Едно-две, и оп - промени на уставот
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14851
Датум на принтање: 03.Декември.2024 во 07:10 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Едно-две, и оп - промени на уставот
Постирано од: Паланчански
Наслов: Едно-две, и оп - промени на уставот
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 11:05
Со оглед на фактот дека претседателот го злоупотребува своето право на помилување (Верушевски, Заев..), би требало да се промени уставот, и на претседателот да му се одземат тие права. Не може некој да ги штити тешките криминалци, а заштитен со уставот да не сноси одговорност. Штета што Бранко е над законот, па за овие криминални акти нема да одговара.
------------- Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
|
Коментари:
Постирано од: Zajcef
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 11:15
Па кога веќе никој во оваа држава не одговара-зошто тој да одговара?Јас незнам што толку сите се потресени од аболицијата?Како ова прв пат да се случува Досега требаше да се навикнеме на глупостите од Б.Ц.Кога веќе не сакаме да ја смениме политичката состојба тогаш барем да се навикнеме.Типичен ВМРОвски и СДСМовски синдром една грешка човек да направи одма сите како песови се нафрлаат.
------------- Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 11:46
Zajcef напиша:
Па кога веќе никој во оваа држава не одговара-зошто тој да одговара?Јас незнам што толку сите се потресени од аболицијата?Како ова прв пат да се случува Досега требаше да се навикнеме на глупостите од Б.Ц.Кога веќе не сакаме да ја смениме политичката состојба тогаш барем да се навикнеме.Типичен ВМРОвски и СДСМовски синдром една грешка човек да направи одма сите како песови се нафрлаат. |
Е многу убаво! Браво...
Зошто баш Бранко да одговара, па не смее он да одговара пред закон, за него закон не важи... Него ќе го прогласиме за апсолутен доживотен монарх со единствена функција - аболиција на криминалци... Сите закони ќе ги поништиме, он ќе решава за се... Судовите ќе се укинат, шо ќе ни се... Море и изборите ќе ги укинеме, шо ќе ни се кога си го имаме Бранко... Секој ќе е слободен да си прави во државата што сака, после Бранко одма го аболицира, ама под услов прво да си извади членска книшка од СДСМ, оти мислам дека за останатите граѓани аболицијата нема да важи...
Да се навикнеме викаш?.. Да ги оставиме да не дупчат у здрав мозок... Се извинувам за изразот, ама ова е многу патетичен став... Слободно навикни си се ти на што сакаш, твое право си е... Само кога еднаш веќе ќе се навикнеш на нешто, тешко оди одуката после...
Уставот треба под итно да се промени, во овој дел. Или најстрого да се определат критериумите под кои услови некое лице ќе се аболира или ако веќе сме склони кон злоупотреба на оваа институција, тогаш или нека се укине или барем да се ограничи... Да се најде некое решение, оти вака како што тргнало аболицијата ќе ни стане најпопуларна законска мерка, со оглед на огромниот број криминалци кои ќе застанат во редот за чекање...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Zajcef
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 12:04
Па кога не сакате да се смени тоа-јас долго време викав да се симнат сите тие џукели од власт комплетно сите 120 а вие мене ме обвинувавте за Нихилизам.Кога не сакате да ги смените-навикнетесе на нив!Ама вие сакате да ги симнеме и да одговараат СДСМ а тие сакаат да одговара ВМРО-епа така неможе!Или сите криминалци-или никој!
------------- Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 13:14
Јас лично не ги делам криминалците на припадници на ВМРО или на СДСМ. Криминалец си е криминалец, тоа си е посебна сорта прецизно утврдена со закон, па нека си одговараат сите кои законот ги дефинира како криминалци (на било кој начин) пред судовите и надлежните институции.
Во контекст на темата сакав да кажам дека никако не оправдувам аболиција како оваа на Заев или онаа на Д.Димовска и Цветков, од страна на Б.Трајковски. Од страна на Бранко потегот беше оправдан со враќањето на опозицијата во парламент. Тоа воопшто не е причина од државен интерес (поради фактот што никој не ги избрка од собрание, си заминаа во сопствена режија)... Ниту пак Заев (или Димовска порано) за мене е причина од државен интерес... Глупости... Ако некој тука сака да си игра Бог од теснопартиски или лични причини, не мора и јас да се согласам со тоа или пак да се навикнам на такво нешто...
Впрочем и експертите си го кажаа своето... Недореченоста во Уставот остава голем простор за манипилации со мерката аболиција...
Секако дека тоа треба да се измени, за да не ни се намножат вакви немили ситуации...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Vladimir88
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 18:18
Паланчански напиша:
Со оглед на фактот дека претседателот го злоупотребува своето право на помилување (Верушевски, Заев..), би требало да се промени уставот, и на претседателот да му се одземат тие права. Не може некој да ги штити тешките криминалци, а заштитен со уставот да не сноси одговорност. Штета што Бранко е над законот, па за овие криминални акти нема да одговара. |
Уставот не треба да се промени, треба да се промени човекот што е на власт...
-------------
http://www.youtube.com/watch?v=B9-eAYHooUo -
Linkin Park - Crawling
|
Постирано од: Паланчански
Датум на внесување: 07.Август.2008 во 12:29
Vladimir88 напиша:
Паланчански напиша:
Со оглед на фактот дека претседателот го злоупотребува своето право на помилување (Верушевски, Заев..), би требало да се промени уставот, и на претседателот да му се одземат тие права. Не може некој да ги штити тешките криминалци, а заштитен со уставот да не сноси одговорност. Штета што Бранко е над законот, па за овие криминални акти нема да одговара. |
Уставот не треба да се промени, треба да се промени човекот што е на власт...
|
Ако го промениме човекот што е на власт, ќе дојде друг, кој можеби за осум милиони евра ќе аболира криминалци. Треба да се спречи самата можност за аболиција на криминалци.
------------- Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 07.Август.2008 во 12:48
Да, ако го смениме Црвенковски, ќе дојде по него некој Зеленковски што можеби и ќе е бетер од овој првиот (иако мислам дека бетер од него не може да има)...
Дали да се спречи можноста за аболиција или да се предефинираат критериумите под кој таа ќе се дава, нека кажат експертите, тие се најповикани... Ама сигурно дека вака како што е не смее да остане...
Убав пример е ова за сите... И имаат право останатите затвореници да го бараат тоа право и за себе... Зошто правдата (ако е ова правда) да биде селективна... Ако може за Заев сигурно може и за секое лице Н.Н....
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: mileg
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 00:37
Јас мислам дека треба да се смени тој дел од уставот за аболиција.Јас мислам дека аболиција треба да потпишува претседателот на собрание. Јас кажав дека Б:Ц одма да се притвори во затвор бидејки ги крши уставот
и законите на Македонија.Јас мислам дека цел устав треба да се промени.
------------- 2244435863_d877ea2c34[1
|
Постирано од: Јордан Шумарот
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 21:05
Уставот треба да се промени на начин на подактите во тексас... кој не се декларира како тексашанец (македонец во случајов ) и се залага за сепарација на било кој дел од сад бес 51% поддржка од нехомланд населението... да биде обесен, ставен на ел. стол, вбизгана инекција или осуден на казна затвор кој нема да биде помала од 102 години...
Законите од конектикат би ги внеле каде кај нас со устав би се барало еднаш неделно да се тушираат луѓето...
Да се воведе во Уставот и според Фридмановата монетаристичка идеологија која го победи кејнзијанизмот кон крајот на 90-тите, задолзителен раст на монетарната маса на делот М1 од минимум 3% какоо би се стварала стимулирачка и здрава инфлација...
- Сите антигени елементи особено од пробугаска провиниенција да се стрелаат без судење.
- секој сопственик на земја да не поседва само 30 сантими од земјата во длабочина туку конусно до центарот на земјата , за да не можад дебилните бирократи во скопје на секое откриено благо да се наситуваат а и да почнат да идааат странски фирми да истражуваат нафта, руди, минерали и др.
- да се забрани изградбата на минариња а постоечките да се конзервираат како монументи и неми сведоци на едно ропство подолго дури и од она на црнците во САД.
Да почнеме со овие чекори... а денес русите ни покажаа како се создаваат империи.... ама да не одиме толку далеку,,,,Ч)
Позз
-------------
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 21:50
Зошто промена на Уставот? Поради албанците? Грешка и тоа фатална и катастрофална ќе биде доколку се случи тоа. Па, Америка 200- години опстојува и успешно функционира со еден ист устав. Малку задра во сопствениот Устав во 2001 година но со цел за да ни докаже дека ни е потребен повисок степен на демократија. А, таа промена воопшто не промени ништо во животот на Американците. Значи нема потреба од промена.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: Vladimir88
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 21:53
Абе мене многу ми се чудни нашиве "експерти"(јас попрво би ги нарекол група шутраци), бараат промена на уставот за во иднина да не го злоупотребат овака како Б.Ц. другите претседатели..уставот си е во ред, треба само човекот да се смени, ништо повеќе..
-------------
http://www.youtube.com/watch?v=B9-eAYHooUo -
Linkin Park - Crawling
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 22:05
За жал човекот знае дека ќе биде сменет, но си спрема од сенка да раководи и понатаму со државата, затоа сака да се се промени Уставот. Тоа не го бара народот. Тоа го бара дел ос народот кој државникот ги плаќа.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: Јордан Шумарот
Датум на внесување: 09.Август.2008 во 18:43
Уставот вака ко шо е , дават поголема слобода на гнасите - повеке и САД и некои земји од Западна Европа ... Зборот ми беше да се напрајт порестриктивен устав.. и бај д веј... кажете нешо конструктивно.. не да менвеле луѓе не знам шо... работата се однесвит на есенцијата до каде да е уставната рамка а не политичко навивање, Б.Ц. педер Љубчо бугар... да ги надминиме секојдневните а ла Бичиклиски простачки надпуцувања... Дајте нешо конструктивно...
-------------
|
Постирано од: Јордан Шумарот
Датум на внесување: 10.Август.2008 во 16:23
и по 24 сати конструктивен предлог немат... ??? брао... дајте ко така некој трач..лол
-------------
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 14.Август.2008 во 23:25
Јордан Шумарот напиша:
Уставот вака ко шо е , дават поголема слобода на гнасите - повеке и САД и некои земји од Западна Европа ... Зборот ми беше да се напрајт порестриктивен устав.. и бај д веј... кажете нешо конструктивно.. не да менвеле луѓе не знам шо... работата се однесвит на есенцијата до каде да е уставната рамка а не политичко навивање, Б.Ц. педер Љубчо бугар... да ги надминиме секојдневните а ла Бичиклиски простачки надпуцувања... Дајте нешо конструктивно... |
Јордане, овака како шо зборвиш: ,,ќе да си во право,,. Само попусто е. Народот не разбирват. Се радвит народот на ветвено.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 16.Август.2008 во 11:31
Не е прашање дали....???? КОГА...??????
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 16.Август.2008 во 13:55
Е, кога? Да, кога......... *Еден ден, можеби и тогаш НЕ.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: Гостин
Датум на внесување: 11.Септември.2008 во 01:56
Јас мислам дека уставот треба да се промени во делот за јазиците каде стоим дека 20%зборуваат албански.Јас мислам да се воведе и турскиот јазик за службен.
|
Постирано од: Urednik
Датум на внесување: 15.Септември.2008 во 23:53
Ни по која цена. Уставот си останува за векови.
------------- ,,НЕОПХОДНА ЖЕТВА,,
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 16.Септември.2008 во 00:31
ma,..sve treba od ,..temel da se smeni,...pochnuvajki od,..narodot,...pa,...natamu,...
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: SuicideMessiah
Датум на внесување: 16.Септември.2008 во 03:33
eve del po del se menuva ustavot...del od noviot ustav e albanskiot kako vtor majchin jazik vo zaednici kaj shto ima albansko naselenie so nad 20%...bravo za premierot...ushte ednash se otkazuva od poimot Makedonec.
------------- Only two things are infinite, the universe and human stupidity, and I'm not sure about the former. " - Albert Einstein (1879- 1955)
|
Постирано од: Паланчански
Датум на внесување: 16.Септември.2008 во 12:12
brza напиша:
ma,..sve treba od ,..temel da se smeni,...pochnuvajki od,..narodot,...pa,...natamu,...
|
Па народот се менува. Доаѓаат нови генерации. Но политичарита, иако се менуваат, си остануваат исти.
Кутриот Грујо! Сега не смее да притворува тешки криминалци. Мора да чека Црвенковски да загине... ова да замине. Инаку Груевски не може да затвори онолку, колку што Црвенковски може да помилува. Може да се случи Црвенковски пред да си замине од овој свет... извинете, од фотелјата, да ги аболицира сите негови пулени (читај СДС-овци), без разлика дали се обвинети или не.
------------- Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
|
Постирано од: Паланчански
Датум на внесување: 29.Септември.2008 во 14:02
Ете... ја слушнаа мојата желба... го менуваат уставот.
Но не слушнав дали ќе ги ограничат овластувањата на претседателот. Се грижат само изборите да бидат успешни, па макар да го избереме претседателот едногласно (мислам само со еден глас, оној што го дал самиот на себе).
------------- Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 29.Септември.2008 во 14:07
e ova vekje nema smisla ... ne e fer ... ustavot go menuvame kako da e godisno izdanie na YELLOU PAGES ......
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН
|
Постирано од: mileg
Датум на внесување: 29.Септември.2008 во 15:55
Па Мирослав делумно се слагам со тоа,но ако, се согласат политичарите нека го менуваат.
|
Постирано од: DJAKONDO
Датум на внесување: 29.Септември.2008 во 20:54
miroslav_g8 напиша:
e ova vekje nema smisla ... ne e fer ... ustavot go menuvame kako da e godisno izdanie na YELLOU PAGES ...... |
almanah
------------- Изјавувам дека ги прочитав условите за користење на форумот и со истите се согласувам и ги прифаќам
s.r. Dzaki
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 03.Октомври.2008 во 23:57
Не да се променува. Да се применува..............
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: moira
Датум на внесување: 23.Октомври.2008 во 03:45
Македонија влезе во петтата интервенција во највисокиот правен
акт. Народните избраници едногласни - има потреба во измени на Уставот
во делот на избор на шефот на државата. Дебата вообичаена - со
докажувања, потсетувања на минатото, кој повеќе лажирал избори, кој
најдолго студирал, чиј човек помилувал лица инволвирани во изборни
инциденти. Шеќеринска со нов предлог, да се предложи решение
избраните функционери да немаат друго државјанство освен македонско,
бидејќи како што рече, се срами што четири години премиер бил Љубчо
Георгиевски кој бил лојален на две држави. „Јас не носам никаква
одговорност за господинот Љубчо Георгиевски. Ниту еднаш не сум гласала
за негов избор како пратеник, ниту еднаш не сум гласала за негов избор
како Премиер“, рече Радмила Шеќеринска, СДСМ. Измените се договорени на лидерските средби - реплика на ВМРО-ДПМНЕ. „Да
ги развлекуваме работите, да дискутираме сега за теми коишто
едноставно, нашите политички лидери преку дебатата внатре во партиите
или не ги акцептирале како релевантни или не успеале да ги пласираат
пред другите свои соговорници на една таква средба“, рече Илија
Димовски, ВМРО-ДПМНЕ. Наместо во Законодавниот дом, штетно е што
договорите се прават во клубот на пратениците, забелешка на Петковски.
Наликуваме, вели на договорна држава, наместо парламентарна демократија. Епилогот,
сите според договорот на лидерската ја подржаа потребата од уставни
измени. За седум дена Владата треба да изготви нацрт амандмани по што
ќе започне јавна дебата.
...стигнавме до позиција да за седум години по петти пат чепкаме во Уставот, секако за потреби на политичките партии кои не владеат и за нивните интереси и за чудо и позицијата и опозицијата се согласни за промените во Уставот...
------------- ...have you already tried, the brand new fragrance..."The Desirable"...by "sweet poison" Moira...
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 23.Октомври.2008 во 18:37
Не да се променува. Да се применува..............Да се постапува по него. Да се спроведува дословно.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: mileg
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:17
Јас мислам дека треба да се промени во делот за избор на претседател а и треба да се намали цензусот.
------------- 2244435863_d877ea2c34[1
|
Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:51
Da se otstrani pretsedatelot kako institucija skroz,i taka nema nikakva vlast.
------------- За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
Постирано од: Zajcef
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:52
Па на така тера работава-Грујо како е тргнат има сета моќ да и ја одземе на институцијата претседател-само маскота ќе биде како кралот на Шведска на пример...
|
Постирано од: mileg
Датум на внесување: 09.Јануари.2009 во 21:07
Денес во собранието едногласно со 86 гласа за е усвпоен нацрт амандманот 31 на уставот на РМ со кој се намалува цензусот за избор на претседалел во вториот круг.
------------- 2244435863_d877ea2c34[1
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 17.Март.2009 во 19:33
Еве ги најновите барања за промена на нашиот Устав...До кога со негирање?
Македонизмот да се отстрани со хируршка интервенција
|
Здружението
“Радко“ бара промена на Уставот на Македонија - Бугарите во земјава да
станат конститутивен елемент во Уставот, еден од службените јазици да
биде бугарскиот и да се забрани присвојување и крадење бугарската
историја во Македонија. Писмо со вакво барање на 28 страници е
испратено до Претседателот, Владата, Уставниот суд и бугарската
амбасада во земјава. Во него се обвинува дека во земјава има дефицит на
демократија, бидејќи државата го легализирала извршениот геноцид врз
бугарското население во Македонија по Втората светска војна.
„Бараме
промена на Уставот на Република Македонија, во кој ќе се внесе дека
една од заедниците се Бугарите, службен јазик да биде бугарскиот и тоа
да биде основа за реализација на нашата програма за возобновување на
културно – образовните институции од времето на Отоманското царство,
прилагодени н а современите потреби“, изјави претседателот на “Радко“,
Владимир Панков.
“На нас Бугарите во Македонија не ни е
потребна држава која што ќе го носи името “Република Македонија“, а во
неа бугарското население ќе биде подложено на репресија, полициско
набљудување и малтретирање, дискриминација и геноцид“ – стои во
барањето до “Радко“. “Овде се работи за социјална болест и затоа
најнапред сме должни да осигураме лечење, но ако не оди поинаку се
наложува и хирургија – се потенцира во документот.
Образложението
на барањето изобилува со објаснувања за личности од македонската
историја, кои според здружението “Радко“ ја ширеле бугарската култура.
Се тврди дека бугарското население во земјава по насилен пат го
прифатило македонскиот идентитет, кој се оценува како нов и вештачки.
Од
кабинетот на Претседателот велат дека тој го добил ваквото писмо, но го
нема разгледано и затоа нема коментар. Од Владата останаа без одговор
за барањето на “Радко“. |
(17.03.2009)
|
|
Автор:
Александар Методијев mailto:aleksandar.metodijev@kanal5.com.mk -
|
Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 17.Март.2009 во 19:34
Остај ги будали,кој ги есапи за живи.И македонците во Албанија со сила го прифатија Енвер Хоџа ги натера и македонците во Грција Џони Метаксас и тој ги натера,срам да му е организиран геноцид врз блгарскија народ.
------------- За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 17.Март.2009 во 19:37
Човек да разбере дека има Бугари во Македонија. Да разбере дека сакат да бидат признати како национално малцинство но да се негира постоење на државата и државнотворниот народ е малку дегутантно.
-------------
|
Постирано од: butel2
Датум на внесување: 17.Март.2009 во 19:42
neka im e cest na site onie koi se prodadoa evtino za bugarski pasos, ova e posledica na site onie koi se polakomija za evtini bugarski koli pasos bez vizi.
|
Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 17.Март.2009 во 19:45
butel2 напиша:
neka im e cest na site onie koi se prodadoa evtino za bugarski pasos, ova e posledica na site onie koi se polakomija za evtini bugarski koli pasos bez vizi. |
Нема врска ова,бугарофиството во Македонија има цврсти корени и основа веќе 150 години,уште пред да се создаде Бугарија.А тие со пасошите,си заверват и на нотар пред да земат пасош кои се и што се.
------------- За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 17.Март.2009 во 19:48
Зборуваме за барање за промена на уставот. земјите со традиција имаат устави стари по 400...500 години. Кај нас сакајки да си ја донесат водата на свој млин политичарите многу често чепкаат во уставот и потоа некако станува нормално секој да бара промена на уставот.
-------------
|
Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 17.Март.2009 во 19:50
mamamd напиша:
Зборуваме за барање за промена на уставот. земјите со традиција имаат устави стари по 400...500 години. Кај нас сакајки да си ја донесат водата на свој млин политичарите многу често чепкаат во уставот и потоа некако станува нормално секој да бара промена на уставот.
|
Нема толку стар неизменет устав никаде,само Американскиот е ист 230 години.
------------- За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 17.Март.2009 во 19:56
ZoraNaSlobodata напиша:
mamamd напиша:
Зборуваме за барање за промена на уставот. земјите со традиција имаат устави стари по 400...500 години. Кај нас сакајки да си ја донесат водата на свој млин политичарите многу често чепкаат во уставот и потоа некако станува нормално секој да бара промена на уставот.
|
Нема толку стар неизменет устав никаде,само Американскиот е ист 230 години.
|
Па и не е баш на Америка. Тој е Устав на Виргинија ...Данскиот е стар и непроменет устав... земјите потешко чепкаат во уставите.
-------------
|
Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 17.Март.2009 во 19:58
Не бе,уставот на United States of America.А данскиот устав има едно 150 години.
------------- За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 17.Март.2009 во 20:00
ne site zemji ............. onie " demokratskite i otvoreni " si cepkaat sekogas i po naracka i zelba na drugite
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 17.Март.2009 во 23:07
а кој дозволи да имаме мек устав бе?
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 07.Мај.2009 во 07:05
Полека хистеријата што ја зафати Македонија по укинувањето на предметот Веронаука спласнува. На сите им станува јасно дека со отворање на пандорината кутија ќе се направи пекол од кој никој нема да може да не извлече.
Уставот нема да се чепка за веронауката
Билјана Јовановска
Претставниците на петте верски заедници набележани во највисокиот
правен акт, на последната средба која не била на ниво на поглавари, не
покажале подготвеност да се менува Уставот за да се врати веронауката
во образовниот систем.
Иако искуствата со веронауката се
различни, некои дури и не одржуваа настава, сите се единствени дека
сакаат таа да биде дел од државниот образовен систем и со таков став ќе
излезат неделава.
Не кријат дека училниците можеби и не се
најсоодветниот простор за молитви и запознавање со сопствената вера,
но, веројатно поради финансискиот момент, ќе инсистираат веронауката да
се врати во училиштата.
Откако прво жестоко ја искритикуваа
одлуката на Уставниот суд со која се избриша спорната одредба од
Законот за основно образование, верските водачи решија да не ја
брануваат јавноста и да не предизвикуваат дополнителни реакции.
Дознаваме
дека таквите препораки, всушност, ги добиле од Владата, па сега се' е
ставено во функција да се изнајде законско решение за враќање на
веронауката, а тоа да не биде спротивно на Уставот.
Се размислува, на пример, за преименување на предметот, а содржините да останат исти.
Проф.
Саво Климовски смета дека не може да се оди на ад хок решенија, бидејќи
вака ќе имаме дневниполитички пазарења со највисокиот правен акт на
државата кои влијаат на слабеењето на самите институции. Освен промена
на Уставот, тој не гледа друго решение за веронауката да се врати во
државните училишта, меѓутоа смета дека тоа не е ниту препорачливо ниту
едноставно, бидејќи се внесува елемент со кој се урива секуларниот
карактер на државата без да се внимава на целината на вкупното живеење
и однесување, а се покажува интерес само за еден негов сегмент.
Но,
проф. Климовски е категоричен дека „тоа не е прашање за кое би требало
да решаваат верските заедници, туку ако веќе сакаат уставни промени, на
заедничка маса треба да седнат политичките лидери и правни експерти и
да се договорат каков тип држава сакаат и, конечно, што и' одговара во
дадениот момент на Република Македонија“.
Климовски не е
поборник на линијата која не е за никакви корекции во Уставот, бидејќи
тој содржи многу неусогласени одредби. Сепак, јасно е дека секое
посегање по Уставот е своевидно отворање на Пандорината кутија. Оние
кои ќе се одлучат на уставни измени мора да бидат подготвени на
предлози и барања од најразличен вид, како што се, на пример, со
одредба да биде регулирано потпретседател на Собранието да биде
Албанец, да се отвори прашањето на следните претседателски избори шефот
на државата да не го бираат граѓаните, туку пратениците во парламентот,
па иницијатива за дводомен парламент, за федерализација на држава преку
децентрализацијата...
-------------
|
Постирано од: lane62
Датум на внесување: 07.Мај.2009 во 08:57
ah, taa pandora...
------------- Daj više odmora jeziku nego rukama!
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 03.Март.2010 во 15:27
Ја барав темата со промените не уставот ама изгледа е во Архива па ајде тука да прокоментирам. Прво беше нема промени на уставот, па потоа уставните судии се комуњари па намерно ги рушат законите па сега полека, полека од лични мислења до реални реализации http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1958&ArticleID=135339 - - Власта ќе чепка по Уставот
-------------
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 03.Март.2010 во 15:44
Дали наметната (овде нели) дилема : Власта (пак) чепка по Уставот е само нечие овде искажано гласно „размислување„ ....или пак е само реторичко прашање..колку за да има такво.
Илииии пак??
Чисто... само да (ни) се појасни за тоа ....дека само „благонадежни„ за тоа индивидуии го имаат правото на тоа..
Иако ...јас пак мислам дека: секој кој го ИМА народниот легимитет..односно мандат ...може и да „чепка„ и да „менува„???.
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: zenmaster
Датум на внесување: 03.Март.2010 во 16:00
Ти новаче неможеш да замислиш што претставува нај високиот државен акт .
А тоа дека некој на некого му дал мандат немора да значи има право на злоупотреба на истото исто така во програмата немаа ветување дека ќе го променат уставот .
И те молам намали со користење на итерпукциски знаци оти се губиш во смислата на реченицата (чисто пријателски совет)
------------- [IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 03.Март.2010 во 17:35
zenmaster напиша:
Ти новаче неможеш да замислиш што претставува нај високиот државен акт .
А тоа дека некој на некого му дал мандат немора да значи има право на злоупотреба на истото исто така во програмата немаа ветување дека ќе го променат уставот .
И те молам намали со користење на итерпукциски знаци оти се губиш во смислата на реченицата (чисто пријателски совет) |
-Објавување информации кои не се поврзани со темата, лични пораки и слично. За се’ што не е поврзано со темите на форумот, може да се комуницира преку приватните пораки.
Никако да разберам..оти бре...досега доста агилната администраторка (и на тебе) не ти „покажала„ ....дека овде се бавиш со она што е погоре напишано..односно забрането?
Но..да си продолжам со одговорот:
Дали..знаеш дека „овој„ Устав..пред да го преработат ваков да стане..ни беше кажано ....дека имал ФАБРИЧКА МААНА..и тоа еден од „уставотворците„ негови??
пс
А штом имаме тука некаква „роба„ со фелер..нигде не пишува дека така вечно треба и да остане..нели?
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: zenmaster
Датум на внесување: 03.Март.2010 во 18:58
Ne te razbiram sho sakash da kazesh so citiatov od pravilata na forum .
Jas ti se obrativ tebe lichno vo vrska so tvojot komentar i se potrudiv da bidam vo konteks na temata . Ne objaviv nikava informacija koja e vo konflikt so naslovot na temata .
Iskreno nemam poim deka vi bilo kazano deka ustavot imal fabrichka maana i eden mal sovet "Ne veruvaj vo se shto kje ti kazat" (mozebi imaat skrieni nameri da manipuliraat so tebe )
Pozdrav prijatele novace
------------- [IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 03.Март.2010 во 19:04
novace, aдминистраторката е агилна, се разбира кога е онлајн, иако во случајов нема потреба од реакција. И од мене имаше сугестија да пишуваш поразбирливо и без толку интерпункција, членовите понекогаш погрешно те разбираат или воопшто не те разбираат.
Ова процедурално, продолжете понатаму со темата.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 03.Март.2010 во 20:59
zenmaster напиша:
Iskreno nemam poim deka vi bilo kazano deka ustavot imal fabrichka maana i eden mal sovet "Ne veruvaj vo se shto kje ti kazat" (mozebi imaat skrieni nameri da manipuliraat so tebe )
|
Јас тоа и сакам ...на сите овде...да им го дообјаснам..да не веруваат НИКОЈПАТ во се што некој ќе (им) каже..односно напише...
Пред да се лично уверат во тоа...хаха
пс
А твоето незнаење ...за изјавата на еден „уставотворец„ дека овој УСТАВ има(л) вградена ФАБРИЧКА ГРЕШКА..воопшто и не те оправдува..барем според моите сфаќања..
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 03.Март.2010 во 22:42
ZoraNaSlobodata напиша:
Не бе,уставот на United States of America.А данскиот устав има едно 150 години. |
Англискиот пак е мнооогу одамна....викан и ...Magna Carta Libertatum
Според времето ...во 1215 година..замалку цели 8 века....ехеееееј
http://en.wikipedia.org/wiki/Magna_Carta - http://en.wikipedia.org/wiki/Magna_Carta
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 04.Март.2010 во 13:37
i treba da se promeni neshto !....i da se dodade smrtna kazna ...za onie shto ke "brcnat" raka vo,...drzavniot djeb !
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
|
Испечати | Затвори го прозорот
Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk
|
| |