира по телевизиите па не и остануваат пари.
И колку што слушнав ке нема бесплатен превоз за никој од оваа година, туку од наредната ке биде. Поздрав


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 20.Август.2008 во 15:36
Originally posted by IQ IQ напиша:

i ovde se dobiva popust za nekoi raboti ako si student...samo ne znam kolku studentite se informirani...

Јас не сум информира. Кои попусти ги имаат студентите во Македонија? (не зборувам за ЕУРО картички кои накнадно мора да се вадат)


Постирано од: IQ
Датум на внесување: 20.Август.2008 во 22:56
so pokazavanje na indeks imalo popust za teatar, balet i sl. ne so kartichka, taka kazuvashe edna profesorka, lichno ne sum odela so indeks na teatar

-------------
http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/


Постирано од: mileg
Датум на внесување: 23.Август.2008 во 12:21
Па треба да е бесплатен


Постирано од: cobebobo1
Датум на внесување: 23.Август.2008 во 14:40
Koj ke gi placa troskovite za toj prevoz, koga znaeme deka obrazovanieto ni e vo razvoj. Se sl*gam da bide besplatno.


Постирано од: mileg
Датум на внесување: 05.Септември.2008 во 00:59
На сите средношколци кои уплатиле партиципација во јавните средни училишта за 2008/2009 година и на учениците во прва година кои платиле партиципација за сместување во ученичките домови средствата ќе им бидат вратени, согласно одлуката на Министерството за образование и наука да ги покрие трошоците.

Учениците запишани во прва година средно училиште ќе добијат и бесплатен автобуски превоз. Тоа право ќе го остварат ако живеат подалеку од 2,5 километри и со потврда од јавните средни училишта каде што се запишани како редовни ученици.

До 15 септември учениците со потврдите ќе можат да го користат јавниот превоз во цела држава, а во меѓувреме училиштата ќе ги достават списоците до Министерството за образование и наука за тоа да ги покрие трошоците за билети кај јавните транспортни претпријатија.

Целата процедура се очекува да заврши до 20 септември. Учениците ќе ги добијат билетите во училиштата и тие ќе важат девет месеци.

- За задолжително средно образование се предвидени околу 300 милиони денари, кои се доволни за имплементација на проектот, рече министерот за образование и наука Перо Стојановски на денешната прес-конференција. Дополнителни 250 милиони денари се обезбедени за бесплатни учебници за ученици чии семејства примаат социјална помош.

Министерот Стојановски соопшти дека по вториот уписен рок во државните средни училишта дополнително се запишале уште 1.970, односно вкупно 25.022 ученика. Опфатноста на осмоодделенци кои се запишале во средно образование засега е 92,8 проценти и е поголема од минатата година кога била 90,2 отсто.

Задутре ќе се решава проблемот со паралелките во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ и ќе биде донесена одлука во кое училиште во Скопје тие ќе бидат дисперзирани.

- Проблемот со „Панче Караѓозов“ настана тогаш кога не беше испочитувана одлуката на Советот на Град Скопје дека нема просторни услови за реализација на настава и за отворање поголем број паралелки од предвидените со првиот Конк*рс. Родителите и учениците беа доведени во заблуда со тоа што излегоа неколку конк*рси. За доброто на учениците се одлучивме за дополнителни паралелки, за да им се обезбеди соодветен простор, рече Стојановски.

Најдено е решение и за бојкотот на учениците Албанци во средното училиште „Перо Наков“ во Куманово кои ги бараат ветените училници-контејнери во касарната „Карпош“. На располагање се контејнерите употребени во ОУ „Јан Амос Коменски“, а во касарната ќе течат градежните работи за да се обезбеди сместувачки капацитет.

Во основните училишта проблем е доцнењето на учебниците за шесто одделение и за веронаука. Причините за доцнењето на учебниците за шесто дополнително ќе бидат утврдени и до крајот на септември се очекува тие да бидат отпечатени.

Од 93 отсто обработени анкетни листови, околу 12.000 петтоодделенци избрале веронаука, а околу 7.000 историја на религиите. Од идната недела ќе се знае точниот број и врз основа на тоа училиштата ќе добијат согласност за вработување кадар за соодветната настава.

Министерот најави увид во училиштата со кој ќе се утврди каде има потреба за трансформирање на работниот однос на наставниот кадар од определено на неопределено време, зашто е голем бројот на наставници кои со години работат без стаж, а нивниот ангажман неретко зависи од волјата на директорите.

- Училиштата се должни до Министерството да достават барање за трансформација на работниот однос. Но, за жал тоа некои директори не сакаат да го направат зашто вработените на определено им се добра алатка за постигнување цели во рамки на Наставничкиот совет, Училишниот одбор или Советот на родители.

Некако ја загубивме комуникацијата централно ниво и локално ниво и сакаме неа повторно да ја воспоставиме за да добиеме реална слика што се случува во училиштата, рече Стојановски.

Иницијативата е поттикната и поради тоа што Министерството за образование и наука секоја година се соочува со побарување средства и со извршни решенија од судски спорови поради тоа што директорите често не го почитувале Законот за работни односи.

Во врска со високото образование, на првиот уписен рок на државните универзитети аплицирале околу 15.000 кандидати. Министерот не го коментираше слабиот одѕив на новоотворените дисперзирани студии, каде што има случаи и на само еден пријавен.

- Интересот за дисперзираните студии не можеме да го гледаме генерално, туку парцијално зашто за некои студии имаше голем интерес, на пример во Струмица, каде што имаше интерес за сите факултети. Не можеме да изведеме заклучок по завршување на првиот уписен рок, зашто ни претстојат уште два уписни рока - на 15 и 16 септември и на 6 октомври. Исто така, се очекуваат и резултатите од второто полагање државна матура, рече Стојановски.




Извор: МИА

   
      



Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 07:48
....Borba za sproveduvanje zakon,  pokazuvanje mok, ili megupartiski previranja...Ima li politika vo bojkotiranjeto, odnosno, ne sproveduvanjeto na odlukite na vladata...
Школите да ги вратат парите за партиципација

Министерството за образование и наука ги известува родителите, чии деца учат во средните училишта, дека од оваа учебна 2008/2009 година не треба да плаќаат партиципација во училиштата. Родителите што веќе платите, треба да побараат училиштето да им ги врати парите.
Доколку продолжувањето на школувањето на учениците биде условено со плаќање на партиципација, родителите можат да го пријават случајот во Државниот просветен инспекторат при Министерството за образование и наука на следниот телефонски број (02) 3106 527.
... Znae li ministerot Stojanovski deka vo ucilishtata osven pred Ucilishniote odbori nikade ne se dava finansov izveshtaj za raspredelba na sredstvata sobrani po osnov na participacii, provizii od eksk*rzii, spisanija, uzinki. Vo vremeto na socijalizmot, postoeja Sobiri na rabotni luge, pa direktorite MORAA zavrshnata smetka da ja citaat javno, pa sekoj ke si cueshe deka "neshto mu kupile" pa ako ne odgovarashe cenata ke se pobuneshe, odnosno se vodeshe stroga kontrola na nabavenite nadgledni sredstva. Sega odlucuvaat 3 roditeli, 3 nastavnici/profesori i 3 opshtinsko-ministerski prestavnici site izbrani po partisko-direktorski kluc. Provizi ima, ama nikoj ne znae kade se troshat. I ko shto velat vrabotenite, dodusha se gleda od oko, malku  podobreniot moden trend  i privatniot vozen park na direktorite, a neshto se zabelezuva i kaj sekretarite, ama vo pomala, poskromna merka.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 02.Октомври.2008 во 14:00
... i ete ti dokaz deka ne vazi sekogash ona narodnata... Dogovor kukja gradi...
eve shto informira Vreme...

ДЕЛ ОД ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ НЕ ПРИЗНАВААТ ПОТВРДИ
Средношколците во автобус само ако платат Учениците од скопските средни училишта се жалат дека дел приватни автобуски превозници не им дозволуваат бесплатно да ги користат нивните услуги и покрај одлуката на Министерството за образование и наука. Тие обвинуваат дека кога на возачите ќе им ја покажат потврдата од училиштето, дел од нив не ги пуштаат да се возат во автобусот. - Чекав автобус за да одам на училиште и наиде приватна 12-ка. Во училиште ни кажаа дека потврдите што ги имаме важат за превоз и во автобусите на ЈСП „Скопје“ и на „Слобода превоз“, па се качив во автобусот. Му ја покажав потврдата на возачот, но тој почна дрско да се однесува, ми викаше пред патниците и ме принуди да слезам од автобусот - изјави средношколка од Скопје. Ваквите обвинувања ги демантираа од „Слобода превоз“ велејќи дека девојчето сигурно сакало да се вози без пари, во период кога не одело на училиште или за време на викенд.


Постирано од: defma
Датум на внесување: 02.Октомври.2008 во 22:13
А зошто да не биде бесплатен превозот за сите ученици.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 10.Декември.2008 во 12:47
... dzabe polemiki...navistina e besplaten... nikoj ne saka da platiголема%20насмевка
КОСТОВСКИ ГО ОБВИНИ МОН
Нема пари за превоз на средношколците Министерството за образование му должи на ЈСП „Скопје“ околу 400.000 евра за превозот на средношколците од прва година, за кои Владата донесе одлука да не плаќаат градски превоз, обвини градоначалникот Трифун Костовски. Комуникација со Министерството има, но, според него, нема решение на проблемот. ЈСП било во загуба од проектот бидејќи се намалил бројот на слободните карти, од каде што стасувале пари за платата на вработените. - Претпријатието нема добиено ниту денар од МОН. Ја повикуваме Владата и Министерството да ги почитуваат своите обврски, најпрво пред учениците, а потоа и пред ЈСП - рече градоначалникот. Од Министерството велат дека до крајот на годинава ќе ги префрлат сретствата што ги должат, откако ќе биде потпишан договор со превозниците.



Постирано од: kocko
Датум на внесување: 10.Декември.2008 во 13:39
jasno deka treba! samo , tuka, taa pogodnost najmnogu ke ja iskoristuvaat tie na koisto voopsto ne im e potrebna! kako i sekogas vo "najubavata " zemja na svetot!смеење


Постирано од: Паланчански
Датум на внесување: 10.Декември.2008 во 13:46
Кај нас учениците од основно се возат со такси. Се разбира, оние од поодалечените места. Само мораат да чекаат да завршат сите часови...

-------------
Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.


Постирано од: nelson
Датум на внесување: 10.Декември.2008 во 18:31
da


-------------
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!


Постирано од: defma
Датум на внесување: 10.Декември.2008 во 19:25
Треба ако навистина е потребно да се користи, а не оправдувам кога некој (особено за основни училишта)наместо во училиштето кое Ви е поблиско до местото на живеење, детето се запишува во некое поодалечено училиште зошто таму работи некој роднина или сл.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 10.Декември.2008 во 19:40
... za da se donese odreden zakon..mora da se sprovede... da se pociuvaat zakonskite obvrski... vaka... se e prazni zborovi... sega da ne pocnat da gi simnuvaat decata...bidejki i JSP moze da se 'vadi" na nepotpishanite dogovori...ko shto se vadi vladata za plakjanjeto...


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 09.Јануари.2009 во 23:30
Neka e predizboren marketing...sepak e dobra vest...
Учениците од најсиромашните општини ќе добијат современ превоз
Владата и Министерството за образование, денеска во рамките на проектот "30 автобуси за превоз на ученици", ќе ги доделат првите 10 мини - автобуси наменети на петнаесетте најсиромашни општини во Македонија.

Први кои ќе го користат бенефитот од Владата се општините Зајас, Липково, Желино, Конче, Карбинци, Могила, Новаци, Јегуновце и Чашка.
Еден автобус за превоз на ученици ќе добие и градот Скопје, кој ќе биде наменет исклучиво за лицата со посебни потреби.

Набавката на автобусите, произлегува од заложбата на Владата за надминување на проблемот со превозот на учениците кои патуваат неколку километри до училиштата, како и дел од модернизацијата на образовниот процес во Македонија. Овој владин проект е дел од предизборната програма "Преродба во 100 чекори".

Наскоро соопштуваат од Министерството за образование ќе следи набавка и на преостанатите 20 мини-автобуси.




Постирано од: bobi_93
Датум на внесување: 10.Јануари.2009 во 18:03
bravo za Gruevski


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 10.Јануари.2009 во 20:11
Idejata so minibusite e fantasticna. Iskreno ova e edna akcija koja zasluzuva  golema pofalba. Decata ne cekaat nekoj da gi prefrli do uscilishte, ne molat boga da ne se rasipat vremenskite uslovi... znaat deka vo odredeno vreme nivniot prevoz stasuva.
Nema da me zacudi ako nekoj den zabelezam minibusovi so natpisot ucilishten avtobus i niz Skopje koj kje gi prenesuva decata so posebni potrebi do nivnite ucilishta. Tuka mislam na decata so oshteten sluh i govor cii roditeli mora sekoj den da gi nosat vo ucilishte, da cekaat da zavrshat casovite i da gi vratat doma. Mnogu od niv preseduvaat vo ucilishnite hodnici bidejki decata pokraj ova oshtettuvanje imaat i odredenen psihovizicki zastoj. Ubavo bi bilo koga eden takov minibus bi bil daden i za decata so oshteten vid da gi nosi i raznesuva shtitenicite na domot do mestata kade shto obavuvaat praksa ili pak decata od Skopje do nivnite domovi. Naizgled mal problem a vo realnosta mnogu tezok za ovie roditeli.



Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 15.Јануари.2009 во 19:32
DA


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 23.Јануари.2009 во 13:35
..Ova treba da se odbelezi...alal vera...da sluzat kako primer na onie koi se zalat...kukaat...a so kola gji nosat do shkolski dvor...prezemeno od Nova Makedonija...alal vera za napisot...
Секој ден дваесет километри пеш до училиште и назад
Само јас знам како одев до училиштето кога целиов рид беше покриен со снег. Патот замрзнат, температурата далеку под нулата, а јас сам, итам за да не задоцнам на првиот час. Сега сум пресреќен што снегот се стопи, и не ми е важно што одам пеш, единствено важно ми е што одам на училиште, вели Јусуф Џеладини, ученик во прва година во средното гимназиско училиште „Гостивар“, во селото Неготино, кој е принуден секој ден пеш да минува цели 20 километри за да стаса до најблиското училиште и назад. Но, тој не е сам, друштво му прави и неговиот школски другар Блерим. Домовите им се во Ѓурѓевиште, село што се наоѓа на рид, на околу 900 метри надморска височина. По­некогаш се случува овие деца до училиште да ги однесат нивни соселани со автомобил. За нив, како и за учениците од околните села во општината Врапчиште, сè уште нема бесплатен превоз кој го ветуваше државата, иако веќе минува и второто полугодие од учебната година.

- Овде има диви свињи, волци и кучиња скитници. Страв ни е да не нè нападнат, оти веќе еднаш бевме принудени да се бориме со кучиња. Беше темно, а ние се враќавме пеш кон дома. Едвај к*ртуливме - раскажуваат другарите.

Професорите ги толерираат ако задоцнат на училиште зашто знаат дека им треба долго време додека стасаат. Шпенди Небиу, нивниот класен раководител кој предава англиски јазик вели дека првото полугодие го завршиле со чиста петка. Во тоа се уверивме и ние, во дневникот имаат петки по сите предмети.

- Тие двајца се едни од најдобрите ученици во мојот клас. Амбициозни се, сакаат да знаат. Понекогаш се случува и да останат откако часот ќе заврши за да научат повеќе. За разлика од останатите ученици, Блерим и Јусуф се единствените што немаат ниту еден изостанок во дневникот - вели професорот Небиу.
Бевме и во домот на Јусуф. Во неговото семејство работи само мајка му.

- Жал ми е што сега кога е ладно, мора пеш да оди на училиште, но сакам да го школувам детето. Штета е што постојано се дискутира за некаков бесплатен превоз, а сè уште нема ништо од тоа - вели мајката Мендухие Џеладини.

Во општината Врапчиште, има околу 400 ученици во прва година, на кои според измените во Законот за средно образование, треба да им следува бесплатен организиран превоз од домот до училиштето. Според последните најави од Владата, автобуси за превоз на ученици, сите општини ќе добијат дури по три месеци, непосредно пред крајот на учебната година. Дотогаш, овие деца, заедно со многу други во источна Македонија ќе мораат да стопираат



Постирано од: Паланчански
Датум на внесување: 29.Јануари.2009 во 12:17
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Neka e predizboren marketing...sepak e dobra vest...<span ="WB_VECER_Naslov" id="ArticleTitle">Учениците од најсиромашните општини ќе добијат современ превоз</span>Владата и Министерството за образование, денеска во рамките на
проектот "30 автобуси за превоз на ученици", ќе ги доделат првите 10
мини - автобуси наменети на петнаесетте најсиромашни општини во
Македонија.

Први кои ќе го користат бенефитот од Владата се општините Зајас,
Липково, Желино, Конче, Карбинци, Могила, Новаци, Јегуновце и Чашка.Еден автобус за превоз на ученици ќе добие и градот Скопје, кој ќе биде наменет исклучиво за лицата со посебни потреби.


Набавката на автобусите, произлегува од заложбата на Владата за
надминување на проблемот со превозот на учениците кои патуваат неколку
километри до училиштата, како и дел од модернизацијата на образовниот
процес во Македонија. Овој владин проект е дел од предизборната
програма "Преродба во 100 чекори".


Наскоро соопштуваат од Министерството за образование ќе следи набавка и на преостанатите 20 мини-автобуси.



А дали владата ќе додели и патишта за тие минибуси???
Кај нас и да дадат минибус, половина зима не ќе може да се користи.

-------------
Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.


Постирано од: brza
Датум на внесување: 29.Јануари.2009 во 15:37
kako i sekogash ,...idejata ":pali",...ama ,realizacijata ,...teshko,...i da zapali, toa ke bide samo vo pochetokot,....posle,...ke si gi koristat avtobuschinjata ,..za lichni raboti,...na ...opshta smetka!

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 29.Јануари.2009 во 16:37
да


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 07.Февруари.2009 во 23:47
Koj laze? Koj ja zboruva vistinata?
Каде се парите за бесплатниот превоз?




Ако во некои општини не се исплатени парите за превоз на учениците од прва година, за тоа не е виновно Министерството за образование и наука (МОН), со оглед на тоа дека парите им се дадени на општините, рече вчера министерот Перо Стојановски. Тој ги задолжил просветните инспектори деновиве да извршат увид во сите училишта во земјава и да видат кои ученици не го користат бесплатниот превоз што е предвиден во Законот за средно образование. Од друга страна, пак, во некои општини тврдат дека во блок-дотациите што ги добиле од Мминистерството не биле предвидени пари за исплата на автопревозниците.

- Блок-дотациите што ги добивме се за тековно одржување на училиштата. Ни беше сугерирано овие пари да ги искористиме за превоз, а за тековно одржување ќе сме добиеле со ребалансот на буџетот. Ова нема да го направиме оти немаме писмена наредба од МОН за такво нешто - вели Енвер Беќири од секторот за образование во општината Тетово.

Пари за превоз не биле предвидени ниту во блок-дотациите за општината Струмица.

- Автопревозниците реагираат зошто нема пари, а од друга страна има деца на социјални случаи што превоз во еден правец до училиште ги чини и по 200 денари. Некои превозници им наплаќаат, други не. Има родители што си ги бараат назад парите што ги давале за превоз уште од септември - вели Соња Чурлинова, раководителка на секторот за образование во општината.



Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 07.Февруари.2009 во 23:55
повторно супер идеја,ама кога ќе стигне до реализација....
во ствари,кога ќе размислам подобро,се што народот е должен на државата ќе биде наплатено со големи камати па макар и со сила
а се што што државата должи на народот нема да биде никогаш наплатено,нити со арно а ни со сила


-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 05.Мај.2009 во 13:39
Покрај бесплатните учебници и бесплатниот превоз уште една новина
Социјална помош за редовните ученици




Од септември ќе се воведе нов финансиски додаток за децата од домаќинствата што користат социјална помош, кои редовно посетуваат настава, најави вчера министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами.
Тој тоа го соопшти на собраниската седница посветена на пратенички прашања, одговарајќи на една пратеничка.
Министерството ќе доделува и посебен додаток за редовно вршење на потребните медицински прегледи за децата од таквите семејства по раѓањето и по нивната редовна вакцинација, обелодени министерот Бајрами.
Пратеничката Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ упати прашање до министерот за тоа кога ќе почне доделувањето парични средства од трансферите наменети за корисниците на социјална помош. Бајрами одговори дека во Министерството се подготвува воведување посебна програма за парични трансфери, која е во рамките на посебен проект на Светска банка. Програмата ќе стартува во септември, а ќе трае до крајот на 2013 година.
Целта на овие програми, додаде тој, е да се придонесе кон намалување на сиромаштијата и тоа преку помош на децата од најзагрозените семејства.





-------------


Постирано од: irenka_princess
Датум на внесување: 05.Мај.2009 во 15:24
Па треба да биде бесплатен бидејки има ученици што живеат подалеку а немаат доволно средства за да стигнат до училиштето. НО СЕПАК НЕ И ЗА СИТЕ ОД КРЕВЕТ ДО КЛУПА    


Постирано од: elektro
Датум на внесување: 12.Мај.2009 во 22:29
taka e ama mora nesto da se napravi do pred 1 godina zborea taka i za ucebnicite ke bidat za sekoj uceenik bespari i koga dojde red da se zimat knigi bea za tie sto se socijalen slucaj ali pak ok niv im treba povekje pomos

-------------
>< POLICE LINE DO NOT CROSS ><
Полиција =D


Постирано од: becenevem
Датум на внесување: 14.Мај.2009 во 20:04
Da, ama treba i da polagaat tie sto ke gi vozat decata. Ne ednas imam videno poveke pati kako vozat. Pominuvaat na raskrsnica kade nemat predinstvo bez da namalat. Koga go vidov edvaj se zadrzav da ne otidam po nego i za vrat da go fatam....


Постирано од: abnormalen
Датум на внесување: 14.Мај.2009 во 20:57
nema vrska toa! mozebi mu bil cist vidikot na soferot, pa nemalo potreba da zastane.a i stvarno e glupo da zastanes , ako gledas deka nema nikoj ni levo ni desno .


Постирано од: ato
Датум на внесување: 15.Мај.2009 во 12:06
Ako jas moeto dete go zapisam i saka da uci vo Ohrid, dali ke mu palatat prevoz i smestaj.
Togas na site im preporacuvam da gi zapisat svoite deca vo drugi gradovi.
HA HA HA.
Ama ubava ideja


Постирано од: brza
Датум на внесување: 15.Мај.2009 во 12:18
"genijalna" e ,..nema zbor okolu toa!намигнување

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 02.Јули.2009 во 06:21
Никој повеке не зборува за потребата, сега веке се зборува за формите на организација на превозот на учениците.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=58AEC7BD2ADDD84BB0FDFDF0BE45E2B2 - Нови бесплатни слободни билети за средношколците


-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 22.Јули.2009 во 09:49
И додека ние да ги воведеме  и бесплатниот превоз и бесплатните учебници другите веке почнаа да ги укинуваат. Барем за средношколците, освен за оние со потешка материјална состојба.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0C076FD4276D3F4A8CF547A210A9390A - Хрватска ги укина бесплатните учебници за средношколците


-------------


Постирано од: becenevem
Датум на внесување: 22.Јули.2009 во 14:10
nemora da e besplaten..
tarifata neka bide 10 denari mesecno..


Постирано од: Ален
Датум на внесување: 28.Јули.2009 во 16:00
Кај нас само за 1 година средно е бесплатен..


Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 30.Јули.2009 во 10:45
Prevozot veke e besplaten,za osnovnite a sega ke bide besplaten i za srednite ucilista............

-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk