МОЛИТВА ЗА НАШИТЕ ПОКОЈНИ
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: право на избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15041
Датум на принтање: 30.Ноември.2024 во 20:07 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: МОЛИТВА ЗА НАШИТЕ ПОКОЈНИ
Постирано од: moon8
Наслов: МОЛИТВА ЗА НАШИТЕ ПОКОЈНИ
Датум на внесување: 14.Август.2008 во 02:47
Помилуј го, ако по немоќта на грешната прироДа се отклонил од Твоите патишта и блудел по стрмината на порокот, вовлечен од соблазните на светот. Искупи ги со Твојата крв неговите заблуди и слабости, не споменувај ги гревовите, заборави му ги беззаконијата, награди му ги добродетелите, не оставај ја без возврат ни најмалата усилба да Ти благоугоди. Врачунај му ги, место дела, неговите добри намери през животот, згасни му ја жедта за соединување со Тебе, засити му ја гладта за Твојата правда од плодовите на Твојот дом. Збогати му ја неговата беда од сокровиштата на твоите заслуги. Покриј му ја голотијата со облеката на Твоето оправдание. Овенчај ја неговата желба да се насладува со гледањето на Твоето лице и воведи го во Твоето вечно царство.
|
Коментари:
Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 14.Август.2008 во 04:01
Мислам дека молитвите за покојниците нема да бидат услишани од Бога. Без разлика дали некој праведен се моли за нивно спасение. Исус го прифаќа гревот на оној кој ги признал своите гревови, се покајал за истите, Го примил Исус за свој Господ и Го признал за свој Спасител и ако живеел според Неговата волја. Ако таквиот човек и умре- тој сепак ќе живее. Но ако некој човек лично не го стори ова, без разлика колку и да се молиме за него- мислам дека ни е џабе. Ако беше поинаку доста е само еден да има верник кој ќе се моли за сите нас и ние сите би биле спасени. Ако е точно дека нашите молитви за покојните кои живееле грешно бидуваат услишени, тогаш не би требало да не зачуди и Хитлер да го видиме во рајот, зашто некој би можел и за него да се помоли.
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 14.Август.2008 во 14:35
AlDra напиша:
Мислам дека молитвите за покојниците нема да бидат услишани од Бога. Без разлика дали некој праведен се моли за нивно спасение. Исус го прифаќа гревот на оној кој ги признал своите гревови, се покајал за истите, Го примил Исус за свој Господ и Го признал за свој Спасител и ако живеел според Неговата волја. Ако таквиот човек и умре- тој сепак ќе живее. Но ако некој човек лично не го стори ова, без разлика колку и да се молиме за него- мислам дека ни е џабе. Ако беше поинаку доста е само еден да има верник кој ќе се моли за сите нас и ние сите би биле спасени. Ако е точно дека нашите молитви за покојните кои живееле грешно бидуваат услишени, тогаш не би требало да не зачуди и Хитлер да го видиме во рајот, зашто некој би можел и за него да се помоли. |
Па ако е така како тоагаш ние можеме да бараме некој друг да се моли за нас живите како да бараме од мајката Божја да се застапува за нас пред престолот на севишниот или пак било кој други светители
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 14.Август.2008 во 15:39
Баш така Чаир! Те молам погледни ја дискусијата и мојот став од темата ,,Силата на светците’’ како не би отишле и овде надвор од темата.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 14.Август.2008 во 23:05
moon8 напиша:
Помилуј го, ако по немоќта на грешната прироДа се отклонил од Твоите патишта и блудел по стрмината на порокот, вовлечен од соблазните на светот. Искупи ги со Твојата крв неговите заблуди и слабости, не споменувај ги гревовите, заборави му ги беззаконијата, награди му ги добродетелите, не оставај ја без возврат ни најмалата усилба да Ти благоугоди. Врачунај му ги, место дела, неговите добри намери през животот, згасни му ја жедта за соединување со Тебе, засити му ја гладта за Твојата правда од плодовите на Твојот дом. Збогати му ја неговата беда од сокровиштата на твоите заслуги. Покриј му ја голотијата со облеката на Твоето оправдание. Овенчај ја неговата желба да се насладува со гледањето на Твоето лице и воведи го во Твоето вечно царство. |
AMIN!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 14.Август.2008 во 23:10
Не само молитви туку дури и крштавки за мртви!
Им советувам на сите што не се крстени и нивните починати не се крстени, да се крстат прво за себе па за починатите, додека има време!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 14.Август.2008 во 23:34
spiros напиша:
Не само молитви туку дури и крштавки за мртви!
Им советувам на сите што не се крстени и нивните починати не се крстени, да се крстат прво за себе па за починатите, додека има време! |
?!?!?!
------------- Do what is right, come what may...
|
Постирано од: Templarius
Датум на внесување: 14.Август.2008 во 23:44
spiros напиша:
Не само молитви туку дури и крштавки за мртви!
Им советувам на сите што не се крстени и нивните починати не се крстени, да се крстат прво за себе па за починатите, додека има време! |
Aj te molam objasni sto pisuvas zasto stvarno ne mi e jasno sto sakas da kazes - i te molam bez tvojata haiku poezija...
------------- Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
|
Постирано од: gospel
Датум на внесување: 15.Август.2008 во 00:31
spiros напиша:
Не само молитви туку дури и крштавки за мртви!
Им советувам на сите што не се крстени и нивните починати не се крстени, да се крстат прво за себе па за починатите, додека има време! |
A jas im sovetuvam na site koi sto uste ne poveruvale, da si najdat nekoj golem vernik koj sto poveruval vo Isus Hristos, pa toj da se moli za nas, da se krsti za nas i na kraj, toj i da poveruva za nas.
Zarem ne e odlicna idejava? Barem ke bideme sigurni deka ke bideme spaseni.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 15.Август.2008 во 22:46
Од спирос за Алдра и сите кои се против молитвата за милост кон покојните!
Господ се слуша, се гледа, се знае и е многу милостив!
Молитвата за покојните е молитва за Милост кон грешните мртви!
Но таа молитва е истовремено и за “живите„ мртовци, тоа се сите кои сеуште не се потполно разбудени во ДУХОТ на совршената МИЛОСТА БОЖЈА (Христос).
Кога би се родил јас или ти , драг Алдра,или било кој друг во потполно непослушната природа на Хитлер, Садам Хусеин (или слични кои ни се географски многу поблиски од ними) би растеле и развивале во истите услови , би биле подеднакво како ними воспитани, духовно хранети, со скаменето срце кон Љубовта БОЖЈА останати итн. би биле ние мислиш подобри од ними? Засигурно не! Барем јас знам дека моето грешно тело и неговите плодови не се ништо подобри од ничии дуги!
Што ние не сме постанале како ними не е наша заслуга Алдра туку БОЖЈА и затоа треба Нему да му благодариме и да се молиме за сите луѓе наместо да се издигаме над ними!
И навистина е така како што ти саргастички напиша. Цитат од Алдра„„„Ако беше поинаку доста е само еден да има верник кој ќе се моли за сите нас и ние сите би биле спасени. „„„
Да Алдра! И да знаеш дека всушност и има само еден ВИСТИНСКИ ВЕРНИК кој го даде својот Свет Живот како молитва МИРизлива сепаленица пред БОГА ВСЕДРЖАТЕЛОТ, за спасение на сите а посебно на оние кои му веруваат ! Слава и Фала БОГУ!
Хитлер за жал поради својата горда природа ја отфрли отелотворената МИЛОСТ БОЖЈА и го следеше патот на Јуда Искариот ... но не само Хитлер туку и многу многу други пред него и до ден денес го прават тоа.
Затоа да се помолиме на МИЛОСТИВИОТ Господар - Зачувај нас од искушенија и спаси нас и сите луѓе од лукавиот !
Да ги отвориме срцата кон Неговата МИЛОСТ надевајќисе дека и сите други луѓе ќе го сторат истото!
Кога ќе го сториме сите тоа, тогаш веќе нема никој да се противи на МИЛОСТИВИОТ БОГ, Неговата ВОЛЈА и ЦАРСТВО, на милостивите молитви кои му се упатени Нему, нема повеќе да продуцираме најразлични хитлеризми, туку ќе живееме понизно во сеопфатна Радост и Милост ГОСПОДОВА и ќе им се радуваме на таквите молитви. Ќе се радуваме заедно со Ангелите за сите што се обрнале и ќе се обрнат кон ПАТОТ на МИЛОСТА БОЖЈА.
Да им се радуваме на крштевките полни со надеж, кои се правеле во прошлоста и дајбоже ќе се прават во иднина како израз на вера, надеж и љубов!
Дури и за оние крштавки кои се однесуваат на некрстените мртви, за мртвите кои биле попречени од темната сила, спречени да се крстат како ГОСПОД што рекол.
Само со едно вакво отворено и широко срце има надеж за сите луѓе. ХРИСТОВОТО е такво широко срце. Но тоа не им одговараше на книжниците и нивните тесни срца. Да се чуваме од тој квасец!
Само со ХРИСТОВОТО срце и пред се ДУХОТ кој се отелотвори во Него ќе се исполни ВОЛЈАТА БОЖЈА која е: СПАСЕНИЕ ЗА СИТЕ. “ Само така ќе се исполни упатството: Еден (умре) за сите - Сите (да живеат) за еден „ !
Бидејќи навистина и има само еден посредник помеѓу БОГА и човекот а тоа е ДУХОТ БОЖЈИ - ОТЕЦОТ на ЖИВОТОТ - кој во ИСУС ХРИСТОС за спасение на сите се отелотвори. Оваа милостива молитва за покојните му беше упатена баш Нему!
Ние не треба да и се противиме на милостивата молитва како Хитлер што и се противеше на Милоста БОЖЈА и тераше по свое удирајќи се во гради како да е тој и неговиот народ нешто посебно и подобро од другите. Единственото подобро што го имаме ние кои веруваме на ЕВАНГЕЛИЕТО е МИЛОСТА БОЖЈА (ХРИСТОС).
Нека сјае таа МИЛОСТ што секој ум го надминува во нас и од нас кон сите луѓе и целата творба
АМИН
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 16.Август.2008 во 01:52
spiros напиша:
Од спирос за Алдра и сите кои се против молитвата за милост кон покојните!
|
Убаво ја прочитав твојата мини-проповед, но никаде не видов аргумент зошто христијаните би се молеле за покојните.
Во Светото Писмо има стотина молитви и ниедна од нив не е упатена за некој покоен. Ни во стариот, ни во новиот завет. Мислиш дека тоа е случајно?
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 16.Август.2008 во 05:59
,,Ако со својата уста Го признаваш Исус за Господ, и ако во своето срце веруваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе бидеш спасен."(10:9)
,, А на сите што Го прифатија - на оние што поверуваа во Него - им даде право да станат Божји чеда.’’(Јвн. 1:12)
,,Еве, Јас стојам пред вратата и тропам. Ако некој Ме чуе и Ми отвори, Јас ќе влезам во неговиот дом и ќе вечераме заедно, како пријатели.’’(Отк. 3:20)
,,Секој што ќе поверува и ќе се крсти - ќе биде спасен. А секој што ќе одбие да поверува - ќе биде осуден.’’(Мк. 16:16)
Од овие стихови јасно се гледа дека само оној кој ќе поверува ќе биде спасен. Но не и оној за кого се молеле други верници. Верата е индивидуална. Не може некој друг за верува за мене ниту пак јас да верувам за некој друг. Во сето Свето Писмо нема да најдете молитва за умрен човек.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 16.Август.2008 во 08:16
Јас се сложувам со вас а уште појќе со НАЈСВЕТОТО ПИСМО дека најдоброто е секој за време на своето живеење “ додека уште се вика денес„ да дојде до ВИСТИНАТА, да се обрне и да оди по стапките ХРИСТОВИ до крајот на својот живот. Тоа е редот и среќен е секој кој го прави тоа така бидејќи засигурно влегува во РАЈОТ!
Но за сите други да се молиме за МИЛОСТ! ГОСПОД е МИЛОСТ и извор на МИЛОСТА! ГОСПОД е поголем од се! ТОЈ е поголем дури и од сите свети писма на овој свет. Да дури поголем од НАЈСВЕТОТО ПИСМО!
Дали со ова им ги голицам ушите на луѓето и им велам дека сите ќе бидат спасени? Не! Неможам да му кажам некому дека ќе биде спасен ако се противи на МИЛОСТА БОЖЈА која се отелотвори во ИСУС!
За жал неможам да му кажам, но можам да се молам за сите - “живи„ и мртви ш да им биде БОГ милостив.
Јас ве повикувам и вас и сите луѓе да го сторат тоа
АМИН
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: gospel
Датум на внесување: 16.Август.2008 во 10:38
ДЕНЕС КОГА ЌЕ ГО ЧУЕТЕ ГЛАСОТ НЕГОВ, НЕ СТВРДНУВАЈТЕ ГИ СРЦАТА ВАШИ...
(ЕВРЕИТЕ 4:7)
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 16.Август.2008 во 12:14
gospel напиша:
ДЕНЕС КОГА ЌЕ ГО ЧУЕТЕ ГЛАСОТ НЕГОВ, НЕ СТВРДНУВАЈТЕ ГИ СРЦАТА ВАШИ...
(ЕВРЕИТЕ 4:7) |
АМИН!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 12:38
Templarius напиша:
Aj te molam objasni ... te molam bez tvojata haiku poezija... |
Молитвата за упокоените не е ништо лошо како некој што сака тоа да го протолкува! Лошото е што човекот (од Адам па наваму) додека живее поради својата грешна природа не го става БОГА, Неговата ВОЛЈА (отелотворена во Исус), Неговиот Вечен ДУХ, на прво место во животот.
Но кога човекот од срце ќе поверува тогаш тој се обрнува од грешниот пат и никој веќе не може да го спречи да се крсти! Дури и повеќе од тоа! Неговата вера во МИЛОСТА БОЖЈА (Исус) е толку голема, што тој исполнет со Љубов и Милост дури и кон своите неверни блиски кои се починати, се моли и дури местозастапно се крштава!
За ваквата силна вера и пракса ни посведочуваат и писмата на очевидците на отелотворената МИЛОСТ БОЖЈА.
Но таа пракса не би требала нам ДЕНЕС да ни биде причина за да не го сватиме ЕВАНГЕЛИЕТО сериозно и самите (без посредство на друг) да се молиме на БОГА и свесно побараме да бидеме крстени во Името ГОСПОДОВО!
Се надевам дека сега ќе можеш да ме разбереш, а ако не, тогаш испечати го овој текст и оди кај некој кој со цело срце верува и тој ќе може да ти го објасни.
Сега на крајот ќе ми простиш за неколку зборови небесна поезија, која во срцето ми бие и сака да се излие:
БОГ нека е во Вечноста Фален и Славен!
На славејот што го Слави и Фали БОГА
Никој и никогаш не треба да фрла камен!
Фален и Славен ГОСПОД! Алелуја!Елхамдулилах!Самбеле! Халелујах!
во љубов
спирос
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 12:48
spiros, повторно убаво ја прочитав твојата мини-проповед, но никаде, повторно никаде не видов аргумент зошто христијаните би се молеле за покојните.
Во Светото Писмо има стотина молитви и ниедна од нив не е упатена за некој покоен. Ни во стариот, ни во новиот завет. Мислиш дека тоа е случајно?
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 13:21
Ништо не е случајно Евангелос!
Најдоброто е секој доброволно, со потполно отворено срце и со непоколеблива темелна доверба во ЉУБОВТА БОЖЈА да пристапи во МОЛИТВА и КРШТАВАЊЕ кон НЕГО!
За жал како што Исус предскажа, луѓето (широките маси)опседнати со други приоритети не го прават тоа!
Што да правам сега? Да ги судам луѓето?
Јас нема никого да судам и никому да забранам да се моли на БОГА за грешните души. Дури и ИСУС го правеше тоа за живите мртовци!
Јас само можам да го поддржам во молитвите и да му укажам на најдобриот ПАТ како што ИСУС ни го покажа!
поздрав во љубов до сите а посебно до ЧЕДАТА на Љубовта и Мирот БОЖЈИ!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 13:30
Veruvanjeto i religijata e lichna vrska megju chovekot i Boga.
Molitvata e meditivna sostojba vo koja vernikot go ostvaruva svojot kontakt so Kreatorot vo obidot da Go zapoznae sto podobro i da mu blagodari za svoeto postoenje, e ne e alatka za baranje uslugi ili obid za Bozhjo potkupuvanje.
Semokjniot Kreator, onoj koj sozdal se, onoj koj odrzhuva se, onoj koj sudi i presuduva za se i seshto, e onoj koj znae se i e edinstveniot koj mozhe da razbere i odluchi sto da stori sekoj mig na ova postoenje. Koj sme nie da mu objasnuvame Nemu sto da pravi, koj sme nie da se zavzemame za nekoi koi gi zavrshile svoite dela i nedela vo materijalniov svet i sega chekaat na Negoviot sud ?
Pa Kreatorot ne e nekoj nash greshen chovechki zemen sudija, koj ke go prifati mitoto na nashata chest i verba kon Nego, za da ja olesni kaznata ili da ja zgolemi nagradata za nechii tugji postapki.
Ako ponekogash nash*te akti ni izgledaat doblesni, toa ne znachi deka se i korektni. Tie poveke ja reflektiraat sostojbata na nashiot um otkolku visinata na nashata svest.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 13:59
Messenger напиша:
Veruvanjeto i religijata e ... Koj sme nie ... Kreatorot ne e nekoj ...
Ako ponekogash ... |
СОЗДАВАТЕЛОТ е ЉУБОВ и поголем од се дури и поголем од својата совршена правдина!
Додека јас, ти или било кој култивираме ЉУБОВ и МИЛОСТ ние сме засигурно на правиот ПАТ и во Неговиот ДУХ!
Човекот кој се моли за МИЛОСТ почнува да го отвара срцето за истата и доаѓа во предели кои се само за ЧЕДАТА на Милоста и Мирот БОЖЈИ, резервирани.
Кој ќе ги спречи ЧЕДАТА на Њубовта и Мирот БОЖЈИ да го прават тоа? И целиот свет да е проти ними, БОГ е со ними!
Кој може вистински да им наштети на милостивите?
Еден е БОГ кој седумпати повеќе ќе ги награди!
поздрав
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 14:10
spiros, ako priogjash na sekoja tema, vkluchuvajki ja i religijata, so vakvo osakatuvanje kako sto si napravil so mojot komentar, togash ne me chudi zoshto tvoite repliki izgledaat onaka kako sto gi pishuvash.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 14:15
Јас мислам дека ја потврдив твојата реплика!
Небесниот СУДИЈА е толку милостив што никој нема право да се противи на Милоста во секоја нејзина форма па макар да е таа во форма на молитва за покјните.
Каде е проблемот?
Јас не гледам проблем!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 14:58
Кога ја читав молитвата на почетокот, ми излезе пред “очите“ една стара мајка која се моли за својот несовршен син !
Дали имавте и вие вакви или слични доживувања при читањето?
поздрав
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 15:13
spiros, ако не престанеш да читаш такви молитви и џаоли ќе почнат да ти се покажуваат
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 20:46
Кога МИЛОСТА БОЖЈА се отелотвори, баш тие (книжниците) што требаја први да Го препознаат му велеја дека Тој ...!
Да се чуваме од Фаризејскиот квасец!
поздрав
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: melhisedek
Датум на внесување: 24.Август.2008 во 15:53
Постирано од: melhisedek
Датум на внесување: 24.Август.2008 во 19:59
inaku,sto ke pravat onie sto se krstevaat za mrtvite? ako mrtvite voopsto ne voskresnuvaat, zosto se krstevaat za niv???????????????
koritjanite 15-29
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 26.Септември.2008 во 15:24
melhisedek напиша:
inaku,sto ke pravat onie sto se krstevaat za mrtvite? ako mrtvite voopsto ne voskresnuvaat, zosto se krstevaat za niv???????????????
koritjanite 15-29 |
Да!
Денес има милијарди луѓе кои би требале да го направат тоа под хитно, за спасение на нивните неверни предци!
Но за жал баш луѓе кои постојано го читаат ПИСМОТО се попречуваат и (несвесно) така им ја затвараат вратата . . .
Квасецот на книжништвото, на фаризејството е опасна работа!
Човекот ревнувајќи толку моќе да се “зачука“ во писмото, што суштината (ХРИСТОС) да ја промаши.
Христос беше од такви и од гладните за моќ, на крст закован.
Кога пред години ми стана јасно дека моето тело не е ништо подобро од фаризеите и моќниците, тогаш ХРИСТОС ми се доближи најповеќе.
Нека подари Господ очи и срце на сите нас